Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Костено го нема на сликите.Можи за него ми велеа дека во некоја Скопска екипа ке бега,а и оти да не бега лани убо си изигра,ваљда привлече внимание макар и за во Јуниор.
Штета ако си оди,солиден потенцијал за одбрана....:mad:
 
Штета ако си оди,солиден потенцијал за одбрана....:mad:
Нека бега поарно,во ваков Пелистер треба и да подразмислиш за своја иднина(несигурна),нека си пиши сколија Скопје(ако то му е плано),па ако успеј да се пробие таму со ракомето убо за него.
 
И да ја добиеме по некое чудо организацијата нема шанси некоја група да се игра во Битола...
Две групи ќе одат во Скопје(во Б.Т и новата сала во Аеродром),една во Охрид и за четвртата група ќе најдат некој друг град(со појќе хотели од Битола):D
Кутрите ние,хотели неаме....( а како сега шо има хотели никогаш немало):нинџ:или шо би екле граТските НЕМАТЕ АЕРОДРОМ...:D
Башка шо салата нема шанси да ја напрат....
Треба да се изготват ТЕХНИЧКИ РЕШЕНИЈА,:) не е ова скејт парк па одма се напрај...:гик:
 
100% ни дават група не прај инкери :D
Спрема претходните првенства не би требало да се очеква Скопје да има 2групи,секоја група беше во различен град.За сместувачки капацитет не гледам други градој отсем Скопје и Охрид шо се поспремни од нас.Башка кај нас тек допрва ке се градат хотели,Двојче се испофали дека за Нижеполе и Жабени се истепале кој да изгради прв хотел:D
Ако по некоја случајност доделат машко сениорско првенство,сигурен сум дека покрај Ох и Ск сме организатори,а со то добиваме салам сала,таман до тогаш пулените на Циле ке бидат конкурентни за титула:P
 
100% ни дават група не прај инкери :D
Спрема претходните првенства не би требало да се очеква Скопје да има 2групи,секоја група беше во различен град.За сместувачки капацитет не гледам други градој отсем Скопје и Охрид шо се поспремни од нас.Башка кај нас тек допрва ке се градат хотели,Двојче се испофали дека за Нижеполе и Жабени се истепале кој да изгради прв хотел:D
Ако по некоја случајност доделат машко сениорско првенство,сигурен сум дека покрај Ох и Ск сме организатори,а со то добиваме салам сала,таман до тогаш пулените на Циле ке бидат конкурентни за титула:P

Ајде кај ојде и сала да ни напрат па и за шампиони да се бориме, ова ни во најубавиот сон не може да се деси не па камоли на живо да го видиме.
 
Ајде кај ојде и сала да ни напрат па и за шампиони да се бориме, ова ни во најубавиот сон не може да се деси не па камоли на живо да го видиме.

Инсајдерски е за титулата:D а за салата убо реков ако Македонија го добие сениорското за мажи,реално е да очекваме комплетно реновирана сала...
 
Веќе ко почнавте за сали да прајте муабет ќе речам само дека оваа постоечката сала Младост треба малку само да се нашминка и да ја остават а за европско односно за Битола треба нова сала оти на оваа ќе ми треба крвање на платформата и проирвање погоре па ќе се изгуби на места па нема никакви места затоплување итн вака најубо нова кога можеја да направат две сали во Скопје па во Охрид, Прилеп и Кавадарци тогаш можат-треба и една сала во Битола да направат !Или крај краева да чекаме да се најди некој будала(пироман) да ги запали и стадионот и салата па после од шо ќе мора да ги направат :D друго чаре во блиска иднина не гледам со спортските објекти во Битола
 
http://grid.mk/read/news/505366470/3728135/skopje-ohrid-i-bitola-domakini-na-sp-2019


Скопје, Охрид и Битола домаќини на СП 2019?

Борис Трајковски“ и салата во изградба во Скопје ќе бидат дел од салите што ќе ги понудиме. Салата во Охрид ги исполнува условите, а во Битола, со реновирање, би можела да влезе во шемата на мечеви. Не е исклучена можноста и да се изгради нова сала, вели Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ

rfm[53].jpg


transparent.gif

Новата сала во Скопје е една во која треба да се игра ЕП

РАКОМЕТ - ПО КАНДИДАТУРАТА ДОСТАВЕНА ДО ИХФ

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) поднесе кандидатура во Светската ракометна федерација (ИХФ) за организација на светските првенства (СП) во ракомет за мажи и за жени во 2019 година. Кандидати за организација на СП за мажи се и Данска, Германија, Норвешка, Полска, Словачка и Шведска, а кај жените и Тунис, Украина, Норвешка, Јапонија и Словачка.

Своите планови за организација на СП секоја од земјите-кандидатки треба да ги достави да 2 септември, а тие треба да содржат понуда на соодветни сали за играње, услови за сместување на селекциите-учеснички и лицата на ИХФ, промоција, логистика и безбедност на сите инволвирани во настаните.

- Кандидатурата за организација на СП е дел од програмата на РФМ за афирмација и промоција на македонскиот ракомет. Во моментов работиме на комплетирање на програмата за организација, која треба да ја презентираме на 2 септември пред надлежните во ИХФ. „Борис Трајковски“ во Скопје и новата мултифункционална сала во изградба во населбата Аеродром ќе бидат дел од салите што ќе ги понудиме како центри на случувањата. За преостанатите две сали дополнително ќе одлучиме. Салата „Билјанини извори“ во Охрид ги исполнува условите за организација на натпревари од тој тип, бидејќи во 2008 година, кога Македонија беше домаќин на ЕП за жени, натпреварите од групите Б и Ц се играа таму. Салата „Младост“ во Битола, со реновирање, исто така би можела да влезе во шемата на натпревари, но не е исклучена можноста и да се изгради нова сала - ни изјави Филип Милошевски, генералниот секретар на РФМ.

Планот и програмата секоја од федерациите ќе има можност да ги презентира во почетокот на октомври во Базел пред одговорните лица на ИХФ, а организаторите на СП 2019 во машка и во женска конкуренција ќе бидат соопштени на конгресот на ИХФ во Доха, на 28 октомври годинава.

Организатори на претстојните СП

мажи Катар 2015, Франција 2017
жени Србија 2013, Данска 2015,
Германија 2017

ps.sega da molime boga da ni go dadat prvenstvoto za da se napravi sala
 
Нека достави глумецо писмена гаранција до ЕХФ ...:LOL:
Во случај да ни дат организација ќе напрај то се , ќе ги исполни сите услови .:pos:
 
Нека достави глумецо писмена гаранција до ЕХФ ...:LOL:
Во случај да ни дат организација ќе напрај то се , ќе ги исполни сите услови .:pos:

Абе и да не дадат првенство не знам оти осеќам дека друг град ќе не заеби и кај нас пак нема да ја направат салата или пак нова не треба писма пишење тука треба кеш да се фрли од општината и владата да се направи салата Младост или нова сала ама шо вика томасот тоа е комплексен проект и треба време не ова лизгалиште-рампи со донации од млекарата да се прави :sick:
 
Абе и да не дадат првенство не знам оти осеќам дека друг град ќе не заеби и кај нас пак нема да ја направат салата или пак нова не треба писма пишење тука треба кеш да се фрли од општината и владата да се направи салата Младост или нова сала ама шо вика томасот тоа е комплексен проект и треба време не ова лизгалиште-рампи со донации од млекарата да се прави :sick:

Салата треба да се напрај без разлика дали ќе има првентсво во 2030 или не...
Ветено беше дека ќе се реновира салата и стадионот.
Сега испаѓа да се молиме да ни даеле организација , па да се смилуваат господата од РФМ и да ни ја напрат салата.
Дури и да ни дат организација и јас мислам како тебе , дека во последен момент некој друг град ќе ја добие организацијата и ние пак ќе извисиме.
За стадионот шо треба да чекаме ?
Да се игра светско во МКД па за да ги напрат стадионите...
Мукаетов беше пред неколку месеци и виде во каква состојба е салата Младост и вети дека уште одма по завршувањето на првенството ќе почнат со реновирање .
Ама еве гледаме колку се работи.
Србите си напраја сали , Хрватите исто , Словенците скоро сите ги реновираја а ние дремиме со куро враце.
На ХРТ ги слушав некни хрватите , почнуваат со реновирање на стадионите во сите фудбалски центри низ државата , а ние ...:facepalm:
Во ред се напрај Скопје стадион , сала , пеки...
Ама време е да почни да се работи и во другите градови.
 
Тосето изгледа ќе си оди...
Разбрав денес дека имал понуда од некој второлигаш од Германија , заедно со Васко Митевски .
Шо значи наредна сезона пак чорба.:facepalm:
 
Тосето изгледа ќе си оди...
Разбрав денес дека имал понуда од некој второлигаш од Германија , заедно со Васко Митевски .
Шо значи наредна сезона пак чорба.:facepalm:

Мене ќе ми биди чудно ако речат дека Тосето нема понуда за во странство ...
 
Само ова ние спасот ама ни збор од нашата управа дали ќе не земи општината како со фудбалскиот клуб па после да бара спонзр или има некој заинтересиран или пак ќе молиме бога ова да не се случи и пак да се резилиме и следнава сезона

ГОДИНАВА СИТЕ ЌЕ МОРА ДА БИДАТ АД
F2A213F94561E64C9278E1CE3C209678.JPG
Летово суперлигашите ќе мораат да минат низ процесот на трансформација

Ракометните клубови минатата сезона ја испливаа во матно, но годинава се чини дека ќе мораат да ги исполнат условите од законот за спорт и се да соочат со омразената трансформацијата во Акционерски друштва.

Ова ќе биде жешката тема летово, како што неофицијално дознаваме РФМ веќе исконтактирал со сите клубови што имаат статус на суперлигаши и им навестил дека ќе мора да минат низ процесот на трансформација

http://www.sport.com.mk/?ItemID=A45B2019255CC741832D195B06B344F1



--- надополнето: 14 јули 2013 во 13:54 ---
ps.се надевам дека до крај ќе ја тераат работата од федерацијата а со тоа и ќе не примораат да си го бараме чарето
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom