Сонови, толкување на сонови

Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Вака,сонував дека се наоѓам во некоја соба непозната,со мало дете кое ми е доверено на чување.Но детето цело време го снемува,како некој да сака да ми го земе.И на крај,јас со земам во раце и се играме додека некој ме праша некоја жена што ми е всушност детето и јас и одговарам брат ми е.
Инаку немам брат.
А во другиот сон,претходниот вечер ги сонував моите починати баба и дедо кои живеел во мојата куќа,како се качуваат за да влезат во соба,на спратот каде што сега спиеме.

Дали може некој да ми помогне?
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
9
Поени од реакции
0
јас често сонувам како лежам на креветот,во собата е темно и наеднаш ке почнал да летам над креветот како парализиран неможам ни да мрдам ни да зборувам ми се чине дека ке се удрам во таванот

дали некој знае што значи сонот?
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Јас сношти сонував многу страшен сон. Сонував како сум си се шетал низ комшилукот и одеднаш здрма земјотрес. Беше јак но не кутна ни една зграда туку само ги напукна зградите. Надвор сите изгегоа од становите цели испаничени и после 10 минути удри уште еден земјотрес, многу појак од првиот. Од силината на потресот почнаа да се уриваат високите згради (тие што беа по 15-16 спрата) За жал неможев да го избегнам падот од една од нив и ме поклопи и ме уби. Тогаш се разбудив. Одамна не сум сонувал нешто вака страшно.
 
КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855

Да сонуваш земјотрес значи дека се соочуваш со нестабилност. Сонот го осветлува несигурност, страв и безпомошност. Има ли нешто во животот за што се чувствуваш виновен?
Бидејќи земјотресот те повредува, ќе патиш од некаков загубиток во животот.
 
Бравос. Све погоди. Во моментов (а и неколку години наназад) се соочувам со голем страв и несигурност. Стравот е предизвикан од неизвесната иднина која тешко дека ќе е подобра од моето минато. А за тоа дека се осеќам виновен има повеќе ствари за кои се каам што сум ги направил во минатото ама за жал нема враќање назад па да ги спречам тие настани да не се случат.
Фала ти што ми го објасни сонот.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Одамна немав сонувано ваков страшен сон...Сонував дека мајка ми била тешко болна и дека и кажале дека има најмногу уште една недела живот. Не се сеќавам на детали, но многу лошо се чувствував додека сонував. Некако бев свесна дека е сон, но постојано се превртував во кревет и си викав не, не, не, нема да умре...Во куќата се собраа повеќе луѓе, не можам да кажам некои блиски затоа што всушност непознати ми беа. Татко ми не бил дома, па кога му се јавив знам само кажав - не можам, не...ќе заплачам...
 
Ништо страшно, класичен сон. Само си многу поврзана за твојата мајка, што е многу нормално и не сакаш да и се случи нешто лошо, вклучувајќи ја и смртта. Оди сега гушни ја мајка ти и грижи се повеќе :).

јас често сонувам како лежам на креветот,во собата е темно и наеднаш ке почнал да летам над креветот како парализиран неможам ни да мрдам ни да зборувам ми се чине дека ке се удрам во таванот

дали некој знае што значи сонот?

Луциден сон?
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Сонував како мачорот(Тошка мој :D) ми бега од дома и ја се пуштам по него да го фатам, го бркам некое време се ми е на дофат ама никако да го фатам и на крај мачорот застана да јаде(бледо ми текнува ама мислам дека морков или некој таков зеленчук) и конечно го фатив..... anyonе да ми каже шо како?? што би значел мачорот?? бркотницата??
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Значи 2-3 пати по ред го сонувам овој сон и се истиот неможам да издржам веќе морам да го кажам и да ми помогнете со толкување затоа што многу ме интересира значењето.

Дејството на сонот е:

Се случува секогаш кога си доваѓам дома, пред мојата зграда здогледувам згодна женска на растојание од 40 метра како поминува покрај мојата зграда. Јас од десната страна а таа од левата, и секогаш се гледаме, она ме погледнува свртувајки се накај мене, а јас ја погледнувам во задникот. Но се гледаме така со некакви чудни страсти со некој си чудесни искри за љубов значи неможам да ги опишам чуствата во сонот. И девојката е со темно црвена коса(2-3 пати ја сонував во сонот)
И во сонот си имам некое чудесно чуство дека како да ја познавам и дека помеѓу нас има нешто, но никогаш ја немам видено во животот.

Фала на тие што ќе помогнат.
 
Член од
7 април 2013
Мислења
206
Поени од реакции
329
Неколку пати да не претерам нека биде десетина ми се случило да сонувам некој познаник кој го немам видено повеќе години и веднаш наредниот ден да се сретнеме.Коинциденција не е бидејќи прилично доста пати ми се случило и тоа не биле личности кои ми се нешто посебно важни во животот дури последниве пати и ќе кажам дома "Денес ќе го видам Трпе" и навистина се среќавам со Трпе.

Познат ли е ваков феномен?
 
Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Јас си верувам во знаци од сонови ама никако не знам што значат.
Пред 2 дена еден многу чуден дури и луд сон сум сонувал. Идеше некако вака. Во интернатот каде што живеам (не е во Македонија, во странство) ни дојде на посета Борис Трајковски и ми викаше: те носам тебе јас министер да бидеш и јас сум сакал, одма сум почнал да се пакувам, ама цимеров упорно ме премислуваше, не се сеќавам на сите детаљи од сонот ама знам дека не отидов. Некое толкување психо (соматско)?
 
Член од
21 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
111
сонував делфин, сум сакала да го сликам и сум отишла да го земам мобилниот, ама коа сум се вратила не бил тука. после тоа сум влегла во морето и сум пливала и знам дека блиску беше до мене дека го гледав. и на крај знам дека почнал да ме гони сакал да ме убие, и едвај сум излегла од водата. што значи тоа?
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.023
јас синока сонував чуден сон.

сонував како на еден дел ,прашума машки и зенски како зените се порагале т.е. мазот ним гипорага. јазиво многу, порагај,крв сум видел....

и јас сум бил таму со мојата партнерка, и таа била бремена.

итн

дали има некакво значење сонот?
ве молам заодговор
 
знам дека ако сонуваш крв значи смрт..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom