Помош: Барам еден филм!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко дека некој ќе може да помогне ам ај да си ја пробам среќата. Се работи за серија Sci-Fi која што се емитуваше на Канал 5 пред повеќе години, уште ко од мал ми се вртат некои сцени од серијава но тешко дека можам повеќе инфо да извлечам, знам дека во серијата се објаснуваше за феномени и несекојдневни ситуации, нешто како The X Files беше, па ако му текнува на некој нека пише, не дека многу такви серии се извртеа на Канал 5 па сеа е невозможно да се најде. :)

http://www.imdb.com/title/tt0112111/?ref_=fn_al_tt_1
 
Не можев да се сетам ни на глумци ни на некоја епизода но ја препознав по саундтракот, таа е. Фала многу! :)
 
Барам еден филм што одеше на Сител пред 13-14 години... изгледаше прилично стар дека е, од шеесетите години, ама не беше црно бел. Го имав фатено од почеток, ама ете не му го запамтив името. Филмот немаше никаква посебна приказна, до толку беше глуп што немаше ни дијалози во него.... ама буквално, филмот беше без дијалози. Се работеше за еден праисториски човек ( :ROFLMAO: ) што живее со своето племе во пештера, арно ама диносауруси ќе му го убијат племето, и овој ќе почне да скита по пустина, и ко за беља ќе најде залутана неандарталка со облини 90-60-90 и ќе се вљубат и повторно ќе шпартаат низ пустината. Тие комуницираа и се разбираа со мимики. Памтам имаше една сцена кога вљубениве ќе се криеа под огромни карпи со цел да го избегнат тепањето на Трицерапторот (а можеби беше и Сауропода не сум сигурен) со Т-Рексот . Ефектите на филмов му беа... :cuc:, сецкаа цело време диносаурусите. Морам да го најдам и уште еднаш да го изгледам ова ремек дело на филмската индустрија.
 
Барам еден филм го имам гледано на алфа тв пред некое време .Филмот започнува така што една млада девојка загинува во сообраќајка(мислам дека беше некоја актерка),сите мислат дека станува збор за несреќа но тоа не го мислеше еден доктор беше кумашин на девојката кој беше патолог.Потоа тој всушност открива дека станува збор за некаков лек или беше отров не сум сигурен кој на некој начин и бил даден на девојката и таа поради загинува во ссобраќајкат.Мислам дека станува збор за филм после 2002 година па наваму. :)
 
Барам филм мислам со Роберт дениро дека беше во два дела е сеа ми текнува на една сцена овој беше во куќен притвор или под надзор на некој лекар или полицаец и имаше една реплика кога ги спрецува да имат секс со тоа абе јас имам син! Па незнам ќе ја прашам ако сакаш?
 
Analyze This
Analyze That
 
Барам еден филм, ни актер знам, ни режисер.
Друштво се собрани во куќа надвор од градот (викендичка), им ѕвони домашниот телефон и тој што ги бара им кажува дека треба да се убиваат меѓу себе и само еден ке успее да преживее. Врати-прозорци се им е зацементирано затворено. После внатре се убаваат еден со друг и на крај мислам тој што ке победи ке ја отвори вратата и го чека торба со пари (за ситниот фонт не сум нај нај сигурен).
Само на слики ми текнува, го имам порано гледано (пред 2-3 години) ама никако да ми текне.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 02:21 ---
Хорор мислам дека е.
 
House of 9?
 
Не. Многу е сличен ама не е тој.
Кај овој јас што го барам се сите млади (типично амерички), машки-женски еден куп, се пијанчат таму и ѕвони телефонот, една од женските крева и ја кажува адресата оти мисли дека се јавуваат од пицерија, после тој што е (ваљда) негова куќата ја кара, и вика дека не смее така адреса да каже. И после некое време почнува хоророт.
Некако ми доаѓа сеа една слика како да имаше вртење рандом број па ги заебаваа.
 
Стар филм, мислам идеше на Сител, ми текнува само дека беше со една дупчалка огромна, мислам дека ја возат од внатре од кабина дупчалкава, како превозно средство е буквално и пробуваат да одат што понатаму во јадрото на земјата...можда тропам глупости за ова, ама сум сигурен дека е со дупчалка филмот :D
 
Можеби овој - The Core.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom