Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
970867_10151496671623652_510034409_n.jpg


За шо плакета бе? За 5то место? :cenzura:

Денес ги примил младинците шо беа шампиони на Македонија .
Намазано копиле , кај шо има успех таму е прв ...
Жената впичка да му ебам!!
 
Денес ги примил младинците шо беа шампиони на Македонија .
Намазано копиле , кај шо има успех таму е прв ...
Жената впичка да му ебам!!

Го видов тосето на една слика и зато си реков дека за првиот тим се ојдени, а не го прочитав насловот :) .
Шо е тосето во младинците? Тренер на голманите? :icon_mrgr:
 
http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/1229-mladite-sampioni-vo-rakomet

Младинската екипа на РК Пелистер од Битола годинава е шампион на Македонија во овој спорт. По тој повод денеска играчите и раководството на тимот беа примени од градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Овој млад надежен тим на деца кои се од нашиот град, претставува база за натамошните ракометни услеси по кои Битола е препознатлива и во светски рамки.
Градоначалникот Талески на играчите и раководството на младинската екипа на РК Пелистер им додели посебни признанија и слика од Битола, која треба да ги потсетува дека се што прават и секој успех што го остваруваат, е за Битола.
Тренерот и членовите на раководството ја истакнаа огромната благодарност до Општина Битола, како и до спортските сали во градот, кои им овозможуваат да работат со оваа млада и надежна генерација во подобри услови.

пс.се во ред децата освоиа титула во мизерни услови и финасиска криза за клубто и браво за нив ама овај глумецот стварно ја претерва абе или даваја пари за успеси и после сликај се со играчите или ич не се појавувај на тв со спортисти само да ни ја креваш нервата
 
Нека напрај сега една скара со пивце на плоштад,да се прослави титулата во младинска лига...:facepalm:
Додека Струмица од нигде никаде прај екипа ние се радваме со успехот на младинците(кој е одличен и достоен за респект),ама сепак на Битола и треба прва екипа глумецу,прва екипа....доста ги лажите децата и се фалите на телевизија со успеси шо не се ваши....
Ете и пред 5 години бевме шампиони на Македонија,и то уште поубедливо.и кој од тие деца напрај кариера никој...остана само Чурлевски кој едно време не играше(работеше ко келнер)за пак да го вратат од ко снемаја играчи...
Е та е грижата за нашите деца....
За овие деца да се задржат во Битола,да се напрај од нив нешто треба пари не сликање по телевизии и празни зборој и мавање четки......:tapp:
Џабе 20 и кусур години произведваме играчи ко ги пустиме децата за џабе....
Не е никаква помош во спортот давање муфте термини во салата,сала која ние(граѓаните на Битола)ја изградивме со наши пари....срамота е шо се фалат за ова...:facepalm:
 
Градоначалникот Талески на играчите и раководството на младинската екипа на РК Пелистер им додели посебни признанија и слика од Битола, која треба да ги потсетува дека се што прават и секој успех што го остваруваат, е за Битола.

:ROFLMAO: Се надевам од корзото е сликата, да им укажи на дечките дека ако не заминат во Металург ги чека корзото да бидат келнери.
Ова е лицемерие, секоја чест за играчите и за тренерите ама ова е буквално ладење со жешка вода.
Не можам да замислам шо ќе се случеше да лани ова време им даеше некои си 50К на младинската екипа за опрема и да ја истуркаат година со по некоја плата... o_O

Па уште и советничка за спорт има во општината (или како и да се вика функцијата...) Ако не се лажам некоја бивша каратистка е или слично, и секоја и чест на успесите, ама кој е ќарот од неа? Чита весници место Двојче и му вика младинци шампиони оваа година и ФК го тепа Вардар во Скопје, прај пречек нешто ова-она да мислат дека го сакаш спортот...
На неговиот профил гледам клал слики од утакмица на фудбал и некои партиски паразити одоздола напишале 'prvpat muje na gradonacalniko na stadijon?' и одговор 'ima pokje pati ideno ne mu e prf pat'
Стварно поќе пати се собраја, три мандата по барем два пати да бил на секоја кампања то се 6 утакмици :sneaky:

Тие шо се нарекуват управа излегоја со прес, си кажаја истата приказна, сеа ја дувнаја по одмори сите... Ќе му ја мислат во август за клубо, таман комплетно да се заборат изјавите дека Двојче ќе напраел и екипа и сала ако не примеле во сеха... :oops:

Важно ние си тропаме на ламарина овде... :noze:
 
Дел од Младинската екипа да се префрли во првиот тим, нешто од првотимците како Папата, Васичо крилото, Чурлино, оној ако можат да го остат од Струга не Аце тој другио Вешовски, и нека се тера вака да видиме до кај ќе се истера, па макар и плеј аут да играме ... мислам дека со текот на времето ќе излези нешто ...
А во таја екипата Битола нема нешто квалитетно бе ??? тие децата од кај Злате кај ојдоја ???
 
Иам инфо дека дел од играчите шо беа младинцки шампиони т.е тие шо добиваја и најголема минутажа во сениори од септември ке бегат во скопските екипи,така да ојде јабана уште една генерација најверојатно...
 
981629_10151460314018652_1861933608_o.jpg

Сер Моцарт......
Штета шо инцидентот со клошарската супер маркет екипа на газда Владица го засени повлекувањето на Моцарто од клубо...
 
Колку внуци остај да го наследат? :sneaky:
Ќе видиме,допрва ќе се отвора наследството....:)сепак не можи било кој да го наследи Сер Моцарт...
 
http://www.facebook.com/RkPelisterBitola1955

Папата како Малдини(со мала екскурзија кај душманите,ама не му го рачунаме ова оти не изигра официјален меч)....:D
 
Шо ги држат бадијала децата незнам, шо ги обврзват со договори, демек ние утре, другиден ќе прајме екипа па да седат тука... безвеза !
Пуштете ги на слобода и онака од тука нема леб за нив, нека одат таму Скопје негде. Со овај стручен штаб, сигурен сум со глава дека Пелистер нема да биди екипа ни во наредните 5 години !!!
 
Абе луѓе не сме свесни колку години не вратија назад (сегашната управа).
Не шо неможиме да замислиме појќе да се бориме за титула во нареден период , туку ќе неможиме ни 4 место да избориме.
Не сме ни 3 тим веќе... 5-6 сме таму .
Во Скопје ги носат светски играчи а ние неможиме Ангелевски да го задржиме.:facepalm:
Едно партиско војниче (многу занесено по партијата) ми кажа муабет (колку е точен незнам)дека двојче му праел огромен притисок и го молел Циле да го спонзорира ракометот.
Циле наводно му рекол нека се тргнат моменталната управа и дајте ми ја документацијата на клубот чиста , јас ќе го земам одма клубот.
И од други луѓе подслушнав дека пак го молат Циле за да се врати за следната сезона.
Е сеа ако има барем малце вистина во ова , нека ги остат клучојте кај двојче и овај после како со фудбало ќе си бара чаре.
Сигурен сум дека во истиот момент од ко ќе дат оставка управата , во рок од 1 месец ќе се најди спонзор.
Вака е заглавена работата и не оди никако.
Поглупа ситуација од ова АМИН!!:tapp:
 
Абе аман луѓе доста со тие муабети ЦИЛЕ САКАЛ ДА ГО ЗЕМИ КЛУБОТ АМА ОВИЕ ЧКЕМБАРИТЕ НЕ ГО ДАВАТ,шо мислите кој покриваше трошоци сите овие сезони?....:D(само со парите од ЕЛЕМ тешко дека ќе се врзеше крај со крај).....
Аман со тие муабети демек Циле сака да влези Чкембарите не го дават клубот.....:D
Циле ако навистина сака/ше само еден телефон да сврти не печати ,клучој туку и ќе ја исчистат канцеларијата генерално,доста со глупи муабети Циле сакал овие не давале........:facepalm:
Не е ова Манчестер па да нејќи некој акците да ги продај....
За муабетот дека од партија сакат да најдат чаре и за ракометот потслушнав уште пред некоја недел,демек треба да се напрај екипа која ќе парира на Струмица за то трето место....ама се останва на то треба...
Ама вака како шо стојат работите тешко,Струмица бааги се засили....
Сепак ова шо го напраја со младите играчи е потег за пофалба...(y)
Дрогата е невиден потенцијал(слушајте ми го зборот за некоја година ќе биди врвен играч)....Кузмановски двометраш,онај Костено(или како го викаја)добар потенцијал за одбрана,+не знам дали Василе потпиша?другите се горе долу староседелци....
Ангеловски се излажа за парите,сега ќе биди втора,трета опција во Струмица,штета,требаше да се задржи,ама то е,среќен да му е патот...
Вака се прај екипа,полека полека...
Потенцијал има,џабе критиковате посебно за тренерите....Кире и Ќани завршија добра работа со децата,добра генерација на деца се извај со минимален влог,за разлика од Металург кој фрли невидена пара,,,,
За Пелистер фали еден квалитетен спонзор,костур на тимот од 10 ина Битолски играчи + 5,6 играчи од страна и ќе имаме доста солидна екипа....
За нешто појќе(титули финалиња) ќе треба да чекаме,не Циле дошол џабе е,ако догодина ја прошират СЕХА па и третиот клуб да влегва да имаме некоја шанса да влезиме....
Ако ги задржат подолго време децата има иднина екипата....
Силата на Пелистер отсекогаш била во нашите деца(ниеден клуб го нема ова)странците први ќе си одат,ако ја крениме нашата школа барем на едно ниво плус ќе имаме некоја иднина....
 
Сепак ова шо го напраја со младите играчи е потег за пофалба...(y)
Дрогата е невиден потенцијал(слушајте ми го зборот за некоја година ќе биди врвен играч)....Кузмановски двометраш,онај Костено(или како го викаја)добар потенцијал за одбрана,+не знам дали Василе потпиша?другите се горе долу староседелци....
Костено го нема на сликите.Можи за него ми велеа дека во некоја Скопска екипа ке бега,а и оти да не бега лани убо си изигра,ваљда привлече внимание макар и за во Јуниор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom