Филмови што сте ги оцениле со 10 на IMDB

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Инспириран од дискусијата што се разви во темата за најпреценети и најпотценети филмови на imdb, мислам дека е интересно една ваква тема да отвориме. Мислам и дека доста квалитетни наслови ќе се свртат па доста корисници погледнувајќи ја темава ќе избираат добри филмови за гледање.
Пред се сакам да посочам дека темава не е за корисници што секој втор филм го оценуваат со 10, туку за озбилните строги гледачи и почитувачи на филмската уметност. Пожелно е и кратко резиме за секој филм зошто е оценет со таа оценка.
Моите филмови со највисока оценка на прсти се бројат и се следните:

Terminator 2 - Зошто е лично мојот омилен филм и според мене најдобрата sci-fi акција на сите времиња. Денеска после 22 години од неговото излегување, да го гледате нема да има голема разлика од денешните филмови од овој жанр, освен што неможете да го гледате во 3D. Револуција во права смисла на зборот.

The Matrix - Немам што многу да додадам од она што го пишав погоре за Терминаторот.

Jacob's Ladder - Зашто е пионер во ваквиот тип на психолошки трилери, излегоа многу филмови после него со истата идеја а станаа попознати. Не набројувам кои зашто тоа би било спојлер.

Fight Club - Слично како филмот погоре. Само овде се работи за Аlter-ego прикаските кои започнуваат од тука и се после него е само бледа копија и обид за нешто кул, но неможе да биде покул од ова. Напишан е според книга, ремек дело на Chuck Palahniuk, но тоа не ја намалува вредноста на филмот.

Forrest Gump - Веројатно најдобрата драма на сите времиња. Но една премногу возбудлива драма/авантура. Настаните и патешествието низ кое поминува главниот лик па и самата структура на ликот според кој е и именуван филмот се безвременски и маестрално прикажани.

The Shawshank Redemption - Адаптиран според кратката приказна на Стивен Кинг, веројатно и најдобрата адаптација во историјата на филмот. По случајност е и прв на вечната листа на IMDB.

Ова се моите највисоко оценети филмови, друго се' е оценето од 9 па надоле. За регистрираните корисници на IMDB, треба само да се логирате, да идете од десно на Ratings и после да ја одберете опцијата Your Rating и ќе ви ги даде според поени од највисоко до најниско бодуван филм од ваша страна.
 
Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Се согласувам за сите наслови кои AceCaleb ги има ставено, освен за Jacob's Ladder затоа што уште го немам гледано :) Има голем број на филмови што ги имам гледано, а за кои не сум сигурен дали би ги оценил со десетка, но еве ги оние за кои сум сигурен :
Scott Pilgrim vs. The World http://www.imdb.com/title/tt0446029/?ref_=sr_1 - Филмот е синоним за непресушна забава, колку и да го гледаш макар и секојдневно да го палиш не здосадува, па и после стотина прегледувања пак кога ќе го пуштиш повторно ќе се смееш на шегите и ќе го цитираш дијалогот. Буквално ти се чини дека филмот е составен само од one-liners. Многу потценет филм.
LOTR http://www.imdb.com/title/tt0120737/?ref_=sr_1 - Целата трилогија. И не, за ова нема ниту да се објаснувам ниту да се расправам, за срамота и греота би било.
The Dark Knight & The Dark Knight Rises http://www.imdb.com/title/tt0468569/?ref_=sr_2, http://www.imdb.com/title/tt1345836/?ref_=sr_1 - Најдобар бетмен на големото платно. Генијално обработени негативци, кореографија и дијалог.
Lion King http://www.imdb.com/title/tt0110357/?ref_=sr_1 - Лијам солзи до денешен ден :place:. Сета музика во филмот е неверојатна и начинот на кој се поврзува со дејството и амбиентот на филмот е запрепастувачко.
Warrior http://www.imdb.com/title/tt1291584/ - Fuck yeah. Том Харди ти прекрасно копиле. Филмов е бомба, иако долго време сметав дека не заслужува десетка поради крајот кој не ми се допаѓаше, но на третото гледање го сменив мислењето. Одлична глума, Ник Нолти е пре-пре-предобар во улогата. Конечно, знам дека на посериозните филмаџии, ќе им се допадне тоа што овој филм е вистинскиот пример како се прави напната акциона сцена, не со милион ефекти, туку со карактери кои ги чувствуваш како реални.
No Country For Old Men http://www.imdb.com/title/tt0477348/?ref_=sr_1 - Најдобар негативец и напнато до максимум.
Into The Wild http://www.imdb.com/title/tt0758758/?ref_=sr_1 - Најдобро прикажување на повикот на дивината и трагањето по апсолутната слобода и своето место во светот.
Watchmen (Ultimate Cut) http://www.imdb.com/title/tt0409459/?ref_=fn_al_tt_1 - Не очекувам секој што го има гледано филмов да се согласи со мене, но за мене лично заслужува десетка, ако за ништо друго сигурно за умешноста во прикажување огромен број ликови беспрекорно, секој целосно и прецизно прикажан.
Sin City http://www.imdb.com/title/tt0401792/?ref_=sr_1 - Самиот стил на филмот е заслужен за десетка, но потпрен на добрата глума и совршениот црн хумор е еден од моите омилени наслови.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Овој филм досега никој не го спомна а засужува (ако оценуваме од 1-10) заслужува чиста единаесетка.
Амадеус (1984)
http://www.imdb.com/title/tt0086879/

Прекрасна екранизација на најголемиот мајстор на музиката, Моцарт. Прекрасно Форман го доловува и времето и делото на Моцарт.

Исто и овој Филм кој заслужува 10 ка. Воена прикаска за одметнатиот генерал во Виетнамско Американската војна, кој станува „бог“ на Камбоџиски племиња.
Apocalypse Now (1979)
http://www.imdb.com/title/tt0078788/?ref_=sr_2
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ајде да се надоврзам на темава и јас.

Исто како и креаторот на Темата, на прво место ми е е:
Terminator 2: Еден од оние мои омилени акции е токму овој филм за кој сметам дека е еден од најдобрите филмови на сите времиња. Пред се одлично составен е филмов. Единствено филмов неможете да го гледате во 3Д, така тоа е единствената разлика помеѓу Терминатор и денешните филмови. И сигурен сум дека ако прашате некој што нема познавање на филмови многу ќе рече дека филмов е правен пред 5-10 години.

Dumb & Dumber: Филмот го сместувам во топ 10 комедии на сите времиња, неможам да го речам најдобра комедија бидејќи ќе згрешам. Филмов е едноставно да умреш од смеа, сите сцени се перфектно изработени и според мене филмов заслужува чиста десетка.

Titanic: Филм кој сигурно го имате гледано барем еднаш и сигурен сум дека ќе ме сватите зошто е на листава. Филмов е една од најтрагичните сцени на сите времиња. Прво го сакам по едни од моите омилени актери Ди Каприо и Кејт Винселт кој заслужуваат за повеќе од 10 во овој филм. Како што сум лесен човек кога прв пат го гледав филмот пуштив по некоја солза во моментот кога Роуз го испушти Џек.

Rocky Balboa: Еден од подобрите спортски филмови ако може така да се нарече. Филмот ме восхитува едноставно. Му дадво 10тка истотака поради предодличните сцени во него и глумците исто така. Омилено ми е кога Силвестер Сталоне вежба за да ја подобри својата форма и кога се искачи на рингот да се бори против русинот кога наеднаш цела публика го извикуваше името на Роки Балбоа.

Доста се овие сега засега иначе на уште многу филмови имам давано 10тки, ќе ги напишам и нив во некоја др. прилика.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Titanic: Филм кој сигурно го имате гледано барем еднаш и сигурен сум дека ќе ме сватите зошто е на листава. Филмов е една од најтрагичните сцени на сите времиња. Прво го сакам по моите омилени актери Ди Каприо и Кејт Винселт кој заслужуваат за повеќе од 10 во овој филм. Како што сум лесен човек кога прв пат го гледав филмот пуштив по некоја солза во моментот кога Роуз го испушти Џек.
:eek:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
На сите македонски филмови :)
Fight Club for all the obvious reasons
Revolver - борба со егото на кул (Гај Ричи) начин
Into The WIld - Society sucks man
The Man From Earth

Ме мрзи и мини-рецензии веќе да пишувам, повеќе пати имам напишано
 
А

Антоние

Гостин
Fight Club - Слично како филмот погоре. Само овде се работи за Аlter-ego прикаските кои започнуваат од тука и се после него е само бледа копија и обид за нешто кул, но неможе да биде покул од ова. Напишан е според книга, ремек дело на Chuck Palahniuk, но тоа не ја намалува вредноста на филмот.
Никогаш не сфатив зошто толку се возвишува овој филм. Бивајќи лишен од билокаква философска вредност, филмот е само еден ефтин анархо-примитивизам завиткан во кул дијалози и тинејџерски гнев. Низ целиот филм се зборува за слобода и еманципација на себеси од само-наметнати синџири, но потоа одат и го разнесуваат сето она кое слободните индивидуи се стремеле толку тешко да го изградат и постигнат, во суштина пренесувајќи порака дека "моите вредности се многу побитни од твоите вредности и затоа ќе разнесувам се што ти се допаѓа и ќе те присилам да се придружиш на мојот тип на лајфстајл", што само по себе создава средина изградена врз авторитаризам.
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Без некој посебен редослед - филмови кои сум уживал додека сум ги гледал и оставиле печат долго време по гледањето.

1. The Godfather
2. Memento
3. Being John Malkovich
4. American Beauty
5. Star Wars V - The Empire Strikes Back
6. Batman: The Dark Knight
7. Fight Club
8. Amélie
9. Eternal Sunshine of the Spotless Mind
10. Snatch

екс-Ју бонус:

Среќна Нова `49-та
Отац на службеном путу
Дом за вешање
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Никогаш не сфатив зошто толку се возвишува овој филм. Бивајќи лишен од билокаква философска вредност, филмот е само еден ефтин анархо-примитивизам завиткан во кул дијалози и тинејџерски гнев. Низ целиот филм се зборува за слобода и еманципација на себеси од само-наметнати синџири, но потоа одат и го разнесуваат сето она кое слободните индивидуи се стремеле толку тешко да го изградат и постигнат, во суштина пренесувајќи порака дека "моите вредности се многу побитни од твоите вредности и затоа ќе разнесувам се што ти се допаѓа и ќе те присилам да се придружиш на мојот тип на лајфстајл", што само по себе создава средина изградена врз авторитаризам.
Првиот и вториот дел се комплетно различни со причина.
 
SIlly Антоние, филмот не е deep, нема нихилистички теми, не те учи дека си безвреден и не си ништо поразличен од другите, не хејта модерно, конзумерско општество (преводов...), не хејта его, не не` учи на правилни вредности, туку...

Тепање, six packs, Brad Pitt, cute, dreamy Edward Norton. Најголемиот дел од фан базата на ФЦ се хомосексуалци па затоа и поради овие причини го хајпаат. Вот пример... :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Него он топик, кога веќе се збори за ФЦ, само на ФЦ му имам дадено 10ка на IMDb.
Според мене 10ка заслужува само некој (скоро)перфектен филм, а такви (скоро и да ) нема, така да..
Ни ФЦ не е перфектен ама првиот дел е (скоро)пефектен така да неколкуте замерки што ги имам за вториот дел се сузбиваат со квалитетот на првиот дел од филмот и така :icon_mrgr:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Покрај очигледните како Blade Runner или The Matrix, јас сакам да ви препорачам еден филм кој сум го гледал одамна.

http://www.imdb.com/title/tt0081237/?ref_=sr_4

Знам дека филмот е со Стејси Кич :), поштедете ме од тие коментари, но навистина е посебен. Им го имам препорачано на неколку форумџии по ПП, но не наидов на некој прием. Се чувствувавм како единствениот човек на Земјата кој го има гледано филмот, осамен. :(

Заебанцијата настрана, не знам дали е баш за 10, но навистина вреди да се погледне, ако не за друго, тогаш заради најдобрата сцена на насилство било кога снимена.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Teh Dark Knight i site Nolon filmovi genijalni se, mnogu pamet treba da imas da gi sfatis kako Inceptshn ili onoj so maginionicaro, isto i site filmovi na Di Kaprio cista 10-ka najdobar glumec na site vreminja, evreine oskar ne mu davaat deka se ljubomorni na negovata gluma, od komedii site filmovi na Dzim Keri najsmesni se koga sum bil mal sum se umiral od smeenje, genijalen humor, isto i Amerikanska Pie filmmvoite epten se smesni!!1!
Site 10-ka i pol!
--- надополнето: 4 јули 2013 во 10:29 ---
Никогаш не сфатив зошто толку се возвишува овој филм. Бивајќи лишен од билокаква философска вредност, филмот е само еден ефтин анархо-примитивизам завиткан во кул дијалози и тинејџерски гнев. Низ целиот филм се зборува за слобода и еманципација на себеси од само-наметнати синџири, но потоа одат и го разнесуваат сето она кое слободните индивидуи се стремеле толку тешко да го изградат и постигнат, во суштина пренесувајќи порака дека "моите вредности се многу побитни од твоите вредности и затоа ќе разнесувам се што ти се допаѓа и ќе те присилам да се придружиш на мојот тип на лајфстајл", што само по себе создава средина изградена врз авторитаризам.
Не си слушнал?
Фајт Клаб е кул, и ако не ти се допаѓа Фајт Клаб тогаш не си кул!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom