Да се пофалам, денес чекам да ми стигне договор за во Дубаи!
А со оваа плата од 700 долари имате бесплатно сместување и јадење + бакшиш?
Леандра, имаш обезбедено сместување, превоз дома-работа-дома, обро(к)ци на работа, и авионска карта, како и повратен билет после 2 год. престој ..Исто така имаш и 21 ден платен одмор.
Е сега, има и исклучоци, мене ме интервјуираа Farrgie Coffe Shop - Doha, Qatar и ми кажаа дека сите работници што ги имале до сега, биле на туристичка виза ( значи самите си имале обезбедено смештај ) а овие им ја направиле работна виза. Ми понудија договор, ама во договорот не ме следуваше сместување ( поради горе наведената причина ) ама пак затоа ми даваа accommodation allowance. Кога направив сума-сумару, ќе требаше моите од дома да ми праќаат пари за да си го покријам САМО сместувањето ( едно +300еу ) а да не спомнам пари за храна, шетање и сл. Сместување на своја рака, е скапо ..се движи од 1.000еу па нагоре.