jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Околу стотина членови на Бугарскиот културен клуб од Скопје вчера пред споменикот на Даме Груев во Смилево ја прославија 110 годишнината од Илинденското востание (според стариот календар).
Која легенда бил тој што го пишувал текстов. Па денеска е Св. Илија според новиот календар, а не според стариот.
Инаку првпат слушам за овој тренд, вулгарите и вулгорољупците да го слават денот на востанието, не според денот на којшто се случило, туку според празникот и тоа според грегоријанскиот календар.
Целиот текст:
Прославата на Илинден во Смилево не помина без провокации
21.07.2013 | 10:46
Македонија
Прочитано: 432
Околу стотина членови на Бугарскиот културен клуб од Скопје вчера пред споменикот на Даме Груев во Смилево ја прославија 110 годишнината од Илинденското востание (според стариот календар).
Претседателот на клубот, Лазар Младенов на собирот изјави дека македонските Бугари биле дискриминирани и дека сите биле изложени на говор на омраза, заплашување, судски прогони.![]()
Прославата пред споменикот на Даме Груев во македонското село Смилево не помина и без бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.
Тој во поздравното писмо до организаторите на собирот вели дека „денеска во легендарното и херојско Смилево, живото срце на востанието во Битолскиот округ, пак ќе се соберат стотици истакнати потомци и сонародници за да се поклонат пред нашите претци, кои пред 110 години го избраа патот на слободата и на достојниот живот“.
Во писмото Плевнелиев потсетува дека речиси три месеци меѓу Црно Море и Охридското Езеро 26 илјади востаници водеа нерамноправна борба со многукратно побројниот противник. „Овој "повик за човечко сочувство и за правда на целиот цивилизиран свет", како што го дефинира хроничарот на востанието Христо Силјанов, му докажа на светот дека Бугарите во Македонија и Одринско дораснале за својата слобода. Ете зошто нивното дело засекогаш остави длабок печат во нашата свест и национален идентитет.
Ја користам приликата да ги поздравам напорите на БККС за сочувување и популаризирање на општото историско наследство и разбирање меѓу Република Бугарија и Република Македонија. И покрај потешкотиите, вашата дејност ќе продолжи да дава богати плодови во насока на надминување на предрасудите и зближување на населението од двете страни на границата“, напиша Плевнелиев, претседателот на Република Бугарија.
Во Смилево дојде и Красимир Каракачанов, лидерот на бугарската политичка партија ВМРО-СМД.
Во обраќањата на дел од учесниците се споменуваа заедничките корени, заедничката историја и историски вредности, дека Даме Груев бил еден од најголемите бугарски патриоти и револуционери.
Вчерашниот собир беше обезбеден од полицијата и помина мирно и без провокации.
http://24vesti.mk/proslavata-na-ilinden-vo-smilevo-ne-pomina-bez-provokacii
.