Скопје се сеќава - 50 години од земјотресот кој го уништи Скопје

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Lugeto na beganje zemale sto ke im se najde..tacno,ama ne mislam deka vo juli mesec kaputite im bile pri raka pa da zemat i da begaat.Majka mi moja na zid nasla eden fustan od baba mi i grabnala i begala...
Jas kolku i da stavam prst na celo,mislam deka tie snimki ne se od Skopje...
Bev mala ama kolku tolku se sekavam na nekoj raboti:(
Imase luge po gaki,zeni po kombilizoni...ama so kaputi ne!
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Од сликиве што гледам добро не стрефил .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 108.jpg Едно презиме, едно семејство (овде нема кој свеќа да запали)
-----------
напишав во другите теми со слична содржина, за загинатите од земјотресот.
Многу,или најповќе има од Велешко, Охридско,Битолско,Тетовско,но и од:Кавадарци,Дебар,Гевгелија,Куманово,Кочани,Валандово и други места. Picture 102.jpg ДУШИЧКА ЕДНА ГОДИНКА (уште не проодело)
----------------------------
Да не се повтори никогаш - никаде.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 18:08 ---
Supervisor
Првата слика (нема контакт со денешниот ГТЦ)
тоа се рушевини од паднатата зграда позади Народната банка(на тоа место до скоро беше подзенмен влез за старата НА-МА)
Во таа зграда живеева и загинаа сите три клучари од трезорите на Народната банка.
Секој клучар знаел по една шифра,никој друг не ја знаел другата или третатата шифра.
Трезорите се отварале само со поклопување на сите три шифри,кој никој не ги знаел и не биле никаде запишани.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Приказната за Сузана – Првото новороденче во Скопје по земјотресот


,,Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври.

Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната Болница. Но, судбината сакаше поинаку…. Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината. Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата.
Беше мугра, многу се исплашив и се прашував што се случува. А потоа страшна, злокобна тишина. А потоа силен татнеж… Треперев од страв. Одеднаш тлото под земјата започна силно, многу силно да се тресе и сфатив- земјотрес… Во животот немав почуствувано таков страв… Јас, докторите, медицинските сестри, и сите други пациенти како избезумени започнавме да излегуваме од зградата, сите стравувајќи за својот живот, завладеа сеопшта паника и страв… Луѓето од околните објекти беа голи и боси излезени надвор, а тлото под земјата постојано се тресеше и не стивнуваше, во секој момент мислев дека се може да се сруши врз нашите глави… Ме обзема страшна вознемиреност, единствено нешто што ми паѓаше на ум во тој момент беше дали е се во ред со моето семејство…
По малку време го здогледав мојот сопруг, кој дотрча исплашен до мене, сакајќи да се увери дека сум добро. Почувствував големо олеснување кога видов дека тој е жив и здрав, но истовремено бев многу загрижена за тоа дали се добро мојата ќеркичка и моите родители, кои во моментот беа на краток одмор во Катланово. Стоевме така на плочникот пред болницата во исчекување, кога одеднаш, можеби по половина час или по четириесетина минути почувствував силни породилни болки. Бев многу исплашена, знаев дека не ми е терминот и дека има уште време, ме обзема страшна паника и само се молев на Бога се да заврши и да помине во ред… Следуваше уште посилна болка, знаев дека предвременото породување е предизвикано од доживеаниот стрес и траума, треба бргу да се дејствува и детето доаѓа на свет…
Во целокупниот хаос, ми пријде докторот – угледниот д-р Антиќ и породувањето започна на плочникот пред болницата, во тревникот под едно дрво, без никакви инструменти, единствено имаше само ќебе на кое легнав на тревата. И самиот стравувајќи и за својот живот поради непрестајните земјотреси, докторот сепак ја покажа својата професионалност и породувањето беше успешно.
Прекрасно беше чувството на олеснување кога ми рече „Девојче имате, девојче!”̋̋Беше 7 часот и 20 минути, неполни 2 часа по катастрофата која го снајде Скопје, а според сите информации мојата ќерка е првото новороденче кое дојде на свет во Скопје по катастрофалниот земјотрес. Беше многу малечка, мојата Сузана се роди со тежина од само килограм и сто грама и не можеше самостојно да дише. Но, се охрабривме и не изгубивме надеж, сопругот веднаш зема една сламка и започна да и дава вештачко дишење за да ја одржи во живот. Во тој момент се појави и татко ми, кој исплашен дошол пеш од Катланово и ни кажа дека тој, мајка ми и мојата 5 годишна ќерка се добри и на сигурно, на наша огромна радост. Меѓутоа, поради сеопштиот хаос, многуте повредени на кои требаше да им се укаже помош, како и опасноста од нови потреси, знаевме дека мора да одиме на друго место за да ја спасиме Сузи. Ни до ден денес не знам како наидовме на еден отворен камион, успеавме да се качиме и да не одвезе до Ниш мене и штотуку родената ќеркичка, а сопругот Благоја како судски медицинар, мораше да остане во Скопје заради идентификација на телата на настраданите.
По патот, го гледав разрушеното Скопје, разурнатите згради и куќи и облаците од прав кои се креваа над градот, во тој момент низ главата со молскавична брзина ми прелета мислата – мојата Сузана се роди, додека Скопје умир! Во камионот таа беше поврзана со боца со кислород, за да и овозможи вештачко дишење. Но ненадејно во текот на патувањето, боцата престана да работи! Почустсвував огромен страв и затреперев, но одеднаш потоа малечката заплака, што беше знак дека започнала да дише самостојно. Нејзиниот бебешки плач беше големо олеснување за мене! Бев уморна и преплавена од измешани чувства, и на среќа и радост, и неизмерен страв и неизвесност за нејзината иднина, но некако се охрабрив и започнав да верувам дека со моето девојче ќе биде се во ред, ќе преживее и ќе го претставува новиот живот по катастрофата. Кога стигнавме во Ниш, отидовме во болница, каде нашата ќеркичка мораше да биде во инкубатор. Откако помина два месеца во инкубатор, Сузи се опорави и почна да напредува. Имавме шанса да ја израснеме и да станеме горди родители на неа и на нашата постара ќерка”… раскажува симпатичната пензионерка ЗлаткаКрстевска.
Скопјанката Сузана Стаматовска (родена Крстевска) денеска е среќно омажена и горда мајка на две деца. Многу сака да им помага на другите, а вљубеник е во својата професија (градежништвото) и во својот роден град Скопје- некогаш и сега. Неизмерно им е благодарна на своите родители за нивната пожртвуваност и натчовечки напори тој ден, но и за љубовта и семејната хармонија со кои ја опкружувале во текот на нејзиното растење, а и до ден денешен. Срдечна и пријатна, вели дека не е случајно што е родена на денот на катастрофалниот земјотрес, бидејќи нејзината животна патека многу потсетува на земјотрес – исполнета со многу подеми и падови, но сепак за неа како вистински борец, секој пораз е предизвик за нова победа. Нејзиното раѓање е првиот нов живот по земјотресот, предвесник на новото Скопје, на обновувањето, подемот и новиот живот по катастрофата. На шега вели дека е интересно тоа што не може да си ги сокрие годините, бидејќи заедно со одбележувањето на годишнините од земјотресот, таа си ги прославува и своите родендени.

http://grid.mk/read/news/505495574/4045098/prikaznata-za-suzana-prvoto-novorodenche-vo-skopje-po-zemjotresot
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Околу документарците, вечерва од 20:05 на Телма.
20:05 50 години од скопскиот земјотрес - документарна програма
Тито и Хрушчов во посета на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963
Никита Хрушчов, тогаш Прв Секретар на Комунистичката партија на СССР и Југословенскиот претседател Јосип Броз во посета на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963.

"Во тоа време кога светот бил поделен на капитализам и социјализам, на врзани и не врзани, Скопје бил жариштето на солидарноста"


 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
http://www.hajdpark.mk/vardar-dinamo-prviot-javen-nastan-po-skopskiot-zemjotres/

„Сеќавањата кои први ми паѓаат на памет кога ќе помислам на скопскиот земјотрес од 63-та од некои чудни причини не се поврзани со разрушениот лик на градот, ниту пак со тоа кобно утро кое сите не разбуди од утринскиот сон …туку со сплотеноста, чувството на заедништво, солидарноста и силниот мотив да се продолжи понатаму што ги карактеризираше скопјани“- ни раскажува Томо Тасев, скопјанец од Маџир маало, сведок на пред и по земјотресното Скопје.
„Откако сé се сруши, откако животот на моето семејство и пријателите излезе надвор од вообичаената скопска рутина, зад нас остана правот, разрушените домови, урнатите згради, несреќните семејства поради загубата на своите најблиски… јас бев еден од ретките случаи да имам среќа и да не ја почувствувам таа загуба… можеби дека живеевме во куќа, па нашето маало речиси и да не беше разрушено.
Многу брзо откако се случи потресот скопјани се дигнаа на нозе, сплотеноста и мотивот да се помогне беа силни, а несреќата како да не зближи уште повеќе. Големо охрабрување за сите нас беше и безрезервната помош која се слеваше во градот од сите страни на светот. Животот почна повторно да го враќа своето темпо.
Јас тогаш бев 14 годишно момче, кое како и повеќето момчиња на таа возраст го обожававме фудбалот. И до ден денес се растреперувам кога ќе се сетам на закажаниот натпревар меѓу фудбалскиот клуб Вардар и Динамо од Загреб, кој се одржа само на еден месец по катастрофалниот земјотрес. Иако сé уште ја чистевме правта од разрушените згради и Скопје се уште живееше со последиците од 26 јули, веста дека нема да се одложи овој спортски настан беше примен со огромна возбуда. Величината на настанот сам по себе беше голем, но имајќи ја во предвид состојбата во која не затекна, направи тој ден градскиот стадион да дише со едно срце. И покрај сета загуба чувствувавме дека не запираат нашите животи, дека Скопје има сила да продолжи, да се бори дури и на спортските терени… и тоа со великанот како Динамо Загреб!
Ова воедно беше и првиот настан од јавен карактер кој се случи во Скопје по земјотресот…
Не беше лесно да се дојде до билет, имајќи во предвид дека во Скопје имаше и голем број на волонтери од цела бивша Југославија кои помагаа во расчистување на градот. Долгата колона пред билетарата не ме обесхрабри да дојдам до два билета за мене и татко ми… и тоа на Јужна трибина!
Натпреварот почна во одлична атмосфера… но она што сите не разочара и збуни беше недостатокот на нашето најсилно алиби, нашиот најдобар голгетер Петар Шулинчевски… почнаа да кружат и гласини зошто тој не е дел од играта… Така што сосема очекувано во првото полувреме го примивме и првиот гол. Навивањето не стивнуваше…но разочарувањето беше присутно кај сите нас…како ли ќе заврши натпреварот?
Но, на почетокот на второто полувреме се случи чудо! Целата атмосфера ја доживеа својата кулминација кога на терен влета Шулинчевски, за кого отпосле дознавме дека неговото задоцнето доаѓање се должи на отежнатото патување од Ресен до Скопје, бидејќи тој потекнува токму од тој град. Силните овации и спортското навивање најверојатно беа мотив и за него самиот да даде гол и да го израмни резултатот. Во тоа време навистина го сакавме фудбалот, немаше омраза кон противникот, вандализам и неспортско однесување. Гледачите се тие што ги носат фудбалерите, што ги поттикнуваат да играат, кои ги мотивираат да дадат сé од себе. Не можам да ви ги опишам радоста и среќата во тој момент. Се чувствувавме како да сме победиле тој ден, иако натпреварот заврши нерешено. Во тие моменти тој гол за нас значеше многу повеќе!… Сите ја почувствувавме истата енергија, истиот ентузијазам дека сплотениот глас може да не однесе напред, да ни помогне да се пребродат и најтешките моменти. Овој гол за нас значеше победа!
Головите на Петар Шулинчевски, популарниот Шули, и денес се паметат, постигнати не само на Градскиот стадион туку и во Сплит, на Маракана, Максимир. Додека играше, Шули беше неповторлив, вистински џентлмен на теренот, миленик на сите, кој му остана верен на Вардар, иако го бараа Црвена Ѕвезда, Партизан, Динамо, Хајдук.


Штета што во режија на политичарите се растури она што го спојуваше цело Скопје...

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може ли линк од Телма да добијам, никако неможам да најдам.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Lugeto na beganje zemale sto ke im se najde..tacno,ama ne mislam deka vo juli mesec kaputite im bile pri raka pa da zemat i da begaat.Majka mi moja na zid nasla eden fustan od baba mi i grabnala i begala...
Jas kolku i da stavam prst na celo,mislam deka tie snimki ne se od Skopje...
Bev mala ama kolku tolku se sekavam na nekoj raboti:(
Imase luge po gaki,zeni po kombilizoni...ama so kaputi ne!
На првиот потрес со помал интензитет-не излеговме надвор,останавме во кревет,
но вториот потрес,би рекол татнеж,дојде некако одоздола и тој-таа бучава не скорна,
дури и неможам да ја добро опишам,на линијата-жицата на земјотресот и земјата пукала,и таму кај што поминала не останало ништо здраво.На пример околината на плоштадот Слобода па кон старата железничка и ул.Водњансака.А стариот дел на градот бил начисто уништен:Калето,Еврејско маало,сајмиштето.Таа линија -жица или како ли се вика,не поминала со таа разорна моќ кон Кисела вода-стара рампа.Таму се уште се високите солитери од пред земјотресот (12 ката) кој беа без оштетувања.
Инаку на улица излеговме кој како легнал па дури и полуголи.
------------
Легенда:
Ова се збореше тие денови-години по земјотресот.
Тогаш познатиот пеач Караѓуле,како и сите по катастрофата излегол надвор,но потоа се вратил во куќата да ги земе парите и со нив во раце (1 тогашен милион денари) бил затрупан на прагот од наредните потреси кога паднала куќата.
---------------
Добро би било да ја постирате и приказната за поетесата Даница Ручигај,која загина на ул,Водњанска,карши државна болница.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
На МТВ има добра емисија.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.369

Кој и како го спаси Скопје од поголема катастрофа

Максим Стојановиќ бил доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел
„Кога се случи големиот скопски земјотрес во 1963, мојот вујко Максим го спаси Скопје да не се претвори во пепел“, вака почна да ја раскажува приказната Виолета Манева, внука на човекот кој беше доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел од каде што во тоа време се обезбедувала струја за целиот град.

Максим Стојановиќ имал само 29 години кога се случи кобниот земјотрес и бил дежурен ноќта на 26 јули, заедно со својот помлад колега Велин Јорданов. Тие денес, за жал, и двајцата не се повеќе меѓу живите, но затоа тука се внуците на Стојановиќ кои со голема љубов и гордост го сочувале и го негуваат споменот за нивниот покоен вујко.

Само 20 секунди откако удрил првиот потрес Максим изреагирал многу храбро и трезвено и без двоумење се упатил кон салата каде што се наоѓале контролните табли и одлучно почнал да ги исклучува прекинувачите еден по еден. Во меѓувреме се случува и вториот силен удар, кој како да му дал уште поголема сила и одлучност да го спаси градот од уште поголема катастрофа. Неговата професионалност и храброст во тие тешки моменти не застанала тука. Тој тргнува во обиколка на останатите простории каде што го здогледува огромниот трансформатор, кој до пред малку бил во погон, а сега силните потреси го превртиле и од него течело масло, кое служи за изолација и ладење. И тука тој повторно се снаоѓа и со помош на дрво и нож прави импровизиран затворач со што го сопира истекувањето на 25 тони масло, кое во допир со воздухот може да предизвика влага, а со самото тоа многу долго по земјотресот немало да може да се воспостави повторно струјата.

„Она што најмногу ме восхитува кога размислувам на мојот вујко во тие моменти е фактот дека тој успеал да ја задржи својата присебност и не и' се предал на паниката и грижата за својот две и полгодишен син и сопругата која во тој момент била во осмиот месец од бременоста“, раскажува г-ѓа Манева.

Веднаш откако се осигураа дека струјата е прекината, одговорноста за Трафостаницата ја остава во рацете на неговиот помошник, а тој самиот ита кон Скопје да го извести диспечерот за она што се случило. „Се сеќавам дека многу на кратко дојде да не' види дали сме сите здрави и живи и набрзо потоа повторно замина“, се сеќава Манева.

Не можеме ни да замислиме што се' можело да се случи со градот доколку Максим не ја исклучил струјата во тие клучни моменти. Трафостаницата е автоматизирана и во случај на оштетување таа самата се исклучува, но сето ова важи во случај на горе-долу нормални услови, а не и природна катастрофа како што бил земјотресот, затоа подвигот на Максим може да се смета за херојски чин бидејќи во тој момент човечкото срце и храброст дејствувале многу подобро од машината.

Ваквиот подвиг многу брзо по земјотресот бил препознаен и забележан од целата тогашна југословенска јавност. Дневниот весник „Вечерње новости“ одлучува неколку месеци по настанот да го избере Максим за херој на годината бидејќи да се направи ваков гест во момент кога и сопствениот живот е загрозен ги надминува рамките на значењето на зборот „должност“.

На оваа случка се сеќава и Манева, која раскажува: „Максим со ова признание беше многу среќен и почестен, се сеќавам на врачувањето на наградата беше примен во резиденцијата на другарот Тито на Дедиње во Белград и му беше врачена и голема парична награда како заслуга за стореното дело. Тој инсистираше дел од наградата да ја сподели и со неговиот колега Велин, кој го придружуваше на ноќната смена таа вечер. Беше многу праведен, чесен и дарежлив човек. Секогаш напред пред времето со своите сфаќања и убедувања. Несомнено остави голем впечаток врз нас и неговите идни поколенија. Па така неговите двајца синови Љупчо и Радослав како и истоимениот внук Максим не случајно ја одбраа истата професија како него, со тоа што нивните животни приказни продолжија надвор од Македонија, или поточно во Сиднеј, Австралија“. (Б.Ш.)
Внукот Максим во специјална посета на Македонија
Специјално по повод 50-годишнината од земјотресот внукот Максим, кој го носи името на дедо му, дојде во посета на Македонија. Заедно со неговото семејство уште еднаш гордо ќе се потсетат на големото срце на нивниот роднина, кој ги спаси скопјани од уште поголема несреќа. Неговото дело останува и понатаму да биде запаметено во аналите на историјата на градот кој се издигна повторно од правта и урнатините.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EF2E99744293384D9BF82E5DB0E683CC

Тоа се тие херои кои Скопје треба да ги слави и помни.
Слава им!
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Преносот на МТВ е уствари сеќавање на 2014, back to the future 4...
Што имаат врска селскине згради и лавови со 63-та?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Коцка алоооо!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom