ВЛАДИМИРОВО

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
На моето Владимирово
Владимирово,село најубаво,
вМалеш,на запад,од туѓи скриено.
За тебе,ноќе знаат само ѕвездите
гнездо Владимирово и месецот!...
Убаво е опишана местоположбата на селото,на почеток на песната.
А има ли некој кои уште не чул за ова наше село.Тотално ослободено на 3 септември 1944 година.
За прв пат доби електрификација во 1949 година.
Макадамски пат до Берово во 1952 година.
Водовод во 1962 година.
Автобуска линија во 1963 година.
Асфалтен пат до Берово во 1972 година.
-----------------------------------------------------------------
Основно училиште во селото до осмо одделение во 1952/53 год. со 357 ученици.
Што би дошло над 40 деца во секое оделение(училница)
Но во 1975/76 год. школото има вкупно 124 ученика до осмо одделение.(или по 15 во едно од.)
Затоа и е укината осмолетката таа година.Поточно вишите одделенија,кои што во изминатиот
период дадоа најголем број на доктори на науки,магистри и други ВС кадри во републиката,
(па може и во тогашна Југославија) затоа и е познато под името Село на учени луѓе.
----------------------------------------------------------------
Имаме ли кајганаџии со потекло од село Владимирово.
 
Анчо ти не беше стар Скопјанец од Дебар Маало? :confused:
 
Големо е Дебар Маало...

Нема смисла сериозно за годините што ги има човекопт, ама не можев да издржам.
Ај да не бидиме провинцијалци, расипуваме темата, па после го вергламе истиот муабет. :D
Онтопик:
Прв пат слушам за оваа провинција.
 
Родно место на сопругата на екс-премиерот Љубчо Георгиевски. Од Владимирово е и амбасадорот(во Атина, ако не се лажам) Благој Ханџиски.
 
Џабе сте ставале асфалт ак не ви поминал тито со кабриолетот.
Уште овој бравар како мене се уште шеташе по светот,
кога од Валдимирово веќе имаше дипломирано:
Медицински факултет........42
Технички факултет..............34
Економски факултет...........28
Правен факултет.................35
Филозовски факултет.........37
земјоделски факултет........12
други.....................................хх Вкупно 200 лица од кои машки 127.
--- надополнето: 2 јули 2013 во 00:43 ---
Родно место на сопругата на екс-премиерот Љубчо Георгиевски. Од Владимирово е и амбасадорот(во Атина, ако не се лажам) Благој Ханџиски.
Најдобриот млад физичар на Југославија за 1967 година Благоја Ханџиски,
промовиран за доктор на електротехнички науки во Загреб во 1982 година.
Снешка мома убава е од Владимирово ( а прв дечко и беше....)
 
Нема смисла сериозно за годините што ги има човекопт, ама не можев да издржам.
Ај да не бидиме провинцијалци, расипуваме темата, па после го вергламе истиот муабет. :D
Онтопик:
Прв пат слушам за оваа провинција.
А јас прва пат слушам дека Владимирово е провинција.
19 век.
Берово 2300............... Македонци
Владимирово 1650.... Македонци
-------------------------------------------------
Или во 1864 година
Берово.........................410 христијански куќи
Владимирово..............230 христијански куќи
--- надополнето: 2 јули 2013 во 00:53 ---
steta tolku diplomirani od tvoevo selo a samo ti kvalifikovan :/
јас како маршалот,си ја кажувам и вистината,
е ама да бев од таму и јас ќе бев или тоа или говедар.
--- надополнето: 2 јули 2013 во 01:40 ---
Анчо ти не беше стар Скопјанец од Дебар Маало? :confused:
Долно Водно,Еврејско маало,Ново маало-центар,Железара,Автокоманда,Лисиче....
 
Таман си е темата каде што треба, да е до повеќето од членови, сигурно би сакале да ја отворат темата во Општи муабети, пошто секоја можна тема ја отвараат таму.
Темата си е на соодветно место. Секој коментар после овој, кој нема да биде на темата, ќе биде избришан, па вие како сакате.
 
Ова село е на два-три километри од селото Русиново од кај што се баба ми и дедо ми. Имам многу пати минато и имам слушнато дека е најученото село во Македонија. Ама моментално селото е во состојба на распаѓање. Има малку постојани жители од кои повеќето се старци. Има нови и убави куќи на гастербајтери кои само лето доаѓаат. На сред село има една кафана/ресторан, не знам како да ја наречам и работи за свадби и слични ствари која работи и онака де, ама е претежно со таа намена.
 
Население - доселување во Владимирово
При крајот на 18 и почеток на 19 век во Владимирово ќе биде (до)населено од доста фамилии од разни краишта на Македонија. Така познатата фамилија Ханџиевски потекнува од Радовиш.Околу 1820-1830 год. во потрага за леб,мигрира во Владимирово занаетчијата - абаџија Цоне Валаковски од Радовиш.Се населиле на денешната селидбена локација-површина на Хаџиевци.Направил мала куќичка и со својот занает за кратко време направил прогрес.
Шиел на рака ѕиври,кожуви,калчини,раси,џамадии,перелини и се друго.Паралелно со тоа почнал да донесува и вино од Радовиш што го трошел во работилницата,поради што добил прекар „Анџија“. Неговите синови Андон и Ѓорги станале материјално здобиени домаќини. Ханџиеви и денес се почитуваат со постојните Валаковци од Радовиш.
Пачемци, сега 16 домаќинстава имаат предок од дојден од Негрево,чувајќи кози.
Мирчовци,сега 17 домаќинства се доселиле од село Умлена.Интересна е приказната за предокот Мирчо на кој начин ја земал Дона од Чемпленци. Тие сакале да си ја повратат назад. Мирчо потоа подигнал куќа со девет врати и секогаш кога овие доаѓале да ја земат тој бегал низ друга врата. Права легенда во селото.
Самарџиеви,сега 3 домаќинства. Нивниот предок се доселил од Пехчево-самарџија.
Фичорци,сега пет домаќинства се доселиле од Осоговијата-кривипаланечко.
Дачевци,сега 6 домаќинства се доселиле од Лаки.
Сасанци,сега 5 домаќинства,предокот им се доселил од Кратово.
Ужевци, сега 10 домаќинства имат потекло од Благоевградско.
Новоселци,сега 3 домаќинства, се доселиле од Ново село.
Чаминци,сега 7 домаќинства,се по потекло од Нивичани-струмичко.
Свинарци,сега 8 домаќинства,се доселиле од Струмица (с.Стиник)
Брдаци, сега 4 домаќинства,потекнуват од село Падеш- Благоевградско
Чаушовци,сега 9 домаќинства, со тешка мака се населиле во селото,бидеиќи владимирци тоа не го дозволувале.
Распашковци и Пеловци кои бројат 20 домаќинства,се населиле поточно се симнале во Владимирово од околните ридови каде одгледувале стока.
------------------------------------------------
--- надополнето: 3 јули 2013 во 17:07 ---
@langelina-
да не погрешив пак некаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom