Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите.
Моите комшии зедоа маламут 1 година стар, многу убав, ама 10 дена не го имаат пуштено од бокс,кутриот вие, се жали цело време комшииве гајле немаат. Уште ме прашуваат за совет многу бесен бил,јас им реков треба да се шета секој ден им објаснувам се,ми викаат немале време за такви третмани,плус нема да го пуштале уште неколку дена дури се привикнел на нив како нови газди. Јас не знам како да им објаснам дека така не се чува куче. Им се понудив неколку пати да го прошетам кучето ама ништо. А многу е мило кучето,воопшто не е агресивно,се радува човек да му се доближи. Страшна работа се лугево, како немаше полиција за животни да ги пријавев... Жал ми е да го слушам по цел ден кај што цивка :( совет?

Што мајка барале да го земат кога не се способни да го чуваат :rolleyes:

Штом Маламутот е 1 година стар, веројатно го земале на подарок бидејќи и претходните газди неможеле да го чуваат (моја претпоставка) ... и ете го исходот од подарено куче.

Али најјако од се во постот ми е тоа што немале да го пуштаат од боксот уште неколку дена за да се привикнел на нив :pos:

Незнам што да ти кажам ... еве предложи им на сопствениците да се зачленат на форумов Кајгана, нека прашаат тука се што не им е јасно.
Јас и останатите членови што имаме искуство со кучиња ќе им објасниме на сопствениците како правилно се чува и воспитува куче.

Навистина е штета и греота куче со таков весел и сталожен карактер (како што го опиша) да се упропасти буквално поради тоа што ќе му се создаде нервоза и фрустрација од затворениот простор.

Ова озбилно да им кажеш да се зачленат тука на Кајгана, ќе им објасниме како правилно да се чува куче :)
 
Абе они "немаат време" да се грижат за кучето :facepalm: не можат ниту да го прошетаат, што е па тоа проблем стварно не знам, а ти викаш да се зачленат на форумов, свесни се они, само не сакаат да се замараат, очигледно е. Џабе ти е тоа, нема шанси...

Иначе во право си, стварно не знам што се нафатиле да чуваат куче, а не сакаат да се грижат за него, кога сакаш да чуваш миленик, треба и да го третираш како миленик :(
 
Очигледно луѓето немаат појма од чување на кучиња, и затоа треба да им се објасни :)

Го прашувале членот зошто бил Маламутот многу бесен ... а не им текнува да го пуштат од бокс да се истрча и да си ја потроши енергијата ... епа после нека се чудат кога ќе стане агресивен од непотрошената енергија :)
 
Да,маламутот им е подарен, од луѓе што заминале странство. Ама што го земале кога не планираат да се грижат соодветно. Какво пријавување на форумов,нема шанса. Им објаснав дека мора да ја троши енергијата некаде итн. Едноставо луѓево немаат интерес да се информираат до тој степен. Јас сум имала маламут и други раси на миленици и знам каква е грижата за миленик и ке се обидам повторно да им објаснам дури не ми рекле дека не е моја работа. Е тогаш ке им предложам да си земат животно соодветно на нивниот третман - прасе
 
Kazete nekoi dodatni vitamini ili apcina za da se davaat na kuce CANE CORSO.Kuceto ima 9 meseci .Ne sme bolni ama nesto kako vitamini.Pijame CANIFORTE ama i nesto drugo propratno poubavo preporaclivio za zdravje i sila (y) ;).I drugo prasanje:Na kolku vreme se kapi kuce...jas ja iskapiv eve veke vo 2 meseci @ 2 pati.Da ne preteruvam :unsure: ama moram zatoa sto se mitari i i pagaat vlakna ,pa moram i da ja ceslam.

Pozdrav :)
 
Е затоа јас никогаш не би подарила куче, затоа што најчесто подарените кучиња завршуваат кај вакви неспособни и неодговорни луѓе (секоја чест за исклучоците).

Ако продолжат со таквиот третман кон кучето, и ако продолжат да не му обрнуваат внимание и да не го истрчуваат ... тоа куче ќе стане нервозно и својот бес ќе го истури врз сопствениците во првата можна прилика.

И ајде после кажете кој е крив во ситуацијата, кучето што ги нападнало сопствениците, или неодговорните сопственици што самите го довеле кучето до таква состојба да изреагира како што ќе изреагира.

А што е уште поинтересно, и да се случи нешто наскоро, да ги нападне Маламутот сопствениците (што верувам дека ќе се случи при ваков третман) нема да се крене толкава прашина само поради фактот што е Маламут и е „сладок и мил“

А во истиов случај да се работеше за Доберман / Ротвајлер / Пит Бул и слична „крволочна“ раса и да беше третирана под истите околности како Маламутот, нормално дека ќе изреагираше исто како што и Маламутот ќе изреагира наскоро ... но одма друг ќе беше муабетот, само поради тоа што се озлогласени раси.

Иста ситуација како пред неколку години во Прилеп кога Ротвајлер буквално го растргна својот сопственик ... причината е иста - непотрошена енергија (плус малтретирање), само што во Прилеп Ротвајлерот беше постојано врзан на ланец, а тука Маламутот е постојано затворен во бокс.
Kazete nekoi dodatni vitamini ili apcina za da se davaat na kuce CANE CORSO.Kuceto ima 9 meseci .Ne sme bolni ama nesto kako vitamini.Pijame CANIFORTE ama i nesto drugo propratno poubavo preporaclivio za zdravje i sila (y) ;).I drugo prasanje:Na kolku vreme se kapi kuce...jas ja iskapiv eve veke vo 2 meseci @ 2 pati.Da ne preteruvam :unsure: ama moram zatoa sto se mitari i i pagaat vlakna ,pa moram i da ja ceslam.

Pozdrav :)

Квалитетна исхрана ... тоа е се' што е потребно.
Од додатни апчиња, јас имам давано само Калциум, Карофтан и Пивски квасец.

Бањање со шампон, најчесто 1 во месецот.
А само со вода, можеш многу почесто :)
 
Blagodaram...samo kazi mi kako se dava pivkiot kvasec i se misli onaj za luge sto se koristi ili nekoj specijalno za kucina...a za sto toj e korisen za kucina ?:unsure: Pozdrav uste ednas i blagodarammmmmm :vozbud:
 
Во право си Lu. Маламутов во боксот е врзан со синџир. Жал ми е веке да го слушам кај што вие тажно. А поголема глупост немав слушнато од тоа дека го држат затворен дури се навикнел на нив (веќе 10 дена). Не е секој за миленик,а овие дефинитивно не се. Јас ке се понудам да го прошетам ама тоа не е решение. Газдиве имаат деца 10 годишни и му даваат само храна,вода и доста е...треба сами да се свесни дека ѕвер ке направат од убав миленик :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Blagodaram...samo kazi mi kako se dava pivkiot kvasec i se misli onaj za luge sto se koristi ili nekoj specijalno za kucina...a za sto toj e korisen za kucina ?:unsure: Pozdrav uste ednas i blagodarammmmmm :vozbud:

Да, пивски квасец (апчиња) за луѓе.
А за колкава доза да даваш, тоа зависи од производителот, на опаковките кај секој производител различно пишува.
Јас од еден производител давав по 2 апчиња на ден, а од друг производител по 4 апчиња на ден ... ќе си прочиташ на опаковката.
Пивскиот квасец е корисен за крзното, му дава сјај, исто така пивскиот квасец отвара апетит, одличен е за периодов :)
 
исто така пивскиот квасец отвара апетит, одличен е за периодов :)

Па додуша јас не би отварала многу апетит во периодов, затоа што е жешко, на животното кое и така има намалено движење и отежнато ладење ако му додадеш повеќе храна воопшто не му правиш услуга.
 
Па јас еве сега само што си дојдов од парк, секоја вечер трча и игра со кучињата и троши многу енергија, и сега ова време кога ќе се подзалади навечер јаде како луда :)

Кога не и давав пивски квасец малку ми ослабна, али еве сега со пивскиот квасец се поправи малку ... мада сеуште неможе да биде во топ форма од жешково, на есен ќе си се врати во нормала со тежината :)
 
My point exactly ;)

Колку и да ја трчаш сакала ти или не, кучето се штеди само, може ние не приметуваме ама тоа е инстинкт. Јас поаѓам од себе, на жештиниве мене ми е мака да јадам тешка храна, а како и е на Пепа, можам да замислам. За мене летото не е добар период за надавање килажа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Колку оди цената на германски овчар? 15? евра за 9 недели стар е многу/малце/таман? Колку трошкови ќе имам со него месечно? Немам досега никакво искуство со кучиња, ама сега планирам да набавам некое убаво куче.
 
Да не има некој женка Пит за парење?! ПМ ме.
 
Колку оди цената на германски овчар? 15? евра за 9 недели стар е многу/малце/таман? Колку трошкови ќе имам со него месечно? Немам досега никакво искуство со кучиња, ама сега планирам да набавам некое убаво куче.

Оди на две страни поназад (155 стр.) прашував и јас за истото, ми дадоа опширен одговор ;)
Иначе за да му даваш убава храна околу 4000 според моја проценка ќе имаш трошкови за него :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom