Oхриѓаните да учеа од Грците како се води туризам до сеа ќе беа меѓу првите 5 најпосетени дестинации во Европа. Нељубезноста, никаквите сместувачки капацитети, лакомштината, ладниот однос, скапите цени се она што ме тера да не им идам више на Охриѓани. Башка шо ќе потрошам многу повеќе отколку на море. Чисто за споредба тура со брод во Грција со посета на 6 острови чини 12,5 евра додека Охриѓани за обиколка околу езерото зимаат 30 евра

Лежалките во Грција со гага кафе и вода флаширана се 6 евра, а во Охрид ќе платиш само толку за лежалка без пијачка. Кафињата во Грција по кафичи е 1-2 евра исто ко у Охрид само шо овде пиеш кафе поред море а у Охрид поред езеро. Гиро во Грција е 1,5-2 евра додека хамбургер у Охрид е 150 денари. Смештај у Грција на чекор од море за двајца е 20-25 евра со вклучено користење на клима, интернет, сопствена тераса со жици и штипки за сушење алишта,комплет опремена и одвоена од соба - кујна, супер среден тоалет. Во Охрид за истата цена добивате смештај далеку од плажа, клима нема со изговор дека ноќите се свежи

, интернет нема - зш ќе ти ко ќе бидеш на плажа, сопствена тераса немаш ама затоа имаш рѓосани жици и штипки од дедо ное, кујна некомплетно опремена, тоалет во кој не работи фасонката, четка за бришење го*ца со три влакна и туш кабина од под која тече вода.
За комплетно да биде задоволството ко ќе се одлучиш да изнајмиш смештај обавезно газдата ти кажува дека е поарно да си купиш готвено јадење отколку да му готвиш у смештај, да не му пушташ бојлер на скапа струја и фрижидерот да биде стаен на најмала јачина да не троши толку многу, е за разлика од Охриѓани ова во Грција никогаш не ми се десило. Прво ќе се убијат да ти најдат смештај. Значи ако во една куќа немаат место за сместување, одма те фаќаат за рака те носат кај нивен роднина/пријател и ти наоѓаат. Домаќинот секогаш те пречекува со насмевка, кафе, ти го покажува смештајот и не ти мрчи за нишо. Башка шо си сместен одма на плажа и не му е проблем на домаќинот секое сабајле да те пречека со насмевка, да те праша дали ти треба нешто, дали е се во ред, Да те спречи ти да си го фрлиш ѓубрето со муабет дека тоа е негова работа, да ти го чистат смештајот секој трет ден, а куќата да ја чистат секој ден. И зашо јас би идела у Охрид после ваков пречек и љубезност во Грција? Не фала. У Грција ем поефтино ќе поминам, ем нема да се замарам со глупи домаќини, ем ќе се бањам у море а не у езеро каде секоја година се излева канализацијата и туристите се капат у гомна.