Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Има и такви снајки шо си јада :гомце: за свекрвата , и зетковци за бабата.
Интересно е шо свекоро и дедото ретко се замерува, се по женска линија.......
Природно е да се нејча , сино скоро секогаш би ја сакал мајка си појче од жената , мајката можи да биди посесивна спрема сино а сната љубоморна... Ама оти зето да ја нејчи тештата , то не можам да го сватам , посебно ко че му дој на гости и ко че му седи три недели:D.
И шо ако се неприфатени , можа само :гомце: да си јада и едните и другите , освен ако ептен не ми дојди преку гла , тогаш че го види и џаоло и госпо , истото важи и за мајка ми и за свекрва ми , едната нема да ме види ни мене ни децата , а другата че ги гледа децата еднаш месечно дури да порасна па само да одлуча дали сака да ода кај таква жена шо му ја врејџа мајка му.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Ја исчитав темата до половина некаде па решив и јас да се уклучам во дебатава. Јас и сопругот се земавме на 18 години. Неговата фамилија очи не сакаше да ми види првите 8 години. Дури и кога појдовме да живееме во неговиот град, со неговата фамилија останавме само 1 месец - додека да најдеме стан. Не можам да ви опишам низ какви финансиски и други маки поминавме во првите години од нашиот брак, ама едно нешто знам. Сопругот (кој иако секогаш ги почитувал и неговите и моите родители!) секогаш беше 100% до мене и ние двајца си бевме најважни еден за друг. Никогаш не сме влегле во замката која растура многу добри бракови „моите-твоите“. Ни било тешко, да. Сме страдале заради некои нивни избори или постапки - да. Сме се чувствувале и пристрасни и повредени-да. Ама не дозволивме тоа да ни го растури бракот. Првите години моите многу ни помагаа. До степен кој после одредено време им „даде за право“ да почнат да ни се мешаат и да ни кажуваат што треба да правиме. Мајка ми долги години ми „наметнуваше“ некаква негативна перцепција за сопругот, неговото образование (јас завршив факултет, тој не) и неговата способност да издржува семејство. И еден ден и реков -доста. Или ќе престанеш, или ќе излезеш од нашиот живот. Со тебе до река, со него преку реката...и понатаму! Многу, многу време помина додека работите да се средат. Но верувале или не, се средија.
Јас неговите родители никогаш не ги навредив. Цело време со „мамо“ и „тате“. Свекор ми почина како друг човек. Последните 4-5 години пред да умре, рака сечеше за мене. Понекогаш мислам дека од ќерка му повеќе ме засака. И ден-денес јас во себе верувам дека тој беше добар човек со погрешна перцепција која добри 8 години го лиши од еден убав однос меѓу нас. Свекрва ми е жива и Господ грев ќе ми пиши ако сега се пожалам на неа. Како се наредија работите во нашиот живот...понекогаш мислам дека самиот Бог направи така, за да се „искупи“ жената за се што ми направи првите години. Таа е сеуште млада и витална, но по нејзина желба јас сум полномошник на нејзината пензија во МК. Иако моментално и таа живее во странство, сите пари што ги заработува (чува една бабичка) ни ги дава нам. Не можам да се начудам каква трансформација се случи во нашите животи. И сега кога живеам во САД, одвај чекам да добиеме државјанство и да ја земем тука кај нас. И таа имаше тежок живот, се радувам староста да и биде убава.
Од друга страна и на моите им дојде паметот. Долги години по ред отфрлав секаква помош од нивна страна сакајќи да им дадам до знаење дека не може да ми помагаат и да сметаат дека тоа им дава „билет“ да ми се мешаат во животот или да ми го деградираат сопругот. Дојде ден кога и тие сфатија дека ако ме сакаат мене мора најпрво да го почитуваат него и да се однесуваат со почит и одмереност.
Сме се мачеле јас и сопругот двајцата како „грешни ѓаоли“ што вика народот ама цело време останавме јас и тој. Мина долго време ама сите коцки се наредија како треба. Ние 18 години (од 21 колку сме заедно) поминавме под кирија ама среќни. И за сите овие кои имаат вакви проблеми (посебно за Anco) со децата, би им порачала дека не им помагаат со тоа што ќе им ги задоволат материјалните потреби. Оставете ги сами нека се „најдат“. Другото се си доаѓа со време. Ако има љубов меѓу партнерите, се може да се преброди.
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
И јас мислам така, таа е веќе претворена во друг човек,(или не човек),изгубена е од едно гнездо каде беше сигурна во една затворена трнлива пустина без излез,
поточно таа е само машина за секс и автомат за вадење пари,друго ништо во неа (нема) не гледаат.
Дај update за ситуацијата, ја зема ли назад ќерката? И ако не ЗОШТО???
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Ако не ме прифаќаат здравје. Не ме интересираат тие, туку што таа мисли за тоа. Дали она има проблем со тоа? Некаси одреди што и е приоритет . Нашиот или нивниот живот. Ако е решителна, независна и еманципирана, нема да те замара со тоа и ќе го реши сама со нив. Ако се нејзините тврдоглави, самобендисани дудуци и не прифаќаат ништо, ќе разговарате и заедно ќе решите шо ќе правите.
Но, ако таа ја тупи цело време дека дома и вршат притисок,мајка и ова, татко и она, ја замараат и ија полнат главата, тоа е сигнал дека е или лабилна личност, или има комплекс на mother/father issues.
Може од мала ја малтретирале ментално или, недајбоже ја тепале и од стравопочит не може да оди против тоа. Може и да не било толкава тортура, ама поради X причини ќе си го има како проблем во нејзината глава. Нејзе секогаш ќе и биде битно да им удоволи на нејзините. Тоа оставило тежок печат во самата личност и ќе стои во воздухот цело време. Кај личности без интегритет, самопочит, едукација или пак поради егзистенцијални проблеми, карактерот или преференците на таткото или мајката се пресликани во нејзиниот/неговиот. Колку и да се труди да го потисне, секогаш ќе го има како ментална бариера па дури може да го пренесе врз тебе или твоето семејство. Ова може да се претвори во поголем проблем: настануваат кавги за небулозни работи, конфликти, драми поттикнати од овие parent issues.Тешко е да трошиш живци и енергија на убедување на некои забегани старци, кои самиот свој неуспех во животот сакаат да го реализираат преку нивното дете, или пак преамбициозни лакомштии кои сакаат само да се офајдат од некој материјално среден зет/снаа, не само за нивното дете туку и за самите нив. Од вака индоктринирани деца се развиваат популарните спонзоруши или gold diggers и затоа не треба да не чуди што глеаме некомпатибилни парови со проблеми во бракот. Во денешното (не)време секогаш на прво место се става материјална сигурност, а домашно воспитание го аминува. Проблемот во неприфаќањето кај зрели личности не треба биде стигма за иден заеднички живот. Битно е вие и партнерот да се соочите и да го решите тоа, а со тек на време ќе омекнат и старците.
Една вистинита(малку парадоксална) прикаска за илустрација:
Имаше една девојка која важеше за една од најпосакуваните убавици во градот, од угледно богато семејство со родители доктори, шармантна, образована и културна. Одеднаш девојката „штракна“. Почнала да чита некои религиозни книгички и сама себе се инфицирала со религиозни доктрини. И што направи? Избега(буквално) за еден дечко на теологија, кој подоцна стана поп. А попчето, сиромашно дете, од работници родители никој не го ни приметуваше во градот. Таа комбинација никој не можеше да ја замисли. Нејзините паднаа во очај. Почнаа да се лекуваат дури. Никако не можеа да се помират нивната сакана ќерка да биде со тој лик. Се обидуваа да ја убедат да се врати и триста други работи, но таа цврсто си стоеше на тоа дека не сака. И, си остана.
После некоја година, безуспешни обиди, нејзините видоа - не видоа, се помирија и почнаа да си одат кај сватовите и да си ја гледаат ќерката со новиот зет. Си легнаа на брашното. До денес се заедно.

Наравоучение: никој, па ни оние што те родиле, не може да ти каже што ти треба да чувствуваш, како да се однесуваш или со кој треба да го делиш животот. Твојот живот не е ексклузивно право на родителите.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ако не ме прифаќаат здравје. Не ме интересираат тие, туку што таа мисли за тоа. Дали она има проблем со тоа? Некаси одреди што и е приоритет . Нашиот или нивниот живот. Ако е решителна, независна и еманципирана, нема да те замара со тоа и ќе го реши сама со нив. Ако се нејзините тврдоглави, самобендисани дудуци и не прифаќаат ништо, ќе разговарате и заедно ќе решите шо ќе правите.
Но, ако таа ја тупи цело време дека дома и вршат притисок,мајка и ова, татко и она, ја замараат и ија полнат главата, тоа е сигнал дека е или лабилна личност, или има комплекс на mother/father issues.

Наравоучение: никој, па ни оние што те родиле, не може да ти каже што ти треба да чувствуваш, како да се однесуваш или со кој треба да го делиш животот. Твојот живот не е ексклузивно право на родителите.

Колку и да ти изгледа лесно не е се така како што изгледа...Постојат престроги родители...Родители кои додаваат пипер во секоја манџа...родители кои нема да се смират додека не е по нивно...Родители со кои едноставно не можеш да наредиш збор два...секој збор им е со повишен тон...
И грешка си,тоа не е само нејзина работа туку и твоја...Да докажеш дека си ти тој кој што заслужува да биде со нивната керка...Во тие моменти треба заеднички да се решава тој проблем и да им се докаже дека грешат...Ако ја оставиш на цедило сама?Нема да успее...Треба да има подршка...Твоја..Да знае дека си покрај нејзе...

За болдираново се согласувам...Наше право е...но што ако некогаш навистина се во право во врска со изборот на партнерот?Што ако навистина не и доликува да биде со него/нејзе?Ако навистина го бие лош глас и не сакаат своето дете да тргне по лош пат?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.289
Поени од реакции
4.033
И јас мислам така, таа е веќе претворена во друг човек,(или не човек),изгубена е од едно гнездо каде беше сигурна во една затворена трнлива пустина без излез,
поточно таа е само машина за секс и автомат за вадење пари,друго ништо во неа (нема) не гледаат.

И јас мислам така, нешто пробував овие денови но еве немам поткрепа од жената и од другата ќерка.Изгледа ќе остане цел живот таму а тоа значи дека никогаш нема да отиде на годишен одмор,освен ако јас решам да ги земам некогаш со мене,па и со ризик тоа да биде и без мајка и.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 09:02 ---

Да,ама тоа требаше порано,бар кога беше со едно дете.Ние никогаш не и помогнавме начисто да се разиде со тој човек,поточно не сме и го рекле тоа„барај развод“ иако претежно само јас сум ги чувал. Институциите ништо не помогнаа и покрај големата тортура,а кога би дале предлог за развод дури тогаш тие ќе докажат зошто земаат плата - нема да дозволуваат-ќе ги помируваат-ќе ги викаат во советувалиште.
Само тој предлог треба таа да го даде,можеби не ја знае ни таа опција,не чула за тоа, толку е таму затворена,а баш поради децата седи таму.
--- надополнето: 5 мај 2013 во 09:16 ---

Мене и ми помага баш ова ваше размислување и совети и што понатаму да преземам:
За ова пишување не знае изгледа жена ми и другата ќерка,која сега а и секоја недела е овде со нас.Јас и спомнав пред малку „треба да ја однесам сестрати да живее во некој стан, да ја спасиме од таму “ - еве го одговорот
-„ А таа ти рекла дека не сака да живее таму - таа не оди никаде без него“
Инаку и тие две не се посетуваат и не се многу гледаат(таму не не пуштаат)
( што е и вистина до некаде и така е )
бев почесто овие денови вообичаено до порти(женами не оди ич)
И и спомнав на ќерками дека треба да се реши ова,само да заврши школово.
Таа и не збори,а нема ни со кого,нема пријателки,(а не пак пријател) но ми вели глеј чудо невидено од 18-19 век наваму. „ има вода и тоа каква. Сега „зетот“ставил една канта во собата која ја полни со вода,закачена на ѕидот а под неа една вангла.
(како во шаторите на офицерите на двете војски на Солунскиот фронт во 1 С.В.)
„Сиромашката“ сега снаа има вода дома. (каква што нема ни по запустените села во Мариово,каде бар Црна им е пред врата), како ли растат тие деца.
Ја читав темава донекаде. Грев ме фати за децата, за малото кое живее во такви услови. И јас имам дете (машко, две години и два месеци) и крвта ми зоврива кога слушам како им е на тие деца. И во право си, и ромите кои живеат под мост се грижат повеке за децата одколку ,,родителите на твоите внуци,,. Ајде тој абдалот што не се грижи за децата не се грижи ама и керка ти штом уште ги чува децата во таква дупка и со такви луѓе не се грижи за децата. Ако се грижела за децата до сега 100 пати ке си заминела од таму. Не е прва која се заљубила до толку да јади ќотек и пак да биде со некого ама ако таа може да трпи децата неможат.
Честопати во твоите дискусии на темава ги спомнуваш и окривуваш институциите! Што можат тие да направат? Што може полицијата? Да имаат дежурства во дупката каде живее керка ти? Што може социјалното? Мислиш дека ке има некакво влијание совет од стручно лице? Ке нема!Тука институција неможе да помогне. Еве да си ти полиција или социјално, што ке сториш? Не се криви институциите. Крива е керка ти што седи таму имајќи на располагање стан и солидни услови за живот сама со децата и друга алтернатива да се врати во родителскиот дом со децата. Таа е себична, ги жртвува децата за таа да биде со саканиот. Се жртвува и себе си, останува во дупката за да биде со саканиот џелат. Малку е чудно што и после толку години таа сеуште го сака.
Не е мешање во бракот ако и кажеш да се разведе. Тоа не е брак. Тој брак никогаш не ни постоел. Сега треба само формално на судот да се заврши работата. Ама за тоа изгледа нема желба од страна на ,,заљубената,, керка и тука неможеш ништо, затоа што колку што јас сватив таа не сака да си оди од таму, го сака сопствениот мачител. Пробај на само и убаво и отворено да разговараш со неа на темата развод. За децата најдобро е што побргу да се случи развод одколку до бесконечност да продолжи таа агонија. Побргу за да има време дацата да се оформат во здрави личности, карактерно, психички а бога ми и физички.
Ако не успееш да ја убедиш на развод тогаш дади му го едниот стан нека живеат таму заедно, барем ке ги имаат основните услови, греота е деца да раснат во таква земјанка без вода, без струја..... И вака и така помагаш со пари, вака барем ке ги платиш сметките за струја и вода и ке спиеш помирно знаејќи дека детето и внуците ти се во човечки услови. Плус ке ја избегне тортурата од свекрвата а подалеку од земјанката и мајка му можеби и тој малку ке се промени ако свати дека ова му е вистинска шанса да почне одново. Во станот барем ке може да и отидат гости, ке може и вие да одите да и помагате околу децата..... крај краева тој стан е за тоа, да се живее во него. Со ова нема да го решиш проблемот (оти вистинското решение е РАЗВОД) ама во многу ке му олесниш на внуците и керката да имаат еден попристоен живот, да не се срамат од околината. И ти ке спиеш помирно.
Тешка ти е ситуацијата ама мораш да помагаш, оти ако ти не помогнеш кој друг ке помогне?
Кога ке умреме св.Петре нема прво да не праша дали и што сме спечалиле, нема да не праша дали сме краделе, дали сме лажеле, дали сме вршеле прељуба....... Прво ке не праша што сме направиле со своите деца..... тоа е влезен колоквиум...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.406
Колку пати до сега (месецов)седнав да напишам,да продолжам и ништо...
ситуацијата е како до сега опишаното(а полошо од тоа не може да биде),
а се случиа многу работи,кој наскоро некои и ќе ги изнесам.
Во се се слагам со Лазар,точно е така,како да ја знае подобро и од мене ситуацијата.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Прво ќе седнам и ќе размислам што е проблемот, дали е до мене или до нив, па ќе се обидам да го решам со еден крајно отворен разговор ако и тоа не иде „терам даље“, не се мажам за неговите крај краева. Нека прават што сакаат ич уво не ме боли.
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Колку и да ти изгледа лесно не е се така како што изгледа...Постојат престроги родители...Родители кои додаваат пипер во секоја манџа...родители кои нема да се смират додека не е по нивно...Родители со кои едноставно не можеш да наредиш збор два...секој збор им е со повишен тон...
И грешка си,тоа не е само нејзина работа туку и твоја...Да докажеш дека си ти тој кој што заслужува да биде со нивната керка...Во тие моменти треба заеднички да се решава тој проблем и да им се докаже дека грешат...Ако ја оставиш на цедило сама?Нема да успее...Треба да има подршка...Твоја..Да знае дека си покрај нејзе...

За болдираново се согласувам...Наше право е...но што ако некогаш навистина се во право во врска со изборот на партнерот?Што ако навистина не и доликува да биде со него/нејзе?Ако навистина го бие лош глас и не сакаат своето дете да тргне по лош пат?
Ова ми промакнало неодговорено :)

Те разбирам, ама ми раскажуваш детски прикаски. Тебе стално ти се мешаат старите во изборот на дечко?
Ако е така, веројатно си помала или си многу разгалена. Зборуваме за случај каде си во сериозна врска, или брак. И тоа од мој агол како личност: Што ако мене не ме прифаќаат?
Значи ако сум јас со девојката подолго време, веќе се знаеме доволно и знаеме на што сме. Нема потреба јас ништо да им докажувам на нејзините. Од мене ќе го добијат целиот респект како родители на мојата избраничка, ама се заебале за други метании или миросувања, уште помалку да им се докажувам некако. На крај, со мене или во мојата куќа ќе живее, не кај нив.
Тие шо не знаат што сакаат па треба мама или тато да им каже некоја мудрост да се свестат припаѓаат во категорија: со пречки во развојот или недоделкани. Од такви бегај.
Зрели партнери се обидуваат да започнат свој живот независно од родителите, живеат за себе не за нив и не ги тангира ако на некои од старците им текнало нешто да мудруваат за зетот/снаата или пак за неговото семејство.
Ако ти немаш личност и интегритет за да одговараш за своите постапки и избори тогаш барај од родителите да ти најдат маж/жена.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Anco
До каде е ситуацијата?
Се надевам дека почнало полека да се средува,а доколку одговорот е не-не губи надеж..
се ќе се среди кога тогаш,само е прашање на време.
А до тогаш не заборавај- надежта последна умира.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ова ми промакнало неодговорено :)

Те разбирам, ама ми раскажуваш детски прикаски. Тебе стално ти се мешаат старите во изборот на дечко?
Ако е така, веројатно си помала или си многу разгалена. Зборуваме за случај каде си во сериозна врска, или брак. И тоа од мој агол како личност: Што ако мене не ме прифаќаат?
Значи ако сум јас со девојката подолго време, веќе се знаеме доволно и знаеме на што сме. Нема потреба јас ништо да им докажувам на нејзините. Од мене ќе го добијат целиот респект како родители на мојата избраничка, ама се заебале за други метании или миросувања, уште помалку да им се докажувам некако. На крај, со мене или во мојата куќа ќе живее, не кај нив.
Тие шо не знаат што сакаат па треба мама или тато да им каже некоја мудрост да се свестат припаѓаат во категорија: со пречки во развојот или недоделкани. Од такви бегај.
Зрели партнери се обидуваат да започнат свој живот независно од родителите, живеат за себе не за нив и не ги тангира ако на некои од старците им текнало нешто да мудруваат за зетот/снаата или пак за неговото семејство.
Ако ти немаш личност и интегритет за да одговараш за своите постапки и избори тогаш барај од родителите да ти најдат маж/жена.


Воопшто не се детски приказни и не знам зошто ти изгледаат.Ти изгледа не знаеш какви родители постојат денес прави крлежи и дека...и дека понекогаш можеби се и тие во право.Јас не велам дека моите родители ми се постојано мешаат во изборот на партнерот,всушност тие не ми замерувале бидејки јас секогаш го избирам оној што мислам дека е најдобар за мене.Се распрашувам кој е и со кого се дружи и да не продолжувам понатаму.Е сега има дел кај што велиш: Требало да им кажуваат родителите бидејки не знаат што сакаат.
Е сега јас ке ти кажам една ситуација во која родителите испаднаа дека се во право а девојчето не само што тргна по лош пат туку денес сите го озборуваат,никој не сака да ја погледне бидејки кога можела да ги слуша нејзините родители кога зборуваа за нејзино добро таа си тераше свој филм а денес е (не сакам да се изразам лошо за девојчето) мислам дека знаеш што сакам и како сакам да ја опишам.
Јас не велам дека ти си лош избор,јас сосема те разбирам,разбирам дека и родителите претеруваат по некогаш но исто така ти ја опишав и горната ситуација.
Пак ке го повторам претходниот пост...Не смееш да ја оставаш на цедило,иако сметаш дека немаш потреба да докажуваш сепак доколку не сакаш проблеми мораш да го направиш тоа доколку не сакаш пречки во понатамошниот тек од врската.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Мене и ми помага баш ова ваше размислување и совети и што понатаму да преземам:
За ова пишување не знае изгледа жена ми и другата ќерка,која сега а и секоја недела е овде со нас.Јас и спомнав пред малку „треба да ја однесам сестрати да живее во некој стан, да ја спасиме од таму “ - еве го одговорот
-„ А таа ти рекла дека не сака да живее таму - таа не оди никаде без него“
Инаку и тие две не се посетуваат и не се многу гледаат(таму не не пуштаат)
( што е и вистина до некаде и така е )
бев почесто овие денови вообичаено до порти(женами не оди ич)
И и спомнав на ќерками дека треба да се реши ова,само да заврши школово.
Таа и не збори,а нема ни со кого,нема пријателки,(а не пак пријател) но ми вели глеј чудо невидено од 18-19 век наваму. „ има вода и тоа каква. Сега „зетот“ставил една канта во собата која ја полни со вода,закачена на ѕидот а под неа една вангла.
(како во шаторите на офицерите на двете војски на Солунскиот фронт во 1 С.В.)
„Сиромашката“ сега снаа има вода дома. (каква што нема ни по запустените села во Мариово,каде бар Црна им е пред врата), како ли растат тие деца.
Вампир знаеш што жени колку и да се блиски па дури и рода пак се жени, конкуренција имот пари ќе се намали приходот ако ја донесеш сестра и со внуците ќе и го земе станот итн итн. Колку и да ти е чудно и не прифатливо жените кога се работи за такво нешто се толку себични и самосконцентрирани тоа е чудо нешто очите ќе си ги ископаат. Сиромашка е ќерка ти ама во мозокот е сиромашка не во нешто друго и одма ќе кажам ако и е дури и малку и е греота за децата ама ќеркати ништо подобро и не заслужува од тој ропак шо го има дома значи секому според заслуга и потреба, не ќотеци не цедење пари сето тоа со право и се случува пошто очигледно толку и памет имала во главата природна селекција и тоа ти е.
Тебе да те прашам, кај беше бре ти татко кога ќеркати се мажеше за него ? Шо праеше ти, не ли глеаше со какви луѓе си има работа ќор ли беше слеп ли беше кога ја даваше у дупка,зарем не се распраша кој ти е овој ќерко што работи,што има завршено од што фамилија е детево или тогаш битно ти беше една помалку да ти биде под покривот ?
Иначе ќеркати е веќе “тепано куче“ кое што после секое тепање со опашката меѓу нозе се враќа кај стопанот и овој кога ќе го погали, кучето се подмочува од радости дека стопанот му обратил внимание, уствари распрашај се ти можда тој ропакот добро работи у кревет па е незаменлив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom