Се чувствувам ептен затворен, се плашам да влезам во врска, не сакам да сум под нечие влијание, притисок и следење. Не сакам да ме испрашува некоја кај сум бил, каде ќе одам итн. Не верувам многу во љубов затоа што премногу лесно некои девојки се заљубуваат, но мојата другарка после 3 години прекрасно дружење се заљуби во мене и јас се испонашав кретенски и поставив friend zone граница, а сега се каам за тоа. Затоа што досега не сум пронашол адекватна замена за неа.
Од друга страна пак, друга девојка ниту ме знае, ниту ме познава преку нејзин братучед ме видела на фејсбук
и се заљубила на прв поглед во мене. Ептен почна нападно да се однесува кон мене како веќе да сме венчани па цело време ме тормози. Не ме остава на мира, по 10 пати на ден ми ѕвони, а тоа мене ме прави да не се чувствувам удобно.
Некогаш си велам да и дадам шанса, затоа што знам дека чека само да и дадам потврден одговор, ама од друга страна па се "плашам" на некој начин, па затоа и ќе си останам ергенче.