Кои се најбарани професии во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Како што тргнала работава ниту за програмери ниту за инжнери би имало работа. Еве јас сега треба да дипломирам на градежен на геодезија и после треба да му одам на некој за 250 евра плата, свесно дека газдата на мене прави по 1200 евра месечно а мене да ми даде мочани 250 евра со кои неможе еден човек да помине месечно а не пак да гледа семејство. На мојот смер кога се запишав имаше 60 души од нив дали ќе дипломираме есенва 10 души, али после мене следеа 2 генерации од кои едната со запишани 130 души и друга со 100 души, по пола предмети му го спуштиа критериумот и најтешките кои во прва година кај мене ги положивме по 15 души сега ги поминаа по 70 души бидејќи се смени професорката. Каде би работеле сега со мојот смер, во приватните фирми работата завршува за во рок од 2 години така да таму ќе се редуцира бројот на вработени, а бројот на луѓе кои завршуваат и кои ќе завршат ќе биде поголем од година на година. Во катастарот работат се само геодетски инжинери не, таму работат оние кои се или партиски војници или имаат вујко владика иако имаат завршено земјоделски, ветеринарен или пак некое рандом средно училиште, земаат од 15-20 илјади денари и плус уште 500 евра месечно од мито, поклони и работа во приватните геодетски фирми за време на смената си прават елаборати.
Така да сеисто е што и да завршите денес во оваа смотана држава, денес ги направија факултетиве во нашава земја за секој просечен па дури и потпросечни и тоа државните, за приватните не сакам ни да разговарам бидејќи кога гледам какви луѓе завршуваат таму ми се гади. Не е можно да имаме толку паметен народ па да се запише 97% на факултет од кои барем 50% ќе завршат.
Дај кажувајте како да се бега од земјава, а да не се вади бугарски пасош или крај краева и да мора да се вади како одат таму постапката и временски оти како што доаѓа време ни со бугарски нема македонци да сакаат кога за 2-3 години ќе почне масовно да се иселува оваа раја :)
 
А да научиш ти море од закони и да знаеш правилно да ги применуваш е лесно нели? Таман за касиер во тинекс! А за тоа колку во странство е платен еден адвокат, судија, обвинител, нотар ... воопшто не сакам нити да зборувам. И се поради тежината и одговорноста на професијата. А ти сметаш дека правници и економисти се способни само за касиери

Си пробал да учиш јазици? Знаеш како е? Немој да ми правиш споредби жити се... Јас сум економист имам прочепкано од html ... Кога во нешто не се разбираш те молам не прави вакви глупави споредби...

Има причина зошто веб страна чини 500-700 евра и се прави за 5-6 дена... А има причина зошто економистите земаат кај нас 200-300 евра...

Сакаш да збориме за странство? Знаеш колку повеќе пари земаат програмерите од економистите? Кога ќе прочитам вакви бисери ми се плаче...

А и што ти требаше споредбата муабетот беше дали некој може да го научи програмскиот јазик сам дома или со стручно лице и учебници и примери... Све експерти станавте мајко му стара незнам зошто само не земате сите огромни плати пошто стварно како ве читам на форумов све знаете... Немате потреба од надоградба,курсеви,факултети и сл.
 
Почит кон лижачите?

Човече, во кој филм живееш? Читаш онака како што сакаш да читаш или онака како што е напишано? Не знам што не ти е јасно.

А, што баpаш ти да функциониpа во Македонија?

Дај сpеди си муабетите.
--- надополнето: 7 јули 2013 во 12:18 ---

За да заминеш во стpанство, со цpно на бело и се добpо потковано, легално, е навистина тешко. Скоpо невозможно. Освен да имаш некој што познава некој што познава некој и да те пpeпоpача. Ама, и тоа не е гаpанција.
--- надополнето: 7 јули 2013 во 12:19 ---

Сите сакаат искуство да имаш, ама овде не можеш нит искуство да добиеш, а тоа е муабетот. Знам неколкумина кои што pаботаат за да као демек собеpат искуство, а буквално се малтpетиpани од pабота, без живот.

Па то е берење искуство. Јас не знам како го замислувате процесот на берење искуство. Ко шо кажав то е класика gay porn. За прво работно искуство плата не е битна, јас иам работено и за 50е и си ќутев оти имам сватено дека мора од негде да се почни. Нормално дека во секундата ко седнав на работа одма почнав да барам друга. Муабето ми е не ја гледајте платата првите неколку години после факс
 
Почит кон лижачите?

Човече, во кој филм живееш? Читаш онака како што сакаш да читаш или онака како што е напишано? Не знам што не ти е јасно.

А, што баpаш ти да функциониpа во Македонија?

Дај сpеди си муабетите.

За ова со лижачите те помешав со друг член, вчера праевме за то муабет, а за ова другово шо не ти е јасно, или не ме разбираш или па те мрзи да ги дочитуваш коментариве и сакаш да се расправаш или па си ја утнал поентава на муабетов начисто. Прам муабет за работните места и платежниот систем во државава........................ еееее шо мразам вакви ко тебе брат, не ти објаснувам пак гет фак.
 
Си пробал да учиш јазици? Знаеш како е? Немој да ми правиш споредби жити се... Јас сум економист имам прочепкано од html ... Кога во нешто не се разбираш те молам не прави вакви глупави споредби...

Има причина зошто веб страна чини 500-700 евра и се прави за 5-6 дена... А има причина зошто економистите земаат кај нас 200-300 евра...

Сакаш да збориме за странство? Знаеш колку повеќе пари земаат програмерите од економистите? Кога ќе прочитам вакви бисери ми се плаче...

А и што ти требаше споредбата муабетот беше дали некој може да го научи програмскиот јазик сам дома или со стручно лице и учебници и примери... Све експерти станавте мајко му стара незнам зошто само не земате сите огромни плати пошто стварно како ве читам на форумов све знаете... Немате потреба од надоградба,курсеви,факултети и сл.

Има причина, причината е крвави очи, асоцијализираност и други говнарии кои неможам да ги трпам, флексибилно работно време да ? Си се заебал момаку, има дедлајн, некои дедлајни се по 5 дена и ти треба минимум да потрошиш 10-15 саати дневно за да сакрпиш сајт со 5000 артикли на него. Моментално работам како веб дизајнер со php и ajax кодирање, зависно од клиентот, сака измени додавки и слично, и знаеш што, да барам работа за да можам да напреднам малку, зашто ја обработувам цела страна, и имам добиено и на брзина и на знаење ама гледам дека тоа е тоа нема многу многу решавање на проблеми како порано кога почнав, сега ми се гола вода. Нема ценење ако сакаш работи ако сакаш не... Или оди на мајкати барај и пари ... И ќе кажам дека на факултет ништо значи буквално ништо не сум учел од ова што сега го применувам, интернет книги и туторијали цело време и едно тетратче и пробувај пусти крпи прави, е така се научив на се од горенаведеното...

Газдата зима 800-1500 евра од страна јас зимам 100 од една фулл изработка. Он работи со клиенти од странство, Америка, Канада и Австралија каде што едно решение е горе долу 2000-3000 долари без е-комерц на сајтот.
 
Незнам кој се точно најбарани ама занаетчискиве работи си носат добар профит, механичариве во градов кај нас еве парче прават за најмал проблем 5 минути работа ќе ти земат 100-200ки а кога и да отидеш имаат еден куп коли и мотори оставени за поправки.. друго бербер некој спомна на предходниве страни, еве мојот бербер на пример има добра локација во градов (не е строг центар ама држи бајги луѓе) и кога и да отидеш има 2 барем пред тебе а работи од 8-12:00 / 12-20:00 и прави доста пари, еве пример минимум по 30-40 луѓе на денот ги шиша по 100 денари тоа ти се 4000ки на ден и поарно од тоа што сакаш. Еве последно имавме дома со фасадери нешто работа и бидејки се и пријатели со моите си кажуваа што како одат цените на сите материјали и според нашите пресметки за 10 дена 3/4 луѓе колку што работеа имаат чисти 1000-1500 евра профит.. и кога ќе видиш сите овие навидум потценети работи (без факултет) си заработуваат сосема доволно за наш стандард 1000+ евра.

Да не ме сватите погрешно не дека ги потценувам факултетите (и самиот студирам а здравје после тоа планирам и постдипломски во странство) и секако дека факултетот дава предност ама поентата ми е дека треба секој да се труди сам да си створи работа свој бизнис зошто во државава неможеш да очекуваш дека ако завршиш факултет ќе те вработи некој и ќе те плаќа колку што ти мислиш дека треба.. ете спомнавте погоре графички/веб дизајнери колку профит правел газдата на вас, епа ете соберете се 3-4 поквалитетни дизајнери пробајте пробијте се сами и не дозволувајте некој друг да печали на вас.

Јас би работел кај друг (безразлика на плата) само за да стекнам знаење, вештини и да ја искористам таа работа како отскочна даска а никако не се гледам како моја крајна работа безразлика дали ме плаќал над просек за наш стандард или не.. тука мислам и владата може да има влијание врз развивање на претприемачкиот дух кај младите и општо кај луѓето со стварно поволни кредити и стварање услови за мали бизниси а не да привлекува странски фирми со фора “ефтина работна сила“ каде што луѓево ќе црнчат од утро до мрак за 150-200 евра плата. И треба да се смалат бројките за упис на некои факултети на пример 600 луѓе годишно на правен е премногу, исто и дисперзираните студии да се стегнат малце повеќе а не и ќоро и сакато да завршува на нив со малку труд и после да плаче како завршил факултет а нема работа..
 
Си пробал да учиш јазици? Знаеш како е? Немој да ми правиш споредби жити се... Јас сум економист имам прочепкано од html ... Кога во нешто не се разбираш те молам не прави вакви глупави споредби...

Има причина зошто веб страна чини 500-700 евра и се прави за 5-6 дена... А има причина зошто економистите земаат кај нас 200-300 евра...

Сакаш да збориме за странство? Знаеш колку повеќе пари земаат програмерите од економистите? Кога ќе прочитам вакви бисери ми се плаче...

А и што ти требаше споредбата муабетот беше дали некој може да го научи програмскиот јазик сам дома или со стручно лице и учебници и примери... Све експерти станавте мајко му стара незнам зошто само не земате сите огромни плати пошто стварно како ве читам на форумов све знаете... Немате потреба од надоградба,курсеви,факултети и сл.
Очигледно дека или не си го прочитал мојот одговор или воопшто не си го разбрал. Претпоставувам дека е второто пошто гледам дека јазиците тешко ги сфаќаш
--- надополнето: 7 јули 2013 во 21:52 ---
Да, студент на електро може да заврши правен, студент на правен нема шанси да заврши електро.
Кога има оглас за правник најчесто имаш 100+ пријавени кандидати, за инжинер/ програмер дали ќе имаш десетмина пријавени. Тоа ти ја кажува понудата/побарувачката на професии.
Твојот пост слатко ме изнасмеа :) Значи студенти на електро се сите до еден генија. Се прашуваш зошто истите тие инжинери кога ќе им притреба правен совет ангажираат адвокат????
 
Очигледно дека или не си го прочитал мојот одговор или воопшто не си го разбрал. Претпоставувам дека е второто пошто гледам дека јазиците тешко ги сфаќаш
--- надополнето: 7 јули 2013 во 21:52 ---

Твојот пост слатко ме изнасмеа :) Значи студенти на електро се сите до еден генија. Се прашуваш зошто истите тие инжинери кога ќе им притреба правен совет ангажираат адвокат????

А дали некогаш си се запрашал зошто на електро само 15-20 % од студентите завршуваат на време, а на општествените науки таа бројка е едно 2-3 пати поголема?
 
Некому му се потребни 10 години за да заврши и средна школа.
 
Има причина, причината е крвави очи, асоцијализираност и други говнарии кои неможам да ги трпам, флексибилно работно време да ? Си се заебал момаку, има дедлајн, некои дедлајни се по 5 дена и ти треба минимум да потрошиш 10-15 саати дневно за да сакрпиш сајт со 5000 артикли на него. Моментално работам како веб дизајнер со php и ajax кодирање, зависно од клиентот, сака измени додавки и слично, и знаеш што, да барам работа за да можам да напреднам малку, зашто ја обработувам цела страна, и имам добиено и на брзина и на знаење ама гледам дека тоа е тоа нема многу многу решавање на проблеми како порано кога почнав, сега ми се гола вода. Нема ценење ако сакаш работи ако сакаш не... Или оди на мајкати барај и пари ... И ќе кажам дека на факултет ништо значи буквално ништо не сум учел од ова што сега го применувам, интернет книги и туторијали цело време и едно тетратче и пробувај пусти крпи прави, е така се научив на се од горенаведеното...

Газдата зима 800-1500 евра од страна јас зимам 100 од една фулл изработка. Он работи со клиенти од странство, Америка, Канада и Австралија каде што едно решение е горе долу 2000-3000 долари без е-комерц на сајтот.

Епа зошто тогаш одат на ФИНКИ... За да се заебаваат? За да даваат пари од што им е досадно? За да полагаат испити пошто е интересно? Не гледам поента зошто би постоел факултетот тогаш...
--- надополнето: 8 јули 2013 во 00:18 ---
Очигледно дека или не си го прочитал мојот одговор или воопшто не си го разбрал. Претпоставувам дека е второто пошто гледам дека јазиците тешко ги сфаќаш
--- надополнето: 7 јули 2013 во 21:52 ---

Твојот пост слатко ме изнасмеа :) Значи студенти на електро се сите до еден генија. Се прашуваш зошто истите тие инжинери кога ќе им притреба правен совет ангажираат адвокат????

Очигледно ти незнаеш што сакаш да кажеш... Не гледам поврзаност на твоите постови со темава или пак со моите постови :)
 
Епа зошто тогаш одат на ФИНКИ... За да се заебаваат? За да даваат пари од што им е досадно? За да полагаат испити пошто е интересно? Не гледам поента зошто би постоел факултетот тогаш...
Абе брат има разлика од правење веб страни до програмирање, ама на кого да му го објасниш тоа, луѓево ќе прочепкаат нешто и после се мислат програмери, 1000 души на ФИНКИ што сме, сите сме будали...
 
Ви се дава пари брат тоа е... Врска немате ни вие, ни професорите... Имаш експерти тука на кајгана они ќе те научат на струка не се секирај (y)
 
Сакаш да кажеш дека на општествените факултети се запишуваат поинтелегентни луѓе?
Не! И на факултетите за општествени науки и на оние за природни се запишуваат и интелигентни и глупави луѓе. Изборот на факултет не се прави според степенот на интелигенција, туку според она што еден човек го интересира, она што го влече. Фидел Кастро, Ганди, Нелсон Мандела, Абрахам Линколн, Џон Гришам се само дел од познатите правници чија интелигенција никогаш не била оспорена. Значи студирањето на еден факултет не те прави попаметен или поглуп од студирањето на некој друг факултет.
--- надополнето: 8 јули 2013 во 00:26 ---
Епа зошто тогаш одат на ФИНКИ... За да се заебаваат? За да даваат пари од што им е досадно? За да полагаат испити пошто е интересно? Не гледам поента зошто би постоел факултетот тогаш...
--- надополнето: 8 јули 2013 во 00:18 ---

Очигледно ти незнаеш што сакаш да кажеш... Не гледам поврзаност на твоите постови со темава или пак со моите постови :)
Мора да си програмер :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom