Chiptuning

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Што е чиптјунинг?
Кај современите возила моторот го контролира и следи мал компјутер. Овој компјутер се нарекува контролна направа (ECU) и е поврзан со моторот со кабли и приклучоци. ECU-то прима аналогни и дигитални сигнали и потоа ги пресметува контролните наредби за палење, вбризгување, контрола на издувни гасови итн.

Во основа, чиптјунингот нуди две можности за зголемување на моќноста на моторот: преку дополнителна контролна направа или таканаречениот OBD-тјунинг.

Чиптјунинг со дополнителна контролна направа
Чиптјунингот преку дополнителна контролна направа се врши така што се инсталира дополнителна електронска контролна направа која е поврзана со моторот и постоечката ECU.

Постапката е многу едноставна: електрониката на дополнителната направа активно ја модификува контролата на моторот. Мапите се оптимизираат неколку илјади пати во секунда и со тоа се создава значајно и веднаш забележливо подобрување во моќноста. Истовремено, ако Вашето однесување на патот останее исто, може да се намали и потрошувачката на гориво.

Со овој тип на чиптјунинг не се менува програмата за заштита на моторот и нема ризик од преоптоварување на одделни компоненти на моторот. Доколку максималната брзината на Вашето возило е автоматски ограничена, таа ќе остане непроменета. Исто така, оригиналниот софтвер на Вашето возило останува непроменет.

OBD-тјунинг
Со OBD-тјунингот се модифицира оригиналниот софтвер на возилото со интервенција во компјутерот на возилото. ECU-то се поврзува со дијагностички алат, се чита оригиналниот софтвер, потоа се модифицира со соодветни компјутерски програми и повторно се внесува во ECU. Во одредени случаи оригиналниот чип се заменува со тјунинг чип.
Предноста на OBD-тјунингот е што може да се отстрани ограничувањето за максимална брзина.

Главен недостаток на овој тип на тјунинг е што секогаш постои ризик од оштетувања на моторот бидејќи тој ги исклучува функциите за заштита на моторот.
Исто така тјунинг софтверот може да го направи невозможно дијагностицирањето на грешки. Во сервисот може да бидат прочитани само кодови за грешки и поправките да не може да бидат соодветно извршени.

Ако се сменат Вашите потреби по инсталирањето, овој тип на тјунинг не нуди можност за брзи измени во програмата.
Објаснувањата ги ставив во спојлер да не стои огромен текст за оние што знаат што е чиптјунинг :)
Користи ли некој од вас чиптјунинг, без разлика дали OBD или со дополнителна направа?
 
Златна сајла какви чипови какви бакрачи.
 
Ремап или нов компјутер?

Едното само мене горивните карти и надуво на турбина (ако има турбина).Другото му мене цел софтвер, и ако некој калпазан го праа може слободно да се изблокира се и да ја фрлеш колата у отпад.

Атмосферен мотор и нема некоја корист од чип тјунинг ако не му ставеш спортски филтер и cold box изолација.
После може да му измазнеш усисната грана, да има покус пат, на спортскио филтер да му ставеш друг МАФ сензор, и на крајо сменеш дизните со поголема кубикажа. За издуво исто маанеш катализаторите, ставеш прави цевки и едно резонантно грне да не прде ного и да не фрла огин низ ауспухо... И да се ќефеш как слободно ќе боботе самата машина. :)

И после да има кој да купува гуми и да тура бензин. :D:D:D

оти плино е за готвејне, нафтата за топлејне, бензино за возејне. ;)
 
Послабо да пишуваш на дијалект зашто нема да те разбере никој :D
 
Ама, Луки, финтата кај чиптјунингот со дополнителен модул е што се штеди гориво и тоа добра количина. Особено нафташите со комонреил може да имаат корист од ова, пошто иста заштеда имаат сите, ама чиповите за комонреил се најевтини.
Значи не е само за луѓе што сакаат да брчат по автопат, него и за луѓе што сакаат да заштедат.
 
Ако не е турбаш, џабе ти е чип тјунинг, само фрлање пари за ништо. :)
 
A

Се убаво ама не кажуваш дека не е само да сменеш горивните карти и повише да троше , а коа повеќе троше повеќе оде, тоа се прае и на карбуратор системо со поголеми дизни, знам на голф3 со еден тип на бош пумпи само се зголеме протоко повеке оде и повеке троше и тоа се мрда на самата бошпумпа како регулатор си е. Зборо ми е дека колите кои излават од фабрика се оптимизирани за глобален пазар не за регионален, тоа значи дека на различни локации поради различни причини влажност на воздух, надморска висина, топлина и друго различно ќе работе и направено е на тај начин што се балансира меѓу Снага и потрошувачка и изджливост. Чиптјунинго треба да го напрае тоа уштеподобро според потребите у тие локации. И најчесто ни 60% од можностите на моторо не се искористени се додека не се чипува. Снагата на моторите паѓа како што се зголемува надморската висина, највеке се осека кај атмосверците. И неможе секоја будала да прае чип тјуниг може само да ставе такви лажирачи на податоци или како и да се викат шо само се поврзат и терај братче :) има ги тие ефтинки се у германија по 30-40е за кола од 50-60к евра па размисли си колку се добри коа ќе го оштетеш катализаторо поради несогорено гориво.
 
Не е точно дека го оштетуваат моторот, тие не прават апсолутно никаква штета на моторот. Ама баш никаква. И не се баш по 30-40 евра ;)
 
Јас имам BMW e36 318TDS Compact, фабрички 90hp, чипувано (според чипот) 110-115hp. Потрошувачката низ град според борд компјутерот не паѓаше под 7.5l сега се спушта и до 6l/100km. На отворено претходно беше 4.5l (на 110km/h), сега опаѓа до 3.5l/100km :D
 
Послабо да пишуваш на дијалект зашто нема да те разбере никој :D
Кој разбрал разбрал, кој не разбрал нек се допита ќе му преведам. :D:D:D

Ама, Луки, финтата кај чиптјунингот со дополнителен модул е што се штеди гориво и тоа добра количина. Особено нафташите со комонреил може да имаат корист од ова, пошто иста заштеда имаат сите, ама чиповите за комонреил се најевтини.
Значи не е само за луѓе што сакаат да брчат по автопат, него и за луѓе што сакаат да заштедат.

Ох да, дефинитивно, тава се постигнува поарно со ремап отколко со дополнителен модул. (Најчесто говореме за дизел со турбинка. Јас горе сам опишал како се ваде повеќе којна од атмосферен бензин, оти јас сам си мераклија на бензинец со поголем атмосферен мотор :D:D)
Значи самите горивни карти се менат, регулира се колко атмосфери турбината ќе дува, и најчесто се ваде некој којн и њутнметар повеќе, и помалце гориво требе да се одржува брзина на истата тежина на колата.
Квази тјунерите имат најчесто една горивна карта за еден тип возило и ја стават. Арно ама секоја кола си е приказна сама за себе. ПРво требе да се провере кумплунг/ламела да се виде дали старио кумплунг ќе го издрже тај екстра вртежен момент. Второ требе да се провере турбината, осовините и лагерите дали има луфта или поттрошнува ујленце и дали ќе го издрже тај екстра надув и повеќе вртежи.

После требе да се проверат дизните на дијагностика која колку вбризгува, дали е у нормите и колко оффсет може да издрже да се покачат порциите гориво, паралелно со порциите воздух (за да има најуспешно согорувајне односо воздух нафта требе да е негде 14:1), да се провере МАФ сензоро колко проток на воздух има, и да се искомбинира со колко атмосфери набива турбото. И за крај, откоа се имат сите параметри, седнува некој поискусен човек и напишува специјална горивна карта за таа кола. Не е финтата да се постигнат определени којна по секоја цена. Финтата е у фабричките параметри да се наштелува односо гориво воздух и да се извадат повеќе којна/вртежен момент и следствено ќе се намале потрошувачката... :):)

Е не можам да кажам се од старт ќе заборавам нешто. Горивните карти сами по себе не праат чип тјунинг. Горивните карти сами по себе праат црна чурава на дизелите, и смрѓава на жив бензин кај бензинците. :)
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 15:28 ---
Ако не е турбаш, џабе ти е чип тјунинг, само фрлање пари за ништо. :)
Ох со атмосферците е ного поинтересно да правеш тјунинг отколко со турбашите. Иако самио атмосферец ќе дигне помалце којна процентуално, ама играчката е голема со делове со тракатанци со чуда. :D:D
 
Ох да, дефинитивно, тава се постигнува поарно со ремап отколко со дополнителен модул. (Најчесто говореме за дизел со турбинка. Јас горе сам опишал како се ваде повеќе којна од атмосферен бензин, оти јас сам си мераклија на бензинец со поголем атмосферен мотор :D:D)
Значи самите горивни карти се менат, регулира се колко атмосфери турбината ќе дува, и најчесто се ваде некој којн и њутнметар повеќе, и помалце гориво требе да се одржува брзина на истата тежина на колата.
Квази тјунерите имат најчесто една горивна карта за еден тип возило и ја стават. Арно ама секоја кола си е приказна сама за себе. ПРво требе да се провере кумплунг/ламела да се виде дали старио кумплунг ќе го издрже тај екстра вртежен момент. Второ требе да се провере турбината, осовините и лагерите дали има луфта или поттрошнува ујленце и дали ќе го издрже тај екстра надув и повеќе вртежи.

После требе да се проверат дизните на дијагностика која колку вбризгува, дали е у нормите и колко оффсет може да издрже да се покачат порциите гориво, паралелно со порциите воздух (за да има најуспешно согорувајне односо воздух нафта требе да е негде 14:1), да се провере МАФ сензоро колко проток на воздух има, и да се искомбинира со колко атмосфери набива турбото. И за крај, откоа се имат сите параметри, седнува некој поискусен човек и напишува специјална горивна карта за таа кола. Не е финтата да се постигнат определени којна по секоја цена. Финтата е у фабричките параметри да се наштелува односо гориво воздух и да се извадат повеќе којна/вртежен момент и следствено ќе се намале потрошувачката... :):)

Има модулчиња однапред програмирани за специфичното возило, по кратка постапка се средува. Производителот го правел цело тоа тестирање, пресметување, итн, ти само си го монтираш и тераш. (y)
 
Женска експертиза за коли. Ми се допаѓа :)
 
Не е точно дека го оштетуваат моторот, тие не прават апсолутно никаква штета на моторот. Ама баш никаква. И не се баш по 30-40 евра ;)

Можеби не прават директно штета на моторот но преголемата количина на горивна смеса може да доведе до непосакувани оштетувања на катализаторот поради несогорено гориво, кое е скапо кај новите возила. И за бмв 520d e60 е 35евра од германија од 177коња на 210 и диме како локомотива :vozbud:

Шкода фелицја 1.3 карбуратор, фино моторче 43кw. Со полирана декла, ширени канали, преправана усина грана(полирање) и олеснувани вентили некаде 7-10 коња подобрување. Лично моја е шкодата само шоо немаше можност за ставање на поголеми вентили и подобар карбуратор. За тјуниг си сака добар мотор со добра почетна снага колку е поголемаа почетната снага толку повеќе има на добивка после тјунинг :):)
 
Има модулчиња однапред програмирани за специфичното возило, по кратка постапка се средува. Производителот го правел цело тоа тестирање, пресметување, итн, ти само си го монтираш и тераш. (y)
Знам за тија, еден другар сакаше за неговото бмв да си зима.
Јас сам малко поскептичен заради закачувајне екстра електроника на ОБД2 приклучоко..... И повеќе ме ареса идејата за софтверски ремап.
 
Можеби не прават директно штета на моторот но преголемата количина на горивна смеса може да доведе до непосакувани оштетувања на катализаторот поради несогорено гориво, кое е скапо кај новите возила. И за бмв 520d e60 е 35евра од германија од 177коња на 210 и диме како локомотива :vozbud:

Ако не ти е тешко дај ми линкче баш да видам што чудо се добива за 35 евра. За тие пари ништо чудно и да го распадне моторот :D
Знам за тија, еден другар сакаше за неговото бмв да си зима.
Јас сам малко поскептичен заради закачувајне екстра електроника на ОБД2 приклучоко..... И повеќе ме ареса идејата за софтверски ремап.

Ете, видиш, јас па не би рчкала по софтверот на колата. Милијарда работи може да се зезнат. Со модулчево добрата работа е што можеш да го извадиш. Или на пример, се предомислиш, нејќеш веќе да штедиш, сакаш да имаш повише моќност - може одма да го наштелуваш, не мора ни во сервис да го носиш.
Имам ставено RaceChip на мојава кола, го ставив пред некои 4 месеци. Голф 6ка, 66kW - 90 коња. Одма ми намали потрошувачка, од 6.5-7 на 5.5 ми ја симна, а не возам пензионерски.
На автопат без проблем од просечна удобна патна брзина што беше околу 160 дигна на 180. Будимпешта-Скопје стигнав за помалце од 7 саата сосе граници. Али да речеме, еве, мене не ми е толку битна брзината, повише ми е заштедата, а нејзе стварно ја има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom