Филмови што сте ги оцениле со 10 на IMDB

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Нова тема за „Фајт клаб - муабети“......видим ја....
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Пред се` да кажам дека немам најбогато филмско искуство поради тоа што во watchlist на IMDB имам уште над стотици филмови (класици, ремек-дела, независни филмови) кои чекаат на гледање, така да еве ги десетките кои досега ги имам поделно.

(по рандом редослед)

Up (2009)
Titanic (1997)
Requiem for a Dream (2000)
Good Will Hunting (1997)
Before Sunrise (1995)
Gran Torino (2008)
The Curious Case of Benjamin Button (2008)
Slumdog Millionaire (2008)
Atonement (2007)
La Vita e Bella (1997)
The Game (1997)

that's it. (y)

Деветките ми се доста бројни на сајтот, така да многу одлични филмови се таму, но сепак овие некако ми се издвојуваат од сите.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Огромен фан сум на овие момци и дел од нивните филмови ги имам оценето со 9 наместо со 10 од проста причина што нивните филмови се една пандорина кутија која тешко дека некогаш ќе биде отворена. Тешко да постои некој љубител и познавач на филмови што може целосно да ја открие мистеријата, пораката и филозофијата на овие режисери. Да, може да постојат миљон интерпретации и тоа се е ок и креативно (и уметнички), но повторно можеш да бидеш светлосни години далеку од одговорот. Па така едноставно на некој филм што не го имам сфатено 20,30 или 50% неможам да му дадам оценка 10, колку и да ме воодушевил.
Не ми се однесуваше коментарот само на оценката 10 за филмовите, ни па исклучиво само на твојата тема.

Знам дека луѓето навикнати на американската кинематографија со брзи кадри и разно разни ефекти, може да не ја видат убавината на бавноста на сцената со очувување на пламенот на свеќата во Носталгија. Муабетот ми е за да бидеш познавач на филмското творештво треба да е тоа сеопфатно и тематски и по периоди, со исклучок на неколку наслови, преферирање на филмови од 90-тите и од американското подрачје, не е и не може да е доволно за било какво оценување. :)

Иако се потешки филмовите за интерпретација, не значи дека треба да бидат послабо оценети. Кога го изгледав Eraserhead, со денови размислував за еден куп сцени, побарав неколку рецензии на нет, или пак Антихрист со денови ми траеше шокот, а некои од извиканите филмови, ги гледаш, може се восхитуваш на некој одлично склопен дијалог или карактеристична сцена, ама не те тераат да ги мислиш и толкуваш долго, долго потоа. Тешко дека ова е недостаток на некој филм, кога не можеш лесно да се ослободиш од впечатокот за него.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
но е еден од најдобрите ЗА МЕНЕ.
Тоа е најбитното, не знам зошто некој би се замарал да му се меша во туѓ вкус и да го прави будала пошто на некого му е поинаков вкусот.
Некој да се појави сега и да каже дека на Џастин Бибер филмот му е најомилен не мора да значи дека е ретардиран на пример.
 
W

Werther

Гостин

Зар постои такво зло !?

:eek:
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
а некои од извиканите филмови, ги гледаш, може се восхитуваш на некој одлично склопен дијалог или карактеристична сцена, ама не те тераат да ги мислиш и толкуваш долго, долго потоа. Тешко дека ова е недостаток на некој филм, кога не можеш лесно да се ослободиш од впечатокот за него.

Во никој случај не е недостаток, туку баш е позитивно тоа што те тера да мислиш со денови и да го бараш одговорот, за Eraserhead, Inland Empire и сл. ден денес барам одговор и логика, имам висено по нет и сум налетал на стварно креативни размислувања од луѓе, но одговорот го знае само Линч, а можеби ни тој. Е сега прашањето е дали тоа што неможеш да го спознаеш целосно, можеш да речеш и да заклучиш дека е брилијантно... Муабетов малце иде накај подфорумот за филозофија, a Dave не буцкај да се тера повторно дискусија за Fight Club :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
1. Cache
2. Closer
3. Dogville
4. Fahrenheit 451
5. Goodbye Lenin
6. Three Colours Trilogy
7. Down by law
8. Mulholland drive
9. Million dollar hotel
10. Gia :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Е сега прашањето е дали тоа што неможеш да го спознаеш целосно, можеш да речеш и да заклучиш дека е брилијантно...
А исто така прашањето би можело да биде и - зошто пак би било она лесно сфатливото и сварливото брилијантното? :D
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Ги потеценувате луѓево хипстерите од подфорумов. Многу е глупо да се хејта мејнстрим амерички филмови на место каде што сите гледаат бар псевдо-паметни филмови (од Крис Нолан). Ни еден од активните тука нема што гледа само мејнстрим акции и комедии. Сите ги имаат пробано Линч и Кјубрик. Aко толку ви се хејта луѓе што гледаат мејнстрим филмови, одете на Фемина или на одредени места по ФБ.

Нема врска колку и да се уметнички поквалитетни филмовите на Тарковски или Линч. Не сакаат сите да гледаат несфатливи филмови. Некои сакаат да размислуваат на рандом теми кои ќе им ги дадат филмовите преку ликовите, ситуациите и дијалозите. Не да размислуваат за објаснувања на рандом работи (што значеле жабите у Магнолија пример)
Мене инаку, ми е многу глупо и потценувачки да барам помош за филмови на гугл. Ако не можеш да дадеш своја интерпретација за уметничките филмови, не ни ги гледај. А добро, kewl ако имате своја интерпретација па сакате да прочитате и други.

И ај сеа, клишето: вкус е во прашање, сите оцени се субјективни...Ама srsly :D
 
Ти па сега колку kewl излезе со тоа преупатување на Фемина, ајде на Гламстик да те упатам треба сега за добивање по-kewl поен4иња? :icon_lol:

Нема ништо глупаво во тоа да видиш други или туѓи мислења и интерпретации за омилена книга, музика, филм. Ако е така ни овој подфорум нема потреба да постои. Логика малку?!
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.046
Apocalypse Now - само овa добилo 10-че на мојот застарен имдб акаунт.

Cause i'm clear in my mind,but my soul is mad.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
W

Werther

Гостин
А исто така прашањето би можело да биде и - зошто пак би било она лесно сфатливото и сварливото брилијантното? :D
Веројатно затоа што се сварливи, филмови за широки маси. Не можеш да очекуваш „Ivan's Childhood“ да биде поприфатен од „Pulp Fiction“.

:)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Во никој случај не е недостаток, туку баш е позитивно тоа што те тера да мислиш со денови и да го бараш одговорот, за Eraserhead, Inland Empire и сл. ден денес барам одговор и логика, имам висено по нет и сум налетал на стварно креативни размислувања од луѓе, но одговорот го знае само Линч, а можеби ни тој. Е сега прашањето е дали тоа што неможеш да го спознаеш целосно, можеш да речеш и да заклучиш дека е брилијантно... Муабетов малце иде накај подфорумот за филозофија, a Dave не буцкај да се тера повторно дискусија за Fight Club :D
Проблемот е што мнозинството на луѓе се навикнати смислата/заплетот/поентата да им биде плесната во фаца, па кога ќе налетаат на неконвенционален филм им било досадно/несфатливо итн итн.
Не можат да сфатат дека постојат филмови без фиксна поента, дека сам треба да се потрудиш да си најдеш заклучок.
--- надополнето: 4 јули 2013 во 13:25 ---
Тоа е најбитното, не знам зошто некој би се замарал да му се меша во туѓ вкус и да го прави будала пошто на некого му е поинаков вкусот.
Некој да се појави сега и да каже дека на Џастин Бибер филмот му е најомилен не мора да значи дека е ретардиран на пример.
Да критикуваш филм затоа што ти е премногу комплициран или несфатлив не е вкус, туку е игнорантност.
Второ, преку к***в со муабетите за ‘вкус‘ и ‘субјективност‘, да беше се комплетно субјективно тогаш било каква дискусија и било какво оценување на било што би било комплетно бескорисно.
Дискусија по дифолт е објективна, престанете да внесувате вкусови и субјективности во дискусии, попаметни сте од тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom