препрочитај ги уште неколку пати спорните изјави и ќе видиш дека „подготвил„ и „створил„ не се исти нешта, така?...
ааа сакаш да кажеш демек .ѓаволот го створил пеколот и после му Му го дал на Бог да му го подготви, да му го накити, за да може тој после во убаво подговтен пекол да си се бања во лавата мм мм мераци

Ај да го видиме уште еднаш посочениот дел од правосалвските текстови што ги постираше:
=======================================
ЗАБЕЛЕШКИ:
1. Чувствувам должност да ги наведеме мислењата на Столбовите на Црквата,
кои зборуваат спротивно од авторот. Свети Јован Златоуст говори: “Ѓаволот затоа и убедува некои да мислат дека нема пекол, за таму и да ги фрли. Напротив,
Бог се заканува со пеколот и го ПОДГОТВИЛ за ние, знајќи за него, да живееме така за да не паднеме во пеколот”. (Полное собрание творениј св. Иоанна Златоуста. Т. 8. Кн. 2. М., 2002. С. 786).
....
Он (Бог) поради тоа ПОДГОТВИ две места, каде луѓето ќе се преселуваат по завршувањето на својот земен живот. Првото место Он го осветли со вечна светлина и го исполни со изобилни и неискажливи добра,
а другото место го ИСПОЛНИ со непроѕирна темнина, неизгаслив оган и вечни маки. (Житие на Свештеномаченикот Патрикиј, епископ бруски. 19 мај. Житија на Светиите, Свети Јустин Ќелијски) – заб. на интернет приредувачот.
=======================================
.Пази што вика во вториот дел: „Он (Бог) подготвил две места.“ Не вели дека рајот го создал и подготвил, а дека пеколот бил создаден од ѓаволот, а потоа му бил даден на Бог да го подготви, да го уреди, да го стокми. Едноставно се вели дека и двете места се подготвени од Бог (Творецот).
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 16:32 ---
Ова ми изгледа поверојатно него прикаскава на Мики. Ок
Ај да видиме каде ова го пишува? Цитат нешто од Библија ли од друго место... за да не помислиме дека е само твоја измислица.
„А
ѓаволот, кој ги заблудуваше,
беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков. И видов голем бел престол, и Оној, Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив. И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела. И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела. И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро.
Тоа е втората смрт, огненото езеро. И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.“ (
Откровение 20:10-15, Библијата)
Никаде во Библијата нема цитат каде што се вели дека ѓаволот ќе фрла луѓе во огненото езеро, или дека ќе седи на некаков престол таму, ќе мачи луѓе, ќе ги боцка со греблото итн. Ова се само работи што ги гледаме на цртаните филмови.