Хомосексуални бракови во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Ма нееее, никој не напаѓа ЛГБТ припадници:
Језиво..

ЕДИТ: Заборавив да напоменам, Тремити е остров - затвор во фашистичка Италија каде Мусолини ги праќал сите хомосексуалци. Значи децава не се туку така организирани..
Хјуман Рајтс Воч: Писмо до премиерот Никола Груевски
11 Јули 2013

Премиер Никола Груевски
Влада на Република Македонија
Бул. Илинден бр.2
1000 Скопје Република Македонија

Почитуван Премиере Груевски,
Ви пишувам во име на Хјуман Рајтс Воч поради загриженост за неколку неодамнешни насилни напади врз членови на лезбејската, геј, бисексуалната, трансродовата и интерсексуалната (ЛГБТИ) заедница во Скопје. Како што и самиот знаете, Хјуман Рајтс Воч е независна организација посветена на одбрана и заштита на човековите права. Ние ги истражуваме и разоткриваме прекршувањата на човековите права и ги повикуваме прекршителите на одговорност.
Нападите за кои зборувам беа поттикнати поради сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет на жртвите.
На 22-ри Јуни започна Неделата на гордост во Центарот за поддршка наЛГБТИ во Скопје. Според информациите на сведоците за Хјуман Рајтс Воч околу 40 ЛГБТ лица присуствуваа на прикажувањето на неколку кратки филмови со ЛГБТИ тематика и имаше дискусија во врска со правото на здравствена нега на трансродовите лица. Кратко по започнувањето на настанот, во околу 18:30, толпа од околу 30 лица се собра пред Центарот и започна да извикува дерогативни и хомофобични слогани и да им се заканува на луѓето внатре. Напаѓачите фрлаа камења, шишиња и цигли кон Центарот. Внатре, според извештаите кои ги добивме, луѓето во публиката беа исплашени и загрижени за својата безбедност. Полицијата пристигна и толпата се растури, оставајќи зад себе еден повреден полицаец кој беше удрен од еден од предметите фрлени од страна на толпата.
На 25-ти Јуни во 22:50 се собра толпа околу куќата на актерот Петар Стојковиќ во Скопје, кој јавно ја истакна својата хомосексуалност. Тој се наоѓаше внатре заедно со неговиот партнер. Толпата употребуваше хомофобичен говор и упатуваше закани за неговиот физички интегритет. Агресорите фрлаа камења кон неговата куќа. Стојковиќ го пријави случајот во полиција. Полициските службеници пристигнаа да извршат истрага на местото на настанот откако толпата си замина.
На еден од лидерите на организацијата ЛГБТ Јунајтед Македонија (името е познато на Хјуман Рајтс Воч, но не е објавено од безбедносни причини) кој учествуваше во организацијата на Неделата на гордост во Скопје, му беа упатени закани по живот по нападот на ЛГБТИ Центарот за поддршка. На неговата Фејсбук страница тој доби пораки во кои стоеше “Ќе ти ја исечеме главата” и “Ќе те убиеме”. Поради страв да не биде убиен тој ја напушти својата куќа и побара засолниште кај пријатели. Тој не се осмелува да ја напушти нивната куќа и всушност е затвореник во Скопје.
На 5-ти Јули, непознато лице (лица) се обиде да го запали Центарот за поддршка на ЛГБТИ. Според извештајот на полицијата, една од противпожарните служби во Скопје доби телефонски повик во околу 04:20 часот. Непознато лице пријави дека е опожарена куќата во која е сместен ЛГБТИ Центарот за поддршка. Противпожарната служба делуваше брзо, го локализираше и го изгаси пожарот. Во 08:30 часот двајца претставници на Одделот за полициска истрага во Скопје пристигнаа на местото на настанот. Според нивните првични наоди некој се качил на кровот на Центарот, отстранил десетина ќерамиди, истурил бензин на штиците на покривот и ги запалил.
Полицијата беше известена за сите овие горенаведени инциденти освен за смртните закани кон ЛГБТИ активистот. Кога Хјуман Рајтс Воч го праша зошто не пријавил во полиција, тој одговори дека изгубил секаква верба во полицијата.
Во моментот на пишување на ова писмо, не е познато дали полицијата ги истражува гореспоменатите инциденти. Откако ги пријавија овие злосторства жртвите немаат добиено никакви информации од властите.
Хјуман Рајтс Воч ги загрижува фактот дека ниту Вие ниту било кој друг од Вашата влада не ги осуди овие напади во јавноста, ниту пак му се обрати на македонскиот народ да се воздржи од дискриминација врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Македонија е мала земја со околу 2 милиони жители. Недостатокот на владин одговор дополнително ги загрозува ЛГБТ лицата во Македонија и ја доведува во прашање посветеноста на владата на принципите на недискриминација и еднаквост.
Принципите на недискриминација и еднаквост се основата на меѓународниот систем за човекови права, според кој Македонија има јасни и задолжителни обврски. Според Универзалната декларација за човекови права (УДЧП) “сите луѓе се родени слободни и еднакви по достоинство и права” (член 1) и “сите имаат право на сите права и слободи поставени во оваа Декларација, без никаква разлика” (член 2(1)). Овие принципи се повторуваат во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и други големи договори чиј потписник е Македонија.
Оттаму, принципот на недискриминација претставува суштинска договорна обврска и е принцип кој мора да се почитува. Остварувањто на сите права според основните договори без дискриминација не е предмет на прогресивна реализација, туку тоа е дефинирано како итна обврска.
Меѓународното право и стандарди забрануваат дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Оттаму, заштитата на лезбејките, геј, бисексуалните и трансродовите лица од дискриминација е дел од должностите на Македонија. Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (МПГПП) на којшто му пристапи вашата земја во 1994, ја потврдува еднаквоста на сите луѓе во член 2 и 26. Во случајот Николас Тунен против Австралија од 1994 година, Комитетот за човекови права, меѓународното тело на експерти кое ја следи усогласеноста со МПГПП, одлучи дека овие одредби треба да бидат сфатени дека ја вклучуваат сексуалната ориентација како статус заштитен од дискриминација. Особено сметаше дека “референцата за”пол” во член 2, став 1 и член 26 треба да вклучува и сексуална ориентација.”
Македонија е потписник на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Во член 14, Конвенцијата забранува дискриминација во остварувањето на правата и слободите поставени со конвенцијата. Македонија исто така беше една од првите земји во Европа кои го ратификуваа протоколот 12 на Конвенцијата, кој забранува дискриминација на сите права “утврдени со закон“. Европскиот суд за човекови права, кој авторитативно ја толкува и спроведува Конвенцијата, има установено дека сексуалната ориентација е опфатена во член 14 од Европската конвенција за човекови права. Во својата прва пресуда за протокол 12 судот утврди дека основите за дискриминација забранета со тој протокол ќе бидат исти како во член 14, т.е. вклучувајќи ја сексуалната ориентација.
Од 2005-та година вашата земја е вклучена во процесот на “стабилизација и асоцијација” со Европската Унија како кандидат за идно членство. Член 21 од Повелбата, која стапи во сила во Декември 2009-та година забранува дискриминација, особено дискриминација врз основа на сексуална ориентација.
Европската Комисија во својот извештај за напредокот на вашата земја од 2009-та година забележа:
“Мал напредок е направен во областа на недискриминаторската политика. Механизмите за идентификување, прогонување и криминализирање на сите форми на дискриминација од страна на државни и недржавни тела против поединци или групи не постојат. Закон за заштита од дискриминација треба да се донесе. Продолжува дискриминацијата врз основа на пол, етничка припадност, хендикеп и сексуална ориентација... Ниту Уставот, ниту постоечката легислатива не ја идентификува сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лица не се заштитени од директна или индиректна дискриминација и се стигматизирани, особено во руралните области.”
За жал не е направен голем напредок во овој поглед.
Европската Комисија пишува во својот извештај за напредокот на Македонија за 2012-та година (од 10-ти Октомври, 2012 РД (2012) 332 конечна верзија на страна 16 под социјални и економски права:“Законот против дискриминација се’ уште не е целосно во согласност со законодавството и праксата на ЕУ; дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација се’ уште не е вклучена. Лезбејската, Геј, Бисексуална и Трансродова (ЛГБТ) заедница и натаму е дискриминирана и стигматизирана.” И на страна 46:“ Законот за заштита од дискриминација експлицитно не ја забранува дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација при вработување и во професијата и оттаму не е целосно во согласност со законодавството и праксата на ЕУ. Структурирана и ситематска анализа на податоци за дискриминација не е воспоставена. Треба да се интензивираат активностите за подигнување на свеста во врска со еднаквост и недискриминација.”
Владата на Македонија јавно се посвети на борба против дискриминација врз основа на сексуална ориентација со потпишување на заедничка изјава за човекови права и сексуална ориентација и родов идентитет претставена од страна на 66 држави на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 18-ти Декември, 2008-ма година.
Изјавата ги повикува “сите држави и релевантни меѓународни механизми за човекови права да се посветат на унапредување и заштита на човековите права на сите луѓе , без разлика на сексуалната ориентација или родовиот идентитет”. Во неа исто така се “повикуваат државите да обезбедат соодветна заштита на борците за човекови права и да ги отстранат пречките кои ги спречуваат да ја извршуваат својата работа во врска со прашања за човекови права и сексуална ориентација и родов идентитет.”
На 31-ви Март, 2010-та година, Комитетот на Министри на 47-те земји-членки од Советот на Европа едногласно ги усвоија препораките за борба против дискриминација врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Македонија како член на Советот на Европа и нејзиниот Министер за Надворешни Работи ги одобри препораките. Додатокот претставува составен дел на препораките.
Под I. Право на живот, безбедност и заштита од насилство, под А. “злосторства од омраза” и други инциденти мотивирани од омраза стои дека земјите-членки треба да обезбедат ефективни, брзи и непристрастни истраги за потенцијални случаи на криминал и други инциденти, каде што сексуалната ориентација или родовиот идентитет на жртвата основано се смета дека е мотив на сторителот;...и дека одговорните за такви дела ефективно да бидат изведени пред лицето на правдата и каде што е соодветно, да се казнат со цел да се избегне неказнивост.
Под Б. “Говор на омраза”#6, земјите членки се согласни дека тие треба да преземат соодветни мерки за борба против сите форми на изразување, вклучително во медиумите и на интернет, кои основано би биле сфатени дека би можеле да создадат ефект на поттикнување, ширење или промовирање на омраза или други форми на дискримининација на лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лица. Таков “говор на омраза” треба да биде забранет и јавно осуден секогаш кога ќе се појави.
Под # 8,земјите се согласија дека јавните службеници и други државни претставници треба да бидат охрабрувани да промовираат толеранција и почит кон човековите права на лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лица кога и да се вклучат во дијалог со клучни претставници и религиски заедници.
ПодIII. Слобода на изразување и мирно собирање под # 17, државите се согласија дека јавните власти на сите нивоа треба да бидат охрабрувани јавно да ги осудат, особено во медиумите, сите незаконити пречки во правото на поединците и групите да го остваруваат нивното право на слободно изразување и мирно собирање, особено кога се работи за човековите права на лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лица.
Во согласност со тие препораки, Вие, како Премиер и други членови на Вашата влада треба да преземете брзаи ефективна акција јавно да ги осудите насилството и говорот на омраза кон ЛГБТ лицата во Македонија и треба да се осигурате таквите инциденти темелно да бидат истражени, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и сите мерки да бидат преземени за да се спречат слични такви инциденти во иднина.
Ве повикуваме Вас и Вашата влада да не го вртите грбот на меѓународните стандарди за човекови права и активно да ја заштитувате безбедноста на ЛГБТИ лицата во Македонија. Клучна компонента на таквата заштита е јавно – во медиумите и пошироко – и безкомпромисно да ги отфрлите сите форми на насилство или дискриминација врз ЛГБТИ лицата и да ги повикате граѓаните на Република Македонија да бидат толерантни и инклузивни. Понатаму, Ве повикуваме Вас и Вашата влада експлицитно да ги вклучите “сексуалната ориентација и родовиот идентитет” како основи за недискриминација во македонското законодавство.
Со задоволство го очекуваме Вашиот одговор.
Со почит,
Борис О. Дитрих
Директор на програмата за застапување на правата на лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лица Хјуман Рајтс Воч
Cc:
Г-дин Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија
Г-дин Блерим Беџети, Министер за Правда

А еве го одговорот...
Македонија одговори на Хјуман Рајтс Воч кажувајќи НЕ за дискриминацијата на „која било основа“
 
D

dystopian

Гостин

Изолиран инцидент или не, сепак е загрижувачки. И ме замисли. Сиетл е екстремно либерален град и има најголема геј популација во САД веднаш по Сан Франциско. Двајцава христијани (безгласни букви во суштина), без разлика колку смешно ми изгледаат со нивните пароли, сепак имаат апсолутно право да протестираат и не направија ништо незаконски. И тие, како и хомосексуалците имаат право на изразување на сопственото мислење. Во духот на либералноста би било да ги игнорираат и да си гледаат своја работа, но наместо тоа, ги нападнаа и вербално и физички. Толеранцијата не е еднонасочна улица, ова што им се случи е одвратно. Имам приметено дека кога некоја група е угнетувана и се бори за поголеми права, штом ги добие не престанува тука со борбата и од угнетувани се претвораат во угнетувачи. Ова се разбира не е типично само за либерализмот, туку за сите идеологии (дај прст, ќе ти земат цела рака - човекова природа).

Ваши мислења за инцидентов?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
dystopian - Во што се разликува тој третман таму од третманот кој хомосексуалците и сите останатити нивни подржувачи го добиваат кога сакаат да се искажат? Зошто такво видео не закачи каде хомосексуалци се малтретирани вербално и физички? Такви има премногу на Youtube. Ова си морал да го копаш за да наидеш на него, но сепак си одлучил баш тоа да го презентираш овде. Твој коментар за горното видео Сплендора што го закачи добивме ли? Не сакав да пишам ни јас ништо за возврат, но се одлучив да искоментирам и потенцирам колку пристрасно гледаш на работите.

Исто така, има разлика меѓу изразување на мислење, и изразување на омраза (hate speech или како сакаш наречи го). Не сум видел на протести и маршови хомосексуалците да држат пароли каде гласно се говори за омраза кон се што е хетеросексуално. Барем тој ќотек што го јадат на секој таков настан да имаше таков изговор, па да разберев, шират омраза, па добиле по муцка. Како и да е, на твое изненадување можеби, со оглед на тоа како го почнав постот, ќе ти кажам дека не, не се согласувам со тоа како се одви ситуацијата на видеото, напротив, го осудувам тоа однесување, за која и да било група да се работи (во овој случај пар заблудени христијани). Но наместо нив двајца, во Америка, да ги жалеше дечкото и девојката што беа истапени кај нас, кои ни криви ни должни добија по муцка? Немаш за тоа ти коментар? Или тераш некаква пропаганда?
 
D

dystopian

Гостин
Не се обидувам да ги оправдам глупостите на хомофобите преку постирање на контрапример, ниту ги одобрувам, затоа првиот пасус ти е комплетно беспотребен.

Што се однесува до hate speech, тој термин многу често се користи од либералите како цензура на слободниот говор. Се што е надвор од либералната мисловна матрица станува говор на омраза. Абе ајде. Натепаниве едноставно протестираа против хомосексуалноста и пред се, девијантноста. Не повикуваа на каменување или било каква форма на насилство врз педерите.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не се обидувам да ги оправдам глупостите на хомофобите преку постирање на контрапример, ниту ги одобрувам, затоа првиот пасус ти е комплетно беспотребен.

Што се однесува до hate speech, тој термин многу често се користи од либералите како цензура на слободниот говор. Се што е надвор од либералната мисловна матрица станува говор на омраза. Абе ајде. Натепаниве едноставно протестираа против хомосексуалноста и пред се, девијантноста. Не повикуваа на каменување или било каква форма на насилство врз педерите.
Не зборам за конкретниов случај. Се гледаше дека мирно протестираа (или контра-простестираа, како му доаѓа?). Општо гледано, доста пати има говор на омраза. А таа линија не е тенка, па да некој му се случи на упс да ја премине. Дека некои претеруваат во боењето со такви четки на контрапротестанти - можеби, но не сегде, и не секогаш. Во најголем дел е баш така како што се тврди дека е.

Ова на видеото никој не го заслужува, дали е белец, црнец, геј, стрејт, верник, или атеист. За што и да се работи. Убаво што прикажуваш и ваков пример, не сите хомосексуалци и нивни подржувачи цвеќиња, и не сите размислуваат исто, потврдено. Но тоа погоре видеото, пред твоето постирано, е тоа каде требаше да се бараат и очекуваат коментари, критики и осуди, не видео од рандом двајца Американци каде добиле дел од тоа што им се сервира дневно на хомосексуалците.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Изолиран инцидент или не, сепак е загрижувачки. И ме замисли. Сиетл е екстремно либерален град и има најголема геј популација во САД веднаш по Сан Франциско. Двајцава христијани (безгласни букви во суштина), без разлика колку смешно ми изгледаат со нивните пароли, сепак имаат апсолутно право да протестираат и не направија ништо незаконски. И тие, како и хомосексуалците имаат право на изразување на сопственото мислење. Во духот на либералноста би било да ги игнорираат и да си гледаат своја работа, но наместо тоа, ги нападнаа и вербално и физички. Толеранцијата не е еднонасочна улица, ова што им се случи е одвратно. Имам приметено дека кога некоја група е угнетувана и се бори за поголеми права, штом ги добие не престанува тука со борбата и од угнетувани се претвораат во угнетувачи. Ова се разбира не е типично само за либерализмот, туку за сите идеологии (дај прст, ќе ти земат цела рака - човекова природа).

Ваши мислења за инцидентов?
Дали типов протестира среде парада на гордоста или на некој друг настан бидејќи се гледа дека е масовен собир? Зарем нема исто да помине педер ако налета со транспарент среде протест против легализација на хомосексуалност?

Секако имаат право на протест, но зарем ова не е класична провокација?

Во заклучокот се согласувам со тебе, кога една група која себе си се смета за угнетувана добие права, веднаш станува судија и целото лицемерие испливува на површина. Бараш прифаќање, а од друга страна не прифаќаш различни. Или либералноста зависи од која страна си? :)
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Ваши мислења за инцидентов?
Одличен пример за дволичноста и егоцентричноста на луѓето како и емоционалната природа на ставовите. Човечкото "право" често се базира на емоции а не на факти и реалност. Кога емоциите ќе се реализираат тогаш луѓето го "чувствуваат правото" ако пак го нема тоа исполнување тогаш се чувствуваат угнетени, дискриминирани. Нема една вистина, вистината е во очите на набљудувачот, угнетените стануваат угнетувачи. :cautious:
--- надополнето: 24 јули 2013 во 22:43 ---
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Имам приметено дека кога некоја група е угнетувана и се бори за поголеми права, штом ги добие не престанува тука со борбата и од угнетувани се претвораат во угнетувачи.

Ваши мислења за инцидентов?
Тука си во право, еве мое мислење за конкретниов инцидент нели либералите велат нека прави кој што сака па ако сака и краставица во гз да си набие се додека не ми смета мене е ОК но кога ќе погледнеш подлабоко ќе видиш дека либералите(не во економски смисол) се поопасни и од нацистите бидејќи пропагандата и дискриминацијата им се заедничка работа!!

Зарем не е дискриминација да на форумов читав случај каде извесна членка се згнасила од човек кој проси и не му дала парче леп а на некое куче шугосано дури и му купила храна(не користам алатки за пребарување па нема ни сега), но поентата е дека се лицемерни а кога напаѓаат напаѓаат подло безмилосно.

Еве и на оваа тема напиша една либерална особа која ги брани ЛГБТ цитирам: сега нека ни дозволат само унија а во иднина и брак и посвојување на деца бидејќи сега луѓето се прости-крај на цитат.

Ауу значи види види они биле напредни оти се швргале во газ и имале анален оргазам(невиден мит бидејќи течноста од простата не е семена течност и како што ми имаат кажано некои гејови додека некој ги шврга они маструбираат..па чекај бе ако имаш анален оргазам зошто маструбираш и доживуваш оргазам на тој начин....паа бидејќи не му станува на пичка бидејќи мозокот му е женски а заробен во машко тело).



Ова се разбира не е типично само за либерализмот, туку за сите идеологии (дај прст, ќе ти земат цела рака - човекова природа).
Не мора да значи.
А и не верувам да човековата природа е таква, туку системот го создаде тоа да ако бидеш чесен и поштен да се криеш...да..да се криеш оти другите ќе те гледаат како будала чие време минува а он чека во смисол не зграбил повеќе и повеќе и повеќе.

Ние сме дојдени до степен да чесноста и трудољубивоста бидат исмевани и аут додека ин е да дремеш цел ден по кафулиња и фрлаш пари за џабе.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496

Изолиран инцидент или не, сепак е загрижувачки. И ме замисли. Сиетл е екстремно либерален град и има најголема геј популација во САД веднаш по Сан Франциско. Двајцава христијани (безгласни букви во суштина), без разлика колку смешно ми изгледаат со нивните пароли, сепак имаат апсолутно право да протестираат и не направија ништо незаконски. И тие, како и хомосексуалците имаат право на изразување на сопственото мислење. Во духот на либералноста би било да ги игнорираат и да си гледаат своја работа, но наместо тоа, ги нападнаа и вербално и физички. Толеранцијата не е еднонасочна улица, ова што им се случи е одвратно. Имам приметено дека кога некоја група е угнетувана и се бори за поголеми права, штом ги добие не престанува тука со борбата и од угнетувани се претвораат во угнетувачи. Ова се разбира не е типично само за либерализмот, туку за сите идеологии (дај прст, ќе ти земат цела рака - човекова природа).

Ваши мислења за инцидентов?

Какво педерче тоа дебелиот, чекаше овој со знаков да падне за да го удир. Педер еј :D
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
немав ништо против ама последното што го прочитав што направил геј пар посвоиле машко дете и го силувале и не само тие туку и сите нивни такви другари. Монструми :mad: ако го најдам ќе го ставам линкот
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
немав ништо против ама последното што го прочитав што направил геј пар посвоиле машко дете и го силувале и не само тие туку и сите нивни такви другари. Монструми :mad: ако го најдам ќе го ставам линкот


Во тој случај би требало под хитно да го смениш и ставот за хетеросексуалните бракови. Не знам дали си информирана, али и во рамките на едно хетеросексуално семејство постојат и тоа во континуитет истите монструозни актови. На сопствени деца, на деца од најблиски роднини, на посвоени деца итн.

На кратко, од сега би требало да се залагаш за целосен престанок и укинување на институцијата брак и општо репродукцијата.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Хомосексуалносртта е изопаченост и за тоа се знае уште од антички времиња за џабе не се пишува во Библијата дека кој легнува со маж како со жена врши гнасно дело.:mad:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Хомосексуалносртта е изопаченост и за тоа се знае уште од антички времиња за џабе не се пишува во Библијата дека кој легнува со маж како со жена врши гнасно дело.:mad:
Име една книга. Се вика Камасутра. Пролистај


Ќе ми благодариш утре. Позз.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Име една книга. Се вика Камасутра. Пролистај


Ќе ми благодариш утре. Позз.
Сум ја читал но сметам дека тоа не е од нашата култура, и затоа не сум ја прифатил.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 21:38 ---
Ај дадете некое образложение зошто хомосексуалноста е добра
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ај дадете некое образложение зошто хомосексуалноста е добра

Стварно бе, дај дадете некое образложение, ниедно нема на темава :P
Башка, на тролот му треба материјал

:X3:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom