Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
Aбе порасна и Торпедо, нема се 14-15 да биде. :D

Иначе, искрено не знам шо совет би му дал. Според тоа што гледам, девојчето сигурно има симпатии спрема него, само не биди толку дете кога си со неа. :) А има и добра страна, штом не планирала да си фати дечко во блиска иднина, ќе ја имаш пак слободна тука до тебе... Па во случај да не ти се променат чувствата спрема неа, можеш да си пробаш пак после некое време. :) И јас се затрескав на твои години...(не дека сум кој знае колку постар)....слично како тебе, мај дрим грл... Прво неколку месеци собирав храброст да и признаам (а другари бевме, од ист клас)...потоа ме одби еднаш, ама исто така и таа не беше по дечковците...па после некое време се обидов пак и успеав.. И еве нашето уште трае.. :) Така да, не очајувај толку, ќе биде, ќе видиш. :P

P.S. Уживи малце бе, Робен го реши финаљто, Баерн освои ЛШ. :P
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
ВЕ молам за помош, некако ми треба голема помош, утеха.
другарите од ракометот ми местија девојка исто така и она ракометарка .. после 1 месец пишување запознавање се сретнавме и така бевме во врска од 28 февруари (кога првпат бевме заедно) докај 15-20 мај .. јас девојката ја засакав дури уште од првиот поглед, едноставно знаев дека е оваа девојка јас што ја чекав..и се добро ни одеше, и еден ден нејзините родители дознаа дека има нешто.. и и` викаа да раскине оти ни ке видела полуматурска ни втора ни трета вечер.. но ние некак го пребродивме тоа и продолживме пак да се гледаме ... и денес еве и ми призна зошто ми раскинала ... не кажа конкретно али разбрав.. дека секојден сум ја нервирал на фб, (таков карактер имам, се лутам на се и сешто) ама и ветив дека ке се сменам, дека ке пробам да си го сменам карактерот за неа, но таа не почека.. и кажа дека не сакала да има веќе дечко, да одморило па за година две здравје ке си фатила дечко..е сеа, јас едноставно незнам што да правам, по цели денови растажен, цел упропастен без желба за живот.. пред тоа пак ми раскина , и почнав од нервоза таму плачејќи да кршам раци и незнам ти шо и ајде пак се смиривме али тогаш 2 дена не сум ставил јадење во уста од што бев цел уништен и знаејќи дека она си ужива, се смее по цели денове и не и е грижа... но знаев дека е од сожалување али ајде бидна што бидна :( неможам никако не ми излегуваат моменти кога сум бил со неа, а посебно на 1 Мај :( цел ден со неа, цел ден забава и еве сега до каде дојде.. а баш оваа девојка ја барав, да не пуше да не пие , да немала дечко до сега , и таа беше таа вистинската али ете, отидете среќата...сега ми е исто како да имам камен на срцето од 10 тона :( најискрено, веќе почнав да се плашам од љубовта.. дека ако се заљубам сега пак, и ако пак се случи тоа јас ке неможам да поднесам ако се заљубам пак вака... ама како првата оваа што ми беше, никоја нема да ја сакам како неа... тоа е, тинејџерска љубов, али ни во љубовта немам среќа.. ај ве молам некако како да не мислам на неа, како да ја преболам колку што можам побрзо, а и веќе кажи рече преку ден се гледаме, се дружиме заедно со другарите и она е заедно, но како да не се забележуваме :( искрено можам да кажам дека дадов апсолутно се што можев за неа за да биде среќна, душата си ја дадов али се било залудно, само 3 месеци..
ПОМОШ ВЕ МОЛАМ ОД ВАС ПО ИСКУСНИТЕ И ШТО ПОМИНАЛЕ НИЗ ОВА?? :(

ПОЗДРАВ И СЕ НАЈУБАВО.
Дечко,
сите ние што ти даваме совети сме го минале твоето. Сме биле вљубени, разочарани исто како тебе, и еве гледаш, сите сме преживеале, среќни сме и весели.

Неколку совети и од мене:
1. Пред женско не се плаче. Точка.
2. Таа не сака да биде со тебе и со тоа треба да се помириш. Не си прави илузии дка одлучува судбината. Едноставно, разбери дека нема да сте заедно. Колку побргу го сфатиш тоа, толку подобро за тебе.
3. Престани да бараш било каква рачка за да и пишуваш пораки. Така изгледаш очајно и уште повеќе ја одбиваш.

Еден ден ќе се смееш на оваа приказна :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Еден ден ќе се смееш на оваа приказна :)
Сигурно уште кога е 14 год. чупето и нема завршно осмолетка...Ја сретнал вистинската љубов во својот живот. :pos:
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
не ми е прв пат вторпат ми е .. тоа беше во 8мо одделение на нова година кога се опив и плачев за една друга момичка.. али со таа немав никаква врска онака само .. и после месец-два ја заборавив а до денес веќе и се смеам и си велам самиот себеси дека сум глуп, дека сум плачел за ваква девојка.... блиско си, сега ке сум 3та средно, 17 години уште 3-4 месеци..инаку неможам да ја избегнувам , со другарите заедно се дружиме и она е таму :) можеби може да имаме пријателство со тек на време.. а може и подоцна повторно да се врати.. али незнам зошто вели дека никогаш нема да бидеме заедно.. не се знае, сепак одлучува судбината ;) .. таа е 8мо, сега за 1ва година а јас сега за 3та... еве и денес бевме заедно излезени и нели деца како деца си правивме муабет и нешто и негирав, се завртив на друга страна и право одма пак се свртов да видам и ми се „искрива“ :P и се насмевна и ми рече извини..и ја прашувам после на фб поарно во фаца направи го тоа отколку зад грб.. и вика „ тава е од милост“ .. е сега неможам да сфатам што сака со ова да каже ??.. инаку јас искрено, се надевам дека можеби постои некаде далеку уште малце надеж за да бидам со нејзе.. само треба малце да размисли убаво :( можеби ќе дојде ден кога јас ке и се смеам во лице, и ке се кае за тоа што го направи .. али ке видиме..
позз
Е добро де. Изгледа си од лесно - заљубливите, кои лесно се заљубуваат и лесно забораваат, зошто се поише заљубени во емоцијата, отколку во личноста. Ќе ти помине ко сезонската настинка, штом најдеш друга симпатична типка на која ќе ја проектираш фината емоција која ти е интересно да ја осеќаш.

Јас сум многу разочарана од машкиот род ама најискрено. Да тој добриот што не сакав да го повредам не само да не е така добар како што се правеше туку за мене не му е гајле а глумеше дека му е. Еххх со убаво му кажав дека јас и тој само се дружевме и запознававме ама дека не сакам ништо со него и плус ми се свиѓа некој друг а тој ми рече дека и тој немал намера да има нешто сериозно со мене оти долго имал девојка. А пред тоа тврдеше како е чесен и поштен дечко што мрази изневерување, лаги и неискреност. Не можам да поверувам што се случува. А некој погоре пишал дека другиот што ми се свиѓа дека е некој манијак со ланци на него и опасни друштва. Не е точно можеби изгледа поопасен од другиот затоа што е отворен и не е повлечен како него, стилот му е поинаков ама не се однесува како идиот. Ама и тој е сигурно лажго баш ко и сите други и не излегов со него затоа што исто ќе ми се случи како и другиот и тој сака да ме лаже. Сега ги сфаќам девојкиге што се со дигнат нос, за мажите само так треба третирај го како гомно и ништо повеќе. Нека молат како кучиња, само лажи ги и како кучка изневерувај ги. Тоа заслужуваат. Суштества без чувства и осет.
Финоќата баш и не е некаков параметар. Финоќата е поише апстрактен параметар, него вистински. Често се случува некој да е фин кон сите, но ти, ако станете блиски, да видиш дека има триста други "лоши" особини. Најдобро би било да не се приврзуваш премногу за никој. Не е баш нешто преизводливо, али треба да се има у предвид.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
ВЕ молам за помош, некако ми треба голема помош, утеха.
другарите од ракометот ми местија девојка исто така и она ракометарка .. после 1 месец пишување запознавање се сретнавме и така бевме во врска од 28 февруари (кога првпат бевме заедно) докај 15-20 мај .. јас девојката ја засакав дури уште од првиот поглед, едноставно знаев дека е оваа девојка јас што ја чекав..и се добро ни одеше, и еден ден нејзините родители дознаа дека има нешто.. и и` викаа да раскине оти ни ке видела полуматурска ни втора ни трета вечер.. но ние некак го пребродивме тоа и продолживме пак да се гледаме ... и денес еве и ми призна зошто ми раскинала ... не кажа конкретно али разбрав.. дека секојден сум ја нервирал на фб, (таков карактер имам, се лутам на се и сешто) ама и ветив дека ке се сменам, дека ке пробам да си го сменам карактерот за неа, но таа не почека.. и кажа дека не сакала да има веќе дечко, да одморило па за година две здравје ке си фатила дечко..е сеа, јас едноставно незнам што да правам, по цели денови растажен, цел упропастен без желба за живот.. пред тоа пак ми раскина , и почнав од нервоза таму плачејќи да кршам раци и незнам ти шо и ајде пак се смиривме али тогаш 2 дена не сум ставил јадење во уста од што бев цел уништен и знаејќи дека она си ужива, се смее по цели денове и не и е грижа... но знаев дека е од сожалување али ајде бидна што бидна :( неможам никако не ми излегуваат моменти кога сум бил со неа, а посебно на 1 Мај :( цел ден со неа, цел ден забава и еве сега до каде дојде.. а баш оваа девојка ја барав, да не пуше да не пие , да немала дечко до сега , и таа беше таа вистинската али ете, отидете среќата...сега ми е исто како да имам камен на срцето од 10 тона :( најискрено, веќе почнав да се плашам од љубовта.. дека ако се заљубам сега пак, и ако пак се случи тоа јас ке неможам да поднесам ако се заљубам пак вака... ама како првата оваа што ми беше, никоја нема да ја сакам како неа... тоа е, тинејџерска љубов, али ни во љубовта немам среќа.. ај ве молам некако како да не мислам на неа, како да ја преболам колку што можам побрзо, а и веќе кажи рече преку ден се гледаме, се дружиме заедно со другарите и она е заедно, но како да не се забележуваме :( искрено можам да кажам дека дадов апсолутно се што можев за неа за да биде среќна, душата си ја дадов али се било залудно, само 3 месеци..
ПОМОШ ВЕ МОЛАМ ОД ВАС ПО ИСКУСНИТЕ И ШТО ПОМИНАЛЕ НИЗ ОВА?? :(

ПОЗДРАВ И СЕ НАЈУБАВО.
Цуци колкав си? Полуматурант?
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Ми треба совет,веќе подолго време се немам видено со една другарка ради тоа што беше отидена во странство да работи,значи станува збор за неколку години. Пред да отиде се дружевме често бевме блиски но никогаш немавме ништо друго освен другарство иако очигледно беше дека и двајцата сакавме нешто повеќе. Имаше еден момент на една журка кога беше она под дејство на алкохол и за некое време осетив дека на некој начин ми се пушта,јас ја одбив ради тоа што беше пијана и нормално ради почит кон нашето пријателство. Одкако помина таа вечер сабајлето и кажав што се случуваше и она почна да се смее,потоа дојде другарка и а јас си отидов. После неколку дена ми пиша дека ќе оди во Америка на тетка и да работи и јас сето тоа го прифатив нај нормално,периодот кога она беше таму ние воопшто не си пишувавме пред некое време дознав дека дошла и и пишав,искрено не очекував ништо да ми пише ради тоа што подолг период не контактиравме но наидов на нешто сосема различно,кога и пишав почнавме да правиме многу опуштен муабет многу ме изненади беше што ми рече да се видиме. Е сега сакам да ми дадете совет што би било нај ок да направам ? јас прифатив да се видиме него муабетов ми е дали ќе биде ок да и се пуштам ради тоа што некако ме плаши нејзиниот одговор и реакција ? иако веќе имам еден план и многу нормално одприлика знам што да направам но баш ме интересираат вашите мислења поготово женски мислења. Фала ви однапред :)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Види прво како ќе ви тече муабетот, не мора веднаш да и се пушташ. Нека поминат неколку средби чисто платонски, па ако има сигнали од нејзина страна дека сака нешто повеќе, тогаш тргни во акција. Ако одма и нурнеш со пуштање, можеш да ја одбиеш од себе.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Ми треба совет,веќе подолго време се немам видено со една другарка ради тоа што беше отидена во странство да работи,значи станува збор за неколку години. Пред да отиде се дружевме често бевме блиски но никогаш немавме ништо друго освен другарство иако очигледно беше дека и двајцата сакавме нешто повеќе. Имаше еден момент на една журка кога беше она под дејство на алкохол и за некое време осетив дека на некој начин ми се пушта,јас ја одбив ради тоа што беше пијана и нормално ради почит кон нашето пријателство. Одкако помина таа вечер сабајлето и кажав што се случуваше и она почна да се смее,потоа дојде другарка и а јас си отидов. После неколку дена ми пиша дека ќе оди во Америка на тетка и да работи и јас сето тоа го прифатив нај нормално,периодот кога она беше таму ние воопшто не си пишувавме пред некое време дознав дека дошла и и пишав,искрено не очекував ништо да ми пише ради тоа што подолг период не контактиравме но наидов на нешто сосема различно,кога и пишав почнавме да правиме многу опуштен муабет многу ме изненади беше што ми рече да се видиме. Е сега сакам да ми дадете совет што би било нај ок да направам ? јас прифатив да се видиме него муабетов ми е дали ќе биде ок да и се пуштам ради тоа што некако ме плаши нејзиниот одговор и реакција ? иако веќе имам еден план и многу нормално одприлика знам што да направам но баш ме интересираат вашите мислења поготово женски мислења. Фала ви однапред :)

Денови ли се денови..... Е не се денови пријателче, години се.

Види, неможеш ти одма на првата средба да ја смуваш, убаво ти рече blue ladybug, види прво како ќе течат работите.
Е сега ако биде се во ред, и се океј од нејзина страна, ти можеш да почнеш да си подготвуваш терен за нешто повеќе, али одма нафрлување никако.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Ми треба совет,веќе подолго време се немам видено со една другарка ради тоа што беше отидена во странство да работи,значи станува збор за неколку години. Пред да отиде се дружевме често бевме блиски но никогаш немавме ништо друго освен другарство иако очигледно беше дека и двајцата сакавме нешто повеќе. Имаше еден момент на една журка кога беше она под дејство на алкохол и за некое време осетив дека на некој начин ми се пушта,јас ја одбив ради тоа што беше пијана и нормално ради почит кон нашето пријателство. Одкако помина таа вечер сабајлето и кажав што се случуваше и она почна да се смее,потоа дојде другарка и а јас си отидов. После неколку дена ми пиша дека ќе оди во Америка на тетка и да работи и јас сето тоа го прифатив нај нормално,периодот кога она беше таму ние воопшто не си пишувавме пред некое време дознав дека дошла и и пишав,искрено не очекував ништо да ми пише ради тоа што подолг период не контактиравме но наидов на нешто сосема различно,кога и пишав почнавме да правиме многу опуштен муабет многу ме изненади беше што ми рече да се видиме. Е сега сакам да ми дадете совет што би било нај ок да направам ? јас прифатив да се видиме него муабетов ми е дали ќе биде ок да и се пуштам ради тоа што некако ме плаши нејзиниот одговор и реакција ? иако веќе имам еден план и многу нормално одприлика знам што да направам но баш ме интересираат вашите мислења поготово женски мислења. Фала ви однапред :)

Таа тебе те викнала да се видите. Со други зборови, таа потегнала иницијатива, не ти. На таа журка, таа не била под дејство на алкохол, па ти се пуштила, не знаејќи што прави; таа свесно станала под дејство на алкохол за да ти се пушти, за да те опушти и тебе (мислејќи дека ќе ти биде полесно да ја легнеш). Не сите машки се доволно силни за да одбијат таква прилика во име на пријателство - од мене :cuc: за тоа.

Ми се чини дека не треба ти да се плашиш од нејзината реакција, туку таа од твојата; ако има интерес од нејзина страна кон тебе, таа те лови тебе, не ти неа.

Важно: дали таа ќе се враќа во Америка или ќе оди во друго странство? Ако да, мувањето/сексот со тебе може да ѝ претставува само авантура, а врска на раздалечина, особено во почетните стадиуми, е лош избор. Но, ако е вратена за постојано, сериозно можеш да размислуваш за врска со неа: другарка, со којашто имаш опуштен муабет, што ти се допаѓа, а плус тоа и што потегнува чекори за да те приближи кон неа... тоа е секира в мед.

На ова гледање заинтересирај се за фактите: дали останува тука за подолго, што ќе прави, каде ќе престојува, пресметај дали ќе има можност да ја гледаш често итн. Фокусирај се да направиш основа за да има врска: ако треба да се прилагодиш кон нејзиниот распоред или таа кон твојот, договорете го тоа и слично. Со други зборови, во првиот момент немој да инсистираш да се зближите на кој и да е начин, туку само види на кој начин ќе може да се гледате повеќе. Со трети зборови, немој да се замараш со тоа дали да ѝ се пуштиш на првиов состанок, туку фокусирај се на тоа да испадне дека ќе има втор состанок.

А ако има втор состанок, тоа е веќе никулец на врска и ќе може да размислуваш за поинтензивно спојување (сексуално, емотивно итн). Но за тоа потоа.

Со лесно.
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Фала многу за одговорот,искрено јас сега се осекам како да ја ловам неа значи спротивно на тоа што ти ми го пиша ради тоа што јас прв и пишав иако она прва спомна дека треба да се видиме. Имам постојано некое глупаво чувство и страв,цело време се плашам да не ме одбие,незнам дали е тоа нормално...знам дека јас прв ќе треба да повлечам за да се видиме,знам дека она нема прва да пише иако и реков дека може да ме контактира кога сака. Исто така незнам дали ќе бидам доволно убедлив за да се видиме по втор пат но сепак ќе дадам се од себе да ја постигнам целта.
 
2

~2A

Гостин
Се чувствувам ептен затворен, се плашам да влезам во врска, не сакам да сум под нечие влијание, притисок и следење. Не сакам да ме испрашува некоја кај сум бил, каде ќе одам итн. Не верувам многу во љубов затоа што премногу лесно некои девојки се заљубуваат, но мојата другарка после 3 години прекрасно дружење се заљуби во мене и јас се испонашав кретенски и поставив friend zone граница, а сега се каам за тоа. Затоа што досега не сум пронашол адекватна замена за неа.

Од друга страна пак, друга девојка ниту ме знае, ниту ме познава преку нејзин братучед ме видела на фејсбук :) и се заљубила на прв поглед во мене. Ептен почна нападно да се однесува кон мене како веќе да сме венчани па цело време ме тормози. Не ме остава на мира, по 10 пати на ден ми ѕвони, а тоа мене ме прави да не се чувствувам удобно. :)
Некогаш си велам да и дадам шанса, затоа што знам дека чека само да и дадам потврден одговор, ама од друга страна па се "плашам" на некој начин, па затоа и ќе си останам ергенче. :P
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

Таа коа не сте у врска ти ѕвони по 10 пати, а замисли да и дадеш шанса......сигурно ќе сака да ти вгради GPS
 
Можеби голема филмаџија е, па веќе си замисли дека сме во врска штом и го дадов бројот (бидејќи не мислев дека ќе ѕвони толку).
За мене ми даде претстава дека е премногу лесна девојка штом ме малтретира толку и зошто јас да воспоставам врска? :P

Премногу избрза, баш штета.

А од друга страна и јас сум тежок тип, којшто и не е навикнат на менување на врски.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Можеби голема филмаџија е, па веќе си замисли дека сме во врска штом и го дадов бројот (бидејќи не мислев дека ќе ѕвони толку).
За мене ми даде претстава дека е премногу лесна девојка штом ме малтретира толку и зошто јас да воспоставам врска? :P

Премногу избрза, баш штета.

А од друга страна и јас сум тежок тип, којшто и не е навикнат на менување на врски.
абе однесија у кревет (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom