Nymphadora, ми се допаѓа што на оваа тема си поспремна со знаењето, макар што очигледно познавањата ти се чисто теоретски.
Работите што ги наведуваш се во главно точни, иако ги интерпретираш на начин што ги истакнува исклучиво негативните аспекти. Затоа ајде едно по едно, ќе покријам одредени важни моменти во твојот пост.
Ќе се задржам само на најважните моменти но и тие бараат одредена обемност. Предупреденa си, немој да се жалиш на должината на постот!
Проблемот со марихуаната е што во последно време во цигарите покрај марихуаната се ставаат и други дроги како, crack, kokain, и уште што не.. мешањето на марихуаната со други лекови или дроги е многу поопасно, пример мешањето на марихуана и кокаин е особено штетно за срцето.
Главната состојка на марихуаната е THC delta 9 tetrahydracannabinol, ова соединение се претвора во 11- hidroxi delta 9 tetrahydrocannabinol кој е активен во централниот нервен систем.
Несомнено уживателите на кокаин и/или крак би требало да ги интересира ова што пишуваш ама... од каде па сега потребата да пишуваш за тоа тука. Кокаин и/или крак се секако многу штетни сами по себе, и толку лесно прават зависност што само многу
глуп човек и со слаб карактер, ќе се одлучи да ги конзумира. Да има и такви, ама не можеш сите консументи на марихуана да ги ставаш во тој кош.
Ќе признаам, дека од едукативен аспект добро е да се едуцираат луѓето дека е штетно да се меша трава и кокаин. Но самиот кокаин е толку штетен да исто можеш да кажеш дека е штетен и со сладолед на пример. Или алкохол. Или тутун.
Ова ти е во стилот, „цијанидов е многу штетно да го мешаш со бадеми„ (иако прилично паметно ќе го замаскираш мирисот на отровот!).
Реакциите на марихуаната исто како и кај алкохолот се индивидуални.. како што се и вели во студијата. Хемиски регулираната дрога произведува униформни реакции кај консументите, па и делуваањето на другите фактори, како сто е ккарактерот, ситуацијата, опкружувањето и слично, е минимално. Ефектите од марихуаната зависат од јачината и потенцијата на THC. Марихуаната обично содржи околу 3% THC.
Понатаму зборуваш за ефектите како што се параноја и анксиозност.
Се е тоа така како што пишуваш. Само ти фали искуството -како што сама наведуваш, ти наведуваш научна студија.
Во муабет со некој поискусен или преку индивидуално експериментирање, можеш да дознаеш и некои работи кои ги нема во студиите.
Имено, трава најпријатно се косумира дома или кај добри пријатели, во домашен сетинг. Разни се условите кои влијаат на можност за параноја и анксиозноста која ја следи паранојата -но надворешната средина ги зголемува шансите повеќекратно. Однесувањето и мислењето се изменети, и нормално дека надвор ќе те гледаат чудно: ете ти ја главната причина за параноја. Ова го знае секој што малку експериментирал на темава и потоа размислил за работите.
Друга работа што не ти ја кажуваат студиите е дека има големи разлики во „хајот„ помеѓу разните видови на канабис, од разните подвидови канабис Сатива до канабис Индика, од сканк па до албанските прсканици, има еони од светлосни години разлика.
Друго што споменуваш за можните компликации на пациентите со хронични проблеми... па тоа нормално се предупредува за се и сешто. Таквите луѓе номално дека треба да се информираат детално па макар и пред да одат во аквапарк.
Понатаму наведуваш развивање зависност при интензивно користење. За ова е повеќе пати пишувано, ако воопшто можеме да зборуваме за зависност, не се работи за хемиска зависност како што е тоа случај со тутунот и/или со правите дроги како хероинот, кокаинот, разни синтетички страња. Тие го прават организмот хемиски зависен од нив, организмот има проблеми да фукционира без тие дроги.
Зависноста од марихуана е психичка зависност, како зависност од играње видео игри на пример. Потребата е тука, ама нема период на здравствени проблеми со одвикнувањетo кога се прекинува консумацијата, нема симптоми како тресење, лошење итн итн.
Долготрајното користење на марихуана доведува до проблеми со белите дробови и грлото, хронична кашлица, зголемен ризик од респираторни инфекции и рак на белите дробови...
Како беше онаа приказна.. подобро да земеш марихуана него тутун..
Епа ајде да видиме што велат испитувањата..
Докажано е дека хроничната употреба на марихуана предизвикува оштетување на белите дробови. Постои разлика помеѓу пушачите на марихуана и пушачите на тутун, односно оштетувањето на белите дробови кај едните и кај другите.
Така.. доколку сте пушач кој ги комбинира овие две зла.. шансите за да добиете рак на белите дробови.. ви се многу поголеми. Иако истите супстанции кои се наоѓаат во тутунот ги има и во марихуаната, една одредена супстанција односно benzopyrene, неговата концентрација во марихуаната е многу поголема отколку во тутунот.
Овој дел од цитатот е интересен, на ова сакам да се осврнам.
Нема да пишувам анализи за разликите во штетноста на THC компонентите наспроти никотинот. Штетноста постои неоспорно и заедничките проблеми во двата случаи произлегуваат од истоветниот начин на комсумирање: пушење, инхалација на чадот што се добива преку согорување на тутун или марихуана.
Имено
преку согорување на растителниот материјал се развиваат непотребно високи температури со кои во чадот се ослободуваат разни канцерогени состојки (кои нема потреба да ги наведувам за да не го правам постов поголем одколку што мора да биде).
За да се избегне ова потребно е загревање на растителниот материјал на контролирано пониски температури, доволни за вапоризирање на никотинот и канибиоидите. Кај никотинот таа температура е некаде од 150 до 175 целзиусови степени. За канабисот идеалниот температурен опсег е од 180 до 200 целзиусови степени. Над овие температури почнуваат да се ослободуваат катрани и други страња.
Значи ризикот за проблемите што ги наведуваш погоре, може многукратно да се намали. Секако ова бара соодветни
вапорајзери, или поточно испарувачи. Цените им паѓаат и моделите од средната класа моментално коштаат колку и подобрите мобилни телефони. Најчесто ги бараат пациентите кои користат медицинска марихуана, но тие не се единствените...
Во добар дел од сојузните држави на САД марихуаната е легализирана, а во поголемиот број од другите држави во тек е процесот на легализирање. Европа е нешто поназад, но се приближува.
Eве пар фотографии, колку да знаеш за што станува збор.