Tour de France | 29.06 - 21.07, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:D
Не зборам за овогодинешниот ТДФ, туку и за претходниот и за сите негови други возења :D

Епа добро.
Скај се страшен тим, многу ги потценаа пред почеток на ТДФ кога Вигинс се повреди. Тимски се спремни и лани на тој начин победија, знаат како да ја организираат групата кога да пратат некој напред, скоро секој потег им е испланиран.
 
И покрај тоа што Скај ми се омилен тим многу е лошо ова што се случи денес. Фрум им направи разлика од над 1 минута а и не изгледаше премногу уморно а Порт втор....

Многу разочараа денес. За Еванс очекував ама другиве (Кунего, Ван Гарденер, Шлек) катастрофа. Контадор и Родригез не каснеа толку многу но сепак не 2 минути не се за потценување.

Стратегијава на Мувистар лоша испадна. Не требаше да го пуштат Квинтана да се устроши толку рано. Да нападнеше на последното брдо може ќе завршеше заедно со Порт а вака сега ќе треба да му биде втор возач на Валверде (n) Саксо исто катастрофа, им препуштија се на Скај а на крај па и Кројцигер кој беше појак од Контадор го жртвуваа.....

Утре уште една интересна етапа. Очекувам некој од тие што изгубија многу време денеска да нападнат рано а на крај да видиме некој сојуз помеѓу шпанциве (Родригез, Контадор и Валверде) па да се обидат да ги одвојат Скај на последниов врв па на спустот да направат некоја разлика но прашање е дали можат да го направат тоа и колку Скај ќе им дозволи.
 
Уште една интересна етапа :) Сите од Скај (сега најдобро се виде дека требаше Уран или Хенао да бидат тука) освен Фрум пукнаа со што се покажа дека не се непобедливи. Другиве тимови добро работеа на почетокот на на крај мислам дека ја оплескаа стратегијава. Мувистар без потреба влечеше цела етапа а на крај не се обидоа да направат нешто повеќе, можеби требаше Валверде да биде поактивен. Дури и Енди им коментираше колку лоша им била стратегијава :facepalm: За Контадор можам да кажам дека шансите за победа му се мали (во моментов четврт фаворит после Фрум, Квинтана и Валверде) а се надевам дека Кројцигер ќе добие поголема подршка од тимот и ќе му дозволат да вози за себе...
 
Саксо и Омега куик степ,ау што им направија како само ја пукнаа групата,Контадор бек ин д рејс фор д јелоу џрси.:D
 
Ипокрај тоа што сакав Квинтана да биде прв возач на Мувистар жално е тоа што Белкин му го направија на Валверде :( 10 минути и целосно отпишување од борбата за жолтата маица на една ваква етапа а досега изгледаше доста солидно.

Скај повторно катастрофа, ако не се средат Фрум цело време сам ќе останува против цел Саксо тим. Ќе биде интересно да се види како ќе оди Фрум следниве денови....На хронометарот би требало да им земе минута но на другиве етапи ќе му биде тешко против Контадор, Кројцигер, Квинтана а може Молема и Тен Дам...
 
Ке бидне многу интересно кога ке почнат планините...ако останува Фрум цело време сам како денеска што остана,кога му експлодираше цела екипа ке биде многу заебано,кога ке почнат Валверде,Квинтана,Контадор,Кројцигер,Молема,Родригез,да скокаат по планините можат да го откачат многу лесно,не очекува многу интересен тур.
 
Фрум изгледа доста самоуверено и мислам дека утре на Мont Ventoux не верувам дека другиве освен Квинтана ќе се држат со него. Сепак се надевам дека нема да направи голем разлика.

Мислам дека некој од Валверде Фрум и Квинтана ќе победи а се надева дека тоа ќе биде Квинтана.
 
Зошто на официјалнава страна пишува дека стартот е во 12:30 (пример давам), а овие од Еуроспорт даваат пренос од 14:00 , а дури 14:20 почнуваат да возат?

http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/live/aso/

Денешнава стаза беше 240km а кога почнаа кај 14:20 пишуваше 60 или 80 незнам точно. Зошто нема пренос од 12:30 и дали ги возат претходните километри.

Фала.
 
994832_10151774794954873_1970293011_n.jpg
 
Сосема заслужена победа за Фрум... Очекував Наиро да победи и беше блиску но многу рано изгуби ритам. Да се задржеше до последните 300 метри веројатно и Фрум ќе му поштеше да победи. Вака се си фер. Од Валверде очекував да му помогне барем малку на Квинтана но многу рано отпадна што беше доста зачудувачки. Се надевам дека во наредните денови ќе му помогне да стаса до втората позиција која и ја заслужи.

Во иднина веројатно битката ќе биде само помеѓу Фрум, Квинтана и Нибали освен ако Контадор не почне пак со допинг....

И добро е пак да се видат македонски знамиња(y)
 
Зошто на официјалнава страна пишува дека стартот е во 12:30 (пример давам), а овие од Еуроспорт даваат пренос од 14:00 , а дури 14:20 почнуваат да возат?

http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/live/aso/

Денешнава стаза беше 240km а кога почнаа кај 14:20 пишуваше 60 или 80 незнам точно. Зошто нема пренос од 12:30 и дали ги возат претходните километри.

Фала.


Нормално дека ги возат, како може да не ги возат. Стартот на етапата си почнува од 0км или уште 240км до крај (пример) во 12:30ч (пример) и се вози до 5-6ч. А телевизиите кога сакаат се вклучуваат на трката, во случајов Еуроспорт во 14:00 и ја пренесуваат во живо од таму каде што стигнале возачите. Тоа си е нивно дали цела етапа ќе ја даваат или дел од неа.

Браво за Фрум. Дефинитивно најјакиот возач на турот без никаква конкуренција. Уште Алп Д'уез да го извози во денешниот стил и дефинитивно ќе биде долго запамтен. Толкава супериорност ректо имал некој возач на турот. Можеби и конкуренцијата малку ослабена оваа година ама нема веза.Честитки.
 
Утре етапава би требало да им одговара на Контадор и Родригез па мислам дека може Контадор да врати нешто од изгубеното.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom