Лустриран славен македонски писател

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е тоа е. Затоа велам, ниту половична (не ги опфаќа повисоките, позначајни инстанци во тој период), но и многу задоцнета. 22 години.
И што со лицата кои беа на јавни функциии за време важност на законот, лустрирани, но заради тоа што паднаа некои одлуки од Уставен, не се дел од лустрираните. Тие се бележени во јавноста, никому ништо, пупу не важи.
 
Нели во тој случај требаше да се тргне од бугарскиот и српскиот период до денеска? И тие се претходни системи каде преку кодошење се чистеле, малтретирале и убивале македонците. Башка се случува само во источниот блок.

Викаш Србите и Бугарите широко ќе ни ги отворат нивните архиви и ќе ни речат лустрирајте се до мила волја? Плус таквата „лустрација“ се случила, во периодот 45-50. Луѓе биле бришени од историја, шикантирани, бркани, убивани.

За тоа што се случува само во источниот блок има извонредно логична причина. Само во источниот блок пред некое време се смени еден систем со друг.
Но не селективно. Покрај информаторите под закон биле и париски лидери, членови на тајни полиции, членови на партија. Кај некои започнала уште 1991, кај нас се лустрираат само информатори и тоа допрва од пред некоја година, кога запнавме на сите полиња.
И кај нас под закон подлежат партиски лидери и членови на тајни полиции и членови на партии. Фрчковски, Милчин и Исмаил биле сите три работи, па се лустирани. Фрчковски бил и наредбодавец. Кај нас започна пред некоја година затоа што тогаш беше донесен законот. Зошто не започнала порано ќе треба да го прашаш валда Фрчковски. Или Милчин. Обвинувања за селективност имаш во сите држави во кои се спроведувала. Никој не спори дека тие луѓе ги спроведувале комунистичките закони. Само новиот систем вика дека луѓето што ги спроведувале тие закони нам не ни се потребни. Многу едноставно.

П.С. Никогаш не ми била јасна оваа ретардирана Сорос стратегија (така ја нарекувам затоа што првенците на Сорос почнаа први да ја употребуваат) на обратно поставување на работите. Во случајов има милион здраворазумски аргументи да се покаже дека дури и Славко да бил кодош, тоа треба да се заташка, со цел да се заштити светоста на многу побитна работа за сите нас, па може и да се успее во намерата, ама сите тие се употребуваат за да се оцрни процесот во целина.
 
Сакаш да кажеш дека доколку се испостави дека навистина кодошел луѓе кои завршувале по затвори, не е битно и треба да се стави некаде таму у ќош, само заради политичката клима, кој е на власт и слично? Фамилии биле уништувани во тоа време, ако еден е прогласен за кодош, тоа значи дека цела фамилија е обележана, интелектуалци страдале заради тоа, затвори, Голи Отоци, итн. Се дешавало и заради лична нетрпеливост од приватни причини да се кодошат и тастаат луѓе без очигледна причина.

Да го спомнам примерот со Ченто, што бил издаден од свој комшија кој рекол дека пошто имал облечено не знам какви кондури, планирал да иде за Солун, што не било точно?

Не тврдам ништо за Славко Јаневски, секоја чест на делата што ги напишал, НО ако се најдат докази и ако има досие дека кодошел, треба да го стигне правдата, макар и мртов. Фамилиите на тие што страдале ради тоа заслужуваат да добијат одговор и олеснување. Пак ќе кажам, немам очигледен заклучок, затоа што се уште немам докази, само шпекулации, но муабетот ми е дека само затоа што бил/е сметан за уметник, не значи дека треба да добие пропусница..

ДА СИ ЖИВА И ЗДРАВА!
 
Мислев на земјите од централна Европа: Чешка, Словачка, Полска....Србија и Хрватска мислам дека немаат спроведено, не знам точно....
Во секој случај, 20 години имале време (тие што преживеале) да си делуваат политички.....кој К праење лустрација после речиси пола должина на политички век на еден човек?

Сите тие од централна Европа си спровеле на време. Сите нормални држави спровеле лустрација после падот на стариот систем, само кај нас екс-комунистите си играле демократи и ни ја ебале мамата на сите, неповратно, е точната констатација. Твоето беше релативизирање. :)
 
Се сфаќам, ама подржување на лустрација после 91 не сфаќам, зошто оти службите и кодошите работеле за истиот систем во кој живееме и денес, без оглед дали е злоупоребувана или не, 91-92 никој не беше сигурен дали ВМРО-ДПМНЕ навистина застапува македонски или други ставови, не било на одмет да се провери. (ова беше за случајот со Фрчко и ДПМНЕ, за следењето на албанските екстремисти и лустрирањето на луѓето кои го правеле тоа треба да си ги чукнете главите дека и Али си брка некои свои сеништа од минатото, не за џабе е втор премиер во државата).
 
Немаше да се има основ да се пикаат у затвор и да се праќаат у пензија политички опоненти.......и за случајот на Фрчко и издавањето наредби за следење на УЧК-младина никој од форумскиве лустратори неќе да бекне.....него Славко со романите ја упропасти државава :facepalm:
 
Никој ги нема видено „фактите“ врз основа на кои е донесена оваа одлука за лустрација, ама важно точно е. Така кажаа на теве. Славко Јаневски е кодош. Алал да ви е на капацитетот.

А да не зборам како се спроведува лустрацијава, и не, не зборам за селективноста, зборам за тотално непознавање и неинтересирање за работата од страна на т.н Комисија за лустрација. Дали ви е јасно дека они не се тие кои носат одлука или малоумни се правите? Што е наредено од извршната власт, тоа го добивате како одлука на комисијана. Свесни сте дека лустрираа погрешен човек пред некоја недела? (не е фаца чоекот па затоа не знаете, а ве глеам сите експерти за лустрација). Значи им пратиле име и презиме од власта, и сиромашките првиот со тоа име и презиме го лустрирале. Не е битно што не е истиот чоек. И после вие при здрава свест верувате на било која одлука на оваква комисија?
 
И кај нас под закон подлежат партиски лидери и членови на тајни полиции и членови на партии. Фрчковски, Милчин и Исмаил биле сите три работи, па се лустирани. Фрчковски бил и наредбодавец. Кај нас започна пред некоја година затоа што тогаш беше донесен законот. Зошто не започнала порано ќе треба да го прашаш валда Фрчковски. Или Милчин. Обвинувања за селективност имаш во сите држави во кои се спроведувала. Никој не спори дека тие луѓе ги спроведувале комунистичките закони. Само новиот систем вика дека луѓето што ги спроведувале тие закони нам не ни се потребни. Многу едноставно.

П.С. Никогаш не ми била јасна оваа ретардирана Сорос стратегија (така ја нарекувам затоа што првенците на Сорос почнаа први да ја употребуваат) на обратно поставување на работите. Во случајов има милион здраворазумски аргументи да се покаже дека дури и Славко да бил кодош, тоа треба да се заташка, со цел да се заштити светоста на многу побитна работа за сите нас, па може и да се успее во намерата, ама сите тие се употребуваат за да се оцрни процесот во целина.
Арно ме потсети. Милчин според документите бил жртва на прогон, а не информатор или кодош. Ако работел против народот во ред, нека го жигосаат, но во прилог ги дава документите од ДБК од 2000 (а документи за другите лица за жал не видовме). Сепак човекот е во медиуми оцрнет како соработник на службите. Овој не е единствен случај. Има и други случаи со некои членови на актуелни (за време законот) општински советници за кои првично е објавена лустрација за со одлука на Уставен (укинување на некои членови) се заклучи дека истите не се предмет на лустрација. Како ќе се испере комисијата затоа што ова е кршење на правата на граѓаните или повторно ќе се случува ни лук јал ни лук мирисал. И покрај укажувања на професори од Правен, се продолжува со противуставно туркањето на лустрацијата.
И да се корегирам, најмалку трипати веќе законот за лустрација е оспоруван од Уставен.

Многу е едноставно. Збориме за лустрација, сорос и партии воопшто ниту во бившиот систем ме интересирале, ниту сега.
За лустрација (паралелно и жигосување на цели семејства), според законските норми, на живи луѓе кои се носители на јавни функции, како услов за останување на тие функции или како услов за добивање јавни функции. Јаневски над десет години не е жив, што значи не е член на МАНУ кој врши јавна функција.
Дури и поранешниот член на Комисијата се оградува од нивните постапки. Вели, околу 70 лица се на листата за лустрација. Според некои сознанија соработници на тајните служби од тој период се со илјадници.
 
Многу е едноставно. Збориме за лустрација, сорос и партии воопшто ниту во бившиот систем ме интересирале, ниту сега.

Го пишуваш ова, а целиот пасус пред овој ти е базиран на „вистината“ што ја раскажа Милчин. После тоа пишуваш уште еден пасус, во кој ставаш линк до веб страница на Сорос.

Лустрацијата како процес е тенденциозна. Така е замислена да биде. Нетенденциозна лустрација е оксиморон. Лустрацијата (како процес) не може нит да го забави нашиот развој, доколку стварно го заслужуваме, а камо ли да го спречи.

Тоа што јавноста се „одвраќа“ од вистинските проблеми со банални прашања е и само е проблем на неспособниот ПР тим на опозицијата. Не можеме да оцрнуваме процеси кои требало да се случат и пред 20 години (а не се случиле заради нивната неспособност или немање желба) само затоа што ПР тимот на опозицијата немал капацитет да го изменаџира тоа што го носат процесите.
 
премногу си обременет со сорос и партии.
Дали ако најдев линк од друг медиум ќе е поверодостоен? Неспособноста на властите и Македонија да се справи со економијата, надворешната политика и внатрешните случувањат не се покрива со еден циркуз на селективна и задоцнета лустрација. Целта во сите држави беше прво да се стават на тапет и да им се забрани јавна функција на наредбодавците, владетелите. Каде се наредбодавците од нашите служби?

Повеќе не ми се пишува затоа што буквално и на мало дете ќе му беше јасно и затоа што знам дека некои ревносно си ја вршат работата, па доволно е.
 
премногу си обременет со сорос и партии.
Дали ако најдев линк од друг медиум ќе е поверодостоен? Неспособноста на властите и Македонија да се справи со економијата, надворешната политика и внатрешните случувањат не се покрива со еден циркуз на селективна и задоцнета лустрација. Целта во сите држави беше прво да се стават на тапет и да им се забрани јавна функција на наредбодавците. Каде се наредбодавците од нашите служби?

Повеќе не ми се пишува затоа што буквално и на неписмениот ќе му беше јасно и затоа што знам дека службите ревносно си ја вршат работата.

Сорос е олицетворение на кампањата против лустрацијата, нормално е да бидат споменувани овде. Доколку дадеш линк од друг медиум, по можност не финансиран од Сорос, за критика на лустрацијата не организирана од Сорос или СДСМ (овие вториве имаат право на критика, ама тоа си е меѓупартиска битка) тогаш дефинитивно аргументите ќе се поверодостојни.

Ама кога веќе инсистираш, мене ме чуди обременоста на противнициве на лустрацијата со ВМРО-ДПМНЕ. Нивната способност или неспособност за справување со нешто се мери на избори, лесна работа е тоа, не знам што редовно пробуваш да ја наметнеш во темава. Еве ти го списокот, тие што се вработени во МВР/СВР/СДБ/УБД и слично се наредбодавци. Ги има сигурно над десетина од 69. Валда не мислиш дека во еден систем има повеќе наредбодавци од кодоши?
 
Ова е слично со поддршката на Велија. Тој истиот им го донесе Гвујо, пред него уште неколку деспоти, и пак мислат дека затворање на корумпиран медиумски чауш е против интересот на народот. Тој истиот утре ако има прилика, ќе се впушти во кампања за нов калиф наместо калифот.
 
Не мислат, спинуваат. Ова е веќе видена тактика што ВМРО ја имаше во 90-тите. Тогаш, тие што имаа два грама мозок се срамеа да кажат дека се поддржувачи на партијата, па партиските интереси ги бранеа од позиција на луѓе загрижени за народното добро. Сега само позициите се сменети, ама повторно е подеднакво смешно...
 
Сорос е олицетворение на кампањата против лустрацијата, нормално е да бидат споменувани овде. Доколку дадеш линк од друг медиум, по можност не финансиран од Сорос, за критика на лустрацијата не организирана од Сорос или СДСМ (овие вториве имаат право на критика, ама тоа си е меѓупартиска битка) тогаш дефинитивно аргументите ќе се поверодостојни.

Ама кога веќе инсистираш, мене ме чуди обременоста на противнициве на лустрацијата со ВМРО-ДПМНЕ. Нивната способност или неспособност за справување со нешто се мери на избори, лесна работа е тоа, не знам што редовно пробуваш да ја наметнеш во темава. Еве ти го списокот, тие што се вработени во МВР/СВР/СДБ/УБД и слично се наредбодавци. Ги има сигурно над десетина од 69. Валда не мислиш дека во еден систем има повеќе наредбодавци од кодоши?
Едо можеби.
Има разни листи, не е тоа работата. Инаку првично не смееше да се даваат имиња во јавноста, сега многумина се на насловна. Не знам што ќе му се на јавноста такви вести.
 
Многу ми се интересни ваквите теми. Не само на форумов туку и општо низ шатра-патра муабети со ојлевци-дојлевци.
Значи за секоја работа истите луѓе ама баш секогаш имаат став, ги пратат сите вести и ги знаат подобро од тие што ги напишале вестите. И секогаш критикуваат една и иста страна или ја фалат една и иста. А понекогаш посуптилно еднаш од 50 пати ќе завземат став од противникот. Пошто нели се независни, не се партиски определени. хехе. Неопределени жими да не кажам што.
И недај боже да имаш поинакво мислење одма тебе ти ја лепат етикетата ти си од овие или оние.
Како и да е во врска со темава збор два. На мојата фамилија кумуњарите расипани ни ја плакаа мајката. Некои други фамилии и луѓе што сум слушал од муабети или од нивни раскажувања истотака ни криви ни должни гадно наебале. Факт е дека штетата е одамна направена и тоа не може да се промени. Но Вистината (со големо В) треба и мора да се дознае. Нема никакви оправдувања за злодела и за криење на Вистината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom