Рубикова коцка

Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Со околу 300 милиони продадени примероци, Рубиковата коцка се смета за најпродавана играчка на светот. Иако идејата е родена порано, првите примероци во продажба се пуштени пред точно 30 години во Будимпешта.

Најпопуларната коцка на светот се состои од девет мали еднобојни коцки на секоја страна, а вкупно ги има 54. Кога боите на тродимензионалната коцка ќе се измешаат, пред вас се наоѓа тешка задача. Според некои пресметки Рубиковата коцка има 43,252,003,274,489,856,000 различни комбинации.

Математичарот Морвен Б. Тистлетвеит смислил комплициран алгоритам, според кој Рубиковата коцка може да се „реши“ со само 52 потези. Во август годинава, научниците од универзитетот во Бостон со помош на компјутери дошле до бројката 26. Засега тоа е најблиску до Божјата бројка, како што се нарекува минималниот број на потези за решавање на Рубиковата коцка.

Историјата на Рубиковата коцка започнува 1974 година, кога идејата за тродимензионалната играчка ја добил кипарот и професор по архитектура Унгарецот Ерно Рубик (на сликата).

Иако својот изум, наречен Магична коцка, го пријавил во 1975 година во Будимпешта, првиот примерок е произведен и пуштен во продажба дури во 1977 година. Во овој подвиг се впуштила унгарската фабрика за играчки Политехника и првите коцки се најдоа во продавниците.

Иако немало никаква реклама ниту промоција, Магичната коцка за една-две години стана една од најпопуларните играчки во Унгарија. Набргу интерес покажа и њујоршката фабрика за играчки Идеал Тојс, а потоа и Тибор Лаци, Унгарец вработен во германска компјутерска компанија, како и Том Кремер, исто така, успешен иноватор.

Импресионирани од коцката, двајцата одлучиле да пронајдат добар промотер за пласирање на играчката на странскиот пазар. Меѓутоа, големите компании на оваа играчка и наоѓаа маани – претешка и прескапа за производство, тешка за демонстрација на телевизија, ментално прекомпликувана, предизвик за интелектуалците, а не за младите и просечни купувачи.

Лаци и Кремер сепак успеале да го наговорат претседателот на Идеал Тојс да дојде во Будимпешта и да ја види играчката. Веднаш е потпишана нарачка од еден милион примероци.

Следната 1980 година, самиот Рубик го претставил својот изум на неколку саеми за играчки во Лондон, Њујорк и Нирнберг. Играчката го добива името Рубикова коцка и се повеќе обожаватели ширум светот.

Во рок од две години продадени се околу 100 милиони примероци, а неодамнешното истражување на пазарот во САД покажало дека преку 85 проценти од потрошувачите знаат што е Рубикова коцка.

Меѓународни натпревари во склопување на Рубиковата коцка се одржуваат секоја година во разни категории. Така, постои категорија на најбрзо склопување на коцката, со превез преку очите, со една рака, со нозе... Светскиот рекорд во брзо склопување на коцката од 9,86 секунди во мај годинава го постави во Шпанија Французинот Тибаут Жакино, а следното светско првенство ќе се одржи во Будимпешта од петти до седми октомври годинава.

Меѓутоа, со популарната коцка се прошири и зависноста од неа. Волонтерската организација „Анонимни зависници од Рубиковата коцка“, што им помага на зависниците од оваа играчка, основана е веќе во 1980 година. Една Германка од Дизелдорф во 1981 година започнала бракоразводна постапка, наведувајќи ја Рубиковата коцка како главен виновник за распаѓањето на бракот.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Рекордот е 11 секунди од некој во Кореа.
Грешка дечко.
Yu Jeong-Min од Кореа постави време од 11.76 секунди, на седми јануари 2007 година, а Thibaut Jacquinot од Франција го постави сегашниот рекорд од 9.86 секунди, на петти мај 2007 година.
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Грешка дечко.
Yu Jeong-Min од Кореа постави време од 11.76 секунди, на седми јануари 2007 година, а Thibaut Jacquinot од Франција го постави сегашниот рекорд од 9.86 секунди, на петти мај 2007 година.
Блиску бев, а за овој вториов немав слушнато. Ме мрзеше да барам на Google.
 
Член од
5 август 2006
Мислења
164
Поени од реакции
10
РУБИКОВАТА КОЦКА ГО СЛАВИ 30. РОДЕНДЕН
Местењето на „магичната коцка“ - опсесија на милиони луѓе

Светскиот рекорд во брзо склопување на коцката е 9,86 секунди, а во мај годинава го постави Французинот Тибаут Жакино, а според некои пресметки таа има 43.252.003.274.489.856.000 различни комбинации


Со околу 300 милиони продадени примероци, Рубиковата коцка се смета за најпродавана играчка на светот. Иако идејата е родена порано, првите примероци во продажба се пуштени пред точно 30 години во Будимпешта, пренесува Макфакс.

Најпопуларната коцка на светот се состои од девет мали еднобојни коцки на секоја страна, а вкупно ги има 54. Кога боите на тродимензионалната коцка ќе се измешаат, пред вас се наоѓа тешка задача. Според некои пресметки, Рубиковата коцка има 43.252.003.274.489.856.000 различни комбинации. Математичарот Морвен Б. Тистлетвејт смислил комплициран алгоритам според кој Рубиковата коцка може да се „реши“ само со 52 потега. Во август годинава научниците од Универзитетот во Бостон со помош на компјутери дошле до бројката 26 и засега тоа е најблиску до „Божјата бројка“, како што се нарекува минималниот број потези за решавање на Рубиковата коцка.

Историјата на Рубиковата коцка почнува во 1974 година, кога идејата за тродимензионалната играчка ја добил скулпторот и професор по архитектура, Унгарецот Ерно Рубик.

Иако својот изум наречен „магична коцка“ го пријавил во 1975 година во Будимпешта, првиот примерок е произведен и пуштен во продажба дури во 1977 година. Во овој потфат инвестирала унгарската фабрика за играчки „Политехника“ и првите коцки се нашле во продавниците.

Иако немало никаква реклама ниту промоција, „магичната коцка“ за една-две години стана една од најпопуларните играчки во Унгарија. Набрзо интерес пројави и њујоршката фабрика за играчки „Идеал тојс“, а потоа и Тибор Лаци, Унгарец вработен во германска компјутерска компанија, како и Том Кремер, исто така успешен иноватор. Импресионирани од коцката, двајцата одлучиле да пронајдат добар промотер за пласирање на играчката на странскиот пазар. Меѓутоа, големите компании и' наоѓаа маани на оваа играчка: претешка и прескапа за производство, тешка за демонстрација на телевизија, ментално премногу комплицирана, предизвик за интелектуалците, а не за младите и просечни купувачи. Лаци и Кремер сепак успеале да го наговорат претседателот на „Идеал тојс“ да дојде во Будимпешта и да ја види играчката. Веднаш е потпишана нарачка од еден милион примероци.

Во седната - 1980 - година токму Рубик го претставил својот изум на неколку саеми за играчки во Лондон, Њујорк и во Нирнберг. Играчката го добива името Рубикова коцка и се' повеќе обожаватели во светот.

Во рок од две години се продадени околу 100 милиони примероци, а неодамнешното истражување на пазарот во САД покажало дека над 85 проценти од потрошувачите знаат што е Рубикова коцка.

Меѓународни натпревари во склопување на Рубиковата коцка се одржуваат секоја година во разни категории. Така, постои категорија за најбрзо склопување на коцката, со превез преку очите, со една рака, со нозе... Светскиот рекорд во брзо склопување на коцката е 9,86 секунди, а во мај годинава го постави во Французинот Тибаут Жакино.

Меѓутоа, со популарната коцка се прошири и зависноста од неа. Волонтерската организација „Анонимни зависници од Рубиковата коцка“, што им помага на зависниците од оваа играчка, е основана веќе во 1980 година. Една Германка од Диселдорф во 1981 година побарала развод, наведувајќи ја Рубиковата коцка како главен виновник за распаѓањето на бракот.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
ај ,некој ако знае нека каже од каде да купам нова , квалитетна и добра рубикова коцка, оваа старава ми се искрши (за 50 ден од пазар), насекаде се разбарав , никако неможам да најдам
 
Член од
9 август 2007
Мислења
261
Поени од реакции
56
Грешка дечко.
Yu Jeong-Min од Кореа постави време од 11.76 секунди, на седми јануари 2007 година, а Thibaut Jacquinot од Франција го постави сегашниот рекорд од 9.86 секунди, на петти мај 2007 година.
Dechki, koga kazhuvate rekordi za rubikova kocka se kazhuva i kakva kocka. Imash 3x3x3, 4x4x4 i 5x5x5. Ovoj rekord e za 3x3x3.
 

Antagonist

Systematic Victory
Член од
7 април 2007
Мислења
842
Поени од реакции
41
има ли кај нас коцки 4x4x4 ??? не сум сретнал
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Имаше една другарка и памтам дека со неа секогаш се трудевме различно,шарено да ги наместиме,а не исто. :pos: :pos:

Инаку многу јака играчка е, захтева прилично концентрација.
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
еее низ дома ми се вртат неколку такви... татко ми е фанатик по неа... една ја купи за да му седи за украс наместена, и ја паметната му ја разместив цела....
Добра "играчка" самошто за жал ја неам концентрацијата за да ја местам..
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Хахахахааахахааа !

Во право е.

Ај да не биде џабе да кажам дека вујко ми од Охрид е математичар и може да ја намести за 2 минути (буквално)

Поздрав
 

bad_boy

Шчо САќАШ Мори
Член од
25 јануари 2007
Мислења
292
Поени од реакции
6
Јас ја решавам во просек 3 минути додека рекорд ми е 2 минути и 15 секунди. МЕ научија татко ми и татко му од fantom_oh.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom