Дрогирање во центарот на Скопје

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Тревата треба да е легална бидејки во компарација со секојдевно конзумирање на алкохол и секојдневно конзумирање на трева,марихуаната е далеку понеопасна но факт е дека со секојдневно конзумирање ствара анксиозност,депресија,демотивација.
Додека секојдневно конзумирање алкохол ти ги уништува органите и ствара физичка зависност по секојдневно конзумирање додека тревата не ствара физичка само психичка зависност.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Национализам, здравје и спорт!

Со ш*птарска дрога ја убиваме нашата младина, а нив ги богатиме. Си го чукаме ножот самите во сопствениот грб.

Америка, која што била и е сеуште хегемон во поп културата ја наметна нивната култура преку МТВ пред се црнечка околу дрога, сексот и други работи што доведе до поместување на цели норми на живеење и нормално функционирање.

Руски националисти против локални дилери
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Nymphadora, ми се допаѓа што на оваа тема си поспремна со знаењето, макар што очигледно познавањата ти се чисто теоретски.

Работите што ги наведуваш се во главно точни, иако ги интерпретираш на начин што ги истакнува исклучиво негативните аспекти. Затоа ајде едно по едно, ќе покријам одредени важни моменти во твојот пост.

Ќе се задржам само на најважните моменти но и тие бараат одредена обемност. Предупреденa си, немој да се жалиш на должината на постот! ;)


Проблемот со марихуаната е што во последно време во цигарите покрај марихуаната се ставаат и други дроги како, crack, kokain, и уште што не.. мешањето на марихуаната со други лекови или дроги е многу поопасно, пример мешањето на марихуана и кокаин е особено штетно за срцето.
Главната состојка на марихуаната е THC delta 9 tetrahydracannabinol, ова соединение се претвора во 11- hidroxi delta 9 tetrahydrocannabinol кој е активен во централниот нервен систем.
Несомнено уживателите на кокаин и/или крак би требало да ги интересира ова што пишуваш ама... од каде па сега потребата да пишуваш за тоа тука. Кокаин и/или крак се секако многу штетни сами по себе, и толку лесно прават зависност што само многу глуп човек и со слаб карактер, ќе се одлучи да ги конзумира. Да има и такви, ама не можеш сите консументи на марихуана да ги ставаш во тој кош.
Ќе признаам, дека од едукативен аспект добро е да се едуцираат луѓето дека е штетно да се меша трава и кокаин. Но самиот кокаин е толку штетен да исто можеш да кажеш дека е штетен и со сладолед на пример. Или алкохол. Или тутун.

Ова ти е во стилот, „цијанидов е многу штетно да го мешаш со бадеми„ (иако прилично паметно ќе го замаскираш мирисот на отровот!).



Реакциите на марихуаната исто како и кај алкохолот се индивидуални.. како што се и вели во студијата. Хемиски регулираната дрога произведува униформни реакции кај консументите, па и делуваањето на другите фактори, како сто е ккарактерот, ситуацијата, опкружувањето и слично, е минимално. Ефектите од марихуаната зависат од јачината и потенцијата на THC. Марихуаната обично содржи околу 3% THC.
Понатаму зборуваш за ефектите како што се параноја и анксиозност.
Се е тоа така како што пишуваш. Само ти фали искуството -како што сама наведуваш, ти наведуваш научна студија.

Во муабет со некој поискусен или преку индивидуално експериментирање, можеш да дознаеш и некои работи кои ги нема во студиите.

Имено, трава најпријатно се косумира дома или кај добри пријатели, во домашен сетинг. Разни се условите кои влијаат на можност за параноја и анксиозноста која ја следи паранојата -но надворешната средина ги зголемува шансите повеќекратно. Однесувањето и мислењето се изменети, и нормално дека надвор ќе те гледаат чудно: ете ти ја главната причина за параноја. Ова го знае секој што малку експериментирал на темава и потоа размислил за работите.

Друга работа што не ти ја кажуваат студиите е дека има големи разлики во „хајот„ помеѓу разните видови на канабис, од разните подвидови канабис Сатива до канабис Индика, од сканк па до албанските прсканици, има еони од светлосни години разлика.

Друго што споменуваш за можните компликации на пациентите со хронични проблеми... па тоа нормално се предупредува за се и сешто. Таквите луѓе номално дека треба да се информираат детално па макар и пред да одат во аквапарк.

Понатаму наведуваш развивање зависност при интензивно користење. За ова е повеќе пати пишувано, ако воопшто можеме да зборуваме за зависност, не се работи за хемиска зависност како што е тоа случај со тутунот и/или со правите дроги како хероинот, кокаинот, разни синтетички страња. Тие го прават организмот хемиски зависен од нив, организмот има проблеми да фукционира без тие дроги.
Зависноста од марихуана е психичка зависност, како зависност од играње видео игри на пример. Потребата е тука, ама нема период на здравствени проблеми со одвикнувањетo кога се прекинува консумацијата, нема симптоми како тресење, лошење итн итн.



Долготрајното користење на марихуана доведува до проблеми со белите дробови и грлото, хронична кашлица, зголемен ризик од респираторни инфекции и рак на белите дробови...

Како беше онаа приказна.. подобро да земеш марихуана него тутун..
Епа ајде да видиме што велат испитувањата..
Докажано е дека хроничната употреба на марихуана предизвикува оштетување на белите дробови. Постои разлика помеѓу пушачите на марихуана и пушачите на тутун, односно оштетувањето на белите дробови кај едните и кај другите.
Така.. доколку сте пушач кој ги комбинира овие две зла.. шансите за да добиете рак на белите дробови.. ви се многу поголеми. Иако истите супстанции кои се наоѓаат во тутунот ги има и во марихуаната, една одредена супстанција односно benzopyrene, неговата концентрација во марихуаната е многу поголема отколку во тутунот.
Овој дел од цитатот е интересен, на ова сакам да се осврнам.

Нема да пишувам анализи за разликите во штетноста на THC компонентите наспроти никотинот. Штетноста постои неоспорно и заедничките проблеми во двата случаи произлегуваат од истоветниот начин на комсумирање: пушење, инхалација на чадот што се добива преку согорување на тутун или марихуана.

Имено преку согорување на растителниот материјал се развиваат непотребно високи температури со кои во чадот се ослободуваат разни канцерогени состојки (кои нема потреба да ги наведувам за да не го правам постов поголем одколку што мора да биде).
За да се избегне ова потребно е загревање на растителниот материјал на контролирано пониски температури, доволни за вапоризирање на никотинот и канибиоидите. Кај никотинот таа температура е некаде од 150 до 175 целзиусови степени. За канабисот идеалниот температурен опсег е од 180 до 200 целзиусови степени. Над овие температури почнуваат да се ослободуваат катрани и други страња.

Значи ризикот за проблемите што ги наведуваш погоре, може многукратно да се намали. Секако ова бара соодветни вапорајзери, или поточно испарувачи. Цените им паѓаат и моделите од средната класа моментално коштаат колку и подобрите мобилни телефони. Најчесто ги бараат пациентите кои користат медицинска марихуана, но тие не се единствените...
Во добар дел од сојузните држави на САД марихуаната е легализирана, а во поголемиот број од другите држави во тек е процесот на легализирање. Европа е нешто поназад, но се приближува.


Eве пар фотографии, колку да знаеш за што станува збор.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Ајде деца навалите пушите трава,не е штетна,уште ва лажат комунистите:D.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.621
Поени од реакции
35.477
Конзумент на алкохол немора по дифолт да значи алкохоличар (зависник). Како што конзументот на гликоген немора да значи дека е шеќераш.
Aма тој што пафка понекогаш, обавезно е наркоман... а? ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Се треба да се легализира ионака не можеш да ги спречиш луѓето да се дрогираат, можеш само да им го спасиш животот од причина што хероинот не е чист, хероин, кокаинот исто, а плус се појавуаат и нови дроги што се далеку поопасни и тоа само од прво зимање.
Само да нема реклами
 
B

Borg_Drone

Гостин
Абе добро е што е отворена ваква тема, лошото е тоа што повеќето се интересираат за бебето на „Ми се бомбардира во Авганистан со хеликоптер“.Инаку што сакате кажете за марихуаната; дека лечела рак, дека можеш со неа да полеташ на Марс, дека убава била да се употребува во супа наместо магдонос, дрога си е дрога и како таква е класирана.Во Холандија била легализирана, одете таму (секој кој ќе спомене за марихуната веднаш ја споменува и Холандија нели, просто сељаче неиживеано, за да покаже како светот е „напред“ а ние тонеме во калта, типично селска работа за мене и работа која е за мене прв показател дека навистина сме заостанати и дека сме народ кој е заснован само на copy-paste метода), и не мора да значи дека ако цела Холандија се „фрла во Вардар“ дека мора ние истото да го направиме.Секако, нели ова што го напишав нема и да ја забрани веднаш марихуаната, кој што сака може да прави, ова е слободна држава сепак, но ете, јас сум лично против и сметам дека треба да се забрани за век и навека, да си бидеме така еден пандан на Холандија, ама од друга гледна точка; да бидеме првата држава која ќе забрани за век и навека марихуана.Уште повеќе би ме радувало ако бидеме првата држава која ќе забрани ретардус тврдења од типот: „Холандија ја легализирала марихахуаната и треба сега и ние да ја легализираме зошто тоа е „ин“ “.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Значи дојдовме до вистинскиот одговор а тоа е препорачлива доза....
Можеш да направиш разлика од 2 бокалчиња ракија и 2 џоинта?
А оти не двете заедно? Знаеш колку убаво ќе ти биде така? :D
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Марихуаната ако се легализира ќе има многу помалку жртви еве и зошто. Сите тешки наркомани почнале со марихана, е сега проблемот е што дека тие си мислат дека пушат чиста марихуана а дилерите им ставаат некоја појака дрога да ги тера на зависнот. Бидејќи чиста марихуана не те прави зависен. Кога ќе биди легализирана ќе одиш ќе си купиш како цигари што си купуваш и знаеш барем чиста марихуана е.

*Ова е чисто мое мислење така да...*
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
како да направиш одредена роба посакувана и скапа....НАПРАВИЈА ТЕШКО ДОСТАПНА

....уште од својот настанок ЧОВЕКОТ УПОТРЕБУВА психоактивни супстанци...канабисот, листовите од кока, катранот од афион, ајахуска, жалфија, лобелија, датура, пејотл, аманита мускарија и рќжаното рогче човекот ги употребува последните 10000 години....но секогаш со одредена цел и во строго контролирани услови

....гуруто, врачот, шаманот, свештеникот го воведува (иницира) корисникот како правилно да ги внесе овие супстанци во организмот и во кои дози и услови секако со предходна подготовка....

проблемот настанува во последните 150 години....кога почнува развојот на фармацевстката индустрија....со добивањето на морфиумот, кокаинот и хероинот....

морфиумот, хероинот и кокаинот на почетокот се користат како лекови....хероинот бил лек кој се препишувал скоро за сите болести....но кога сфатиле дека предизвикува зависност....го искористиле за ПРОФИТ

не е проблем употребата на психоактивни супстанци туку нивната ЗЛОУПОТРЕБА

денес секое недозреано детиште многу лесно може да дојде до психоактивни супстанци и да ги злоупотреби без соодветна подготовка и цел

10000 години човекот ги употребува овие супстанци со одредена намена - денес единствената намена им е БЕГАЊЕ ОД РЕАЛНОСТА И ПРАВЕЊЕ ФРАЕР ПРЕД ДРУГАРИТЕ

нашите баби и дедовци одгледувале афион и коноп но никој од нив не станал наркоман...индијанците во Боливија сеуште секој ден џвакаат листови од Кока...па никој од нив не е зависен

ЛИЦЕМЕРНО е кога властите во поголемиот број на држави НАВОДНО ВОДАТ ВОЈНА ПРОТИВ ДРОГАТА , а од друга страна на секој ќош 9 годишно дете може да купи што сака и да го ЗЛОУПОТРЕБИ

во сите држави (со исклучок на Саудиска Арабија и сличните на неа) производството, транспортот и дистрибуцијата на наркотиците е со АМИН на властите

додека Талибанците војуваа со Русите беа ОК... но кога ги зедоја работите во свои раце и почнаа да ги палат полињата со афион и да се намалува производството...Јенките мораа да интервенираат во име на ДЕМОКРАТИЈАТА

во маѓепсаниот круг лесно се влегува.....но само ретки успеваат да се извлечат

П.С
ДЕЦА ПИЈТЕ МЛЕКО БИДЕЈЌИ КРАВИТЕ ПАСАТ ТРЕВА

П.С.2
СЕКС ДРОГА ПИВО И АЈВАР
 

Kajgana Shop

На врв Bottom