Прашање за Христијанството III

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
„...директно преку застори со Бог...„?....:unsure:
Токму така, и во Исламот истото е така.

Но сега, дали разговараше со Исус или Исус не беше создаден??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Поклонувањето пред икони,статуи и бакнувањето не преставува поклонување како слкуптури матријали туку на светците кој се насликани и самата црква го осудува тој чин како идолопоклонување.
Платон, Сенека и многу други пагански филозофи велеле:„Ние не им се поклонуваме на идолите туку преку нив им се поклонуваме на боговите“. Додека учените пагани ги употребувале на тој начин, простодушните им се поклонувале (а тие се мнозинството). Учените црковни учители можат да пишуваат за нијансите меѓу почитувањето и поклонувањето на иконите, но простодушноите не ги разбираат тие разлики и им се поклонувале, им се поклонуваат и ќе им се поклонуваат на иконите како на нешто божествено, кое може да им помага, како нешто свето, кое може да им предава светост на оние кои што го целиваат, како на нешто спасително што може да ги излекува, да истерува ѓаволи и др. Сето тоа е познато од црковната историја, а сведоци сме за тоа и денес - се разбира ако сме објективни и искрени пред себе.

А од друга страна и Бог јасно рекол дека треба само Нему да му се поклонуваме, а не на некои насликани светци. А и не мора да се насликани. Дури и свети Петар додека бил во своето човечко тело исто така одбил да му се поклонуваат. Тоа јасно го гледаме од следнава случка:

„А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела 10:26, Библијата)


Кај католиците ме иритира што папата го величат повеќе од Бог, зошто му се молат на папата што е тој светец имал некоја надприродна дарба па бил над луѓето!!
Не е точно дека католиците му се молат на папата. Тоа се неколку исклучоци, како што има исклучоци за се и сешто во православието. Од друга страна православието учи да им се молиш на светците, да ги славиш... и покрај тоа што во целата Библија нема ниту една богоугодна молитва упатена до некој светец т.е. до некој друг освен Бог.

Доволно е само почит и благодарност како првосвештеник и ништо повеќе.
Во христијанството постои еден и единствен Првосвештеник и Свештеник - а тоа е Исус. Во Библијата јасно пишува дека Тој има свештенство што нема да премине на некој друг.

„Зашто Бог е Еден и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)

„И тие во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат, а Тој (Исус Христос) пак има свештенство, што не може да премине на друг, зашто останува довека“ (Евреите 7:24, Библијата)
--- надополнето: 13 јули 2013 во 18:35 ---
Знаеш ли што зборуваш!!!?
ДА МАЈКАТА БОЖЈА Е НАЈСВЕТОТО ИМЕ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО!
и се сметка како покровителка на луѓето како од смртник човек како мајка на Спасителот постана Божица.
Абе ок, знам јас за што таа се смета во православието. Јас само правам споредба меѓу христијанството и православието и како се накалемиле тие пагански елементи и култови од паганството во православието.
Инаку многу добро ми е познато дека во православието блажената Марија се обожава како божица, нема потреба да ме потсетуваш за тоа.

Дали ако не беше блажената Марија ќе се родеше Господ Исус Христос?
Дали ако не беше мајката на блажената Марија ќе се родеше Марија?
Дали ако не беше баба и ќе се родеше мајка и на блажената Марија?
Дали ако не беше прабаба и... итн.
Сакаш да кажеш дека семоќниот Бог зависел од сите овие луѓе и не би можел да се отелотвори без нивна помош? Кутриот таков „бог“.

И ајде баш сакам да го чујам твоето објаснување зошто Исус никаде во евангелијата не ја нарекол блажената Марија „мајко“, туку и се обраќал со „жено“ (како што им се обраќал и на сите останати жени):

„Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.” Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час.“ (ев. Јован 2:4, Библијата)

„А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!”“ (ев. Јован 19:26, Библијата)


Се е преку неа се започна преку блажена Марија.

Можеби така е според православието (каде што блажената Марија се смета за божица). Но според христијанството се е преку Исус и се започне преку Него:

„Во почеток беше Словото (Исус), и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Тоа беше во почетокот во Бога. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.“ (ев Јован 1:1-2, Библијата)

„Тој (Исус) е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување.“ (Колошаните 1:15-17, Библијата)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Оваа тема е по 100 пат повторувана со истите членови.
Надмудрувањето со протестантите е безсмислено бидејки колку и да ви објаснуваат вие сте како папагали само исто повторувате и зборувате само тоа што сте го наумиле со човечката совест и ум а при тоа заборавате на основната човечка особина благодарност,слава итн....
На тие светители на кој се молат православните на истите тие кој Бог ги одреди и дари со надприродна моќ да помагаат на останатите нивни браќа истите тие се сега заедно со Бог на небесата и со самото поклонување и молитви упатени кон нив очекуваме и тие да се помолат за нас на нашиот Единствен и жив Бог.
Во светите книги се опишани настаните и од почнувањето на мисијата на Спасителот.
па затоа не барај да ти пишуваат биографија од колевка па до 33 каде детето се обраќа со Мамо.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 19:14 ---
Muki-20 Што е тоа застори?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Дали ангелите (некои верници веруваат дека постојат божји гласници) веруваат во Бога?
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Знаеш ли што зборуваш!!!?
ДА МАЈКАТА БОЖЈА Е НАЈСВЕТОТО ИМЕ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО!
и се сметка како покровителка на луѓето како од смртник човек како мајка на Спасителот постана Божица.
Дали ако не беше блажената Марија ќе се родеше Господ Исус Христос?
Се е преку неа се започна преку блажена Марија.
Зашто ја споредуваш таа го роди Месијата,колку пострада додека го гледаше пишувањето на новото евангелие зар не заслужува слава!

Вакво хулење не се надевав дека ќе слушнам од Христијанин Господ нека ти е на помош.
Не е хулење туку напротив, во Библијата убаво пишува да не се молиш на никог друг освен на Бога.
Дева Марија била грешник како нас, а најсвето име во Библијата е
ИСУС.
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Не е хулење туку напротив, во Библијата убаво пишува да не се молиш на никог друг освен на Бога.
Дева Марија била грешник како нас, а најсвето име во Библијата е
ИСУС.
Ех .. ти одеше добро едно време и на крај ’падна’. Најсвето име е името на Бог т.е. ЈХВХ, Јахве, Јехова.. како и да е :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Токму така, и во Исламот истото е така.

Но сега, дали разговараше со Исус или Исус не беше создаден??
Изразот „...директно преку застори со Бог...„ е противречен: ако Мојсеј разговарал со Бога непосредно, а раговрал непосредно, што ќе му биле на Мојсеја т.н. „застори„? Што подразбираш под поимот „застор„? Параван, преграда, завеса?...

Мојсеј разговарал со Бога, несомнено, но не со некој поединечен ипостас ос Троичноста Божја, туку со Бога како заедница. Мојсеј разговарал со Бога непосредно, преку благодатната Божја енергија, не „очи во очи„, очи Бога никој не Го видел, во Неговата природа.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 19:59 ---
Дали ангелите (некои верници веруваат дека постојат божји гласници) веруваат во Бога?
Ангелите не веруваат во Бога, од проста причина: Ангелите се во непосредна Божја близина, секој во својот чин и ред, што значи дека ангелите Го знаат Бога.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 20:03 ---
Дева Марија била грешник како нас,
Ако Марија Богородица била толкав грешник, како што се напињаш за Ја опишеш, зашто токму Таа Го роди Бога Словото а не некоја друга жена?...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако Марија Богородица била толкав грешник, како што се напињаш за Ја опишеш, зашто токму Таа Го роди Бога Словото а не некоја друга жена?...
Само Господ може да каже кој колкав грешник бил, но Божјото Слово е кристално јасно дека нема ниту еден безгрешен човек т.е. дека сите луѓе се грешни, освен Богочовекот Исус кој единствено не направил никаков грев. Значи се разбира дека апостолите, блажената Марија и другите Христови ученици биле грешни и правеле гревови.

Па и Елисавета да го родела, ти ќе речеше: Е зошто баш Елисавета, а не некоја друга? Значи и за која било да го родела, секогаш ќе може да се каже: Е зошто баш таа, а не некоја друга?
Само Бог знае зошто одбрал баш преку Марија да се отелотвори, а ние колку и да се правиме паметни не знаеме зошто така избрал. Не знаеме дали критериумот на Бог бил личноста да биде најмалку грешен, најсвет, да исполнува некои предуслови или сл. Но сигурно знаеме дека блажената Марија не била најголемата во Христовите очи, бидејќи Исус јасно кажал дека никој од родените од жена не се издигнал над Јован Крстителот.

„Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.“ (Исус Хрисос, ев. Матеј 11:11, Библијата)
--- надополнето: 13 јули 2013 во 22:17 ---
Прашање до Христијаните:

Дали Мојсеј зборуваше директно преку застори со Бог?

Не.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако Марија Богородица била толкав грешник, како што се напињаш за Ја опишеш, зашто токму Таа Го роди Бога Словото а не некоја друга жена?...
Можи имала заносно тело и Бог се заљуби во неа
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Само Господ може да каже кој колкав грешник бил, но Божјото Слово е кристално јасно дека нема ниту еден безгрешен човек т.е. дека сите луѓе се грешни, освен Богочовекот Исус кој единствено не направил никаков грев.
Проверена финта: кога на потестант ќе му „зафали„ одговор, веднаш се повикува на Бога, небаре Он нема друга работа па веднаш се поставува во функција и помош од оној кој на Него се повикал.

Тоа што токму Богородица е одбрана да Го роди Бога Словото, има своја длабока логика.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 22:26 ---
Само Бог знае зошто одбрал баш преку Марија да се отелотвори, а ние колку и да се правиме паметни не знаеме зошто така избрал. .
А кои сте тоа „ние„ кои не занете? Од кај знаеш дека ние не знаеме?
--- надополнето: 13 јули 2013 во 22:29 ---
Но сигурно знаеме дека блажената Марија не била најголемата во Христовите очи, бидејќи Исус јасно кажал дека никој од родените од жена не се издигнал над Јован Крстителот.
.
Ма сигурно, но само доколку направиш комбинација од два контекстуално одовени стихови, кои еден со друг немаат врска и ги „залепиш„ со мисловно „лепило„, мислејќи дека си го открил точниот одговор.

Патем кажано, воопшто не споменав дека Богородица била голема токму во Христовите очи, туку во Божјата промисла.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 22:32 ---
Можи имала заносно тело и Бог се заљуби во неа
Самото име „Марија„ има свое значење: „Од Бога сакана„.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Самото име „Марија„ има свое значење: „Од Бога сакана„.
нема “од бога“

It became popular with the spread of Christianity as a Latinized form of the Hebrew name of Jesus' mother Mary (Miriam in Hebrew or Maryam in Aramaic). The meaning of the name is uncertain, but it may originally be an Egyptian name, probably derived from mry "beloved" or mr "love"[2] ("eminent lady" or "beloved lady"), although it was used in Europe even before the establishment of Christianity as a female form of the Roman name Marius.[3]
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Самото име „Марија„ има свое значење: „Од Бога сакана„.
Етимолозите не се баш едномислени кои се корените на името Марија. Некои ја застапуваат теоријата дека тоа има египетско потекло, некои еврејско. Можеби името да води и корен од зборовите „горчина“ или „горчливо море“.

На еврејски "горчина" се вели: мара / марах, а пак „море“ на еврејски се вика: „јам“; и ако ги споиме овие два еврејски збора ја добиваме кованицата мара-јам (горчливо море/ море од горчина) што е многу блиску до еврејското име Мирјам.

"Дојдоа до Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нерекле тоа место Мара." (Излез 15:23, Библијата)

Дополнителна потешкотија во одредувањето на коренот е тоа што староеврејскиот јазик нема самогласки, туку само согласи.
Еве линк за можните потекла на името Марија:
http://newtheologicalmovement.blogspot.com/2011/09/what-does-name-mary-mean.html
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Етимолозите не се баш едномислени кои се корените на името Марија.
Не сум зачуден што етимолозите не се едногласни по тоа прашање, исто како што не сум зачуден ако научниците од една и иста наука, не се едогласни дури и кога се во прашање општо прифатените теории во нивните науки. Таа неистомисленост произлегува од нивното потпирање на истражувата засновани само на својата/нивната способност, а латентно, и на својата суетност, која не им допушта да се согласат со туѓите мислења и ставови.

Кога напишав дека името „Марија„ значи „од Бога (Јехова) сакана„, се повикав на толкувањето на евангелието по Матеј, составено од проф. Раторим Гроздановски.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 23:24 ---
нема “од бога“

It became popular with the spread of Christianity as a Latinized form of the Hebrew name of Jesus' mother Mary (Miriam in Hebrew or Maryam in Aramaic). The meaning of the name is uncertain, but it may originally be an Egyptian name, probably derived from mry "beloved" or mr "love"[2] ("eminent lady" or "beloved lady"), although it was used in Europe even before the establishment of Christianity as a female form of the Roman name Marius.[3]
Проф. Гроздановски ги наведува следните значења од името „Марија„:
- „онаа која Го сака Јехова„,
-„од Јехова сакана„ и
-„сакана од Бога„.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не сум зачуден што етимолозите не се едногласни по тоа прашање, исто како што не сум зачуден ако научниците од една и иста наука, не се едогласни дури и кога се во прашање општо прифатените теории во нивните науки. Таа неистомисленост произлегува од нивното потпирање на истражувата засновани само на својата/нивната способност, а латентно, и на својата суетност, која не им допушта да се согласат со туѓите мислења и ставови.

Кога напишав дека името „Марија„ значи „од Бога (Јехова) сакана„, се повикав на толкувањето на евангелието по Матеј, составено од проф. Раторим Гроздановски.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 23:24 ---


Проф. Гроздановски ги наведува следните значења од името „Марија„:
- „онаа која Го сака Јехова„,
-„од Јехова сакана„ и
-„сакана од Бога„.
Тој може да наведе шо сака ако при тоа се повика на конкретни зборовои од арамејскиот јазик, а на арамејски нема такво нешто.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ако Марија Богородица била толкав грешник, како што се напињаш за Ја опишеш, зашто токму Таа Го роди Бога Словото а не некоја друга жена?...
Не се напињам воопшто, секако дека Марија била мајката на Исус, и треба да се почитува, но далеку од тоа дека треба да се молиш на неа.
Нигде во Библијата не го сретнав тоа.
--- надополнето: 14 јули 2013 во 01:05 ---
Ех .. ти одеше добро едно време и на крај ’падна’. Најсвето име е името на Бог т.е. ЈХВХ, Јахве, Јехова.. како и да е :)
Тоа се подразбира, но незнам дали на Бог треба да му ставиш име?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom