Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.620
- Поени од реакции
- 59.444
Hmmm...yeah... work sucks!!!
Office Space (1999)
Е ова е веќе нешто! Филмов своевремено доживеал крах на бокс-офисот, не заработувал пари, но си задржал своја база на фанови и понатаму по излегувањето на ДВД издание се шири со прекажување: [Пссс, да ти кажам нешто, има едно филмче кое мора да го изгледаш, прекажи на пријател...]. Да не речам типичен форумски филм. Паметна комедија која ги критикува големите корпорации кои заработуваат на грбот на вработените. Способни работници и идиоти шефови, бирократија, алчност и сите оние убави работи на денешното општество.
Питер, Мајкл и Самир работаат за една таква компанија. Сместени во т.н. „коцки“, зад своите компјутери, секојдневно малтретирани и омаловажувани од своите шефови, уплашени за своите работни места, нивното секојдневие е напорно, монотоно и депресивно. Еден убав ден Питер заклучува дека секој нареден ден му е полош од предходниот, и дека баш тој ден е најлошиот ден од неговиот живот. Заклучува дека бил посреќен кога не работел, и според тоа, нема повеќе да работи, ќе се појавува на работа кога сака и нема да се грижи за ништо. Овој план ќе му го промени животот нему, но и на неговите пријатели...
Како што реков, ова е паметна комедија, нешто како Invention of Lying но со малку поинаков хумор и многу различна тема. Не е од оние филмови на кои ќе се смеете на глупости. Сцените со лигавиот шеф на Питер, неговиот комшија, типот што пелтечи... се прајслес. Хејтањето на Мајкл Болтон низ целиот филм исто така Сцените пак кога Питер зборува со „консултантите“ кои отпуштаат работници и сцената на сликата се оние кои ќе се паметат од филмот.
За почитувачите на ликот и делото на Џенифер Анистон, и таа е во филмот, иако не во премногу сцени. И таа има лигав шеф, се разбира.
Убав филм во кој сигурно можат да се препознаат многу луѓе кои работат или некогаш во животот работеле за слични компании. и убава сатира воедно.
Топло го препорачувам. 8/10