Коктели и разни домашно подготвени пијалоци

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
не знам ни дали прашањево е за во темата....ама ок со ризик да звучам како неук...би можел ли некој да ми објасни што е тоа ШТУЦ???? знам дека е некаков пијалак ама засега не најдов на адекватно објаснување :)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
MARGARITA :love:

Состојки:
1 1/2 oz. Текила
1/2 oz. Triple Sec
1 oz. Џус од лимон
Сол
Опис:
Навлажнете го работ на маргарита чаша со џус од лимон и ставете го во сол. Протресете ги сите состојки со мраз во шеќер, процедете во чашата и сервирајте.

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
пригответе си домашно лимончело Limoncello
http://it.wikipedia.org/wiki/Limoncello


Лимони - 11, водка - 1 литар, шеќер- 3 чаши, вода - 3чаши.
измијте ги лимоните


излупете ги внимателно



корите ставете ги во тегли со капаци



залијте ги со водка



затворете ги теглите и оставете ги на собна температура да стојат 2 но најмногу 7 дена



водата и шеќерот сипете ги во тенџеере - колку да се растопи шеќерот- па потоа оладете ја течноста



со неа дополнете ги теглите и оставете ги еден ден во фрижидер



потоа - прецедете ја течноста- корките извадетет ги и каков такво лимончелото може да го користите 3 месеци доколку го чувате во фрижидер





;)
 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Ликер Шери
Потребно:
- 500мл. црвено вино
- 300мл. ракија
- 300г. шеќер
- 3 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Виното, ракијата и шеќерот се ставаат во тенџере да се варат на силен оган.Кога течноста ќе зоврие, се додава ванилиниот шеќер и се промешува колку да се растопи.Тенџерето се трга од оган и ликерот се остава да се лади природно, а не да се става во фрижидер!:)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
За оној пијалок /ликер во Мк што го прават со зелени млади ореви , ракија и мед, мислам дека италијанскиот Ночино е далеку подобар- затоа што покрај горе споменатите состојки они ставаат плус цимет, каранфилче, кора од лимон и вода

http://conviviando.wordpress.com/2010/02/24/nocino/
--- надополнето: 13 април 2013 во 21:57 ---
Ликер Шери
Потребно:
- 500мл. црвено вино
- 300мл. ракија
- 300г. шеќер
- 3 кесички ванилин шеќер
:)
наместо вино- овоштие - било кое по избор :icon_lol: и добиваш ратафија
http://en.wikipedia.org/wiki/Ratafia
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
sangría



за 6 порции:
1 шише суво црвено вино - односно околу 600 мл и разни сезонски овошја (праски , сливи, кајсии, вишни...)неколку лимони или портокали, малку цимет и многу МРАЗ ;) Овошјето исечено на парчиња - без семки - но обавезно со кора - ставете се’ во блендер освен лимонот -на измиксаното додадете го виното -претурете го сад и ставете го во ладилник на 2 часа - пијте го со многу мраз -а доколку сакате поблаго додадете шеќер на овошјето и да отстои така 1 час да даде повеќе сок - но пред да го залиете со виното, а ако имате и свежо нане - ставете и од него
тамам е за летниве горештини
--- надополнето: 27 јули 2013 во 20:18 ---
истото може да се направи и со бело вино

--- надополнето: 27 јули 2013 во 20:40 ---
можете и со цели парчиња овошје на кои ќе додадете вино
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Со што е најдобро да се меша Bacardi обичен бел рум? Гледав на интернет на пример Bacardi, Sprite и цеден лимон. Сте пробале ваква комбинација? :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со што е најдобро да се меша Bacardi обичен бел рум? Гледав на интернет на пример Bacardi, Sprite и цеден лимон. Сте пробале ваква комбинација? :)
Измешај го со шеќер, зелен лимон, свежо нане, малку кисела вода и искршен мраз. И напиј се мохито :D
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
За љубителите на коктели со јак вкус (а притоа достапни во секој бар во Македонијава) Black Russian.

Може да се направи и во домашни услови.

Ниска (Old fashioned) чаша наполнета со дробен мраз, 40мл водка (најдобро Смирноф, се разбира) 30мл Калуа (ликер со вкус на кафе).

Не ставајте обична водка или некоја со јак мирис (мене лично Absolut ми е со доста јак мирис) и пијте си течно чоколадо :)

Сега за летото Пинаколада е добар избор, Атлантик, Куба либре, безалкохолно Мохито (пошо стандардното не ми е многу по ќејф) или некои едноставни комбинации како на пример Малибу-ананас
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега за летото Пинаколада е добар избор, Атлантик, Куба либре, безалкохолно Мохито (пошо стандардното не ми е многу по ќејф) или некои едноставни комбинации како на пример Малибу-ананас
Какво е ова? Исти состојки без бакарди?
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Какво е ова? Исти состојки без бакарди?
Да. Кафеав шекер и зелен лимон се додава по желба кој колку сака, стандард е 1 лажичка со пола зелен лимон и 7-8 листови нане.
Инаку немам пиено Мохито кое што сам не сум го направил ама се сомневам дека некаде во МК стават Бакарди. Бел рум ( Havana Club/Key rum) се основни и стандардни....
 
H

HoT IcE

Гостин
Сакам да направам едно мохито, ме интересира колку пари е бел рум? По можност Бакарди, или некое друго поевтино кое ќе заврши работа.
 
H

HoT IcE

Гостин
Moe прво home-made мохито. Неможам нигде да најдам зелени лимони, уште поубав укус ќе имам. Со оглед на тоа дека имав претходно пиено мохито во странство од професионален шанкер подготвено, моево излезе сосема солидно и сум задоволен од себе си. Ама верувам дека уште поубав вкус има со зелени лимони. 20130810_181821.jpg 20130810_183801.jpg
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^Во исто време сме правеле и јас денес со мохито сум во рака, одлично испадна со лимонети. Првиот пат пред некоја недела го правев со лимони не ми се допадна, али денес и со кафеав шеќер топ испадна.

Малце боли глава, али тоа е...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom