Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Стави си дебели гуми, имаш Кенда за 500 ден. 2.0 дебелина, уште подобро стави му Швалбе со протекција против дупење за 780 ден.

Ти ако продолжиш вака да пребаруваш била танка, била стара, била дупена и излижена ќе патиш од невозикус.:D

Абе не сум на зорт, си возам од братучедот точак кој ретко го користи, не ми е нож на коска. Иначе не се разбирам до толку, мислев дека виљушката кај оние со тенки гуми е потенка и дека дебела гума нема да пасува и да влезе.
 
Ако имаш на што да се качиш тогаш е во ред, ама друго е чуството кога се качуваш на нешто твое.
Влегуваат секакви внатре и танки и дебели, само да не биде нешто екстремно. :D

Однапред се оградувам дека немам ништо заедничко со типов.

http://a1on.mk/wordpress/archives/169829
 
Дали некој знае од Прилеп дали можи да се најди добар велосипед? Има добри продавници или послабо? O.o
 
Дали некој знае од Прилеп дали можи да се најди добар велосипед? Има добри продавници или послабо? o_O

Нема Прилеп продавници за велосипеди, освен Макс и Собим. Имаше еден тип во близина на касарните кој продаваше половни солидни велосипеди, додека за нови најблиску е Битола каде што имаш застапник на Kona, Cross во пазарот му е дуќанот и имаш застапник на Specialized во трговскиот веднаш над Театарот во Битола.

Оддамна се немам пофалено на форумов, Слива ја качувам сега како на заебанција.

слива.jpg
 
Прегледај го приврзокот 66843

Слабооо :D

Ти бегам 30 мин :P
http://www.sportypal.com/Workouts/Details/3005879

Заебанција на страна, ај ако си за од понеделник да повозиме заедно накај Слива.
 
Не сум некој кој форсира темпо и имав и два мали паузи кај клупата каде што има убав поглед и застанав и на чешмата да наполнам вода.
Нема проблем, контактирај ме по ПП (немој по профил) и ќе се договориме.
 
Зошто јас кога симнав SportyPal ми го даде како еден вид на демо. Можам да го користам само 1 месец. Вие која апликација ја користите и дали и вие го имате ова демо SportyPal?
 
Овој точак, во outdoor го имаат стаено на попуст за 25.000. Коментари за точаков, предлог друг за тие пари? Или овој да го земам?
 
Одличен е за цената, не верувам дека ќе најдеш подобар со тие компоненти.
Ако има твое бројче не се думај.
 
Па да, и лани го гледав истиот, ама дојдов до пари при крај на сезона и нејќев парите да ги дадам. Планирам во скоро време да пројдам да видам шо како.

Фала на одговорот. :)
 
Овој точак, во outdoor го имаат стаено на попуст за 25.000. Коментари за точаков, предлог друг за тие пари? Или овој да го земам?

Зимај го одма ако си при пари, не се мисли.
 
Зошто јас кога симнав SportyPal ми го даде како еден вид на демо. Можам да го користам само 1 месец. Вие која апликација ја користите и дали и вие го имате ова демо SportyPal?

Endomondo ти е доста добра опција. Бесплатно е, а ти дава прецизна мапа што си возел како си возел, должина, брзина, калории, колку бургери си потрошил :ROFLMAO:
 
Зошто јас кога симнав SportyPal ми го даде како еден вид на демо. Можам да го користам само 1 месец. Вие која апликација ја користите и дали и вие го имате ова демо SportyPal?

Не е демо, по 1 месец ќе ти се изгуби тоа знакчето ПРО над профилот, и нема да можеш да користиш некои специјални MTB, Road Cycling итн. А главните си стојат, Running, Cycling, Walking и уште 10тина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom