Ние сме проблемот. Во се гледаме магично стапче за решавање проблеми, а никако да разбереме дека ние сме проблемот. Не може со овој менталитет да имаш ти добро уредена држава која фунционира. Дваесет години ист тип на луѓе ви доаѓаат на власт, без разлика на опција и гледам сега нов пристап. Кога видоа дека ЕУ ни е премногу далеку, се прави пропаганда како што ќе ни е ЕУ. Па мајке му решете се, или одете кон тоа да станете членки или баталете. Се заради редот се прави.
Тоа е тој наш проблем што си го имаме... си бараме центар за моќ зашто не сме способни сами да си се водиме. повеќе од половина век центарот за моќ и наредби беше Белград, пред тоа 5 века Истанбул, а сега го гледаме во Брисел

Глеј колку лесно се палат и ситат дека Исланд и удрил „шамар“ и се повлекол од преговорите. Само не се сфаќа дека Исланд е веќе изградена држава на интелектуално, економско и социјално ниво, и на Исланд не им треба ЕУ да ги води и да им кажува што е добро а што не.
Додека на нас ни е многу потребна, зашто од самостојност се докажа дека не баш знаеме како да водиме држава. Корупцијата, непотизмот, неуспешна правна држава и многу битно, неизградено граѓанство.
Неможе да се тешиме со ниски даноци и неколку шминкања дека сите ќе рипнат да вложат тука. Неможе да ми се каже дека е добро кога работам во таа област со трговски друштва и знам дека не е.
Проблемот е подлабок, прво правната регулатива не е сјајна.. се носат закони за работи од луѓе кои поима немаат од таа област. Али кај што не е сјајна па и не се применува напишаното слово.
Друго, администрацијата... неможе тебе да ти зависи работата на фирмата, да губиш пари и коса да ти побеле зашто на некое чиче му текнало да не дојде на работа или да си прави долга пауза, или па да не му се работи толку денес па ајде дојди утре.
Следно, судството... ти си странец и доаѓаш да вложиш пари во Македонија, додека си ја градиш фирмата се погоди да си фатиш работа со некој локален буџован. И сеа кога ќе се решиш да си ја бараш правдата на суд, ќе сфатиш дека твоите пари и твојата инвестиција е во рацете на еден корумпиран судија.
Странските фирми се запознати со сите овие работи, и знаат дека коа вложуваат тука дека постои ризикот да се смени власт или друго градоначалниче да дојде и да се случи „пу пу не важи“
Доколку овие работи се средени кај нас или можеме да си ги средиме нас не ни треба ЕУ, ние си можеме и знаеме да си направиме да ни е убаво за живеење самите. НО, со оглед на случувањата до сега, политичката сцена, каков систем имаме и како функционира, од оваа цела констелација се докажа дека не сме способни за тоа, и нам ни треба ЕУ како родител на мало дете што му помага да научи да оди.