@hotice
Лампард не може да се споредува со никој што има играно до сега за Челзи. Тој е икона на клубот.
Дрогба ни донесе лш да, но 2008 беше главниот индиректен виновник што Челзи испадна на пенали, да беше тој во игра Тери немаше да го шутира 5-от пенал.
Се е тоа можеби но сепак Дрогба има повеќе шанси да даде гол од што Тери.
Со Мурињо играше добро, потоа го снема се до периодот со Хидинг и повторното препородување од страна на Хидинг. Со Анчелоти првата сезона газеше се пред себе, може да се каже најдобрата сезона што ја има изиграно во Челзи. Втората сезона со дебелиот следуваше пад на формата, како и на целиот Челзи (исклучок Френки), се до периодот со Роберто.
Значи од 9 сезони тој изигра 5 на врвно ниво, значи ипак според твојава логика човек треба да се замисли дали да го стави во легедни.
Просек играчи беа Калу, Фереира, Микел, Тиаго,Бриџ,Фло, , Шева,Жирков Филипс па и Торес (до сега според прикажаното).
Ама играчи од типот на Макелеле, Карваљо, Есиен, Балак, Џо, Гудионсен, Хасалбенк се ипак некој вид на легенди.
Ок Малуда не беше некој светска класа играч, но сепак беше клучен играч 3 сезони забележа преку 200 настапи дреот го носеше 6 сезони сепак заслужува некаков епитет на легенда.
Како и да е секој фан си има различно гледање врз играчите, за мене ќе биде легенда за тебе не за некој трет можеби нешто друго...
Де Роси е екстра играч добро би се вклопил во Челзи плус ако се земе за сума околу 15 м би била уште подобра зделка, ама сега со овој состав што го имаме на располагање би бил вишок, т.с треба испаѓање на еден од Есиен/Микел/Рамирес.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 21:30 ---
Секоја чест ако го потпишете Де Роси...
До пред некое време мислев дека е невозможна мисија, ама ептен во лоши односи бил со раководството на Рома и тренерот, воопшто...
Заслужува да игра во тим што игра во лш и секако има амбиција да ја освои. Сега му е право време да тргне по таков предизивик, за година-две веќе ќе биде доцна.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 21:33 ---
Купи 10 млади играчи, ваљда од нив 5 ќе испаднат ко што треба.
Секако дека нема шанса од секој талент да биде класа играч, но ние ја претеравме секоја сезона зимаме по 3,4 нови.
Треба малку да им се обрне внимание и на тие што се претходно купени, а не само да се праќаат на позајмици.
Да излезат играчи од Калаш, Мекехрен, Чалоба, Феруз, Т. Хазард, Бејкер доволно е...
