Strenght
Never Give Up!!
- Член од
- 24 април 2010
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 1.824
Зборам за газди(така да ги наречам) на некои помали ствари кои сепак имаат трошкови даноци, комуналии, робата да ја платат и.т.н. не зборам за оние профи газди кои имаат големи бизниси и кои вртат големи пари, зборам за ситни стопанственици кои фактички отвориле бизнис(ако може да се употреби воопшто тој збор бизнис) колку да земат пари за гол живот за своето семејство !
Ај остај тоа секако дека и државата е крива, никој нема право да ја брани државата и политичарите бидејќи пази експлоатација не се прави само во приватниот сектор, уште поголема експлоатација се прави и во државниот сектор(особено последниве неколку години/скоро цела една деценија наназад) каде што илјадници млади волонтираат со години за некои смешни пари(неколку илјадарки на месец) и никој од надлежните не спроведува ништо околу ова прашање, во прашање се стотици/илјадници млади кои работат со години по болниците, школите, градинките и.т.н. на кои им се ветува работното место кое веќе со години го држат но сето тоа до бесконечност и за ситна пара, волонтерите б.т.в. работат потполно исто како и редовно вработените цела смена 8 часови секој работен ден, имаат иста одговорност на работното место како и редовно вработените а притоа немаат никакви работнички права ниту стаж, ниту здравствено, ниту плата, ниту пак право на годишен одмор, слободни денови, право на боледување(поради некаква причина) и сл. !
Капитализам сме секој го знае тоа но до волку мизерни и никакви работнички ’’права’’ нема никаде на друго место, дури и во Африка сум сигурен дека работниците имаат поголеми работнички права од рандом Македонскиот работник !
Сума сумарум исти ку*ац ти е и приватниот и државниот сектор(освен за оние кои се редовно вработени со сите работнички бенефиции/права) !
П.С. Во државниот сектор(од тие преку 150 000 вработени таму) има едно 20-30% на лица кои си ја заслужуваат платата и навистина работат, но 70% од административците без разлика дали станува збор за медицински установи, просвета, судство, армија, полиција и.т.н. се на принципот клатај врата-зимај плата !
Моето мото е кој има можност и шанса ич нека не размислува нека фаќа авионот/автобусот/возот/бродот вотева и нека бега што подалеку одовде !
Пази волонтерите не се водат како невработени Работат полно работно време а платата нема да ја наречам ни смешна...
Има луѓе кои што стварно се трудат... Ама многу е мал процентот да успееш во државата кога си на ниво да немаш ништо, а сакаш да направиш нешто.. Обично тој што имал ќе има, тој што немал пак ќе нема...