Фан клуб - РК Металург

После реконструкцијата првотимците се задржани: Гоце, Ренато, Мојсо, Филип, Манасков, Станиќ, само Ракчевиќ е заминат. Останува да видиме како ќе функционираат замените на "замените"(вториот состав) дали покрај Атман некој ќе се избори да игра во прв состав? Освен ако Лино не ги користи сите што не е баш за верување (зборам за битните натпревари)? Не ми се верува дека Атман, Пецаковски, Жедик, може да бидат полоши од Додер, Козлина, Батиновиќ ниту пак Кеџо да биде бетер од Левов.
Она што се случи во Металург е скоро целосна замена на вториот состав (освен на десно крило каде остана престап :facepalm:) кој и така не добиваше шанса а кога требаше да се докажат, кога имаше повредени првотимци, изиграа како пичиња.
 
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72613949124&id=22

27мина во екипата. Стварно не ми е јасно како планираат да им дадат минутажа на помладите. Реално во текот на сезоната се користат околу 20 играчи (тоа вклучува и повредени и резерви и се). Тоа значи дека едно 6-7 нема да добијат воопшто шанса за настап.

Имам впечаток дека играчи како Жедик и Топиќ не беа воопшто потребни. Мандиќ сеуште ми е мистерија зошто го доведоа. Исто така Димовски и З.Мојсовски требаше да си одат во пакет со останатите кои заминаа. Или ако веќе се во екипата тогаш нека служат за да ги учат помладите а не да им ја земаат минутажата. Без овие 5мина, веќе се стигнува до бројка од 22 со која може некако да се работи. Вака испаѓа дека баш оние 7мина младинци кои ги доведоа во првиот тим се прекубројни и за нив нема место во ротацијата.

Ќе видиме мжеби грешам но мене ми изгледа дека е средена ротацијата само на позиции голман, десно крило, десен бек и лево крило. На позиција пикер конкурираат 4ца и нема шанси сите да играат, додека на позиции централен и лев бек конкурираат неверојатни 12 играчи. Некои од нив се специјалисти за одбрана, но тоа не го менува фактот дека бројката е преголема. Едно 3-4 од овие не верувам дека ќе заиграат во повеќе од 2-3 утакмици сезонава.

П.С. Вардар има и помалку играчи од ова а веќе планира да прати некои на позајмица бидејќи се свесни дека се премногу...
 
Мандич е прашање на време кога ќе си замини.
Златко е тука само колку платата да си ја зема и да си доработи договор најверојатно.
Од овај Костески баш и не очекувам нешто многу.
Ванчо ќе биди нешто како учител за помладиве и колку да не го бркаат зошто сепак е легендарен.
Новиов пикер е земен колку да се проба дали ќе го бива, ако го бива супер, имаме играч скоро за без пари земен, ако не в година клоците.
Пецакоски заради повредите не се знае колку ќе можи да игра а и во клубот најверојатно не сметаат многу на него.
Лево крило на почетоков ќе си игра Ојлески па после ко ќе се врати Манасков....
Единствено мислам на лев и централен има двајца плус играчи, ама ако Борјан игра само одбрана, ќе се снајдат некако, по 10 тина минути во СЕХА ќе играат.
 
За нас се ШАМПИОНИ и секогаш тоа ќе бидат :) оваа година ќе се бориме против "легија на странците" :icon_lol:


До лани Металург беше легија на странци па ти сепак навиваше за нив.
 
До лани Металург беше легија на странци па ти сепак навиваше за нив.


Лани ситуацијата беше 6 : 9 годинава е 7 : 15. Не дека тоа нешто значи, нормално е кога Металург ги има земено најдобрите македонци, на вардар не му останува друго туку да купува странци. Но неспорен ФАКТ се бројките горе, нормално пак ќе кажам ако тоа воопшто на некој нешто му значи.
 
НЕВЕРОЈАТНА СТАТИСТИКА НА ПИКЕРОТ ПЕТАР ТОПИЌ

27.07.2013 16:25
DAR_6900-610x412.jpg
za-tekst1.png

Неверојатна е статистиката на нашето ново засилување, пикерот Петар Топиќ, во последните две сезони во хрватската елитна лига. Во изминатата сезона Топиќ, во дресот на Каштел Марина, постигна 153 гола од 188 удари, со неверојатни 81,4 проценти на прецизност. Особено немилосрден Топиќ беше на последните пет натпревари, кога постигна 48 гола од 57 удари, со прецизност од 84,2 проценти.
Untitled-1_resize.jpg

Слични се и резултатите во сезоната 2011/12, кога Топиќ постигна 136 гола од 175 удари, со прецизност од 77,7 проценти.
9_resize.jpg

- Имав најдобро постигнување меѓу пикерите и бев меѓу првите десет стрелци во лигата. Веројатно, со тие резултати и го привлеков вниманието на тренерот Лино Червар – беше краток Петар Топиќ. Tomasino TheTrooper
 
Старциве..:icon_mrgr::icon_mrgr:

DSC_0068_resize.jpg


DSC_0134_resize.jpg




Облекол тренерка,ладно е,дува Вардар.:pos:

DSC_0101_resize.jpg


Толку му е душата,прав вепар е .:icon_mrgr:

DSC_0152_resize.jpg



Интересна сезона не очекува.(y)
 
Само Ванчо се испотил и тоа на мешето :pos:
DSC_0108_resize.jpg
Овде веќе е beyond this world :LOL:
DSC_0159_resize.jpg
Лино си го лади и фаќа сеир :D
DSC_0149_resize.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom