Томи Стефановски со злато за историја.

  • Креатор на темата Креатор на темата Шеј Лонг
  • Време на започнување Време на започнување

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Пред неполни 30 минути големиот Томи Стефановски испиша историја освојувајќи го првото злато за Македонија во светската маратонска пливачка серија. Иако има 42 години денес им одржа лекција по пливање и докажа дека и покрај лошите услови и третман од надлежните во Македонија има потенцијал за пливање. Браво мајсторе. Исто така не треба да се занемари и одличното 5то место на помладиот и несомнено иднината на македонското маратонско пливање Евгениј Поп Ацев.
 
Честитки за успехот!!

Може некој поупатен да објасни повеќе за маратонов?
 
Јас, што те интересира. Натпреварувањево е во рамки на светската гранд при серија. Во оваа серија влегуваат трки 15+км, има натпреварувачи од цел свет. ИМаш трки во Аргентина, Мексико, Канада, Италија и Македонија(охридски маратон). Пласманот на секоја трка се бодува и така се добива overal. Нешо слично како F1.
 
браво за ѕверот, ептен ми е мило, човек пример за сите!!!
 
Ако може кајгана да пише една статија за успехов. Ако треба некоја информација плус тука сум, нека ме контактира.
 
Ако може кајгана да пише една статија за успехов. Ако треба некоја информација плус тука сум, нека ме контактира.


Напиши нешто подолго, па ако се доволно добри, тоа нека го прикачат, и исправат ако треба.:)
 
Само што прочитав на фб, секоја чест мајсторе, браво!!!
 
Секоја чест, каде се одржувал маратонов?
 
Канада, од брзање сум забораил да напишам. Има две трки во Канада оваа беше првата, наредната е за 7 дена.
 
Новинариве спијат :pos: Лешперана
 
А ниe плачеме 21км ако истрчаме рекреативно :D
Браво за човеков алал да му е!
Нашиве место да известуваат за вакви работи, го тупат со џандарот што дркал во кола.
 
Шуќур извади некој, треба ова да е ударна вест во сите медиуми а не како што вика Кејлеб да тупат со типот што го дркал во кола, за тоа одма ќе пишат :)

Да не буцнев јас, ни тука ќе го немаше. :свиркам:
Касно дознаваат, башка тешко се стигнува до тие резултати, утре можеби ќе пишат, ако прочитаат низ форумот.
 
995446_319702554832360_627308589_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom