Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
epa nz mi rekoaj deka i tamu studenti primale am anesum siguren ama me inteesira poveke na stiv ako znaes kazimi bi ti bil blagodaren :D


Не седам во студентски јас ама имам доста пати одено и се гледа дека се реновирани машките згради во Стив, е сега народ како народ без култура одма почнале да шкртаат ходници/соби па внатре еден куп искршени бироа/маси/столчиња како и да е пак на подобро ниво се за разлика од другите.. единствено негативно е тоа што се по 4-5 души во соба а мислам и немаат читална за да можат на раат да учат, знам дел од таму што седат дека одат на околниве факултети (на 100тина метри) за да учат
 
Ај да не се расправате :D

Уствари тоа и го кажав :)
losto iskustvo vo stiv?

Премногу гужва и бучно за мој вкус. А и немаше услови за учење (во мое време немаше ни читална). Не ми беше многу лошо ни таму, човек на се се навикнува, ама сепак Гоце не би го мењала за ниеден друг студентски.
--- надополнето: 14 јули 2013 во 23:30 ---
mhm a rece kaj se najduva vo koja naselba?

Населба Триангла, Гази Баба... поконкретно каде не знам.
 
Триангла е местото каде секоја година се организира турнир во мал фудбал. Сигурно е блиску до играличтето. Маџари е тоа. 23ка фаќаш после поминување на пругата 2-3 станици мислам дека беше и 100 метра од станицата.
Дај некој скопјанин нека пише поточна локација :D
 
Заради овие категории во втора не зедов стипендија со 9.5 просек, ми се вратија сликите пред очи кога прочитав дека и за дом се воведени истите.
 
Мене една работа не ми е јасна со категорииве. Се спомнуваат стипендии, наводно државата
ќе ги покривала трошоците за одредени категории, дали тука спаѓа само прва категорија или?
 
Читав погоре некој пиша дека негде се реновира некој од студентските, дали може некој да го потврди тоа и да ми каже кој студентски е точно, а и ако има некој понови информации за останатите студентски (Во ск) кој како се, читам само Гоце така бил средно-мизерно за живеење и се трпело, пишете тие што знаете повеќе ве молам оти солзи ми идат кога ја читам темава.
 
Шо сакаш да се каже. Една соба двајца седат. ВЦ немаш во соба. Има на спрат 2 вциња со по 2 кабини. И ги користи цел спрат. Тоа во машки дел е 29 соби по 2ца пресметај колку го користиат.
Женски е помал и има само 1 вц со 2 кабини.
И има смао една бања за туширање на цел спрат.

Инаку според конкурсот кога ќе се објави бруцоши неможат да седат во Кузман и Гоце.
Ќе може да ми појасниш зошто?
 
Ќе може да ми појасниш зошто?


Бруцоши од никогаш не седеле во Кузман и Гоце, освен ако немаш ептен јаки врски. Таму сме скоро секогаш ние постарите.

Инаку, Партенија е на пет минути од Сениќ,одма кај Макпетрол бензинската, а Сениќ е кај Фершпед во Автокоманда.
 
Ќе ги пуштаат ли реновираните бараки во употреба од оваа година во Стив или слабо? Гледам на конкурсот за аплицирање ги нема, само прва, втора и трета зграда.
Јадењето, учењето како во Стив? Другарка ми ми кажа дека ич не се учело во читалната, прозорецот отворен (на пролет) и се слушале гласови, гласна музика од собите над читалната. :icon_lol:
 
kako go smetam prosekot na otceni pd godinata? a kako da gi smetam predmetite koi sum gi padnal a treba da gi polagam vo avgust?
 
Дали овој конкурс што е сега објавен се однесива и на нас, кои сега треба прва да се запишеме.Нели тој го објавуваат подоцна ?
 
Дали овој конкурс што е сега објавен се однесива и на нас, кои сега треба прва да се запишеме.Нели тој го објавуваат подоцна ?

2. До кога трае електронското пријавување?

Електронското пријавување за Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2013/2014 година за студентите од II и повисоките студиски години започнува од 15.07.2013 година и трае до 10.08.2013 година, додека за студентите кои за прв пат се запишуваат на додипломски студии од прв циклус електронското пријавување започнува од 19.08.2013 година и трае до 25.08.2013 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom