Секое забегување има последици (3+ пати неделно не е рекреативно консумирање). Тежок алкохолизам, долгогодишни пушачи ака швајц-апарати, повеќегодишни зависници од апчиња (за смирување, за спиење, за ватевер)... сите тие имаат и потешки последци од „потхед„ синдромот на успорување. Практично секој лек во поголеми количини е отров, ма секоја супстанца во преголеми количини е отров. Вода да се препиеш, ќе добиеш проблеми со опасност по живот (се намалуваат електролитите во телото).
Не сакам да правам споредби што е полошо, се лошо кога се претерува ама мора да се нагласи дека травата барем не ти прави хемиска зависност, како тутунот на пример. Најлоша последица по здравјето на таквите (пре)чести конзументи е труење со тешки метали (од пестицидите и остала стања со што се прска травата), да убедиш еден од нив да направи детална крвна слика и анализа на ткива од бубрег/џигер/други-внатрешни-органи, мислам дека прилично ќе се замислат окулу целата работа.