AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Што е чиптјунинг?
Кај современите возила моторот го контролира и следи мал компјутер. Овој компјутер се нарекува контролна направа (ECU) и е поврзан со моторот со кабли и приклучоци. ECU-то прима аналогни и дигитални сигнали и потоа ги пресметува контролните наредби за палење, вбризгување, контрола на издувни гасови итн.
Во основа, чиптјунингот нуди две можности за зголемување на моќноста на моторот: преку дополнителна контролна направа или таканаречениот OBD-тјунинг.
Чиптјунинг со дополнителна контролна направа
OBD-тјунинг
Објаснувањата ги ставив во спојлер да не стои огромен текст за оние што знаат што е чиптјунинг 
Користи ли некој од вас чиптјунинг, без разлика дали OBD или со дополнителна направа?
Кај современите возила моторот го контролира и следи мал компјутер. Овој компјутер се нарекува контролна направа (ECU) и е поврзан со моторот со кабли и приклучоци. ECU-то прима аналогни и дигитални сигнали и потоа ги пресметува контролните наредби за палење, вбризгување, контрола на издувни гасови итн.
Во основа, чиптјунингот нуди две можности за зголемување на моќноста на моторот: преку дополнителна контролна направа или таканаречениот OBD-тјунинг.
Чиптјунинг со дополнителна контролна направа
Чиптјунингот преку дополнителна контролна направа се врши така што се инсталира дополнителна електронска контролна направа која е поврзана со моторот и постоечката ECU.
Постапката е многу едноставна: електрониката на дополнителната направа активно ја модификува контролата на моторот. Мапите се оптимизираат неколку илјади пати во секунда и со тоа се создава значајно и веднаш забележливо подобрување во моќноста. Истовремено, ако Вашето однесување на патот останее исто, може да се намали и потрошувачката на гориво.
Со овој тип на чиптјунинг не се менува програмата за заштита на моторот и нема ризик од преоптоварување на одделни компоненти на моторот. Доколку максималната брзината на Вашето возило е автоматски ограничена, таа ќе остане непроменета. Исто така, оригиналниот софтвер на Вашето возило останува непроменет.

Со OBD-тјунингот се модифицира оригиналниот софтвер на возилото со интервенција во компјутерот на возилото. ECU-то се поврзува со дијагностички алат, се чита оригиналниот софтвер, потоа се модифицира со соодветни компјутерски програми и повторно се внесува во ECU. Во одредени случаи оригиналниот чип се заменува со тјунинг чип.
Предноста на OBD-тјунингот е што може да се отстрани ограничувањето за максимална брзина.
Главен недостаток на овој тип на тјунинг е што секогаш постои ризик од оштетувања на моторот бидејќи тој ги исклучува функциите за заштита на моторот.
Исто така тјунинг софтверот може да го направи невозможно дијагностицирањето на грешки. Во сервисот може да бидат прочитани само кодови за грешки и поправките да не може да бидат соодветно извршени.
Ако се сменат Вашите потреби по инсталирањето, овој тип на тјунинг не нуди можност за брзи измени во програмата.