Аква парк "Wahooo" - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Скопскиот аква парк свечено беше отворен вчера.
За посетителите на располагање се 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти.
Покрај тоа, во рамки на паркот има и „мрзлива“ река, кафулињата и ресторан, додека најмладите ќе уживаат во базен со т.н. детски свет со содржина „Пиратите од карибите".
Влезниците за аквапаркот ќе чинат 300 денари, а децата до четири години ќе можат бесплатно да уживаат во активностите.
Извор
 
Се плашам од некултурата на народот, секогаш барем тука ќе се најдат сељаци кои нема да почитуваат правила и од играчка ќе стане плачка. Не е свесен народов какви повреди можат да настанат на вакви аква паркови.

П.С. О боже кој клен го ставиле управител на спортскиов центар, овој не знае да се потпише со име и презиме.:facepalm:
 
Се плашам од некултурата на народот, секогаш барем тука ќе се најдат сељаци кои нема да почитуваат правила и од играчка ќе стане плачка. Не е свесен народов какви повреди можат да настанат на вакви аква паркови.

http://24vesti.mk/na-otvoranjeto-na-akva-parkot-desetina-povredeni
 
5 милиони евра ? Македонскиот Six Flags ли е ова ?
 
Не ме чуди најискрено, грам култура немаме, неизживеан народ. Имам искуство како спасувач на нашиве базени, да почнам да пишувам што се имам видено, до сабајле ќе треба да штракам.
ако кажеш и уште на кој базен си спасител , од утре ќе почне пола форум масовно да се дави ... :D
 
ако кажеш и уште на кој базен си спасител , од утре ќе почне пола форум масовно да се дави ... :D
ахахахаха сигурно :D не, порано бев, сега не :) ама доволно глупости имам видено, една од забавните беше пентарењето на браќата на семафорот на Карпош и скокање од таму при што имаше епилог - скршени коски.
 
ааа тоа го имам видено и на олимписки и во карпош ... експерти се во тој поглед!!!
 
Скапа 350 денари карта....

Тоа е нечија дневница.
 
За 350 денари добиваш посекотини и секакви други повреди. Ова само во МК го има :(
 
Е стварно е скапа влезницава.Јасно за кого - како.
За внуците на Минчо,Штерјо или Свето можеби и не е. Ама за просечен наш човек со деца да оди четири члена 1200 денари + сендвич-сокче,тоа е околу 2000 денари, е тоа веќе неприфатливо, се разбира ниту за мене а и + треба превоз,не е тоа пред врата.
Ова значи и “дискриминација“- селекција-поточно:влез за тој што има да плати.
А нели отворија нешто слично во Пробиштип-како се таму цените.
Можеби од 01.септември ако ги намалат цените да ги однесам еднаш внуците.
 
Македонија е преполна со други убави места каде што можеш внучињата да ги однесеш за многу помалце пари.
 
Колку време ќе требе за да се претвори во царство на скокачи од семафор?
или можда цената ги одвраќа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom