Реков: државата *нуди*. Не дава бесплатно. Точно е дека секој мора да се потруди за тоа да го добие и нешто да вложи во државата за да му се врати. Единствено нешто што 100% на државата ѝ користи е повеќе *работоспособно* население. А тоа се решава со раѓање деца или увоз на странци.
А тоа дека невработеноста е превисока, може да се бара во менталитетот: „Е да бе, ќе му работам на оној за 10000 денари!“ (а попрво ќе дреме дома и ќе цица пари од мајка му/ѝ и татко му/ѝ; со други зборови, подобро да заработува нула денари месечно отколку 10000 денари месечно).
Тоа дека има премногу невработени луѓе е затоа што сите чекаат некој да им даде работа и тие само да негодуваат дека немаат работа. А не прифаќаат да работат што и да е и сметаат дека е подобро да се невработени отколку вработени. А и прашање е кога ќе најдат каква и да е работа дали ќе им одговара, т.е. дали ќе им биде според нивните стандарди.
Aх бре Крусер бе значи пак според тебе целата вина е 100% во народот, викаш сите што биле невработени биле мрзливи и нејќеле да си го потат газот секој ден по ХХ саати
за 10 илјадарки ... незнам колку години имаш и незнам дали имаш некакво било какво работно искуство но како прво колку и да работиш и да се трудиш ни тие 10 или 12 илјадарки нема да ги добиеш, а како второ многумина плачат и за тие пари односно неможат да најдат работа ни за тие твои 10 илјадарки што ги спомена, можам во моментов 100 души да ти најдам кои неможат ни за тие пари да најдат работа бидејќи работа нема, а и да најдат пак нема да ги добијат тие пари !
Никој несака да биде невработен и да биде на терет на своите родители дома, ниту пак некој сака да биде на терет на државата, секој нормален и здрав човек сака да работи и да заработува тоа да ти биде јасно, има и здрави луѓе кои се мрзливи и несакаат да работат но таквите се во помала бројка !
Да секако дека е потребно во секоја држава да има младина младо население, бидејќи токму младината е таа која е работоспособна и здрава, нормално дека стари лица неможат да работат како што може млада снага но ние имаме млада работоспособна снага и во моментов која е невработена во голем процент, а тоа што таа млада снага бега од државава воопшто не е добро, наместо тие млади тука да останат да живеат во своите родни огништа, да работат, да заработуваат, тука да основаат семејства, тие поради социо-економски причини мораат да бегаат надвор и после Цацко бил крив зашто морталитетот ни бил повисок од наталитетот !