Хрватска од утре 28 членка на Европската Унија

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Знаев дека муабетот ќе биде: Кога Македонија во ЕУ, а не Хрватска од утре во ЕУ.

Само неколку работи на кратко да кажам.

Прво, немојте да мислите дека од ова ниво, е возможно ЕУ да не спушти уште подоле, со самото наше евентуално членство. Едноставно, помирете се и вие патриотите и вие пообјективните дека ова е дното. Полошо од ова едноставно мислам не е возможно да биде. Не гледам како би можело. Да не набројувам од што сум покрепен за ова да го кажам, свесни сте.

Второ, како кажувате, да видиме сеа Хрватска како ќе се справи. Демек чекаме да видиме, па после да решиме дали ни се иде или не. Оние што се на власт кочат, тие несакаат да влеземе, ние сме никој и ништо. Сега можат да не молзат, тогаш нема да можат толку лесно. И постојано слушаме на тв сител: Грција е виновна, несака да преговара. Постојано прстот го насочуваат кон другиот, а они се цветчиња и само градат.

Затоа нема да не биде, имаат пари собрано за 20 кралски животи да можат да истераат, они очигледно сакаат за 30.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Шурикен: Каква врска има цел муабет со нашиот влез во Еу. Нема да можеле да крадат. Не да ќе можат, туку парче ке направат како и досега.

Незнам само од кај ги вадите овие муабети.

И да не се лажиме. Уште утре можеме да влеземе, само треба да си направиме харикири. Биди доблесен и признај си што е реалниот проблем, не изигравајте како да живеете некаде далеку далеку и појма немате како стојат работите.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Шурикен: Да тој песимизам и неверие највеќе доаѓа од Македонија и Србија,рамнејќи ја ЕУ со фашистичка творба што не е точно,иако половината членки биле жртви на тој фашизам од втората светска војна. Ова е историско помирување на целиот континент,бидејќи Европа по падот на римското царство непрекинато била со воени жаришта,што е првпат период од 60 години да има непрекинат мир.Тоа е најголемиот успех и целта за стварање на самата унија.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Малку оф топик или не...Хрватска и пред војната, а и претходно беше посредена во секој поглед од Македонија.Посебно инфраструктурно.Не знам каква е поврзаноста на ЕУ со ова :confused:
Поврзаноста е кон тоа што цитирам дека освен на брегот се било како во Делчево...... :ROFLMAO:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Препораките на Европската комисија се: Македонија да ги започне преговорите со ЕУ (еве веќе 4-5 год).

Арно ама,кога веќе гејлада стана досадна,се приклучија нашите источни "пријатели" во блокадите.

Интересно е после како се чудите зашто Македонците не ги сакаат блгарите, демек србите ни ја всадиле таа омраза кон вас?! :tapp:

Лицемерие до бескрај... :facepalm:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Murugan: Ајде дај некоја идеја, како брзо и ефективно би влегле во ЕУ или НАТО без да се исполнат барањата на Грција првенствено.

Ете ти си на власт и имаш неограничена моќ во државата да носиш одлуки.

Повели изјаснисе сите да прочитаме...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Ако клучниот фактор зa Murgan е бугарскиот пасош, лицата кои поседуваат бугарски пасоши се подеднакво присутни во сите партии од "македонскиот политички блок".
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Како прво јас не сум политичар па затоа не морам хипотетички да одговарам,доволно е тие кои ја донесоа Македонија во 2005 година да биде лидер на Западен Балкан,истите ќе ја внесат Македонија во ЕУ без да прават отстапки ниту за името ниту за идентитетот.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Како прво јас не сум политичар па затоа не морам хипотетички да одговарам,доволно е тие кои ја донесоа Македонија во 2005 година да биде лидер на Западен Балкан,истите ќе ја внесат Македонија во ЕУ без да прават отстапки ниту за името ниту за идентитетот.
Шеќеринка, ти си мори???!?!:pos:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Кој и да е на власт во Македонија за да влеземе во тие веќе ебани ЕУ и НАТО треба да се соблече и замиже пред да му го пикнат, а кога еднаш ќе му го учукаат ќе го ебат до крај пријателе.

Неможат државите од унијата да поставува барања кои немаат блага врска со оние со кои тие се соочувале кога преговарале.

Се е политика, гледај бугарија и романија скроз неспреми ги упикаја, а уште возат коњи и магариња по патиштата, додека Хрватска ја цедеа како лимон. Ова утринава го имаше како дебата по хрватските радија.

Нас ни бараат име, а на србите територија а никој не гарантира дека нема да се распадне ЕУ како многупати до сега.

Не сме ние Америка, држава со 300 години историја па да се темелите стабилни. Тука на европско тло се леела крв со векови и ќе се лее. Колку и да глумат народите НАТО и сл. гомна, на првата можност ќе се испукаат со се што имаат!
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Види,забораваш каква сила има европската комисиja...комисиjaта-само препорачува.
Одлуката се зема на друго место-совет на министрите.
Препорачувам ти да разбереш како работи ЕУ.
Да де, се разбираме. Еврпската Комисија препорачува почеток на преговорите после исполнувањето на условите,и после доаѓа советот на министри каде што бугарите измислуваат нови и нови услови.

Во последниве 10 години многу добро научивме како работи ЕУ. Секојдневно измислува правила кои самата редовно ги крши. Извештаи, заклучоци и пресуди кои буквално ништо не значат. Демократија и човекови права селективно како нив им одговара. Се на се еден збор има за функционирањето на ЕУ- БАШИБОЗУК.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ако клучниот фактор е бугарскиот пасош, лицата кои поседуваат бугарски пасоши се подеднакво присутни во сите партии од "македонскиот политички блок".
Јас тоа не го изјавувам,тоа го кажува експремиерот и лидерот на партијата на власт.Зар овие Македонија ќе ја внесат во ЕУ под уставното име?http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F90D52DE72178498A02806E94FF86C3
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.018
Како прво јас не сум политичар па затоа не морам хипотетички да одговарам,доволно е тие кои ја донесоа Македонија во 2005 година да биде лидер на Западен Балкан,истите ќе ја внесат Македонија во ЕУ без да прават отстапки ниту за името ниту за идентитетот.
Тие кои ја донесоја Македонија како лидер на западен балкан ни го начукаја овој проблем како прво. И ако биле толку способни имаја време од 95 до 2005 чуда да направат со влезот во ЕУ.

И кога се зборува хипотетички воопшто не мораш да бидеш политичар. Ќе си речеш јас да бев на власт ќе направев вака и вака и готова работа.

Ако незнаеш ни до толку да кажеш, тогаш искрено не ми е јасно како знаеш што можеле и што можат идните да направат за да не внесат во ЕУ. Или ајде колку да се речи.:facepalm:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
[acetetovo: Балканот не е цела Европа.....после 2 светска војна цела Европа си ги расчисти сметките. Само ние сеуште ги немаме дорасчистено.....

Прво нема веќе ниту една од западните земји свое малцинство во некоја друга - значи нема веќе територијални претензии. Немаат веќе сила и воља за војување,толку се испреплетени како црева што веќе нема теорија куршум да испукаат меѓу себе. Тоа е ЕУ,моментално го имаме најдолгиот мир во Европа од кога се знае и тој мир е затоа што сите земји се интегрираа во ЕУ. Германија има многу поголем проблем од тоа да се заеба со Французите за некое парче земја и да се тепа со нив кога може заедно со нив да се брани од кинескиот налет. Наместо да делат кој каде ќе колонизира,ќе ја цицаат заедно секоја земја од Африка итн....
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Тие кои ја донесоја Македонија како лидер на западен балкан ни го начукаја овој проблем како прво. И ако биле толку способни имаја време од 95 до 2005 чуда да направат со влезот во еу.
И кога се зборува хипотетички воопшто не мораш да бидеш политичар. Ке си речеш јас да бев на власт ке направев вака и вака и готова работа. Ако незнаеш ни до толку да кажеш тогаш искрено не ми е јасно како знаеш што можеле и што можат идните да направат за да не внесат во еу. Или ајде колку да се речи.
Не до толку,проблемот постоеше порано веднаш по нашето осамостојување,но со разумноста и со умерената политика на претседателот и владата,се изнајде привремено решение за прием во ОН,за да влеземе како самостојна држава,инаку одбегнавме многу полоши сценарија за поделба на Македонија помеѓу Србија и Грција.Доколку имавме некој премиер тогаш од типот на Груевски досега немаше да фигурираме никаде како самостојна држава ниту ке бевме оаза на мирот,туку конфликтите ќе беа порано од 2001 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom