The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635
Е конечно колку толку се смирија страстите, ајде и јас да напишам едно мислење за третиот ден од третиот грен слем во 2013. година.
Прво, се осмелив во обложувалница да уплатам малку посолена сума на пари, на фаворитите, а замислите дури 4 утакмици промашив (Ивановиќ, Јанковиќ, Хјуит, Махут).
Го гледав Лејтон против Браун, знаев дека типчево од другата страна кој беше многу многу потценат... знаев дека ќе биде опасно, но мислев дека ќе тепа Хјуит 3-1 во краен случај, во тесни тајбрејкови и слично, но напротив... наивно ги губеше првите два сета, третиот го доби некако, а во четвртиот тотално се изгуби.
Иснер ѕверов поштено си излезе, си одигра 2 гема... и пуп... да го нема, доста беше

Јужни - Посписил во 5 сета... е ајде де... кој го очекуваше и ова... после толку добар турнир во Хале за Јужни... сите очекувавме меч во рутински 3 сета за Михаил, но не беше така, сепак остана во турнирот и да видиме што ќе прави во продолжение од него.
Алмагро горе долу според очекувањата, со само еден загубен сет против Руфин.
Пер не ме изненади, како што мислев, во 3 сета подобар од својот сонародник Роберт, без позначајни проблеми.
За Дарсис и немам некој коментар, дечкото си дојде во Лондон, го испрати Рафа на одмор во Мајорка... барем периодов е за одмор, сеа до америчкиве мастерси ќе се одмараат по секако.... и сеа реков ќе го збриши и Кубот, глеам walkover му дал, абе сељачиште.
Тсонга - Гулбис, е овде очекував меч во 5 сета и победа на Гулбис, некако ме влечеше на тој точен резултат. Французинот тргна со мошне сигурен прв сет, два брејка во него и мислев дека ќе го заврши мечот убедливо во 3 сета. Не го гледав мечот после првиот сет, само кога се вратив видов дека при водство на Гулбис од 1-2 во сетови предал Жо Вилфред поради повреда на коленото. Значи очекувам добар резултат и од Ернестс на овој турнир, сега за сега оди скалило погоре во однос на минатата година кога загуби од Јанович во второто коло во 5 сета. Во следното коло ќе се сретне со Вердаско против кого треба да биде изразит фаворит, иако Шпанецот денеска успеа можеби изненадувачки да го победи Бенето толку лесно во 3 сета.
Мелцер - Рајстер 3-1, ништо посебно, не верувам дека некој обрна внимание на мечов, Мелцер со мала доза на изненадување го исфрли Фоњини во првото коло, а сега и Рајстер. Во следното коло ќе игра против Стакховски.
Махут - Робредо 0-3... и ова е меч каде што очекував во краен напор да победи Махут во 4 сета, или можеби во 3 доколку одигра доволно квалитетно. Не го пратев мечот, го гледам само конечниот резултат и мора да признам дека сум многу изненаден од него.
Мареј - Лу 3-0, очекувачки.... максимален резултат за вториот фаворит според ранг листата. Минатата година не успеа да го освои турнирот, го имаше најдобриот резултат играјќи финале, а годинава брка титула за која можеби ја има најголемата шанса во својата кариера знаејќи однапред дека ги нема Рафа и Роџер кои беа во неговата половина, а веќе се елиминирани.
Чилич поради повреда исто така му предаде на Де Шипер, солиден тенисер го напушти Ол Ингланд Клубот, штета.
Монако - Рам, очекувано победа за Аргентинецот иако не е обожавател на подлогава, сепак Рајаев Рам и не е некој играч кој може да биде многу опасен во поединечна конкуренција, сепак дублот е она што му лежи повеќе.
И за крај.... последниот завршен меч во машка конкуренција, Роџер Федерер - Серхеј Стакховски (7-6 6-7 5-7 6-7). Го гледав натпреваров со прекини, првиот сет гледав само неколку гемови, во средината на сетот. Подоцна се вклучив во вториот сет тајбрејк, беше 3-3 во поени, реков доколку загуби тука Стакховски т.е. поведе Роџер со 2-0 во сетови... нема што да бара во треиот сет, ќе си изгуби 6-2 или со сличен убедлив резултат. Сепак со 7-5 во тајбрејкот беше поуспешен, го израмна резултатот во сетови и ни донесе драматичен дуел во продолжение. Почна и третиот сет, како да се заозбили Федерер, веднаш во вториот гем при сервис на Серхеј имаше брејк топка, ја спаси Стакховски за подоцна при резултат 3-3 на иста мака да биде Федерер, но и Роџер успеа да се извлече. Кога сервираше да остане во третиот сет, при резултат 4-5, а на поени беше 15-30 кога Стакховски се најде во многу непријатна ситуација, и покрај оогромниот притисок отсервира неколку добри сервиси и изедначи на 5-5 во третиот сет. Следниот гејм беше кобен за Роџер, 15-40 резултат, ја спаси првата брејк топка, а при втората со еден лошо изведен бекхенд, поточно го погоди со рамот од рекетот, а топчето замина во аут за брејк на Стакховски. Следниот гејм надежно започна Роџер, 0-15, но најде сили Стакховски за 4 поени во низа кои значеа водство од 2-1 во сетови. Четвртиот сет, во првите два гема сигурни и двајцата на свој сервис, а во третиот Роџер не успеа да си го задржи сервисот и го загуби за водство од 2-1 на неговиот противник кој во следниот гејм го потврди брејкот и заводе 3-1. Сепак Роџер освои 3 гема во серија, се врати во сетот и автоматски во мечот, заводе 3-4. До почетокот на тајбрејкот се играа сигурни сервиси, со исклучок на гемот при 5-6 за Федерер кога Серхеј спасуваше и сет топка (30-40). Се влезе во тајбрејк. Само еден минибрејк до резултат 6-4, 2 меч топки за играчот од Украина, првата на свој сервис, Федерер погоди одличен пасинг шот. Следниот поен, втората меч топка беше при сервис на Федерер, прилично долг поен кој заврши со бекхенд неизнудена грешка на Федерер и оооогромна победа за Серхеј Стакховски, нешто слично на сценариото од првиот натпреварувачки ден на мечот Дарсис - Надал.
Некако логично, после ваков чуден чуден ден, утре не очекува програм во кој фаворитите без поголеми проблеми ќе се пласираат во третото коло и ќе ги залечат раните од денешниот ден, барем кога станува збор за обложувањето
Ајде сега да ја направам ранг листата за тенискава лига типување што е, да видиме кој од кајганџииве е најспремен за Вимблдон 2013, барем за првите три дена поолни со изненадувања.
И уште нешто многу важно, кога јас реков дека турнирот ќе биде лош тн. ср*ње без Надал, вие некого правевте будала, а сега ви е елиминиран Роџер и одма почнавте да скокате, во секој случај, многу нефер однесување, а јас си напишав дека сето тоа е од мој аспект како фан на Рафа.