- Член од
- 7 мај 2013
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 12
Незнам од каде да почнам Ваков вакум во живот не сум имал. Буквално ова е можеби и моето дно. Повеќе го немам духот во мене. Буквално мојот свет се дроби и како да му се гледа крајот. Се ми е без врска! Џабе и учење, џабе и факултет џабе се. Едноставно не сум исполнет во ништо. Заборавив како е да се смееш . Се плашам дека дури и разговор со друштвото станува тешка работа.... Толку сум осамен што воопшто не се ни препознавам. Единствено нешто то за момент ми дава да дишам е минатото но веќе следниот момент ме гуши, ме убива, на сето тоа ми страда егото. Па самодоверата и се натака со ред. Во мојот живот зборот случајност станува мисловна именка!!! Веќе неможам ни да замислам како би изгледала таква ситуација - јас пријатно изненаден од некоја случајност!!?!!?!? WTF шо беше то???? И ноќите не се тоа што беа! Не дека порано бев нешто поарен ама сега не се издржува. Се кошмари, недонаспан, чудни соништа. Згора на тоа, огромни нервози, цело време на штрек, опуштање нема или ако го има единствено ако сум сам. Кругот на пријатели незнам дали се проширил во последните 3 години, се се сведува на познаници. И знам дека е по моја вина. Премногу сум збунет. И еве, дури пишувам неможам да си ги средам мислите и да бидам концизен и јасен... тоа барем што не беше случај кај мене. Незнам како е да си посветиш време за самиот себе, а најтрагично е дека усвари и ништо не правам. Добивам дури и забелешки од најблиските околу мене деека мора да се средам!! А јас? ???? - покрај проблемот што незнам од каде да почнам, прашањето се префрла на тоа КАКО ??? Подолго време пробувам да се средам и тоа да е долгорочно ноо.... Мислев дека идите во мене ( работа, странство, хоби) ке ме движат сигурно и ако не долгорочно, барем среднорочно на добар пат, можеби ке добијам други идеи, ке научам нешто, барем ќе имам мир во душата но ни тоа не успева. По некогаш си викам ( тоа е и причината зошто јас се критикувам себеси) - добро кај може искалкулиран ум, со тон предрасуди да „плови на отворено“ !??!?! И сето ова зад лицето на гордата личност! До следниот пат!!- кога се надевам ке сум во подобра состојба . Поззз