Искуства со полицијата!

Сте имале ли искуство со полицијата?

  • Вкупно гласачи
    311
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Овие 68 гласа се од полицајци се, незнам како може некој да има позитивно мислење за нив.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Јас секогаш си поминував супер .... ќе ме собереја в марица , муабет со инспектори , бурек сабајлечки и бегав дома .... и да им звинеа дома дека сум бил в станица мама им викаше подржете го ја во 2 сабајле не идам тамо ..... последниве години директ на суд одам за сообраќајни прекршоци и то е то
 
Член од
3 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
26
Јас си седам во кафич кога беше зимо влагаат цајкани во кафич внетре и ми викаат да излезам за пртрес, а тоа кафич тивко не некоја забава нешто, излагам надвор ме претресувата и се враќам назад. Малце глупо ми беше од кафич да излагам за претрес али ајде.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога некој граѓанин пријавува и покренува постапка против некој полициски службеник за прекумерна употребна на сила, добива контра тужба од полицаецот дека бил извршен напад врз службено лице. Тоа е и една од причините зошто граѓаните често се повлекуваат од постапките, стравувајќи дека од жртва ќе добијат статус на обвинет, објаснуваат во Хелсиншкиот комитет.

Влегува 32-годишен татко во продавница да купи пелени за своето новородено дете. Но, во дел од секунда, од татковската грижа за детето го одвојува стравот кога во продавницата влегуваат полициски специјални сили, вршат претрес, го приведуваат таткото и го носат во притвор. Темна соба, човек врзан со лисици и полицајци што го испрашуваат. Ова е класична сцена од холивудски филм, но за нашиот соговорник ова е реалност.
Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.
Жртва на полициска бруталност.

„Требаше да купам памперс, така што додека бев во дуќанот не знам што и како се случувало, меѓутоа одеднаш дојдоа еден куп полицајци, алфи, униформирани со шлемови, со заштитни визири, со пендреци, со панцири на нив и одеднаш почнаа да влегуваат во дуќанот, почнаа да удираат без да кажат или да прашуваат нешто. Удираа со пендреци, со боксови, со клоци, со што им беше позгодно за мавање, така маваа. Едниот ме исправи, па дојде другиот и пак маваше. И така нè маваа сè додека не нè ставија внатре во комбето.“

Вака почна да ја раскажува својата приказна нашиот соговорник кој побара да остане анонимен поради притисоците со кои се соочува. Тој е вработен во Министерството за одбрана па стравува од можни последици.
Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго.
Жртва на полициска бруталност.

„Ме обиколија околу осум души, значи тоа е чисто за да не избегам. Јас им ја покажав мојата легитимација и тие само ја видоа, бидејќи тоа е воена легитимација, рекоа дека тоа за нив не важи, ја фрлија легитимацијата на подот, јас се наведнав да ја земам, а тие продолжија да удираат“, вели нашиот соговорник кој инсистира на анонимност.

Ова се случува во скопската населба Топаана, а со него биле приведени и сопственикот на дуќанот и уште еден муштерија. Полицијата се сомневала дека тие се виновни за извршено кривично дело, напад врз службено лице со каменување, додека се обидувале да уапсат затвореник кој не се вратил во затворот по слободниот викенд. Во притвор биле речиси два дена со врзани лисици на рацете. Точно објаснување за причините за нивното приведување добиле следниот ден од истражниот судија.

„Судијката кажа дека сето тоа се случи на улица 376 број 250, а тие дојдоа на улица 376 број 2. Тоа е значи 248 куќи оддалечено од настанот“, вели тој.
Најмногу се жалат на несоодветно однесување на полициските службеници при остварувањето на нивните овластувања, но и на прекумерна употреба на физичка сила. Извештаите на меѓународните организации говорат за тоа дека сè уште има случаи на пречекорување на службените овластувања на полицијата, иако последните извештаи на Народниот правобранител, пак, говорат дека бројот на претставки кога станува збор за тие прашања е намален.
Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет.

Нашиот соговорник вели дека полицијата употребила прекумерна сила и со помош на Хелсиншкиот комитет покренал постапка пред секторот за внатрешна контрола во МВР.

„Предадена е истата таа претставка, меѓутоа имам добиено одговор дека тие наводно се оградуваат од сето тоа, така пишува во одговорот од претставката, дека тие си ја вршеле службата во рамките на дозволеното, меѓутоа сликите и лекарското уверение кажуваат друго“, вели нашиот соговорник.

За овој случај реагираше и Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта кој испрати протестно писмо до надлежните органи да се спроведе истрага за прекумерна употреба на сила од специјалните полициски единици во населбата Топаана. Во нивното соопштение е наведено дека специјалната единица „Алфи“, заедно со регуларните полициски сили, додека биле во потрага по затвореник кој не се вратил во затвор откако бил пуштен на слободен викенд, претепале десетина локални жители, меѓу кои и три жени. Од МВР негираат дека била употребена прекумерна сила.

(шупачките македонски власти највише ме нервираат коа кршат од ќутек Македонци за ништо, кршат од ќутек Роми и за помалку од ништо, али УЧК и АлКаеда можат и градот да го запалат ако сакаат нема гајле...)

целиот текст - во линкот
Преку пример од реалноста во каква држава живееме:
http://burevesnik.org/2011-07-09-13-25-27/item/379-мр-џек-велешки-џек-пот-за-браќата-арсови.html?format=html&lang=mk
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Имам неколку искуства со џандари, и секако не биле пријатни.

Првото го имав на 13 години, една вечер кога се враќав од Чаршија со копиљаната.
Така напушени, кој повеќе кој помалце, а кој ич, (у случајот јас), весело парадиравме низ плоштадот во Центар :D кога одеднаш, зад нас слушаме сирена, се вртиме и гледаме плаво комбе пуно џандари.
И коа сме манале една трчаница, сите шпринт да не нема.
Е сега, за жал тројца другари сепак фатија, ѓи однесоа у станица и нивните си платија казна.
Останатите се распрскавме на сите страни.
Памтам еден колено си скрши, другарка штикла си изгуби, и така. :pos:
Па, од паника не можевме да се најдиме после. :icon_lol:

Друго искуство, после година дена, пак со дрога, ама овојпат во Чаир, паркчето таму карши стадионот.
Истава дружина, што претходно ја споменав, сите рандом со пивата лезетски испружени сред бетонот трипаме нешто, кога ете ти една кола карши нас, со странски регистарски таблички и затемнети стакла.
Сите ја забележавме, ама никој од нас не беше нешто особено заинтересиран да погледне да види што се дешава уствари, се до моментот кога не чувме истрел, и не видовме еден тип со фантомка преку главата како го затвара багажникот.
Тогаш ние уствари укапиравме дека се дешава некое срање :D ама веќе беше касно да фатиме џаде.
Сите испружени така џоа на плажа, ни доаѓаат петорица џандари, и ни викаат станујте копуци - претрес. И ние сите, нормално упрпани, стануваме и ѓи гледаме со невин поглед.
Ама ете среќа, мене и еден другар не не претресоа. Разлогот за тоа беше што јас сум женско, а он им личел на геј. :tapp:
А баш кај мене беа фишеците. :D Ама то е, џандарска работа, мислам дека одвишно е да се објаснува.

И трета случка, се надевам и последна беше баш пред три дена, кога излеговме од дискотека, да испушиме по една цигара со дечко ми, и ете ти еден средовечен алфа, ко булдог у суратот ни доаѓа и вика: Вие дечко и девојка ли сте?
И дечко ми нормално најкултурно без задни намери, одговара потврдно.
И овој ни две ни три, мене ми праќа онаков манијачки поглед директно у деколте и ми вика..
И, му го пушиш на дечкото ма?
Е тука веќе накурчено до коска, му враќам: А тебе ти се дига ку*от бе шупак!? :mad:
Го повлекувам дечко ми за рака, и си заминуваме.

После немој да дробите како џандарите помагаат да се обезбеди ред во нашата држава, оти пола и више од нив се џаболебари, а очигледно и педофили.
Иначе, за последнава случка се мислев дали да го пријавам, и на крај дојдов до заклучок дека тоа и не е баш најрационално решение, со оглед на тоа дека можноста е голема јас да го извлечам подебелиот крај.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.225
Поени од реакции
84.182
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Уапсен 2 пати али искуството со полицијата е неутрално. Што знам, 2 пати јас бев крив но при апсењето ни ми се понашаа нешто како заебани типови нити пак како другари, онака нормално понашање.
Иако вториот пат беше истата смена на работа, и истите инспектори, пробаа малку да бидат интересни во стил “пак ти, а?“ и тоа беше тоа. Си поминав 2 ноќи во полиција.
Неколку пати претресуван по клубови, неколку пати податоци ми имат земено за пијана состојба и никогаш не ме стопирале додека сум бил со кола. Возам 10 години, а возачката ја немам покажано ниту еднаш (јеби га среќа - ваљда).
Така да за анкетава ми фали неутрално, што би бил мојот одговор во однос на моите искуства со полицијата.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Во рок од два ипол месеца 5 пати сум претресуван од страна на полицајци (два пати со друштво, останатите три - сам). Исто неколку од нив се сред бел ден, кога има доста народ наоколу.

Првиот пат се случи во Градски Парк, негде еден ипол или два беше по полноќ, нити пијани, нити напушени, нити изгледавме сомнително, ни извршија таков претрес, што почна со барање на лични карти, а уште што не заврши со тоа гаќи да соблечеме. Причина за барање на легитимација не им треба, тоа знам. Но причина за претресот не дадоа. Нити се легитимираа. Што разбрав тек неодамна, дека тие две работи се обавезни и дека преку законот се обврзани тоа да го направат. За идни случки со полицијата, повикајте се на овие работи.

Сите четири пати не сум реагирал недолично или бурно, но последниот пат ми опали фитиљот. Беше рано сабајле, негде уште 6 немаше. Се испратив со дечкото, фаќам автобус, и се симнувам кај Тафталиџе, спремен за накај дома да идам, кога полициско возило со 4ца од нив ме запира и ми бара легитимација. Во ред, ја давам личната карта, и мислев дека тука ќе заврши. Ми вика едниот (тој што највеќе изгледа како труп, и во фаца, a и во мозок) - "дај извади да видиме што имаш во ранецот", и тука се изнервирав, ми текна на последните 4 пати и колку време ме задржаа, а мене ми се спие, ми се оди по мала нужда, абе ми се плаче. И му го давам нему ранецот (ненамерно беше, во глава ми вртеше филмот нека заврши што побрзо, дома ми се иде), и му викам "Еве ти, провери". И направи фаца човеков, и ми вика -"Ти мангуп ми се правиш?", на што јас враќам - "Не знам, ти кажи ми, меѓу нас двајца ти си тој што е обучен" со :D фаца, што не требаше да го направам, ама кога ти е зорт, и некој те гњави, ја ставам културата на страна и тролам. И вика овој - "Абе ти стварно мангуп се правиш", и излага насилно од кола демек готово ќе ме тепа, и го фрла ранецот на тревникот доле и вика "не јас, ти извади што имаш во ранецот", и му покажувам чадор, дуксер, и средство за дезинфекција, целиот окезен (се надеваше дека ќе најде нешто). Како бев немав кондоми не знам, барем во новчаникот (зошто и тоа го прегледа). И почна да ме прашува од каде доаѓам, накај каде идам, со кого сум бил, што сум правел, а јас окезен му викам, од Центар идам, за овде, останатото моја работа. Се изнервира и им вика на еден од колегите, "дај провери го овој!" (изгледа адресата на живеење). И после минута време ми ја враќа фино лепо личната и влегува изнервиран во колата и заминуваат. Претпоставувам посраната ВМРОвска позадина на родителите ме спаси. Камо да не беше така, па да можев да се пожалам на нешто плус, преку соодветни медиуми, за тоа како полицијата ги третира своите граѓани.

Инаку дур ме претресуваа и бараа ранецот да го покажам, еден постар господин, локалец, на идење накај дома веројатно, од продавница, застана и се загледа малку, бидејќи не е честа појава да мора четири полицајци да претресуваат млад дечко сред бел ден, и тој трупот му вика "Што гледаш старо? Ај терај си, продужи по патот". Колку што знам, секој може да ги обзервира акциите на полицијата, освен во случај на престрелка или некаква друга вонредна состојба. Смеете дури и да ги снимате што прават. Нека не ве плаши нивниот однос, можат да сносат последици ако правилно ги одиграте картите, а имате и видео снимка од се. И да напоменам дека сите пет пати до сега беа вкупно едните исти 7-8 џандари, комбинирани рандом по 4ца во кола секој пат.

Recap: Ако ви бара легитимација, не мора да се легитимира и он самиот, нити да има посебна причина зошто го прави тоа, и сте обврзани да се легитимирате (ако немате лична карта со име и презиме, па ќе ве побараат во архива негде). За претрес треба да имаат основано сомнение и истото да ви се искомуницира пред претресот да се случи. Исто, немаат ингеренции да ве прашуваат каде сте биле, со кого, накај каде одиш, што си правел итн. Можете да ќутите на сите овие прашања. Јас многу касно дознав за ова, па еве за некој во иднина да знае што да прави (и не прави).

Зошто сум запиран 5 пати? Ако треба да погодувам, сигурно заради сексуалната ориентација. Не личам на шпон (а и не верувам дека би застанале аљбанац, оти ќе летаат од работното место брзо после тоа), ни терорист :D (прелесен ми беше ранецот да носам бомба), или да сум некој наркоман (премногу добро сум облечен за џанкер, тие не сум видел да носат оригинал Lacoste :cool:). Не знам само каде е Лет3 сега да спомна нешто околу неговата идеја за регистрација на сите хомосексуалци. Еве, некој од нив ме регистрирале веројатно кој сум што сум, и еве тормозат доста често. Очигледно не е некој бенефит како што он дрндаше. Може треба да се вратам во плакарот? :P Барем со полиција немаше да си имам толку работа (веројатно?).
 
M

Muranyi

Гостин
Во ред е сево ова што ги пиша,само не гледам како они би можеле да знаат дека си ти хомосексуалец,па поради тоа решиле да те замараат.

Било како било,џандари се,глупи се ко расистички коментари на xvideos,искомплексирани до максимум,но не значи дека секогаш е така.Јас досега сум имал 3 искуства со полицијата,од кои едното беше максимално непријатно доживување но џандарите беа фини,културни и не можам да се пожалам од нивниот однос.
 
Те следат во градски парк со кого се движиш и во кој дел, дали посетуваш одредени локали, дали си дел од некакви организации, дали го посетуваш LGBTI центарот итн. Има начини да се дознае, ако сакаат. Навистина не гледам друга причина зошто.

на мајка ти љубовникот - Не знам, не? Требаше?
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Шкорпион И не потпишувај ништо макар и во станица да те однесат!:icon_lol: Тоа е плус уште една грешка од која извлеков поука :).
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ех пусти маки срц, секогаш учиме на потешкиот начин :). Не си ги знаеме правата, нити они нивните ингеренции.
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Во рок од два ипол месеца 5 пати сум претресуван од страна на полицајци (два пати со друштво, останатите три - сам). Исто неколку од нив се сред бел ден, кога има доста народ наоколу.

Првиот пат се случи во Градски Парк, негде еден ипол или два беше по полноќ, нити пијани, нити напушени, нити изгледавме сомнително, ни извршија таков претрес, што почна со барање на лични карти, а уште што не заврши со тоа гаќи да соблечеме. Причина за барање на легитимација не им треба, тоа знам. Но причина за претресот не дадоа. Нити се легитимираа. Што разбрав тек неодамна, дека тие две работи се обавезни и дека преку законот се обврзани тоа да го направат. За идни случки со полицијата, повикајте се на овие работи.

Сите четири пати не сум реагирал недолично или бурно, но последниот пат ми опали фитиљот. Беше рано сабајле, негде уште 6 немаше. Се испратив со дечкото, фаќам автобус, и се симнувам кај Тафталиџе, спремен за накај дома да идам, кога полициско возило со 4ца од нив ме запира и ми бара легитимација. Во ред, ја давам личната карта, и мислев дека тука ќе заврши. Ми вика едниот (тој што највеќе изгледа како труп, и во фаца, a и во мозок) - "дај извади да видиме што имаш во ранецот", и тука се изнервирав, ми текна на последните 4 пати и колку време ме задржаа, а мене ми се спие, ми се оди по мала нужда, абе ми се плаче. И му го давам нему ранецот (ненамерно беше, во глава ми вртеше филмот нека заврши што побрзо, дома ми се иде), и му викам "Еве ти, провери". И направи фаца човеков, и ми вика -"Ти мангуп ми се правиш?", на што јас враќам - "Не знам, ти кажи ми, меѓу нас двајца ти си тој што е обучен" со :D фаца, што не требаше да го направам, ама кога ти е зорт, и некој те гњави, ја ставам културата на страна и тролам. И вика овој - "Абе ти стварно мангуп се правиш", и излага насилно од кола демек готово ќе ме тепа, и го фрла ранецот на тревникот доле и вика "не јас, ти извади што имаш во ранецот", и му покажувам чадор, дуксер, и средство за дезинфекција, целиот окезен (се надеваше дека ќе најде нешто). Како бев немав кондоми не знам, барем во новчаникот (зошто и тоа го прегледа). И почна да ме прашува од каде доаѓам, накај каде идам, со кого сум бил, што сум правел, а јас окезен му викам, од Центар идам, за овде, останатото моја работа. Се изнервира и им вика на еден од колегите, "дај провери го овој!" (изгледа адресата на живеење). И после минута време ми ја враќа фино лепо личната и влегува изнервиран во колата и заминуваат. Претпоставувам посраната ВМРОвска позадина на родителите ме спаси. Камо да не беше така, па да можев да се пожалам на нешто плус, преку соодветни медиуми, за тоа како полицијата ги третира своите граѓани.

Инаку дур ме претресуваа и бараа ранецот да го покажам, еден постар господин, локалец, на идење накај дома веројатно, од продавница, застана и се загледа малку, бидејќи не е честа појава да мора четири полицајци да претресуваат млад дечко сред бел ден, и тој трупот му вика "Што гледаш старо? Ај терај си, продужи по патот". Колку што знам, секој може да ги обзервира акциите на полицијата, освен во случај на престрелка или некаква друга вонредна состојба. Смеете дури и да ги снимате што прават. Нека не ве плаши нивниот однос, можат да сносат последици ако правилно ги одиграте картите, а имате и видео снимка од се. И да напоменам дека сите пет пати до сега беа вкупно едните исти 7-8 џандари, комбинирани рандом по 4ца во кола секој пат.

Recap: Ако ви бара легитимација, не мора да се легитимира и он самиот, нити да има посебна причина зошто го прави тоа, и сте обврзани да се легитимирате (ако немате лична карта со име и презиме, па ќе ве побараат во архива негде). За претрес треба да имаат основано сомнение и истото да ви се искомуницира пред претресот да се случи. Исто, немаат ингеренции да ве прашуваат каде сте биле, со кого, накај каде одиш, што си правел итн. Можете да ќутите на сите овие прашања. Јас многу касно дознав за ова, па еве за некој во иднина да знае што да прави (и не прави).

Зошто сум запиран 5 пати? Ако треба да погодувам, сигурно заради сексуалната ориентација. Не личам на шпон (а и не верувам дека би застанале аљбанац, оти ќе летаат од работното место брзо после тоа), ни терорист :D (прелесен ми беше ранецот да носам бомба), или да сум некој наркоман (премногу добро сум облечен за џанкер, тие не сум видел да носат оригинал Lacoste :cool:). Не знам само каде е Лет3 сега да спомна нешто околу неговата идеја за регистрација на сите хомосексуалци. Еве, некој од нив ме регистрирале веројатно кој сум што сум, и еве тормозат доста често. Очигледно не е некој бенефит како што он дрндаше. Може треба да се вратам во плакарот? :P Барем со полиција немаше да си имам толку работа (веројатно?).

А чекај, од кога тоа џандарите уствари се здобија со право да се замараат со ничија сексуална ориентација? :cautious:
Нешо као демек им бодете очи ради фактот што преземате иницијатива за да ѓи остварите своите легитимни права?
Епа видиш богати, не сум знаела оти треба да полагам сметки околу детаљите од мојот личен начин на живот.
Ако е за тоа, еве искрено и јас ќе признаам дека госпожата брклава воопшто не ме импресионира со досегашниот начин работа.
Меѓутоа, дали јас се дрзнав да одам пред министерство за да ја тормозам да даде оставка? Секако дека не!
Баш затоа ми нема логика целава ситуација.
Испаѓа дека во оваа наша вукојебина чудата се повеќе од возможни. :facepalm:

Патем, арно што го напиша ова погоре. Бидејки ради не доволно познавање на правилникот два пати дозволив некој маафакер да ми брца у чанта, и притоа да ми вади улошки и други лични работи, и тоа пази, сред строг центар, без никаков основ за тоа.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Muranyi - Да, додека не ти дозволат да повикаш адвокат не смеат да те форсираат да потпишеш ништо. Кога ќе дојде адвокатот, ако ти рече потпиши, потпиши (бидејќи работи за твој интерес, нема зошто да не сакаш), ако не, он ќе им каже поради која причина ти одбиваш да потпишеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom