Земјоделски факултет

  • Креатор на темата Пепси_
  • Време на започнување
П

Пепси_

Гостин
Дали има некој што завршил или е редовен студент на земјоделскиот факултет во скопје,или некој што планира да се запишува ?

Дали мислите дека е потценет овој факултет во споредба со другите ?

На сите им се врте во глава нива и копање кога ќе се спомне земјоделски факултет,што всушност и не е точно.

Колку е просперитетен кај нас и надвор,дали лесно се наоѓа работа и тн ?
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Па види,скоро сите ги потценуваат земјоделскиот факултет,факултетот за туризам и таму усте 2-3 не ги рачунаат за факултети.Шо всушност,не се во право.Земјоделството и туризмот се нешто во што ќе се инвестира понатаму во Македонија,така да,нема да згрешиш ако се запишеш на земјоделски
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.718
Поени од реакции
6.096
Земјоделскиот факултет го потценуваат луѓе што никогаш немале контакт со факултетот.
За перспективност, перспективен е колку и другите факултети :(
И нема врска со копање ниви, нели, не е така. Производство на храна најточно свати го. Ако не грешам така некако сега му е и името...

Инаку, самото факултетско образование е како ке го сватиш. Не е дека ќе научиш , ќе станеш стручњак .

А лесното наоѓање работа кај нас, нема врска со самото образование :)
 
B

BooBojan

Гостин
Јас студирам на земјоделски,од септември запишувам трета.Агроекономика студирам,доста добро ми иде засега.
Тоа дека се потценети се и тоа многу се потценети.

Запиши се и уживај,мислат дека ако си на земјоделски или шумарски,дека си заостанат.Напротив,нека се исправи пред мене некој кој студира на некој си туризам,педагошки,дел од оние економиситите,бидејки сум Агроекономист,нека застане и со знаење да се пресметаме од секакви области,80-90% ке се почуствуваат дека нема да можат година да земат на мојот факултет.

Нека дојдат оние кои студираат на јаки факултети нека положат, Педологија,Ботаника,Зоологија,Општо поледелство,Овоштарство,Тутунарство,Сточарство и да видат колку време ке им треба.

А верувај имаш многу перспектива на земјоделски,само треба памет во глава.За некоја година,цело земјоделско стопанство ќе биде задруги,а први луге на нив треба да бидат Агроекономистите.

Што и да те интересира околу факутетот,прашај овде сум.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411

Така е колега :D Зоологија алпинистот rulzzz :D Не е земјоделски заебанција бре деца :) У 6:30 сме станувале на -20 за у лабараторија и сме окапувале до 9 навечер :)
 
B

BooBojan

Гостин
Така е колега :D Зоологија алпинистот rulzzz :D Не е земјоделски заебанција бре деца :) У 6:30 сме станувале на -20 за у лабараторија и сме окапувале до 9 навечер :)
Секој си има свои приказни,ех сега да почнеме да пишеме,до сабајле нема да прекинам.
На почетокот од оние кои не потценуваат не го сакав факултетот,ама потоа баш заради нив ептен си го засакав,и сега пак да се запишувам,не менувам се исто ке си запишам,и знам дека нема да погрешам.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Секој си има свои приказни,ех сега да почнеме да пишеме,до сабајле нема да прекинам.
На почетокот од оние кои не потценуваат не го сакав факултетот,ама потоа баш заради нив ептен си го засакав,и сега пак да се запишувам,не менувам се исто ке си запишам,и знам дека нема да погрешам.
Точно е за приказните :) Најискрено до ден денес не знам зашто таму се запишав и зашто го дипломирав :) Секоја година аха сега ке се отпишам , аха нареднава и се така до 4та, дојде дипломската и толку :) За разлика од тебе, повторно не би се запишал таму :) Нас многу ни ветуваа, а 10% само исполнија... Не знам сега како е али 2004-2005 беше трагикомично :)
 
B

BooBojan

Гостин
Искрено мене родителите ме натераа,и најмногу заради тоа се запишав,иако имав многу идеи низ глава,најверојатно од Септември желбата да студирам Географија,ќе си ја остварам и ке иде како втор факс.Ама нормално се ми е после овој,си го засакав незнам зошто ама го засакав.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Искрено мене родителите ме натераа,и најмногу заради тоа се запишав,иако имав многу идеи низ глава,најверојатно од Септември желбата да студирам Географија,ќе си ја остварам и ке иде како втор факс.Ама нормално се ми е после овој,си го засакав незнам зошто ама го засакав.
Грев е да кажам дека не е интересен, интересен е и повеке од што треба меѓутоа нас како прва генерација контрола и безбедност на храна ни ветуваа работа како инспектори, па после како HACCP инженери ова она па дојде тој глупав ектс и почнавме поека да се дробиме :) Во 4 год само 2 пати бевме на пракса и толку... Амфитеатар, лабараторија, дома тоа ни беше 4 год :(
 
Re-loop

I play TRANCE, no DANCE!
Член од
21 април 2012
Мислења
118
Поени од реакции
60
цоца цола
 
П

Пепси_

Гостин
Јас средно завршив стручно земјоделско,сега ќе продолжам исто на земјоделскиот. Но уште од средно бев омаловажуван и потценуван според тоа што го учам,и сега кога ќе спомнам шо ќе се запишувам одма се превртуват очи.

Сметам дека има доста јака пара во овие струки,ако го имаш знаењето нормално.

Планирам на лозарство и винарство смерот да се запишам,бидејќи тоа го учев и у средно. Има ептен тешки предмети како микробиологија,ампелографија,агрохемија,ама економистите не го сваќат тоа хехе :icon_lol:

Што имам правено муабет со професори,минимална плата во приватна винарија ти е околу 5-600 евра (секако не обичен работник :) ) Луѓе (енолози) од србија му имаат барано 1200 евра плата на сопственик на приватна винарија (штотуку отворена).
 
А

Атомската мравка

Гостин
Јас средно завршив стручно земјоделско,сега ќе продолжам исто на земјоделскиот. Но уште од средно бев омаловажуван и потценуван според тоа што го учам,и сега кога ќе спомнам шо ќе се запишувам одма се превртуват очи.

Абе што се замараш што мислат другите ? На крајот се гледа кој повеќе заработува и кој повеќе успеал, јас се кладам дека одма после студентите што завршиле на машински и електро се оние на земјоделски според процентот на вработеност. Кај мене дома татко ми има завршено на земјоделски работеше 20тина години во еден од нашиве поголеми агрокомбинати го избркаа после по транзицијава еве сега приватно за него си работи и неможам да се пожалам, негови колеги што биле од градов едниот е главен одговорен за помала земјоделска фирма + произведува/продава вино.. трет си има своја земјоделска аптека отворено, четврт работи како инспектор при министерството за земјоделие во подрачна единица на градов.

Иднината е во храната (земјоделството) за која има се поголема побарувачка со зголемување на популацијата ете на пример смер квалитет и безбедност на храна можеш да се вработиш во скоро секоја прехрамбена фирма (дел и во државни институции за контрола на храна како инспектори), преработка на земјоделски производи исто така перспективна гранка со оглед дека имаш ипард програми за инвестиција и можност за успех со мали/големи погони за преработка на храна (конзервиран зеленчук, овошја итн), после лозарство и овоштарство исто така многу потенцијална гранка па премини на заштита на растенија - која е основна работа во секоја фирма што се занимава со земјоделство па заврши со лозарство и винарство која струка е исто така во подем посебно кога ќе се земе фактот дека во последно време има се повеќе големи и мали приватни винарии каде што се бараат високо образовани кадри (енолози) незнам колку е точно но имам слушнато дека главниот енолог Словенец некој во некоја од нашиве поголеми винарски визби зимал по 4000-5000 евра плата што не ме чуди и да е навистина точно..

Додај на се ова и субвенции, ипард програми за механизација (50-50% итн) развој на рурални средини итн и ќе видиш и самиот дека оваа гранка има потенцијал. Што се однесува на факултетот сепак е државен и при Кирил и Методиј си има стандарди какви-такви не е отиди-земи диплома како некои наши факултети низ државава вклучително и дисперзираните студии
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Што имам правено муабет со професори,минимална плата во приватна винарија ти е околу 5-600 евра (секако не обичен работник :) ) Луѓе (енолози) од србија му имаат барано 1200 евра плата на сопственик на приватна винарија (штотуку отворена).

Кој те лаже тоа момче, јас работев како хем. инженер во лаб. за анализа на вино, се покајав за век и векова што прифатив таква работа, прво се убиваш од работа по 20-40 проби, второ приватњациве само кратат некаде, па мораш ти на импровизираш...

На крај ќе ги чекаш да ти исплатат по 4 месеци, се вадат дека се истрошиле со откупот на грозјето.
 
Не е никаква лага,сепак зависи и од газдата кај шо работиш и фирмата.

колкава плата имаш/е како лаборант ? 200 евра ?
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Не е никаква лага,сепак зависи и од газдата кај шо работиш и фирмата.

колкава плата имаш/е како лаборант ? 200 евра ?

400 евра му земав за метода и 200 за 2 месеци додека да го обучам енологот како да работи на инструментот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom