Забранет турбофолкот по дискотеките во Скопје

I

IBIZA SOUND

Гостин
odamna trebase da se prekine sr.njeto :D
--- надополнето: 3 јули 2013 во 00:22 ---
odamna trebase da se prekine sr.njeto :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
Никој не те тера да слушаш ако не ти се свиѓа, остај другите да слушаат кој сака.
Абе добро е све тоа, ама еве рецимо она има платено влезница во дискотека/клуб за нешо сосема друго, и наеднаш овие да попунат празен простор се прешалтуваат на турбофолк... Ај кажи ми дали е во ред така?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Цеца у Прилеп моментот на интрово од 0:13 :pos:

 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.208
Го обожавам Милчо

"Во знак на револт заради забраната на турбо фолк по дискотеките,
утрово градот осамна со бунтовничко-анархистички графити испишани од авангардната скопска младина"





Според мене не треба да се забрани.



....темава отиде во погрешна насока.....тотално

во кратки црти....ништо не е забрането......туку сопственици на неколку големи локали (дискотеки) во Скопје се договориле (постигнале споразум) во нивните локали да не се пушта одреден вид музика и да не настапуваат изведувачи на тој тип музика

....дискотеките се приватна сопственост....така да газдите или менаџерите одлучуваат каква музика ќе пуштаат.....без разлика на нашите желби и коментари....во превод ако ви се допаѓа репертуарот дајте ги вашите пари и влезете, а ако не никој со сила не ве тера да влезете....е сега колку економски ќе им се исплати....тоа е веќе нивен личен проблем

....според мене дискотеките (самото име кажува) не се наменети за турбо или било каков друг тип на фолк музика....ако веќе во одреден објект процентуално најголем дел од музиката е фолк барем наречете го фолкотека....

немам ништо против ниедна музика....но кај нас работите се премногу измешани....во еден ист локал се оди од крајност во крајност....се мешаат стилови и музики што ни во енциклопедија не делат исто поглавје

неможеш да подобриш ничиј вкус со забрани и наметнување......но можеш да понудиш избор

ќе дадам еден банален пример....во Скопје постои градски дувачки оркестар....дечките се феноменални и секоја година прават бесплатен концерт....посетеност 20-30 души

не затоа што свират лошо, не затоа што е бесплатно, туку затоа што ниту еден медиум не информира за нивниот настан

од друга страна кога настапува некој/а турбо-фолкер/ка медиумите се преполни....покрај платената реклама...еден куп новинари бесплатно трубат каде и што ќе се случува...дали дотичната носела или не гаќи, дали силиконите и се застерени и со која колешка е во вербална војна

медиумите во Македонија известуваат само за скандали, а турбо-фолкот сам по себе е скандалозен....медиумите се натпреваруваат меѓу себе кој ќе прикаже поголем скандал....на овој начин свесно или не пропагираат една субкултура (ако може така да се нарече)

трагично е што не го цениме своето....македонските уметници се маргинализирани и исмејувани се додека не излезат надвор и светот не им даде признание....потоа ги опеваме и величиме....незнаеме да ја препознаеме нивната вредност додека некој од надвор не ни ја презентира

колкумина од вас ги слушнале Кочани Оркестар....македонски бенд кој е доволно популарен и настапувал во сите светски центри и соработувал со големи имиња од светската музичка сцена (бенд доволно голем да се најде на страниците на списанието Роулингстоун), но сепак непопуларен за да настапи во некоја македонска дискотека, клуб или како сакате наречете го местото каде вообичаено настапуваат "ѕвездите" со рефрен од два збора и синтисајзер матрица

пропагандата продава, пропагандата пере мозок, а нашиот мозок е испран и повеќе од потребното.....но секогаш има избор, а дали што ќе избереме ЗАВИСИ ОД НАС
 

kjara

Самовилата
Член од
1 март 2007
Мислења
666
Поени од реакции
1.424
Барем угостителиве (газдиве на дискотеките) ќе уштедат у чаши и флаши. Нема веќе да има „чаше ломим руке ми крваре“.

Џабе они ќе забрануваат турбо фолк и ќе го издигнуваат народот на повисоко културно ниво кога народов веќе одамна е на најниско културно ниво.

Уште една популистичка мерка на оваа влада, сега, како што не учеше дека семејството е нашето најголемо богатство, ќе не учи дека диџеи од типот на Тиесто, Давид Гета и остали комерцијални артисти се добри и квалитетни и дека тие треба да ги слушаме. А, не знаат дека пред 10 и повеќе години клабингот во Скопје беше еден од најдобрите во регионов.

Ступидна одлука, пошто de gustibus non disputamus, така и тие што љубат турбо фолк, иако биле во дискотека на техно или хаус, сабајлето кога ќе станат мамурни, првото утринско кафе ќе си го испијат со Цеца, Аца Лукас, Ацо Пејовиќ, Драгана Мирковиќ и остали ПИНК и ДМсат хитчиња.

А, може некој од турбо фолкерите ќе се преобрати у металец или гоа трансер. Никад се не зна.
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Абе добро е све тоа, ама еве рецимо она има платено влезница во дискотека/клуб за нешо сосема друго, и наеднаш овие да попунат празен простор се прешалтуваат на турбофолк... Ај кажи ми дали е во ред така?
Не зборим за тоа, дискотекете треба да имаа однапред напраено еден репертоар на песне, и кој стил на музика ќе има вечерта.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
....темава отиде во погрешна насока.....тотално

во кратки црти....ништо не е забрането......туку сопственици на неколку големи локали (дискотеки) во Скопје се договориле (постигнале споразум) во нивните локали да не се пушта одреден вид музика и да не настапуваат изведувачи на тој тип музика

....дискотеките се приватна сопственост....така да газдите или менаџерите одлучуваат каква музика ќе пуштаат.....без разлика на нашите желби и коментари....во превод ако ви се допаѓа репертуарот дајте ги вашите пари и влезете, а ако не никој со сила не ве тера да влезете....е сега колку економски ќе им се исплати....тоа е веќе нивен личен проблем

....според мене дискотеките (самото име кажува) не се наменети за турбо или било каков друг тип на фолк музика....ако веќе во одреден објект процентуално најголем дел од музиката е фолк барем наречете го фолкотека....

немам ништо против ниедна музика....но кај нас работите се премногу измешани....во еден ист локал се оди од крајност во крајност....се мешаат стилови и музики што ни во енциклопедија не делат исто поглавје

неможеш да подобриш ничиј вкус со забрани и наметнување......но можеш да понудиш избор

ќе дадам еден банален пример....во Скопје постои градски дувачки оркестар....дечките се феноменални и секоја година прават бесплатен концерт....посетеност 20-30 души

не затоа што свират лошо, не затоа што е бесплатно, туку затоа што ниту еден медиум не информира за нивниот настан

од друга страна кога настапува некој/а турбо-фолкер/ка медиумите се преполни....покрај платената реклама...еден куп новинари бесплатно трубат каде и што ќе се случува...дали дотичната носела или не гаќи, дали силиконите и се застерени и со која колешка е во вербална војна

медиумите во Македонија известуваат само за скандали, а турбо-фолкот сам по себе е скандалозен....медиумите се натпреваруваат меѓу себе кој ќе прикаже поголем скандал....на овој начин свесно или не пропагираат една субкултура (ако може така да се нарече)

трагично е што не го цениме своето....македонските уметници се маргинализирани и исмејувани се додека не излезат надвор и светот не им даде признание....потоа ги опеваме и величиме....незнаеме да ја препознаеме нивната вредност додека некој од надвор не ни ја презентира

колкумина од вас ги слушнале Кочани Оркестар....македонски бенд кој е доволно популарен и настапувал во сите светски центри и соработувал со големи имиња од светската музичка сцена (бенд доволно голем да се најде на страниците на списанието Роулингстоун), но сепак непопуларен за да настапи во некоја македонска дискотека, клуб или како сакате наречете го местото каде вообичаено настапуваат "ѕвездите" со рефрен од два збора и синтисајзер матрица

пропагандата продава, пропагандата пере мозок, а нашиот мозок е испран и повеќе од потребното.....но секогаш има избор, а дали што ќе избереме ЗАВИСИ ОД НАС
This!

Одлично го срочи целиот проблем со локалите, притоа не навредувајќи го директно овој жанр на музика.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Не ми се верува дека ова го читам. Дали конечно нашата младина ќе се спаси од социјалното и културно дно кое го допревме во изминатите неколку години или децениии. Инаку секогаш сум скептичен и со доза на резерва кога читам вакви исклучително позитивни вести се надевам дека ова ќе им успее иако реално гледано убеден сум дека некој од газдите ќе се направи „паметен„,
Турбофолкот не е вкус туку е невкус.
А кои сте вие да се праите паметни да кажувате која музика ја бива, која не, а? Што демек ја иам лош вкус за музика ако слушам турбо-фолк? Дно... ако за тебе е дно, за мене не е. Што и да слушате вие, ако ја и уште 50 души кажеме дека вашата музика е дно и имате срање вкус, автоматски у право и ние ќе бидеме? Ако не ти се свиѓа, не слушај, кој те тера... нема што да пропагираш против нешто што не мора да го слушаш.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.961
Поени од реакции
11.608
Чекајте малце...нели дискотекиве се во приватна сопственост така? Па секој сопственик на дискотека може сам да си бира каква музика ќе пушта или какви изведувачи ќе носи зар не? Газдата сам ќе си процени дали тоа ќе му донесе поголем профит, помал профит или ќе остане исто.
Инаку, мало морген дека помалку луѓе ќе одат по дискотеките....кога се знае дека барем едно 65-70% од луѓето кои одат таму, одат за да бидат видени, се фотнат, се тагнат на Фејсбук и слично.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.856
Поени од реакции
11.086
За тие што ќе тажат им порачувам: Сипааај, нек боли још јаче! :D

Иначе го поддржувам целосно намалувањето на турбо-фолков, само работата е што ако планираат турбо-фолкот да го заменат со пуштање музики од типот на Ријана, Пит Бул веќе го спомнаа, карикатурата Ники Минаж, Лејди Гага и слични, нема којзнае колку да се оправи работата.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.563
Поени од реакции
6.684
Добра одлука, после толку многу дискутирање и елаборирање редно време беше тезите колку толку да ми испаднат како што очекував.Само во Македонија во дискотеките се пушта се освен диско музика, кај и да излагам во Скопјево завршувам на Жаре, Бени , Панки или остала екипа.Ај да беше одреден период ама веке со години се практикува ваков тип на музика во Скопје.Често излагам низ градов и една работа што сум заклучил е дека Скопје најактивно е преку лето, поради проста причина што летните дискотеки се 4 пати поголеми од зимските , повеке народ = подобра атмосфера , мада и тоа дискутабилно бидејки не сме ние некоја парти нација па забавите да ни се од фуриозен тип.

Е сега,

Лани во парк рајата беше сплетка на село-град, малолетно-барамжена, системотмеебе-урбанимангупи.. а сега колку толку се знае кој каде излага,на кој му одговара рок или џез нека иде во Хавана , раперчињата си ја имаат недела , латино во четврток, ако сакаш да заштедиш малце иди во понеделник во хавана (само она работи) и што ми се свига најмногу не сум чул годинава , цитирам : "Куде си бе мило , серем ти се у чорап" . Не ме сфакајте погрешно, не сите сељаци слушаат турбо фолк,но си имаат диско ако не се лажам Милениум се викаше,имаат и клуб во лептокарија (не ме зимајте за збор за последново не сум сигурен) и еден тон кафани кој рокаат турбо ,читај Деспина.Така да не се жалете дека нема кај да излагате, има кај да излагате само во Парк нема локација која ке ги задоволи потребите.

Многу луге гледаат од финансиски аспект како би се одразило на дискотеките, тоа не е наша работа, тоа си знаат газдите.Колосеум поради финансии префрли на турбофолк ,порано кога ке се спомнеше Колосеум се мислеше на диско со изградена репутација а сега уште на мишки смрди,го пишувам ова со доза на ароганција дека стварно си направија салто мортале.Нема ние што да се мешаме кој колку пиел на каква музика, многу луге мешаат транс со хаус демек наркоманска и се дрогирале многу , ах бре Македонче , експерти сме за се значи.Нивна работа е да работат професионално, наша работа е да уживаме на тоа што ке понудат.Многу луге ги споменуваат Тиесто или некој од големата 10ка , епа ако се сметаме себе за Скопски сјај нема таков калибар на ДЏи да ставаме во диско кај што собира 1000 луге туку треба на многу поголема локација,турбофолкот има длабоки корени пуштено во Скопје и ке треба долго време да помине за да се искорени , а ова е еден добар почеток.
 
W

Werther

Гостин
трагично е што не го цениме своето....македонските уметници се маргинализирани и исмејувани се додека не излезат надвор и светот не им даде признание....потоа ги опеваме и величиме....незнаеме да ја препознаеме нивната вредност додека некој од надвор не ни ја презентира
Го цениме, но квалитетното македонско е минорна бројка. Зијан, Мизар, Архангел, Падот на Византија, Талонаука Совршена и уште неколку.

Што да ценам, Тони Зен, Слаткар, Легијата, Елена Ристевска, Ламбе ?
Или некои од новиве прогресив/џез слепци ?
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
За тие што ќе тажат им порачувам: Сипааај, нек боли још јаче! :D

Иначе го поддржувам целосно намалувањето на турбо-фолков, само работата е што ако планираат турбо-фолкот да го заменат со пуштање музики од типот на Ријана, Пит Бул веќе го спомнаа, карикатурата Ники Минаж, Лејди Гага и слични, нема којзнае колку да се оправи работата.
Тоа и мене ме загрижува.. има многу квалитетна музика.. али нема асални дџ-и или ретко може да се најде некој што стварно знае што музика пушта. Типичен пример.. одиме на латино.. типот се живо пушти само не латино, после саат време тортура од неговото латино.. гледам народ почнува да си оди.. а другите што седат или се надеваат дека ќе пушти нешто латино.. или чекаат да сврти на турбо фолк па да се испијанчат ко стока. Истото ми се случувало и на хип хоп журки.. од толку музика.. од толку квалитетни песни, они слаткар го пуштаат...:tapp: се осеќав ко да сум на негов концерт. :mad:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom