Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Германски овчари што цена се движат? Мало машко кутре да речеме, чисто ме интересира сега, тешко дека во скоро време би земал ама не се знае што бидува. Ја сакам оваа раса на кучиња цел живот и никако да земам едно. Lu гледам се разбира доста за кучиња, па може и нешто кратко за вучјациве да пишете вие што имате искуство со оваа раса или што знаете нешто повеќе. Нешто како општо кратко инфо за кучево барам, не којзнае што ;)
 
Најдобро инфо ќе добиеш од некој што ја чува расата и од самиот стандард. Пред да земеш куче мораш да знаеш зошто баш таа раса. Ако мислиш дека треба да ја земеш само затоа што ти се допаѓа на изглед тогаш многу ќе погрешиш. ГО е работна раса која бара внимание и работа, тоа е пес кој е чувар и приврзан за фамилијата, меѓутоа за негова контрола потребно е уште на почетокот да се поставиш како алфа, затоа што тој има сила и не сакаш такво куче тебе да те доминира.

Uluru има искуство со ГО, затоа што има чувано, таа најдобро ќе ти објасни.
 
Зависи што сакаш од кучето и за што го сакаш кучето. Цените кај нас се малтене од 50 до 500 евра но зависи какво куче сакаш. ГО можеш да го имаш за изложбено куче, работно куче, чувар за плац/објект или домашен миленик. Со тоа што кучето и да е изложбено или работно, секако ќе ти биде и миленик, но не сите миленици се изложбени кучиња. Овде го изоставам намерно користењето на кучето како чувар на плац/објект, затоа што тоа не е миленик во права смисла - миленикот е пред се член и на семејството. Ова го спомнувам за типот на кучето во смисла што многу луѓе на кои им се допаѓа некоја раса, земале куче од таа раса и солидно го платиле па потоа се разочарале затоа што на пример не постигнало успех на изложби. Тоа се случува најчесто поради неинформираност на купувачите и покрај нивниот ентузијазам за одредена раса. Затоа немојте да мислите дека некој соли памет кога ви вели да се информирате за расата и да го прочитате стандардот - тоа е особено важно за вас како купувач за да знаете дека купувате куче кое одговара на стандардот на расата а па особено ако сакате да имате изложбено куче бидејки тие треба да имаат надпросечен квалитет. На пример, изложбено куче е обично доста поскапо од обичен миленик, но на неинформиран човек, некој може да му продаде и (изложбен) шкарт куче по екстра цена. Друго, работните кучиња се ,,високооктански,, - ГО како кучиња кои се користат и како службени работни и генетски се активни,интелигентни и имаат потреба од некаква физичка па и психичка активност, но ова кај работниот тип на кучиња е многу, многу понагласено. Затоа работно куче не е за почетници нити за некој кој сака поумерена активност. ГО има генерално како раса стабилен карактер, големи се по раст но знаат да се приврзат и да се однесуваат како салонски кучиња, природно се однесуваат заштитнички кон своите и своето :) но не се претерано агресивни. Одлично примаат дресура, со редовно шетање добро можат да се социјализираат и се дружељубиви со други кучиња, трпеливи се со деца, уживаат во секакви физички активности. Скоро постојано се митарат иако пообилно во лето, па бараат четкање поредовно, спротивно на некои тврдења, крзното не им мириса, особено не ако редовно го одржувате, и не бара пречесто бањање. Можат да се прилагодат дури и на живот во стан но мора секојдневно да им се возможат долги прошетки. Ако досега не сте чувале ГО досега, најдобро е да побарате куче со помек карактер, помалку доминантно (не го бирајте најблесавото и најживчаното кутре од леглото, што неможете да го додржите мирно во раце - можеби е слатко на 2 месеци но воопшто не е забавно на 2 години и 50 кг ако проба да ве скалпира на вет, додека го вакцинираат) :) Во секој случај, битно е обавезно да добие основна дресура и да му поставите правила и граници и не би требало да имате поголем проблем.
 
Благодарам за опширното инфо.
Иначе сакам да речеме некоја средна класа, значи не куче за изложба тоа никогаш не ме привлекувало, ниту пак куче чувар гестапо систем. Баш зборувам за домашно милениче, но да не биде од некој најслаб квалитет или па од некој екстра скап квалитет, како што пишав претходно нешто измеѓу. И секако дека би се грижел да добива здрава исхрана и третман како што заслужува (член на фамилија) за да одржи добра форма, впрочем и како нас луѓето што ни е потребна здрава исхрана и одржување ;)
 
Такво би можело да се најде мислам за околу 100-150 евра. Ако немате никакво познавање за ГО најдобро е кога ќе дојде ред за одбирање кутре, да отидете со некој којшто ја познава расата. За ваши пари (ако сте непознавач и не сакате изложбено куче) нема потреба да ви го тутнат најнеубавото куче од леглото.
 
Сакам да купам хаски може ли некој кој знае или има искуство да ми каже, плус сакам да го чувам во стан, па како да го тренирам, од колку месеци да почнам(знам дека се тврдоглави, но и јас сум :P) колку храна да му се дава, зашто знам му се дава помалку одколку останатите, колку е тоа помалку? (прво куче ми е и сакам да бидам спремна однапред :))
 
Кои ампули се најдобри против крлежи? Имам приметено дека ампулите штитат од болви, ама крлеж ништо не го спречува да се закачи.
 
Кои ампули се најдобри против крлежи? Имам приметено дека ампулите штитат од болви, ама крлеж ништо не го спречува да се закачи.
Не спречуваат да се закачат,од кога ќе се закачат ги убиваат.
ФронтлајКомбо,Фиприст,Протектор ти се добри...
 
Не спречуваат да се закачат,од кога ќе се закачат ги убиваат.
ФронтлајКомбо,Фиприст,Протектор ти се добри...
Advocate, Advantix и тие не се лоши колега ;)
 
Позз, имам неколку прашања, од која возраст може да се става фронтлајн апмули, негде прочитав дека е после 10 недела, друго каде поточно можам да ги најдам калциум мултивит (дали ги има во фауна центар позади мецос) пошто каде и да одам сегде се различни, кои се најквалитетни, и да ви кажам појма немаат овие што продаваат храна по пет шоповите на 3 различни места прашувам и сите ми кажуваат различно колку храна се дава дневно.
И последно, дали е добра храна Natural Trainer мислам дека беше зелената врека. фала
 
После 3 месеци слободно можеш да му ставиш ампула.
Во Фауна има Калциум Мултивит.
Natural Trainer е квалитетен дехидрат, ти за Шарпланинчето твое треба да ја земеш формулата Junior Maxi.

И јас на Доберманката моја еден период и ја давав Natural Trainer - Junior Maxi ... задоволна бев од квалитетот на дехидратот и резултатите што ги дава ... но сепак се префрлив на уште поквалитетен дехидрат ;)

Еве ти линк да го видиш составот на Natural Trainer - Junior Maxi
 
Ако кучињата беа учители...

Ако кучињата беа наши учители, тие ќе нѐ научеа на многу едноставни, но незаменливи работи. Дел од лекциите можеби ќе беа:
1. Како да трчаме да ги пречекаме нашите сакани секогаш кога ќе дојдат дома.
2. Никогаш да не пропуштаме прилика за играње со топка.
3. Да уживаме во свежиот воздух и ветерот во лицето како да е вистинска екстаза.
4. Да бидеме послушни кога тоа е во наш интерес.
5. Да им даваме на другите до знаење кога ја напаѓаат нашата територија.
6. Често да одмараме, дремеме и да се истегнуваме пред станување.
7. Да си играме секој ден.
8. Да уживаме во внимание и да им дозволуваме на луѓето да нѐ допираат.
9. Да избегнуваме да гриземе кога работата може да се заврши со едноставно ’ржење.
10. Кога денот е топол и сончев, да направиме кратка пауза и да легнеме на тревата на грб.
11. Да танцуваме и мафтаме со рацете кога сме среќни.
12. Да уживаме во едноставните долги прошетки.
13. Да јадеме со сласт и ентузијазам.
14. Да запреме кога е доволно.
15. Да бидеме лојални.
16. Ако нешто е закопано, да копаме додека не го најдеме.
17. Кога некој има лош ден, да бидеме тивки, да седиме во негова близина и нежно да ги милуваме со лицето и носот.
 
Можеби не е за тука сликава, ама интересна е :D

aPvvbXK_460s_v2.jpg
 
Исто така ќе не научеа детално да си ги лижеме гениталиите.
Да си го јадеме сопствениот измет.
Да се запознаваме преку мирисање на анусот итн итн итн.
 
Здраво на сите.
Моите комшии зедоа маламут 1 година стар, многу убав, ама 10 дена не го имаат пуштено од бокс,кутриот вие, се жали цело време комшииве гајле немаат. Уште ме прашуваат за совет многу бесен бил,јас им реков треба да се шета секој ден им објаснувам се,ми викаат немале време за такви третмани,плус нема да го пуштале уште неколку дена дури се привикнел на нив како нови газди. Јас не знам како да им објаснам дека така не се чува куче. Им се понудив неколку пати да го прошетам кучето ама ништо. А многу е мило кучето,воопшто не е агресивно,се радува човек да му се доближи. Страшна работа се лугево, како немаше полиција за животни да ги пријавев... Жал ми е да го слушам по цел ден кај што цивка :( совет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom