Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Тоа е далеку од авангарда. Плус не е рок/метал, него е само метал. Блек метал.
;)

Ех велиш далеку се? Јас велам дека се... за телема збориме! :P
Бехемот не се само музика ;)
Исто и Терион, Iron Maiden, Bond, Bruce Dickinson, God Dethroned можеби, . да не ги заборавиме Tool, David Cerubim, Coph NIA,Current 93... итн итн :D
Вие барајте други музички имиња кои се занимаваат со телема во нивната работа! ;)

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Во уметноста важи правилото:"Не е битно што правиш, туку како тоа го правиш".

Од уметнички аспект, нема никаква врска дали песната е за Хорус или за три девојке, што тикве брале.

Ако мислиш дека начинот не е битен туку е битно за што пее песната, тогаш многу боље еден текст да напраиш и да го прочиташ како реферат.

Рака на срце, овие забелешки немаат врска со темата и се речиси безначајни за неа.
Ја се зачудив, што уопште има телемитски нумери, меѓу металците наши.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
И јас не знаев. Затоа споделив :) Пријатно изненаден :)

Македонија и Телема = покрај толку конзерватизам - покрај толку религиозни мешања во животот на Македонецот (измешан со национализам и политика), младите ме изненадуваат пријатно бунтувајќи се кон стегите на конзервативното и религиозните догми вкоренети во животот на Македонецот (свесно или несвесно)!

Младите се сила која не смее да потпадне под ничиј калап! НИЧИЈ! Апсолутна слобода, апсолутна одговорност! Далеку од идеите за грев, казна и слично - познато од догматските проповеди на ценетите „пресвети“ владики и имами!
Изненаден :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
А што е ако не само музика ? Само те молам без романтичарски параболи.​
:) Ок, ајде без романтични параболи ами директно на „проблемот“ со сета сила :)

Јас мислам дека секој што создава нешто, дали е уметност, дали е наука - не е „само создаденото“.
Мора да го живееш тоа што го создаваш, да го живееш тоа што го „проповедаш“ преку своите дела без разлика дали се работи ете како во случајот музика, нека биде и наука, нека биде и философија, или пак нека биде и религија...

Ако создаваш музика преку која се обидуваш да пренесеш порака која не ја самиот почитуваш или живееш во пракса - што ќе му е на светот твојата порака? Ќе биде како што ти велиш - романтичарски параболи... :) Што ќе значи моето зборување тука и постојано повторување - работете, изведувајте ритуали, вежбајте јога или некоја друга пракса која вам ви одговара - ако јас тоа не го правам? Напразно значи зборувам одозгора и ќе испадне дека ве лажам, нели :)

Ниту еден познат музички бенд или општо уметник, што и да му била пораката преку музиката или нивните дела општо, нивните текстови (слики) - не било само музиката (делата), ами и начин на размислување, начинот на живот, начин на дејствување.

Види ги само сцените на познатите уметници кои се занимаваат со музика... На пример, јас секој концерт го гледам како еден ритуал на мноштвото каде што се соединува една струја, околу една идеја - која и да е идејата и пораката на уметникот. Сцената е уредена по сите нишани! Не е се до звукот има нешто и до сликата и до кажаното :)
И како што реков - никогаш не е само до музиката!

П.С. Крајот малку романтичарски изгледа ама само за да опфатам подобро што сакам да кажам :) Сепак ова е мое мислење... И малку далеку од темата...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Ти реков, ако е пораката толку битна у уметноста, онда е многу боље како реферат да ја прочиташ на бина, неголи да ја вметнеш во уметничко дело, кај што нешто ќе се разбере, нешто не, нешто ќе се примети, а нешто не....
Многу по практичен, од тој аспект, ти е мојот предлог.

Не. Уметноста е многу повеќе од пренесување на порака. Секоја уметност која е во служба на пренесување на порака е секогаш поинфериорна, од уметноста во која пренесувањето на порака е во служба на самата уметност.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Значи само да се напише нешто... :)
Ти ќе му кажуваш на еден уметник КАКО да ја престави својата порака? Не зафркавај, по се изгледа воопшто не ја разбираш практичната страна на оваа философија! Не треба СЕКОЈ да разбере! Тоа е уметноста во пренесувањето пораки, нели...
И секако Законот (барем првиот дел) е:

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.“ - Liber AL, Поглавје I, Стих 40

Не му се заморувај до толку за уметникот и како е искористена уметноста и прочитај ми го горниот пост пак :D НЕ мислам да философирам со тебе за тоа дали Iron Maiden ја гледаат својата музика и настап на сцена во служба на пренесувањето порака или пак пренесувањето на нивната порака е во служба на музиката... Мислам, HELLO :D Кои реченици, врска нема со темата!

Ајде, 93 93/93 (Друг стих од Законот) ;)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Не викам ја дека има врска со темата. Напротив, потенцирав дека е оф-топик.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Не викам ја дека има врска со темата. Напротив, потенцирав дека е оф-топик.
И ти како некои други членови... Ајде ако може во иднина, цитирај ме, не да те бркам по форумов каде си нешто кажал во врска со мене, или реплика на мое мислење...

Ајде, 93 93/93 :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ти реков, ако е пораката толку битна у уметноста, онда е многу боље како реферат да ја прочиташ на бина, неголи да ја вметнеш во уметничко дело, кај што нешто ќе се разбере, нешто не, нешто ќе се примети, а нешто не....
Многу по практичен, од тој аспект, ти е мојот предлог.

Не. Уметноста е многу повеќе од пренесување на порака. Секоја уметност која е во служба на пренесување на порака е секогаш поинфериорна, од уметноста во која пренесувањето на порака е во служба на самата уметност.
Има начини и начини. Девојка ми на пример е ликовен уметник, на неа ако почне некој да и рецитира нешто, ќе заспие.....Ама затоа кога станува збор за сликање, друг е муабетот, знае да остави без збор, еве Хептаграм XI може да потврди. ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Морав ова да го споделам со вас...

„The name Crowley gives for someone who fails to uphold the Niyama of Thelema is a “busy-body.” A busy-body is someone who is concerned about what other people are doing, how other people are doing things, and why other people are doing things. A busy-body is concerned about someone else’s True Will rather than being concerned with their own. They are indignant about the “sins and follies” of their neighbors rather than focusing on themselves, and generally meddle in others’ affairs. A busy-body, in short, does not mind their own business.“

А целиот текст може да го најдете овде - WHAT IS THE “IDEAL THELEMITE”?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
Излезе вториот број на Самек списанието на Secret Fire Оазата, Скопје!

Повелете линк за оние кои се заинтересирани да прочитаат нешто...
Се надевам ќе ви се допадне...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.253
Поени од реакции
12.265
"All Art is Magick." ~ Aleister Crowley, Liber ABA, Part III, Ch. X.

Кај смееме без линк до оригиналот да ве оставиме? Дали смееме мислам? И со оригинал забегувате и си градите кули од кастриран мистицизам не пак без оригинални текстови кои мора да ви се буткаат под нос за да ги видите - не сте далекувидни затоа мора поблиску! Проклети Теоретичари на заговори, почнете да учите! :)
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Излезе вториот број на Самек списанието на Secret Fire Оазата, Скопје!

Повелете линк за оние кои се заинтересирани да прочитаат нешто...
Се надевам ќе ви се допадне...
Све тоа ОК, кого го занима ќе си читне...
Али у никој случај не можам да се согласам со оценката за некои од делата на Дион Форчн. Тука пред се мислам на оценката за Психичка Самоодбрана. Авторот веројатно знае дека Мистична Кабала, или недај боже Космичка Доктрина, не се споредуваат со Психичка Самоодбрана. Последнава е наменета за многу поширока публика и секој профан може да ја чита и разбере (речиси се во неа).
Тоа се книги наменети за различна публика.
Втора работа е што во неа се опишуваат безвременски примери и случаи, кои се актуелни и ден денес и од кои можат сите да извлечат поука.
Јас пред едно десет +, години имав случај ист до детали, како еден опишан во книгата. Многу ми помогна да сфатам што се случува и да знам како да помогнам.
Да не должам, не се сложувам со оценката за Психичка Самоодбрана и сметам дека го наведува читателот на погрешен заклучок за книгата.

На крајот од краиштата (ако сакаме окултно цепидлачење) Космичка Доктрина* не е од Дион Форчн, додека Психичка Самоодбрана е.


* а чинам и некои работи во Мистична Кабала (има наведено дека се диктат)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom