Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Доказ само еден има амбасадорот на америка кога го предаде листот со имињата на Борис Трајкоски на 23 јуни 2001 во кој имаше детално за колку американците има у селото и колку од нив се убиени од страна на волците.Така да ако си политичар од предавниците ВМРО некаде во тајните архиви можеш да го најдеш
Добро и што сакаме да докажеме!?

Како прво нема цврсти факти дека тоа што го зборите е вистина, како второ и да е вистина што сакаме да докажеме дека Волците се подобри од Зелените баретки или што е работата, и како трето сто пати сум рекол споредби помеѓу две специјални единици не се прави од типот специјалци на САД, Велика Британија, Израел, Русија и сл со нашиве! позз
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
На сликата е AТАНАС ЈАНЕВ (1976 - † 2001) во 2001 година. Атанас увек си ја сакаше земјата, и големa чест му беше да ја одбрани татковината. При секое минување на градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Гоце Делчев војводата, не претпоставувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача.

Оставајќи ја бремената жена, отиде да ја брани Македонија, неговата фамилија а и неговиот нероден син. Загина на денешен ден пред 12 години во Арачиново. Господ ретко раѓа такви ликови како тебе, ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

996852_399300433521411_1557101598_n.jpg
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 19:23 ---
1001631_399283560189765_1049832709_n.jpg
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 19:25 ---
1003667_477006232375443_263093248_n.jpg
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Тони Ангелески

Слава и почит на Никола Пехчевски, Александар Стојчев, Атанас Јанев и Оливер Китановски, херои Македонски. Пред точно 12 години, паднаа во нерамна битка во селото Арачиново. Непосредно пред акцијата, доброволно се пријавија да учествуваат во првите редови на нападот. Имав прилика да го видам нивното загинување. Многу земји и народи би позавиделе на такво јунаштво. Загинаа за државата, која денес не ги одбележува нивните дела и имиња. На истиве овие датуми, другата страна, учките, организираат турнири, посети на семејствата, континуирана помош на членови од фамилиите и низа други активности кои овие денови може да се прочитаат на порталите. Со исклучок на поединци, и секако, оние најмладите, после толку години, би заклучил дека, овие наши браќа, загинале за мивки и преваранти, кои денес уживаат во прескапо платената слобода. Загинаа за луѓе, кои денес бесрамно газат на нивната крв, на нивните коски, бегајќи од овие датуми и овие настани. На ваквите датуми, многумина молчат и чекаат што побрзо да измине денот. Нашион председател, минатата ноќ, до доцна заглави во шоуто на Миленко. Потроши неколку часа кај водител за кого има правосилна пресуда за десетици сторени измами. За тоа време, можеше да посети барем две семејства, да положи цвеќе на некој споменик. Истото се однесува и за другите, и за власта и за опозиција. Курветини и платеници кои оваа држава ја носат во сигурна пропаст. СЛАВА И ПОЧИТ ЗА ХЕРОИТЕ ! ПОЧИТ ЗА СИТЕ ВИСТИНСКИ БРАНИТЕЛИ ! ЕДЕН ДЕН ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ИСПРАВЕНА ! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !

Тони беше припадник на ПЕП-Посебните Полициски единици и бесе учесник во Арачиново и во др места каде имасе воени дејствиа
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Тоа е брат Igor Iloski, принудени сме да бегаме, еден од тие патриоти бев и јас, ама не повеќе само заради една работа која е доста битна во животот, ЕГЗИСТЕНЦИЈА - која што не ја најдов за жал овде.Не знам како беше можно човек како мене со факултет и магистер по безбедност да биде заменет со албанец со социјологија факултет за работно место во АРМ, ужасно е и не сакам да зборам за тоа, а воопшто не сакам да се потсетувам на тие што ги дадоа животите за Македонија и тие кои изгубија по некој, за оние војници и полицајци кои останаа до крајот на животот инвалиди/парализирани на кои истите им беше барана назад онаа парична помош како надоместок за загубата, стварно е трагично ...позз​
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Тоа е брат Igor Iloski, принудени сме да бегаме, еден од тие патриоти бев и јас, ама не повеќе само заради една работа која е доста битна во животот, ЕГЗИСТЕНЦИЈА - која што не ја најдов за жал овде.Не знам како беше можно човек како мене со факултет и магистер по безбедност да биде заменет со албанец со социјологија факултет за работно место во АРМ, ужасно е и не сакам да зборам за тоа, а воопшто не сакам да се потсетувам на тие што ги дадоа животите за Македонија и тие кои изгубија по некој, за оние војници и полицајци кои останаа до крајот на животот инвалиди/парализирани на кои истите им беше барана назад онаа парична помош како надоместок за загубата, стварно е трагично ...позз
За жал потполно те свакам и се согласувам со тебе нашата држава после таа проклета 2001 не е повеке иста.Денес ние и нашите права на мнозинството,а Албанците добија и сеуште добиваат и повеке одошто очекуваја.Еве пример

Датум: 23.06.2013, 17:45

АРАЧИНОВО И 12 ГОДИНИ ПО KОНФЛИKТОТ ЈА БРАНУВА ЈАВНОСТА

ОНА со 20-метарски јарбол ќе ја слави победата



Ќе доделиме признанија на семејствата на загинатите припадници на ОНА, велат од Општина Арачиново, а Стојанче Ангелов порачува дека без помош од меѓународните претставници поранешните припадници на УЧK ќе немаше што да слават

Почит, признанија за семејствата на загинатите припадници на ОНА во Арачиново во 2001 година и јарбол висок 20 метри со албанското национално знаме, од една страна и пораки дека без помош од меѓународните претставници поранешните припадници на УЧK, а сега елитата на ДУИ ќе немаше што да слави, од другата страна - и 12 години по конфликтот сведочат за контроверзиите на тогашните случувања.

И додека припадниците на безбедносните сили ги одбележуваат датумите на битките од 2001 година, припадниците на поранешна ОНА, институции и здруженија на големо ги слават како најсветли датуми од поновата историја на Албанците.

Општина Арачиново и Здружението на ветераните на ОНА предводено од Фазли Велиу денеска ќе доделат признанија на осум семејства на загинати во битките за Арачиново. По едно признание ќе добијат и семејства на загинати во Арачиново од Kосово и од Албанија.

-Централната прослава ќе се одржи кај меморијалниот центар над Арачиново каде што ќе биде поставен дваесетметарски јарбол со националното знаме. Ќе доделиме признанија на семејствата на загинатите, а пригодни говори се очекува да одржат градоначалникот на Арачиново, Брахим Ајвази, Фазли Велиу и лидерот на ДУИ Али Ахмети - ни изјави Шефик Дураку, советник на градоначалникот.

Тој додава дека поканети се сите пратеници и министри на ДУИ како и гости од Kосово и од Албанија. Дураку вели дека не е спорно што прославата е во организација на Општината бидејќи финансиите се обезбедени од донатори, а Општината ги платила само признанијата за семејствата.

Во соопштението од Општината се вели дека „24 јуни е датум обележан во најновата историја на Албанците во Македонија, ден на гордоста и на меѓународното признавање на УЧK. Тогаш, на овој ден УЧK беше признаена како организирана војска со јасна политичка платформа за правата на Албанците во Македонија“.

Бранителите, пак, завчера ја одбележаа годишнината од офанзивата на македонските вооружени сили во обид да се заземе селото. Во офанзивата за Арачиново загинаа Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев, а Оливер Kитановски кој беше ранет, подоцна почина во болница. Селото на 9 јуни 2001 година беше прогласено за слободна територија од страна на тогашната ОНА под водство на Џезаир Шаќири-Хоџа.

Тогашниот генерал на специјалната единица „Тигри“ Стојанче Ангелов, кој во Арачиново беше меѓу најтешко повредените, за најавената прослава на поранешните припадници на ОНА вели дека тие знаат како да ги почитуваат своите жртви што загинале за идејата за голема Албанија, маскирана како идеја за човекови права. Потсетувајќи се на случувањата пред 12 години, тој вели:

- Арачиново е типичен пример дека Македонија како мала држава е немоќна да се спротивстави на меѓународната заедница колку и да е во право. Македонскиот државен врв беше принуден да го отвори обрачот во кои беа затворени припадниците на УЧK и да ги пушти живи и неказнети заедно со нивните мртви и ранети, да излезат надвор за повторно да ги напаѓаат безбедносните сили. Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина ако влеземе во конфликт со меѓународната заедница. Да не беше меѓународната заедница, припадниците на ОНА ќе беа убиени сите до еден и денеска немаше да слават, туку ќе жалеа.

Неколку дена откако македонските бранители влегоа во Арачиново, со одлука на државниот врв и претставниците на НАТО и на ОБСЕ беше донесена одлука да се повлече македонската војска, а припадниците на ОНА беа евакуирани од Арачиново со автобуси под покровителство на НАТО.

И додека бранителите битката кај Арачиново ја одбележуваат со положување свежо цвеќе пред Споменикот на бранителите во центарот на Скопје, поранешните припадници на ОНА, а сега ДУИ, со богата програма ја слават победата во Арачиново во нелегално изградениот меморијален центар, веднаш над селото. Меморијалниот центар, кој беше замислен како симбол на Албанија, Kосово и на Илирида, почна да се гради во 2006 година без дозвола, а спорно беше дали ќе биде споменик или само гробишта за осумтемина загинати во битката за Арачиново.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

:) Вистинските борци сега седат дома и патат за леб а оние лапушите се во фотелја и си го грејат газот (n) Стварно ми се гади од државава и од сите такви паразити бидејќи во 2001 имав братучет кој отиде да се бори за Македонија и се врати целиот со трауми а сега е без работа а овие учкиве сите се вработени во администрација срамота :sick:
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Еве ја улогата на Америка во 2001 накратко во текстов.За ова зборувам ова лично го знам и добро ми се познати овие податоци и многу др кои не се познати во јавноста за валканата и контролирана војна.Америка нема пријателски земји има само интереси прочитајте го текстов доволно е описана улогата на Америка во кратки црти



ИСТОРИЈАТА НА ТАЈНИТЕ ВОЈНИ НА АМЕРИКА

Кога американските и британските војници на НАТО во Македонија почнаа да ги евакуираат албанските бунтовници во јуни 2001-ва, службените лица тврдеа дека тие едноставно се обидуваат да и помогнат на Европа да избегне разурнувачка граѓанска војна. Најголемиот дел од медиумите послушно го повторуваа овој спин како факт.

Меѓутоа објаснувањето би имало смисла само ако ги игнорираш проблематичните контрадикции: имено, САД ги поддржуваше и македонските вооружени сили и Албанците кои се бореа против нив. На ова му претходеше и една деценија на збунувачка и манипулативна западна политика, чиј климакс беше бомбардирањето на Србија и наметнувањето "мир" преку агресијата во Косово. Заедно, овие потези директно го дестабилизираа регионот.

Во Македонија главниот посредник беше MPRI (Military Professional Resources, Inc.), во тоа време голема приватна воена компанија, чиј командант за Македонија беше американски генерал со силни врски со командантот на ОВК, Агим Чеку и со македонскиот генерал, Јован Андрејевски.

MPRI и слични приватни воени компании, успеаа најголемиот дел од своето финансирање да го извадат од Стејт Департманот, Пентагон и ЦИА. На пример, MPRI ја тренираше и ја опреми Федералната армија на Босна, со помош на голем договор со Стејт Департманот. Со текот на годините, компанијата тврди дека "помагала" во Хрватска, Србија, Босна и Македонија - што значи го вооружувала и тренирал сите страни во конфликтот. Во 2000-та, тие извадија најмалку 70 милиони долари од своите глобални операции.

Во блиска соработка со Пентагон, MPRI исто така се погрижи за тренингот и опремувањето на ОВК во продолжението на војните во Југославија. Подоцна, истата фирма испорача воена помош за македонската армија, ново американско оружје за албанските бунтовници и информации од воената разузнавачка служба за двете страни.

Во основа, ова беше стандардна процедура која со децении имаше голем успех на Блискиот Исток: ги одржуваш двете страни да не станат премногу силни една за друга и ја засилуваш моќта за преговарање на човекот што ги држи конците. Уште подобро, комбинирај го ова со дезинформација, односно кажи и на јавноста дека правиш едно, додека го правиш спротивното.

Не се во прашање сојузници и непријатели. Овие ознаки можат да се променат заради голем број причини. Во 1999-та Албанците беа жртви и борци за слобода. Во 2001-ва, тие официјално беа закана. Нориега, Хусеин и бин Ладен се само тројца ликови кои ја научија оваа лекција и од пријатели се претворија во непријатели.

И која беше вистинската цел во Македонија? Земјата беше во финансиска лудачка кошула, нејзиниот буџет во основа беше контролиран од ММФ и Светската банка во име на меѓународните кредитори. Бидејќи ММФ го одреди максимумот за воена потрошувачка, единствената опција за финансирање беше приватизација. Според Jane's Defense Weekly, процесот започнува со продажбата на владиниот дел во Македонски Телеком.

Меѓутоа имаше многу поголем влог - работи како стратешки нафтоводи и транспортни коридори низ земјата. Меѓутоа ова нема да биде очигледно уште долги години. Ова е уште една тактика: колку е можно подолго чувај ја оригиналната агенда сокриена.

Извадок од текстот Big Lies: How Our Corporate Overlords, Politicians and Media Establishment Warp Reality and Undermine Democracy
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Текст на Екс Началник во УБК 2001,Денес лидер на Партијата која ја основа во 2002 година Народно движење за Македонија и разјасни неколку случаи од 2001 кои не се познати во јавноста еве еден ...

БИТКА ЗА АРАЧИНОВО

Вторник, 25 Јуни 2013

проф. д-р Јанко Бачев

Лидер на НДМ

Помина 22-ви јуни во уште едно потсетување, дека пред дванаесет години во 4,30 часот започна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили. Македонската јавност сеуште се замајува со некаква верзија за настанот, според која, се се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое, претходно на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. И - толку!
Сепак, работите не стојат баш така.
Затоа, во оваа прилика сакам да споделам еден момент околу трагедијата со тројцата припадници на МВР, бидејќи, до денешно време, ниту една владеачка гарнитура не го расветли нивното контроверзно загинување.
Имено, при акцијата за ослободување на Арачиново, тројцата полицајци не загинаа во борба со албанските терористи, туку загинаа од граната на македонската Армија. За време на војната во 2001 година, кога функционира таканаречената широка Влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски.
Затоа, идните генерации еден ден ќе бидат згрозени кога читајќи ги книгите од војната ќе видат дека во Арачиново, од некоординираност таму загинаа тројца полицајци од граната на АРМ, која не им ги знаеше координатите на припадниците на МВР, што е трагично.
Со еден збор, невидена бламажа - македонски војници и полицајци се испотепаа самите меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.
Инаку, овој момент надлежните државни органи се уште го кријат, бидејќи, внимавајте, државата ќе требало да плаќа големи отштетни износи доколку се признае нејзинатавина, иако се поставува прашањето - дали воопшто има цена по која можат да се обештетат македонските бранителикои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Затоа,владеачката ВМРО-ДПМНЕкако народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска, најпосле, 12 години по погибијата на тројцата полицијаци во Арачиново, да ја сподели со јавноста вистината за нивното загинување.
Односно, генерално, да ја тргне разочарувачката слика во Македонија, во која повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР при акцијата за ослободувањето на Арачиново...
Трагедијата кај Арачиново, како и погибијата кај Карпалак, Љуботен или Вејце, кои се најперфидно местење на македонските бранители, се само во прилог на моето тврдење во годините дека Македонија ја изгуби војната како резултат на внатрешните предавства и политичките сценарија на домашните политички актери, а не како резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА.
Впрочем, тогашната ОНА на почетокот броеше околу 600 припадници кои се одметнаа во планините за да го рушат уставниот поредок на земјата, а за кои македонската Служба за државна безбедност знаеше практично се – колку се, каде се, зошто се таму, и македонските безбедносни сили можеа да ги решат во секое време. Од јануари до мај 2001-ва, Македонија имаше одврзани раце да се справи со тогашната ОНА, но, македонските политички демагози, залудени единствено од лична промоција и желба за моќ и профит, ја изгубија војната во 2001 година.
Всушност, Македонија во 2001-ва се победи самата себеси, бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник во ОНА која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со поголем капацитет.
Затоа, токму припадниците на ОНА за Арачиново треба да ја опишат својата голгота во тие денови, во интерес на историјата и дека не беа решени само заради тоа што однапред беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.
За волја на вистината, странците направија пресврт во војната, но, дури во месец јуни после пет месеци од започнувањето на војната кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на македонските безбедносни сили кои храбро го бранеа нејзиниот територијален инегритет.
Заради тоа, треба да се извлече поука - Што не треба да прави Македонија, доколку повторно биде вовлечена во нова војна?А, од однесувањето на Албанците произлегува дека не мислат на ништо друго, освен на методите на повторно војување. Оттука, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија екс-командантите на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.
Значи, без оглед на се, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ мора привремено да престанат да се натпреваруваат во докажувањето кој од нив бил поголем предавник и криминалец за време на своето владеење, и, следствено на тоа, да се согласат, односно, како највисок законодавен дом, да донесат политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година.
Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор не само за Арачиново туку и како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат,во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.
Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Денес пред 12 години загина нашиот Maкедонски Бранител Косте Волканоски (1961 - † 2001) од Неготино во Попова Шапка. Твоето дело и храброст никогаш нема да бидат заборавени и засекогаш ќе останат во нашите спомени.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!


 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
http://republika.mk/?p=88319


Имавме 68 војници во оваа чета.Беше организирана во рекордно време од 2 недели со
добра воена хиреархија.Активностите се одвиваа под многу тешки услови.Се водеа
жестоки борби против Македонските полициски и воени сили,потпомогнати од странски платеници.Мораше да се грижиме Македонците да не ја изгорат црквата во селото Арачиново,за да не не обвинат дека правиме верска војна,наместо национална.Хоџа

Како прво во Арачиново немаше само 1 чета од 68 војници беа преку 400 вкупно и повеке,Да водевме тешки борби и при крајот кога почнаа да имаат големи загуби заедно со 4 платеници кои ги ликвидиравме и 2 кои ги однесоја во Америчката амбасада а кои беа дел од Корпорацијата која ги снабдуваше со оружје ги потпомагаше и тренираше Учките списокот со вкупниот број на платеници му беше даден на покојниот Трајкоски.
Кога беше прекината акцијата а можевме за го срамниме со земја Арачиново и да нема
вакви Хоџи денес да даваат изјави,Дојде ,,Судијата,, Нато влезе во Арачиново и ги извадија во климатизираните автобуси.Преку 10 беа а само воо 2 автобуси збира чета од Хоџа,колку беа во др 8 или повеке автобуси?! Намерно ги извадија од Арачиново
пред да се стемни за да неможат нашите служби да ги снимат.Но постојат докази слики видеа и др информации за тоа кои се беше во тие автобуси во УБК.Ова за црквата е јако
се грижеа колку за Лешочкиот манастир за да не ги обвиниме дека прават верска војна!!!
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Денес се навршуваат 12 години од загинувањето на Македонскиот Бранител и припадник на ЕСЗ Тигри, ОЛИВЕР КИТАНОВСКИ кој беше тешко ранет во борбата против албанско-муџахединските орди кај селските гробишта меѓу Брњарци и Арачиново (скопско) на 23 Јуни 2001 година на 21 годишна возрас.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ХЕРОЈУ!

 
I

IBIZA SOUND

Гостин
каде е сега командант хоџа
во затвор или некаде во власта(парламентот) и зима околу 1500 2000 евра плата
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Роднините и пријателите на четиричленото семејство со неверување ја примиле веста за трагедијата на патот Куманово - Крива Паланка. Таткото на загинатиот 39 годишен Љупчо Лузевски, вели дека попладнето во саботата, семејството тргнало кон Пробиштип, но, не знае зошто тие одлучиле да одат преку Крива Паланка.

- Попладнето заминаа за Пробиштип. Не знам зошто, но решија да одат преку Kрива Паланка. Потоа чувме дека се случила тешка сообраќајка во кој учествувал и автомобил „БМВ“. Не сакав да поверувам дека тоа се моите најмили. Другиот син веднаш замина на местото и остана во шок. Го идентификувал телото на својот брат. Телата на Елена и на внучињата биле јагленосани, раскажал таткото на Љупчо за Дневник.

Во страотната несреќа која се случи во саботата во 16:45 часот, настрадаа возачот Љупчо Лузевски, Елена К., двете малолетни деца Петар Л.(6) и Јована Л.(4), како и Ласте Ј.(50) и неговиот сопатник Владимир Б.(55) двајцата од Куманово.

Инаку, влажниот пат и лошото време се причина за трагедијата која во саботата ја потресе македонската јавност.

НЕКА ПОЧИВААТ ВО МИР

1013136_541791525856418_1881960757_n.jpg
999654_541791575856413_218396611_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom