Никој не бара да се согласиш. Повели, контактирај го авторот и демантирај го. Доста е активен на нет!
Денес е лесно да се биде во контакт и да биде човек демантиран но и да демантира
По твоите мненија за езотеријата, не можам да се согласам дека нешто си сфатил во врска со праксата и симболите (читаш само книги кои може да ги разберат профани, нели?) - да сфатеше, друга песМа ќе пееше, нели? Но ти си секако заљубен во Дион Форчн, така да, во ред е - те разбирам. Секој треба да ги прочита книгите ако мисли да се заморува со судот даден од Родни и да му одговори каде и кога погрешил тој во својот суд...
Јас никогаш не сум ја сакал Дион секако... не можам да кажам дека се добри книги Мистична кабала или Психичка самоодбрана... премногу ме потсетуваат на денешните книги како што се „Моќта на потсвеста“ и слични од таа бранша...
За почетник, за да знае дека има и подобро, во ред е да ги прочита, не велам нјиет
--- надополнето: 10 јули 2013 во 16:57 ---
Ако го правиш она што ти е волја, зарем не си роб на своите желби?
Philosoraptor.jpg
Друго прашање, дали "ѕвездите" на меинстрим музичката индустрија како Џеј-Зи, Риана, Лејди Гага, Ќеша, итн, се Сатанисти и окултисти,
на пр. Џеј-Зи носеше блузон со натпис
Прави што ти е волја
И дали Сатанистите се пронаѓаат во
литературата за девојчиња од пред-тинејџерска возраст?
Благодариме на одговорот однапред
Прошарај низ мојот блог и ќе најдеш која е разликата од „чистата волја“ од една страна и желбите од друга. Би ти дал листа на книги, но ги има наназад по темава а и на мојот блог, да не пишувам залудно.
Што знам што се Риана или Лејди Гага? Не ми е многу грижа... телемити не се, а за сатанисти, прашај ја ќерката на Антон ЛаВеј
Секој може да носи што сака како сака... и ти може да носиш таков натпис..., а да не си телемит...
И темата е телема и телемити, за сатанизам има тема, оди таму бркај духови. Не се заморувам со девојчиња, тоа е педофилија, ако не си знаел!
93 93/93
П.С. Ти не беше еден досаден чуден рисјанин кој што заморуваше со сатанисти насекаде по подфорумот религија дури и таму кај што не треба?
Ама да, за тебе сите се сатанисти што не се христијани, јасно!