Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
  • Зошто е тоа така? Зошто муслиманинот не ги сака другите? :)
  • Зошто муслиманинот има нешто против другите?
  • Зошто муслиманинот е ограничен?
  • Зошто муслиманинот верува бесценето на Мухамед, а не на реалноста и науката?
  • Зошто Мухамед има проблеми со христијанскиот бог?
  • Зошто Мухамед и сите исламисти кои плукаат врз евреите имаат проблем со еврејскиот бог? Немој да ми зборуваш за пророците... :D Зборувам за еврејскиот бог и закон! Постојано некој муслиман чешка нешто околу еврејкиот закон!
  • Зошто кај муслиманите поблиски им се оние што се муслимани, а не се зближуваат преку националниот идентитет?
  • Зошто муслиманинот е убеден дека македонецот сака да слуша за алах?
  • Зошто имате потреба да го омаловажувате Исус и да велите дека не е бог ами пратеник?
  • Дали мислиш дека јас сум муслиман?
  • Зошто мислиш дека некој муслиман има право да ме казнува мене и има за право да донесува ПРАВНИ закони со кои ќе си ги оправдува убиствата велејќи дека казнува заради ВЕРУВАЊЕ во други богови или навредување на бог? НАВРЕДУВАЊЕ НА БОГ!
  • Дали сте вие муслиманите нормални и компатибилни со еволуцијата на Земјата?
  • Зошто мислиш дека другите не ги надминале вашите богови?
  • Што мислиш за богомилите и гностичките учења дека Алах или еврејскиот бог се всушност религии кои слават еден демон кој што во својата слепост ги излагал сите верници дека е создавач, а не рушител?

Доволно а? :D

1)Зошто муслиманот не ги сака другите?
Муслиманот ги почитува сите(безразлика на нивниот идентитет).Исламот ги зближува луѓето.Исламот забранува расизам,национализам и секаков вид други поделби.Исламот повикува кон заедништво и еднаквост во името на Аллах џ.ш.
2)Зошто муслиманот има нешто против другите?
Прашањето е што имаат другите против исламот? Муслиманот нема омраза поради верска определба на луѓето,се додека луѓето кои не веруваат во Аллах џ.ш не почнат да ги мразат и напаѓаат припадниците на исламот или пак самиот ислам.
3) Зошто е муслиманот ограничен?
Сите луѓе се ограничени и дефинирани.Вистинскиот пат јасно со одделува од заблуда.Човек кој што нема граници во неговите постапки е представува потенциална штета примарно за себе,секундарно кон тие кои го опкружуваат.
Муслиманот е ограничен кога се работи за зло(кога го напаѓаат поради тоа што е муслиман,кога постои промискуитет,хомосексуализам,предскажувачи т.е измамници за иднината...).Муслиманот не е ограничен да има научен,економски....прогрес(нешто од кое ќе има бенефит целото опшество).
4)Зошто муслиманот верува бесценето на Мухамед а не на реалноста и науката?
Муслиманот верува во Бог(а Мухамед с.а.в.с е само негов пратеник).Аллах џ.ш потикнува кон учење и спознавање(“зарем се исти учените и неучените?“)
5)Зошто Мухамед има проблем со Христијанскиот бог?
Аллах џ.ш е еден.Нема поголема навреда за бог од тоа да го изедначуваш со луѓе и да му препишуваш човечки атрибути.
Човек и Бог се два различни ентитети(човекот има потреби,бог нема.Бог е совршен,човекот несовршен.Бог нема син,човекот може да има син...аналогно ми иде споредбава како да земеш риба и да викаш по неа “сине“).
-Се извинувам на христијаните ако ги навредувам нивните чуства со ова прашање.

6)Зошто Мухамед и сите исламисти кои плукаат врз евреите имаат проблем со еврејскиот бог? Немој да ми зборуваш за пророците... :D Зборувам за еврејскиот бог и закон! Постојано некој муслиман чешка нешто околу еврејкиот закон!
Исламот нема проблем со луѓето туку со Јудеизмот како религија.Пред се поради тоа што не ги признава сите божји пратеници.Исто така поради нивниот променет закон во кој ги сепарира вредностите на луѓето(едните ги издигнува а другите ги деградира.Пр:Лихварството е дозволено за сите други освен за припадниците на таа вера...и слично).

7)Зошто кај муслиманите поблиски им се оние што се муслимани, а не се зближуваат преку националниот идентитет?
Пред се поради тоа што се муслимани и ги врзува нивното верување во бога.Муслиманите не веруваат во национален идентите поради тоа што националноста потикнува на поделба на луѓето.
8)Зошто муслиманинот е убеден дека македонецот сака да слуша за алах?
Муслиманот ако некој го праша за исламот,одговара.Ако постои интерес од човек до човек.Нема врска неговиот идентитет.Ако не сака да слуша човекот за исламот тогаш нема потреба нити да го прашува.
9)Зошто имате потреба да го омаловажувате Исус и да велите дека не е бог ами пратеник?
Исламот нема цел да омаложува никого.Исламот смета дека христијанството го омаложува и навредува бог.Два различити концепти.Ако ние ги навредуваме со тоа христијаните тогаш и тие нам не навредуваат(обострано е).
Ним нивната вера,нам нашата.
10)Дали мислиш дека јас сум муслиман?
Според ова што досега го имам прочитано од тебе на форумов не мислам туку тврдам дека не си муслиман.Дали некогаш ќе бидеш(голем побуненик и противник на исламот ,пак негов припадник или пак ќе бидеш статус кво и нема да те интересира исламот,тоа е твоја одлука).
11)Зошто мислиш дека некој муслиман има право да ме казнува мене и има за право да донесува ПРАВНИ закони со кои ќе си ги оправдува убиствата велејќи дека казнува заради ВЕРУВАЊЕ во други богови или навредување на бог? НАВРЕДУВАЊЕ НА БОГ!
Никој нема право да те казнува(барем не во секуларна држава).Во шеријатска држава е сосема друга сторија.
Шеријатската земја има закони поставени од Бога.Шеријатската земја е теократска земја.Навредувањето на бог на тло во која се поставени божји закони представува престап кој се казнува.Таквиот престап самиот по себе е катастрофален и израз на непочит и ароганција кон припадниците на таа религија,кон законите на таа земја и слично.Аналогно представува исто како да го палиш знамето на Македонија среде Скопје или пак да искажуваш незадоволство и бунт врз законите кои ти се дефинирани од страна на државата во која живееш.
Исламот е строг не со цел да убива туку со цел да ги одтргне мислите на луѓето од такви постапки.
12)Дали сте вие муслиманите нормални и компатибилни со еволуцијата на Земјата?
Секако,во секој поглед.Исламот потикнува на еволутивен процес при кој ќе има бенефит самото опшество исто така потикнува кон еволутивен процес во кој ќе се намали злото.
Пр:Исламот како што горе напоменав поттикнува кон меѓусебна толеранција,почит,просперитет,наука.....
13)Зошто мислиш дека другите не ги надминале вашите богови?
Во што го надминале Аллах? Ние веруваме дека Аллах е еден а не повеќе.Не знам на што алудираш со ова „надминале„?Во која смисла?
14)Што мислиш за богомилите и гностичките учења дека Алах или еврејскиот бог се всушност религии кои слават еден демон кој што во својата слепост ги излагал сите верници дека е создавач, а не рушител?
Ним нивното верување нам нашето.Секако , јас сум за нив грешник како што тие се за мене грешници.

Вака на кратко...
 
1)Зошто муслиманот не ги сака другите?
Муслиманот ги почитува сите(безразлика на нивниот идентитет).Исламот ги зближува луѓето.Исламот забранува расизам,национализам и секаков вид други поделби.Исламот повикува кон заедништво и еднаквост во името на Аллах џ.ш.
2)Зошто муслиманот има нешто против другите?
Прашањето е што имаат другите против исламот? Муслиманот нема омраза поради верска определба на луѓето,се додека луѓето кои не веруваат во Аллах џ.ш не почнат да ги мразат и напаѓаат припадниците на исламот или пак самиот ислам.
Како го објаснуваш тогаш егзекутирањето поради морал различен од исламскиот?
Велиш муслиманот ги почитувал сите без разлика на нивниот идентитет, тогаш зошто истиот тој муслиман е спремен да каменува девојка што имала секс а не е во брак?
3) Зошто е муслиманот ограничен?
Сите луѓе се ограничени и дефинирани.Вистинскиот пат јасно со одделува од заблуда.Човек кој што нема граници во неговите постапки е представува потенциална штета примарно за себе,секундарно кон тие кои го опкружуваат.
Муслиманот е ограничен кога се работи за зло(кога го напаѓаат поради тоа што е муслиман,кога постои промискуитет,хомосексуализам,предскажувачи т.е измамници за иднината...).Муслиманот не е ограничен да има научен,економски....прогрес(нешто од кое ќе има бенефит целото опшество).
Како може првин да кажеш дека ги почитуваш сите без разлика на нивниот идентитет, за веднаш потоа да ги прогласиш за зло оние кои се различни од тебе и да оправдаш нивно казнување и убивање?!
 
Како го објаснуваш тогаш егзекутирањето поради морал различен од исламскиот?
Велиш муслиманот ги почитувал сите без разлика на нивниот идентитет, тогаш зошто истиот тој муслиман е спремен да каменува девојка што имала секс а не е во брак?

Како може првин да кажеш дека ги почитуваш сите без разлика на нивниот идентитет, за веднаш потоа да ги прогласиш за зло оние кои се различни од тебе и да оправдаш нивно казнување и убивање?!

Прашањето беше зошто исламот е ограничен,јас посочив дека е ограничен кон нешта кои се сметаат за зли.Како што реков,хомосексуализмот,промескуитетот и слично исламот како религија ги дефинира како зли.
Егзекуцијата како што напоменав.Се казнува свирепо за да се отргнат мислите од такви постапки.
Дали е морално или не,тука сме различни.Јас тврдам дека бог најдобро знае што е добро а што лошо, а не човекот,бидејќи човекот гледа ограничено.
Некои работи изгледаат добри но од нив можи да излезе зло и нешто што изгледа како зло од него може да излезе добро.
Бог е совршен и бог најдобро знае што е добро а што зло.

За девојката и предбрачниот сексуален однос повторно доаѓаме до прашањето што е за тебе морално,што за исламот?
Да замислиме опшество(ево да речеме запад).Предбрачните сексуални односи водат во “безграничност“ т.е се прерани,голем проблем е тоа што голем дел остануваат гравидни,да не зборам за сексуално преносливите болести и семејните “проблеми“,мултипартнерство кое резултира со незаситеност и инсатисфакција на женските и машките персони т.е сакаат повеќе.Подоцна се распаѓа “бракот“ како заедништво на партнери кои се заедно поради љубов и меѓусебна толеранција(кои исто така немаат граници...толеранција? До каде? Љубов? До каде?...).Доаѓа намален наталитет,социолошки хаос и деградација на женските како персони .....Вака изгледа од прилика едно западно опшество.
Дали е морално или не,заклучи си сам.
 
Прашањето беше зошто исламот е ограничен,јас посочив дека е ограничен кон нешта кои се сметаат за зли.Како што реков,хомосексуализмот,промескуитетот и слично исламот како религија ги дефинира како зли.
Егзекуцијата како што напоменав.Се казнува свирепо за да се отргнат мислите од такви постапки.
Дали е морално или не,тука сме различни.Јас тврдам дека бог најдобро знае што е добро а што лошо, а не човекот,бидејќи човекот гледа ограничено.
Некои работи изгледаат добри но од нив можи да излезе зло и нешто што изгледа како зло од него може да излезе добро.
Бог е совршен и бог најдобро знае што е добро а што зло.
Одговорите кои ги даваш ти се контрадикторни едни на други. Првин велиш дека: "Муслиманот ги почитува сите без разлика на нивниот идентитет", за потоа да ги посочиш како зло, луѓето кои имаат поинаков идентитет?!
--- надополнето: 16 јули 2013 во 00:55 ---
Јас тврдам дека бог најдобро знае што е добро а што лошо, а не човекот,бидејќи човекот гледа ограничено.
Некои работи изгледаат добри но од нив можи да излезе зло и нешто што изгледа како зло од него може да излезе добро.
Бог е совршен и бог најдобро знае што е добро а што зло.
Тогаш зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог, кога самиот си кажа дека човекот е ограничен?
 
Одговорите кои ги даваш ти се контрадикторни едни на други. Првин велиш дека: "Муслиманот ги почитува сите без разлика на нивниот идентитет", за потоа да ги посочиш како зло, луѓето кои имаат поинаков идентитет?!
--- надополнето: 16 јули 2013 во 00:55 ---

Тогаш зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог, кога самиот си кажа дека човекот е ограничен?

Не е контрадикторно(ги признава идентитетите во граници...се разбираме нели т.е ограничен за злото.Ако тој идентитет представува зло,тогаш се казнува).

Курано представува божји говор пренесен преку пејкамберот с.а.в.с. Човекот е несовршен,само бог е совршен.Бог дава наредба да се клониме од проклетиот ѓавол.Прашањето води корени од таму како настанал Адам а.с и каде Азрахил(иблис,шејтан) одбил да се поклони на Адам(тоа било наклон од почит).Неговото оправдување за неговиот наклон беше дека тој е подобар од нас(“јас сум створен од "smokeless fire" додека човекот од глина“).Подоцна шејтанот е проколнат од страна на Аллах џ.ш.Во истиот тој момент Иблис прави дуа(барање) од Аллах џ.ш да биде оставен до судниот ден,Аллах џ.ш му го услишува тоа барање,па потоа Иблис вели дека ќе ги заведува луѓето кон непочит т.е жаргонски речено:“тоа што го направи,ќе го скршам“.Аллах џ.ш возвраќа-тоа е патот кој води до мене,искушувај ги луѓето со твојот глас.Биди добар “коњаник“.Приоѓај од лево,десно и заведувај ги со твојот глас,заведувај ги со материализам....но искрените робови нема да можеш да ги заведеш.
Thats the challenge!
Така Иблис има дозвола од Аллах џ.ш да ги искушува луѓето а Аллах џ.ш од неговата милост ни праѓа порака/подсетник(преку која ќе ја добиеме неговата милост).
Овој свет е несовршен,човекот е несовршен.Овој свет е минлив,човекот е минлив.
Аллах џ.ш ни објавува куран и како да се држиме до правецот кој води до рајот(а тој е тежок и има граници).Од тука произлегуваат и тие граници и закони.Затоа реков,бог најдобро знае што е добро за човекот и зошто се такви казните,зошто не се толерира хомосексуализмот и слично.
 
Не е контрадикторно(ги признава идентитетите во граници...се разбираме нели т.е ограничен за злото.Ако тој идентитет представува зло,тогаш се казнува).
Значи не е точно дека муслиманот ги почитува сите без разлика на нивниот идентитет?
И зошто не ми одговори на прашањето, ако човекот е ограничен, зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог?
 
Значи не е точно дека муслиманот ги почитува сите без разлика на нивниот идентитет?
И зошто не ми одговори на прашањето, ако човекот е ограничен, зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог?

Ги почитува сите кои се во границите(надвор од тие граници представува девијација во исламот).Како што реков,ограничен за злото.
Се разбираме нели?
На прашањето ти одговорив со тоа како Азрахил постана шејтан,што му вети Аллах џ.ш и како човекот следи една порака и докажува негова вера.
Еве и добар клип кој објаснува тоа што го зборев горе.
 
Предбрачните сексуални односи водат во “безграничност“ т.е се прерани,голем проблем е тоа што голем дел остануваат гравидни,да не зборам за сексуално преносливите болести и семејните “проблеми“,мултипартнерство кое резултира со незаситеност и инсатисфакција на женските и машките персони т.е сакаат повеќе.

Кој речит торбеш си, тоа е немогуќе.

Ги почитува сите кои се во границите(надвор од тие граници представува девијација во исламот).Како што реков,ограничен за злото.
Се разбираме нели?
Се разбираме - не ги почитувате луѓето со различен идентитет, морал и култура. Ги сметате за зло и немате проблем да ги убиете.
На прашањето ти одговорив со тоа како Азрахил постана шејтан,што му вети Аллах џ.ш и како човекот следи една порака и докажува негова вера.
Еве и добар клип кој објаснува тоа што го зборев горе.
Ти на прашањето можеше да одговориш и со рецепт од храна и вино, ама и во тој случај како и во овој тоа немаше да има никаква врска со прашањето. Зошто ми раскажуваш бесмислени приказни за бабароги, кога убаво те прашав следново: "ако човекот е ограничен, зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог?"
 
Што имаат другите против исламот?
Па не знам де ај прочитај што ми проповедаш! Ме тераш да сакам робство, сакатење, клањање не еднаш ами 365 пута 5! Кој ќе измислува лекови за болестите бре ако секој де клањаме по толку? Ќе ми кажеш како на времето пред 12 века... кочи... помина тоа! Исламот не е ни 2% ниту пак ти си 2% од муслиманинот во Багдад кој што решавал аритметика! Да не сонуваме и бладаме и да сме горди на нечии туѓи сработени работи!
Не сакаат да веруваат луѓето, ниту можат, дека постои бог како Алах кој што бара шеријатски закони и сите се против мешањето на верските со политичките закони! Луѓето се плашат не само од вас муслиманите, ами од вашиот бог кој што го гледаат како крвав, насилен и робски бог. Што може да биде според тебе еден верник што вели дека подобро шеријатски закон отколку демократија? Како ќе правевме ние муабет сега? Хм? ЌЕ имаше забрани? Не е тоа РОБСТВО? Да не смееш да кажеш што мислиш!!! АЛооооо
Вие тоа не го гледате, бидејќи од мал си во тие води и не знаеш за ништо подобро! Но мене... не ми го нуди и филувај Алах... знам за подобри богови и божици, замисли :) И тие се еден.
Ми веруваш?

Муслиманинот верува на зборот од Мухамед не на Алах. Ниту еден муслиман денес не зборува со Алах, ами верува во него!
Да не се лажеме, не значи дека ако одговориш со лажење ќе се прифати!
Муслиманинот не само што одговара кога ќе биде прашан туку и оди и проповеда како Исус не е бог. Не е тоа навреда за христијанинот? Или муслиманинот не смее да биде навреден бидејќи е опасно тоа, ама христијанинот може да биде навреден влечејќи го нивниот бог по калта?

Ако е обострано, тоа навредување помеѓу исламот и христијанството, што не се убиете и да ве нема? Или едните или другите? Или зошто не е можно соединување? И ако не може зарем не сте вие грешни религии кои водат кон погрешни богови? Не ми зборувајте во што верувате, ами користете логика и гледајте го светот како дејствува!
Конечно дојдовме до моето дека вашата обострана омраза и навредување е корен на злото денес! И никако ниту вие ниту христијанинот следи религија или бог кој што нуди мир и братство меѓу луѓето!
Не е така?

Точно, не сум муслиман, но кај мене нема статус кво и неинтересирање за случувањата на Земјата и човекот ;)

Како може да веруваш дека богот поставил закон? Не мислиш дека тоа се човечки закони и зошто не ги препишуваш казните во типот сечење раце, нозе, глави, тепање и слични варварски казни на лудоста на еден мазохист? Ако кажете ова се закони од Алах и треба да се помириме со тоа?

Донесете го Алах како и Исус и ќе ви покажеме што прави Рим со Боговите! Барем еднаш да го видите Богот! :D Така велеше еден мистик од XVIII век со кој тајно започна револуцијата на науката!

Зошто мислиш дека твоите божји закони треба да се и за другите божји. Што правиме со христијанинот? Што правиме со будистот? Тој вашиот бог не го познава ниту пак вашите „божји“ закони. Јас не ги препознавам како такви, бидејќи се крвави и мазохистички! Премногу човечки нели?
И ако еден ден пример во Индија имаме шеријатски закон... по некоја веројатност, што правиме со ... толку неверници? Зарем тие немаат право да даваат крвни жртви? Да ги обожуваат боговите како што правеле 70000 години пред вас, муслиманите да научите да читате и гледате во ѕвездите?

Дали муслиманинот може да биде верен на два господара?
Од едната страна државата со нејзините закони а од друга страна ете му го Алах и му вели да живее по други закони? Ти си грешник или твојот брат што живеете во секуларни држави?
Дали вие не ковате завера против Македонија како правна држава потпомогнати од надвор?

Алах може да е и 0 мене ми е сеедно вие во што верувате и проповедате - ако ти веруваш во еден бог и семоќен, јас верувам дека твојот бог е надминат на Земјата. Затоа и го правиме овој муабет, ја разобличуваме вистинската слика на исламот - дали нуди слобода или закони кои не се компатибилни со времето чија казна е бесконечна глупост.

Точно секој за секој друг е грешник - форумов многу добро ја дава таа слика!
Но исламот ( поточно вие тука се обидувате да го преставите, тука зборувам за Р.М.) за жал како прво, се стреми и ќораво и сакато и глупо и просто да стане муслиман, дали со проповедање, дали со купување и слично - како политиката, стопанката.
Како второ сака да наметне верување и убедување дека Алах е еден (а гледаме дека не е ниту ќе биде) и да ги напаѓа христијанските доктрини по форуми и нивни страници, проповедање како исламот е религија на мир ( а гледаме дека не е и ти сам рече исти сте како христијаните, а и јас велам така), и трето и тајно - сака да ми понуди шеријатски закон кој што ќе велиме дека Алах ни го дал (а се сомневаме во Алах бидејќи не го знаеме, ни велат да веруваме) кој што е одбивен на сите тука па и насекаде!
Што правиме сега? Ќе ми речеш не е точно ова? Прво оди на исламски центар и читни ги проповедите на браќата ти, па после и тука читни што пишувате и замисли како некој што не е муслиман го чита ова! Ќе дознаеш што имаат против исламот и против тебе...
Нема да скокнат да те убиваат, ќе ти се чудат само... Не сме ние муслимани, не убиваме за религија и за боговите - тоа е таму мрачните векови до 15 век...
Затоа не знам што да правите... додека не видам помирување помеѓу муслиманинот и христијанинот и помеѓу муслиманинот и евреинот - вие ќе бидете семе на зло и разделба! А не националноста како што велиш ти!
Грешка си нели во толкувањата?

Зошто ми ја навредуваш интелегенцијата дадена од Боговите бре младичу? Ова е реторичко прашање, не ми го одговарај ќе паднеш во грев!

И така... :)
 
Се разбираме - не ги почитувате луѓето со различен идентитет, морал и култура.

Ти на прашањето можеше да одговориш и со рецепт од храна и вино, ама и во тој случај како и во овој тоа немаше да има никаква врска со прашањето. Зошто ми раскажуваш бесмислени приказни за бабароги, кога убаво те прашав следново: "ако човекот е ограничен, зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог?"

Не ми мисконцепирај(праша добро,ти одговорив со добро).Не е убаво да вадиш зборови од контекст.Одговорив кој постапки се во границите и кои не се.
Ова одговорив дека дефиниран е патот преку кој се стекнува божјото обожавање,милост и рај и дека тој пат е преку граници т.е закони преку кој човекот се придржува.Правдата во името на бог како што реков :животот представува игра/натпревар/компетенција помеѓу човекот и ѓаволот.Бог има закони преку кои објавува како да се стигне до неговата милост,преку почитување на тие закони и искушенијата кои ги носат.
Правдата се дели кога човекот излегува од тие исламско дефинирани граници.
 
Ако не е добро да мисконцепцираш, зошто даваш одговор кој нема никаква врска со прашањето? Јас не те прашав за никакви граници, ниту за дефинирање на пат преку кој се "стекнувало божјо обожување". Те прашав следново:
"ако човекот е ограничен, зошто дозволувате луѓе да делат правда во име на бог?"
 
Хепта,
Нема што да ти одговарам воопшто,си го избрал својот пат на живеење.Нема да ти солам памет како моето е праведно или неправедно(арогантно е пред се).Изборот си е твој.
Во што веруваш,дали во Лилит,Јупитер,Тор...твоја работа.Како што напоменав,го представувам исламот објективно а изборот на човекот е субјетивен.
Не ти се допаѓа,нема потреба да ми кажуваш каде мојот ислам греши и зошто според тебе греши.Two different points of view.За тебе ќе биде зол,за мене добар.
Инаку,каква Македонија какви бакрачи.Немам такви намери јас да креирам хаос и неред(си имам свој живот на живеење и си го живеам онака како што сметам дека треба да се живее).Државите си имаат свој кодекс и свои правила,ги почитувам и немам намера нити пак таква навала да одам против нив(нивни начин на живеење).Си имаат закони преку кои ги казнуваат луѓето,закони до “каде и колку“,се знае границата.
Thats all i have to say.
 
Не само што не ми се допаѓа, не ми се допаѓа ни ти како го преставуваш и се залагаш за тоа како Алах е голем, а тоа дава оправдување дека ниту еден закон не е валиден освен тој на Алах и ти потајно сакаш да биде секаде тој закон!
Но ти не ми го разбра прашањето за тоа државни закони и алахови закони!
Значи Македонија како ЕДНА држава е НАД законите на Алах кој што е ЕДЕН!
Бидејќи ниту една држава всушност не сака шеријатски закон ниту пак сака премногу ислам.
Секој избира, но не секоја религија вели дека другиот кој шго не верува во нејзиниот б ог мора да биде казнет ако зборува за верувањето! Не е тоа малку креирање хаос и убивање луѓе бидејќи сакаат да философираат за твојата религија? Ќе забраниш дискусии со алаховите закони? Јас така гледам на тоа: алах е исплашен од умот на човекот и не дозволува дискуси ограничувајќи ги така што некој човек кој што е убеден дека тој ја има власта да одредува што е грев што не!
Грешка сум?

И да, ако имаме различни гледишта, зошто трчате кај христијаните да им велите како Исус е лажен бог, како тие не разбираат? Нели секој си бира својот пат!

Зошто така правите ако „секој си го оди својот пат“? Не е тоа спротивно од проповедите тука, она со неверници, казни...? Секој има право на пат, ама ќе гориш?
Тоа е логиката на исламот, како и на христијанството?

П.С. Зборувам за алах како реална личност за да не се губиме во премногу пишување. Не верувам дека некој дал дозвола од пустините за да одлучува кој е грешник кој не, кој да умре пред да му дојде часот или волјата негова за смрт!
 
ibn kajjim Според ајетот што го пиша,душата на Исус била воздигната кон Алах.Што е со телото тогаш?Како ќе се врати тогаш Исус на Судниот ден?
Во постот убаво пишува дека бил воздигнат и телесно и душевно,а тој што го воздигнал тој и ќе го врати на Судниот ден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom