Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Охриѓаните се ДНО во поглед на туризам, а природата и историјата толку убавини им оставиле таму.
Генерацијата што моментално живее таму е непоправлива и страшно старомодна. Надеж е само дека
идните генерации ќе бидат малку по свесни како се тера туризам и како тоа се прави низ светот.

Ама јаки ми се и ликовите овде што коментираат за ПРИЈАТЕЛСКИ настроените грци :vozbud:

Тоа што не се однесуваат како Охриѓаните не ги прави пријателски настроени. Народ и држава што не ти
признаваат националност, што ја кочат на секој чекор твојата земја биле пријателски настроени.
Ама не тоа политика било, обичниот народ не се замарал. Златна зора има 500.000 гласови, и продолжува да добива
на популарност. Знаме сменивме, егејците ги протераа .. ама не тоа политика било, не обичниот народ.

Тоа што добиваш подобар апартман и море, а газдите не те замараат секој ден како во Охрид не ги прави грците
пријателски настроени. Едноставно многу се подобри во туризам, а пријателството е нешто сосема друго.
 
Факт е дека не не бива за бизнис и туризам. Да не ќе биде нешто подруго да има езеро во Куманово, Тетово, Струмица...? Не, исто ќе биде.

Мене иначе лани во Охрид ми се случи, да имавме резервирано стан 2 недели пред да дојдеме. Стигнавме во Охрид, му вртиме на газдата и тој упорно се прави будала, дека не сме резервирале...битно ни понуди да не смести кај некои негови комшии :pos:
Не е баш исто, во Берово (на пример) си изнајмил смештај?
Априлов бев таму некои 4 дена, домаќинот ни ја остави цела викендичка на два спрата, куп дрва за горење во отворениот камин (не дека нешто многу ладно беше -туку за кеиф). Не праша што ни треба и ни набави неко кило беровско сирење и беровски компири по набавна цена...
Не е до тоа дали имаат езеро (а имаат, акумулационо) туку луѓето се други, и тоа е тоа.

Туку за смештајот што те дриблале ви Охрид, сега повеќето од нив се на booking.com и да знаеш дека им пониски цени имаат онлајн (пошто странците отвараат и за смештај во соседство а цените се секаде пониски). Ќе си букираш преку букинг дот ком, и ако те заебат ќе им напишеш заебана негативна рецензија... па они нека заебаваат и понатаму.
 
Никој не ти вели да носиш вреќи со пиперки и патлиџан бе заебан! :)

Ама зошто да не земам сирење и кашкавал од тука, кога во Грција се неколку пати поскапи (и неколку пати полоши). Ти пофраер си ако купиш од Гркот?
Што ме кошта да си земам литар од жолтата што дома ја правиме? Зошто да не земам некоја флаша Џим Бим или 4 Рози бурбонче од фри-шоп? (а бадемите и индиските оревчиња од пазар кај нас)
Ти пофраер си ако купиш од Гркот за дупло (или тродупло) поскапо? ;)

Што е за тебе „уживање како господин„, јадење 3 пати на ден во ресторан? ;-)
Мене не ме мрзи да си земам таму неколку кила од големите школки па да направам школки во бузара, со пар литри Рицина за бунар, ни 15евра нема да дојдат. Или некое кило Ципура од рибарница... ем лесно за подготвување ем вкусно. Грав треба да си глуп да вариш таму, ама има летни убави јадења и свежа морска храна која е штета да не искористиш додека си таму (а пар готови јадења од Карнекс не се наодмет за резерва).
Плажа и ѓезмиња, тоа е летен одмор за мене.

За забава и ноќен живот, ќе одиш во места како Прага, и ќе си „уживаш како господин„. Нормално, ако не си ги спичкал парите на Охриѓаните или на Грчиштата... ;)
Секој со своето бе батка. Парите не се бесконечни. Некој сака „господин„ да биде во тупавата Грчка, некој сака да се прошета и на други места.
Друо е една коцка сирење, кутија зденки, паштети, супа и кашкавал кое ќе го собере во една ќеса, отколку тоа што го набројав.
Минатото лето со тие што бевме не сакаа да си купат пица која беше 6 евра (да напоменам во Доминос се поскапи), па се распослаа по плажата со мајонез и салама.
Не сум пофраер туку смешно е да носам јадење од дома. Кога веќе сум платил за сместување не планирам да штедам за јадење.

Ако идеш во Турција или Хрватска каде цените се поскапи тогаш ќе носиш јадење?

Кај и да идеш на одмор ќе си господин сигурно нема да си слуга. Барем една недела да се одмориш и да заборавиш на домашните обврски. Убави забави има на Закинтос и Крф
Паралија и Олимпик бич ги направија како Охрид секој трет Македонец е таму и културата си ја пренесоа и преку границата.
 
... Барем една недела да се одмориш и да заборавиш на домашните обврски. Убави забави има на Закинтос и Крф
Паралија и Олимпик бич ги направија како Охрид секој трет Македонец е таму и културата си ја пренесоа и преку границата.
Ти батка ако идеш за забава не гледаш (многу од) плажа(та). :)
Не ме разбирај погрешно, само јас летниот одмор го разбирам како излежавање на плажа 24/7. Ни диско ни кафичи ме интересираат тогаш. Само плажа, пиво и девојка (не морално по тој распоред). ;)

Направи си услуга и послушај совет, иди во Чешка да видиш за помали пари каква забава ќе добиеш. Башка Чехињите се милион пати и поубави и подружељубиви од Гркињите (тоа ако не идеш со женско друштво).
Сериозно ти велам, ако баш ти е дојдено до вода, тогаш Карлови Вари се блиску до Прага... многу јак кеиф е да кулираш со поглед од милион долари на врв од зграда, во убав базен со топла минерална вода.


П.С. Од Паралија и Олимпик бич има поселски места во Грција? Сарти или Торони (на пример) се на саат вожња а се неспоредливо и поубави и подобри места за одмор.
 
15 евра цела Германија преврти ја нема да најдеш сладолед толку скап :)


Не видов дека пишал за сладолед, мада ич не ми се верува дека некаде толку било... 1,000 денари за сладолед, па толку ни Охриѓанец не би наплатил на некој од Скопје :))
 
Да е само он вака добро ќе да е. :pos:
Идеш на одмор за од дома да носиш грав, компир или патлиџани и коцка сирење за таму шопска салата да правиш. :icon_mrgr:
Па да му се сневиди цела година работиш за да не можеш една недела да уживаш како господин. Некои повеќе пари даваат за цигари, а на одмор носат јадење од дома. :tapp:
Нели им е срам да носат јадење? :confused:
Да издржуваш жена и помало дете ( 2 години ) иди ти живеј господски. Башка што цените во грција се енормно повисоки од тука. Сум прашувал јас, не се секирај.
 
Да издржуваш жена и помало дете ( 2 години ) иди ти живеј господски. Башка што цените во грција се енормно повисоки од тука. Сум прашувал јас, не се секирај.
Издржувам и жена и дете и сигурно нема да си дозволам да одам во Охрид и да спијам во соба од 300 ден со уште други 3 фамилии и да делам кујна и вц и да носам јадење од дома. :D Дете од 2 год не плаќа за сместување.
Ако е скапо нема секој трет Македонец да е таму и во Бугарија, а Охрид да е празен.

За поубав одмор и апартман во Охрид да не зборувам најмалку 20 евра, епа јас за тие пари за 10 денa = 200евра за двајца ќе најдам сместување на море. И после плачеме дека на другите места било скапо, а не гледаме дека кај нас е бетер.
Како и да гледаш во Охрид за 10 дена ќе потрошиш 250 евра. Најмалку е 6000 ден за сместување на двајца плус превоз по 1000 ден и друго за јадење. Во Грција кутија од 20 сладоледи за 6 евра не е нешто скапо како што ве лажат другите дека е 900 ден.
 
Де бе веќе досадни сте и едните и другите, јас сум неутрален дека не едните ни другите се цвеќе за мирисање.
Нека каже Леа какви се бугарските угостители :D
 
Минатата година таксист од Охрид за неколку километри ми извади некоја луда цена, му викам може поевтино, не може. Прашав друг и тој нејќеше да симне и си отидов пешки. Срамота е во туристичко место да те краде таксист, остава неубав впечаток и за луѓето и за целата држава и срамота е градот тоа сеуште да не го регулирал.

Од друга страна имам пријатели во Охрид и секогаш сум поминувал одлично. Каде и да ми требала услуга во градот сум бил љубезно услужен.

Споредбата Охрид-Грција е нефер, Грците се независни од 1830 а Македонија од пред 20 години па нема тука никаква споредба. Ние сме мало дете кое тек учи да оди (во туризмот) или реално кажано поим немаме од туризам ама со тек на време следните 30-40 години ќе го научиме (или ќе седиме последни). Општо како народ сме нељубезни и посебно имаме автокомплекс спрема своите да сме најлоши. Ние сме можеби единствена земја во светот која е пољубезна спрема странците него спрема своите сопствени живтели, тоа никаде во Европа не сум го видел.

За неколку децении и со смена на неколку генерации можеби ќе се средиме и на тоа поле ама брзо (и лесно) нема да биде :).
 
Еххх....Охрид...подобро е во Охрид бидејќи нема фашисти, националисти и нацисти. Да, Грција не ја сакам поради постоењето на радикални организации, а радикалните организации ме подсетуваат на Авганистан и Пакистан. Ете затоа Грција ми е во истата забранета листа со сите други муслимански радикални земји.
Проблемот е уште поголем што тие нацистички организации не се забранети туку тие учествуваат во власта и носат закони....
Кој ми гарантира дека нема да бидам пресретнат од тие нацистички банди и дека нема да ме убијат.
Ако заборавивте да ве подсетам дека пролетоска еден Македонец беше брутално убиен во Солун а до сега нема одговорни за тој случај.
http://forum.kajgana.com/threads/Убиен-Македонец-во-Солун.63864/
 
Дефинитивно - Грција !! Голем националист сум ама пред се ми е убав помин и нормално пристапни цени. Во врска со доброто однесување на домаќините, и тука доминираат грците. Едно е за 400ден (7 евра) да седиш во некоја пустелија и некоја нервозна баба да ти биди домаќинка,плус пешки до центарот за да фатиш такси до на плажа шо ќе те кошта 250 денари, друго е за 10-12 евра во многу поубав апартман во грција (за охриѓани то е хотел од највисока класа) и пријателски настроени домаќини, без оглед шо си од Скопје/ФИРОМ, плажата ти е на 5 минути пешачење (уживаш дури пешачиш) и најбитно, на море си !
 
Грците се поkewl од Охриѓаните за туризам, нормално, ама Грција е поkewl држава од Маусдонија. Подобра е во секој смислол од ова manure парче земја.

Тогаш, зошто НЕ Greece over Macedonia секогаш? Не само за туризам, ајде да си ја сакаме Грција пошо е подобра.

Еве, кај се зема повеќе плата.. во Охрид или во Пиреја?

Кои работодавци се подобри: Охриѓаните или Атињаните?

Кај е подобро образованието?
 
Не знам кој е подобар домаќин ама знам дека лани бев во Грција на одмор, годинава бев во Грција на одмор и догодина сигурно ќе одам пак во Грција на одмор.

Охриѓани нека кулираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom